Ова сакам на @Anyshka да го пишам и се заборавам. И јас те иам приметено дека си најгласна овде за свекрвата а не живееш со неа. Абе опушти таа душа малку, никој не те тера да одиш кај неа. Нека си збори она шо сака, ти пак терај си по твое. И ние не живееме со неговите ама он постојано се слуша со мајка му. На мене кога звонат не дигам. Гајле ми е шо има да кажат. Ти треба да сватиш дека маж ти е многу послушен човек. И одбрал тебе да те слуша чим со тебе заминал на друго место. Ама ти треба заби да покажеш за да си ја наведне главата пред тебе. Викаш дека секој викенд свекрвата измислува нешто само за да одете. Ти нема шо да одиш, нека оди понекогаш маж ти само. И секоја недела прави план за викенд за тебе и маж ти пред да се јави свекрвата да ве бара. И ќе му кажеш овој викенд така и така правиме, немој да сум те слушнала дека ќе одиш кај нив. Ако во случај пак ги послуша нив, налути му се, дигни галама, да знае дека неможе така да прави. Треба да му внесеш страв во коските малку, ти ептен си го одврзала. И имам напишано и пак ќе напишам. Мажите се како плочки, ако си ги наредиш убаво, цел живот ќе си газиш по нив.
Точно од збор до збор. Ама тука ме нападнаа кога пишав месец дена не сме биле кај нив, а не прочитаа дека тие беа кај нас, па и да не се видиме со месеци што е толку страшно незнам што дигнаа галама тука. Еве ако одиме во странство како ќе се гледаме? А, да, и кога го пишав ова дека и таму ќе ни се тупнат 3 месеци, исто бев нападната "како тупнување, тие се родители на маж ти", па јас бегам од нив што подалеку за да не ги гледам, а нели советуваа ако не живееме со нив, ако живееме под кирија или во свое немале право да се мешаат, наш дом, наши правила, а кај нив ако сме биле имале право па и во гаќите на снаата. А други членки кога пишаа како свекрвата им се тупнала во странство, ја советуваа да разговараат со маж и и да и каже да си оди. Инаку ни јас не кревам кога ми ѕвонат, ама и за тоа ја нападнаа една членка, ако не беше и ти, кога рече не им кревала.
А бе саде светици тука и паметници ,се они имаат разбрани сопрузи ,само тука имаат идеален брак ,а никој не е идеален нема ни идеална фамилија се нешто фали ,ама затоа тука се им е идеално .
Абе шо ти е гајле тука шо те напаѓаат, прај како тебе ти одговара. И мене ме имат напаѓано за се и свашта ама не се замарам, мене ми е убаво тоа шо го праам и готово. Абе јас со моите не зборам и неам контакт а не па некои други да трпам. Чии родители сакат нека бидат.
Одма се фаќаат "ааа на мајките ваши вака им правите" Па да, и мајка ми да се мешаше ќе и покажев каде и е местото, и многу жени знам што немаат никаков контакт ни со родители, ни со браќа, ни со сестри, овие тука негледањето со родителите го сфаќаат како толку трагично да е. А не ни се во наша кожа, да, некој мене ќе ме навредува и понижува, а јас ќе се гледам со нив, а бе и рака ќе им бацам ако треба хаха.
Јас имам брак како шо имам,ако мене и на маж ми таков брак ми одговара коа,си ти да кажуваш како треба? Сега паѓаш на ниво на,свекрва коа кажуваш како требало а толку ти смета тоа Друго кај си прочитала ти дека јас се жалам од мојот брак и барам совет за ме коментираш? Или копаш мислења у недостиг на аргументи
А која си ти да им кажуваш да одат под кирија или сопрузите да им одат во странство ? Ааа не е убаво кога некој ќе те пецне нели . И нивниот брак како им е таков ,која си ти да им судиш ? Ако сакате брак на далечина во ред ваше право како сакате правете ама остави ги и другите да си прават како нив им одговара . Најгласна беше за одење под кирија или свое да си направат . Не прочитав дека се жалиш од бракот ама дека ве избркале и поради тоа сте си отишле прочитав , а дека имаш идеален брак си се лажеш себе си никој не е идеален ,а можеби и ти таков брак сакаш на далечина ,имав колешка таква што самата го тераше сопругот да оди во странство ем да и носи пари ем да си има слобода таква да си излегува со другарки ко тинејџерка. Па ја навредувате членката кога си кажа отворена дека сака сопруг со пари ,алчна била незнам што ,а вие не сте алчни што си ги праќате сопрузите во странција .Ако тебе ти е убаво во ред ама не критикувај зошто гледаш не е убаво да бидеш критикувана . За мене брак на далечина не е брак ,толку . Има работа и тука кој сака да работи.
А ти па кога ќе почнеш да навредуваш по темава, супер, а некој тебе кога ќе те цитира и ако не ти се допаѓа тоа, веднаш рипаш. Еве те имам читано јас, не знам во која тема дека маж ти пишувал со друга, а ти си му простила.
Нормално, ама има разлика меѓу некоја личност едноставно не ми се допаѓа - ја толерирам пошто ми е нешто (свекрва пример), а сосема е друго некој да ме вреѓа - кој сака нека е, никој нема право на тоа.
Се во ред, ама не си ги праќаме ние мажите било каде. Сами одат. И ја мм не го терам да оди да мести струја после работа ама оди. И ја за некои луѓе 2 години бев секаква, само зошто јас седев дома, а мм одеше на две работи да работи, ама ја и он, им се смеевме на муабетите на тие луѓе зад затворени врати. Мажите не ни се мали деца па ние да ги пуштаме негде или не. Само ова сакав да ти го кажам. И ти претеруваш малку зошто одите во екстрем. Секоја членка има различни ситуации и спрема пишаното и се дава совет. Неможе мене свекрва да дојде и да ме извреѓа и да ми се дере, па јас после да одам пак кај неа, ама па неможе и ради некои конфликти ради генерациски јаз, внуче да и се забрани да гледа. Има ситуации и ситуации, не е се црно бело, има еден куп нијанси.
Јас давам коментар на веке поставено мислење т е жалење Сакав да ти се објаснувам за мојот брак ама заклучив дека е смешно да ти објаснувам тоа е твоја култура И да у право си и ја и другарка ти ги праќаме мажите по месец два у странство за да можеме ние да изиграваме тинејџерки т е да може да се ебиме тука,смешки. Си ја покажа културата ,бравооо
Ова е нешто најточно, што прочитав.А другата страна знаеме шо вели ,остај неа.Ти мене глеј ме мајка сум ти. Има недоразбрани луѓе.Тие се такви.Точно од мажот и жената зависи до каде ќе одат.Еве негови.Милион пати зборувал ,објаснувал ,викал.Епа ја сум крива,за нив. Пример:Секое одење,обавезно ни подаваа нешто.Не сме барале.А по сите луѓе зборат,доаѓаат само да земат нешто,и од корист.Пресековме,рековме не, не треба.Луѓе ,без да знаеме донесоа дрва еден кубик.Се јави маж ми ,смирено им рече.Не треба.Ни ги прекорувавте во заедница ,не сеа. И па ,ти нас не не поштуваш, гајле ти е.Мајка сум ти. Кога гледате дека некој се меша ,дистанца. Изгледа па и некој да им објаснува до кај им е местото,ќе го сватат ете ок е. Само игнор,цврсти граници.Чао пријатно. Маж ми уште да ги исплеска ко мали деца.
Смешно е ,испаѓа како неговата фамилија да не посвоила Сме отишле за нив.Ова беше за младенци пред 5 години.Ја млада снајка, и свеки ги гледа поклоните ,исто ко да се за неа .Ова имаме ,ова не.Е што ви купиле правосмукалка?!Имам не ми треба Велам ја немам, кога ќе ја напраиме куќата таман се ќе си имам. Хахах.И баш еднаш уз муабет им реков ,дојдов за синот да основаме семејство.Ние двајца.А не за повеќе луѓе.
Свекрвите си мислат со нив се мажиме, и јас кога ќе купев нешто ми велеше "што си купила тоа, имаме", и велев "ама јас немам", "е добро де заедно ќе си користиме во една куќа нема мое твое", така ми велеше. И за машината за садови ми велеше џабе фрлање пари било како таа да ми дала, а потоа да сум и ги пуштела садовите во машина, се направив наудрена, да бе горе доле ќе одам со нејзини садови, сега па дека не седиме таму свекор ми ми кажа да сме им ја дале машината, а јас ја користам кога одиме таму и да немам многу садови ја пуштам да поработи, да не ми стои така, плус мене вградена ми е и ако ја извадам празно дупка ќе ми биде, а и имаат пари да си купат машина, си имаат солидни примања и си продаваат нешто што си садат, ама скржави се, ништо не купуваат за дома, што сакаат нека прават само нека не ни бараат.
Никој на никој не треба да е слуга Дури ни маж на жена ни жена на маж а камоли н а свекор свекрва мајка татко Сме/сте оформиле фамилија и треба само на нас /вас да ви е убаво Сите други се во втор план Кога и на мажите ова би им било јасно би немало вакви нервози ко шо ги има на темава За да немате нервози целете кон тоа да живеете посебно па макар и под ќирија ако немате ваше Млади сте ке се смене нешто ке створите за вас со тек на време
Така е, штом можеш подалеку од нив, ич да не ти е гајле. Јас се радувам и во друга соба (на мојот спрат) кога ќе си останам сама.