Не знам дали тоа си оди со свекрви, и другарка ми на истото ми се жали. Радознали многу се… малку напорна ми е, и си викам ај смири се не си стварај одбивност кон женава. Затоа понастрана и подобро ми е. Али пак ќе кажам не ми згрешила ништо, далеку од тоа, само напорна е коа и да се видиме.
Ќе ти идат на сон. не сакам ни да се сетам на одредени сонови последниве 2 години, во кои го сонувам татко ми.
Ах бе Адидас, не ја опишав само мајка ми и мајка ти. Еден куп такви опишав, ама знаеш што е најтрагичното, еден куп ќерки растени со вакви суштества само пред огледало ќе си признаат колку пателе. Овде култ се има изградено околу мајките. Жена, мајка, кралица, а уствари само магарици се некои.
Мојава знае да си тропа вака понекогаш и еднаш кажуваше за некоја баба, демек "Најпаметно си правеше Весна, земи си го внучето и легни си в спална со него." Ја и викам "не е таа паметна, туку син и е муле, а снаа и проста што и ќутела". И си се заќуте мојава. Ја за редење затки немам проблем, таква сум по природа.
Со свекрвата, сега починста е веќе, не сум имала проблем некој поголем, дека втора жена за синчето сум и, ама увек сум гледала на страна да сум си, ако нешто кажела безвезе и одбивав на години и болест. Али зато јатрвата ми е ко свекрва, шлакната
Исти се значи, исти сите. Мора во секој муабет да се умеша, да препраша, дури и некогаш кога си збориме во шифри пред неа и се смееме и таа се смее со нас, а поима нема за што Седиме кај нејзе и станувам за до вц, одма скока ‘каде ќе одиш?’ Си го барам мобилниот се вртам околу мене одма ‘што бараш?’. Спуштам телефон сум зборела со некој одма прашува кој е. Одам до кујна таа по мене. Значи страшно, син ми не ми е таква лепенка. Се нервирав, сега смешна ми е. А и таква е, нема лоша намера туку невработена жена е со премногу слободно време. Инаку, за досаѓањето на телефон, јас имав таков проблем ама сама си бев крива. Не знаев да ја откачам, се некако непријатно ми беше ама таа напор жив, секој ден сакаше да ми доаѓа дома, јас да одам, да искачаме, ми доаѓаат гости она си седи со нас итн. И ми дојде преку глава, не и кревав телефон, ми праќа нешто на мсн или вибер само на seen ја оставам, ја откачував 6 дена во неделата и после 2 години се откачи. Сега се научи дека има син и кај него ѕвони.
Добро значи сите се исти. Јас мислев само мојата е радознала. Со маж ми правиме најобичен муабет и одма се вмешува а што тоа, а кој тоа. Еднаш вика за кого зборите и маж ми и вика за концертот на Тома З. Што ќе се одржи викендов. Виде дека ја вози и пак упорно распрашува. И јас исто ако го барам пример телефонот. Одма што бараш? Што ти треба? Не ми е јасно како може да сакаат да знаат се. И да не почитуваат приватност. Па јас никогаш не сум ја прашала нешто ако сама не каже. А таа се дрзнува да ме праша колку пари го купи ова? Кај ќе шетате? Кај ќе одите? А тие кога искачаат од дома мм ќе им рече каде? И тие имаме работа нешто. И ние ок. А ние кога така ќе им одговориме и она ќе ме распраша а што работа имате Не знам како немаат срам и осет.
Мојава кога некој прави муабет со некој или на тел со некого, она од што не може да се сконцентрира на повеќе работи ке застане и како вкочанета стои за да слуша На почетокот не знаев што и е мислев да не не е арна нешто, сепак сум била у право
Не можам веќе да ја поднесам избегавам скроз контакт со неа и со свекорот исти се ама не разбираат оваа ѕвони по 50 пати на телефон упорно, се одделив ручек си правам само за нас се лутат зошто сами сме јаделе, а до вчера со ќерка и збореа како се на готово сме имале ние. Ќерка и за се ни љубомори, на брат да љубомориш.... Страшна работа.... Децата ни ги делат побитно е детето од золвата тоа едно разгалено до немај каде на моето само му се издераваат како ѓубре да е а со тоа од золвата и ѕвезди ќе му симнат да можат. Зетот им е подраг од син им, син им го третираат како гомно, како циган само за работа додека они седат од страна и гледаат само набљудуваат. Си пишав само да се издувам......
Мојава па кога седевме во заедница, само што ќе станев одев во купатило, оваа дремеш пред врата цццц, да ме прашала за кафе, па ќе излезам ќе ме праша. Откако се одделивме од горе се слушало вода кога пуштав, сабајлето ме прашуваше кој одел толку во вц. Еднаш правев на телефон муабет со другарка, седев во двор, оваа "ааа со сваќата збориш", мислеше со мајка ми зборам и си седна, па и со мајка ми може имам некој муабет на само. Кога одевме негде за викенд не им кажувавме се лутеа, како така сме оделе без да им кажеме, ќе се јавеа на мм, и кога ќе им кажеше каде сме, урлаа, како мали деца да сме, па јас на моите не сум им кажувала некогаш, не па на нив. И кога правиме муабет со мм ние надвор она внатре "ааа шоооо". И горе кога седиме внатре се слуша кога ни е отворена балконската врата, и тоа полека збориме, оваа потоа ќе ми го каже муабетот, изгледа под тераса дреме и слуша, каков слух има тоа е чудо. Па и кога сме оделе на гости, кога се враќавме од доле не слушнала кога сме дошле, и ќе ни кажеше "многу се задржавте", ама тоа на мене. На мм му велев а бе женава нели пие диазепам нели спие. @princess02 и моиве зетот повеќе го сакаат од синот, тоа сите го приметиле, му се тресат на него, на нив појадоци, ручеци, зимници, се им прават, на нас ништо, ама не ни сакам зошто знам какви се и ќе ни пререкуваат, и золва ми ни љубомори, а незнам за што, сестра на брат да љубомори. Уште пред да се одделиме почнавме посебно да јадеме, си правев само за нас, па свекорот почна да урла. Се лутеа за се, па нормално убаво им беше кога готвев за цела војска вклучувајќи ги нив, и золва ми со маж и деца, па зетот само дај ова дај она, е сега го нема тоа. Кога бевме минатиот викенд внуката на мм од сестра 16-17 години и велеше на баба и (свекрва ми) "бабо седни", демек зошто се таа местеше на маса, очекуваа снаата (јас), па нека стане таа не е мала. Синот е за работа само, зетот за на маса.
Абе..абееее низ нос водава што ја пиев ми испрска. Како вкочанета рече. Туркај вода само накај твојата воденица и терај. Не и се замарај.
Девојки со што се справувате. Не сум мажена, ни блиску до тоа, ама кога ве читам со какви вештерки имате контакт, подобро никад да не се мажи чоек.. Како издржувате? Треба на остров далеку од цивилизација да ги тупнете свекрвиве, сите заедно, очи таму да си вадат.