Во ред некој да ти помогне, ама знаејќи ја каква е не си требала да дозволиш, јас подобро би побарала помош од комшика отколку од некоја таква како што ја опиша. Јас сакав во плакарот што ми е во ходник дека приметив ми буричкала, да ставам етикети со цена некоја огромна, и нека се чуди.
Не бе ти па мажот како така он од добар предобар се тоа од почит, свекрвата е не разбрана не се излегува на крај со неа. Морееее стапот само
Луѓе, да се има разумен маж е мислам единствено решение! Кога те разбира и поддржува, можете низ се' да поминете. Ние прв пат вчера имавме прилика за физички контакт со свекрвата. Бевме на прослава во ресторан кај роднини, па и на иста маса седевме Мм ниту се поздрави со мајка му, нити муабет и направи, буквално како да не беше таму жената за мене и него. И цело време ме гушкаше на маса, ќе ми ја бакне раката или на чело, некоја зафрканција ќе ми каже. Свекрвата само црвенее, како да ќе пукне во секој момент. Јас сум ептен пријатно изненадена од мм, бидејќи сепак е мајка нели. Очекував дека ќе се поздрави барем со неа, а јас си мислев ептен ако дојде да нема како, едно „здраво“ да изустам. Ама тој ептен ми е поддршка максимална. За возврат му реков да си пие слободно, до Скопје јас возев.
Pa taa so stori prosta, mesto da dojdi da se izvini so napraj cirkusi I drama I da saka da se zblizi pak so vas samo sedela I gledala, sramota. Citav I ne mi se veruva so se procitav. Da te navreduva I vrega duri I pred roditelite. Psihijatar da I pobarate I da ja pratite. To nekoj normalen ne go praj I toa od opst muabet za navodno odenje od drzavava. Duri ne se izvini voopsto da ne I prajte muabet. Taka I treba I soprugot da te podrzi I da si gi otvori ocite kolku e majka mu luda I losotilok. Arno so I go vidovte so si go pokaza vistinskoto lice I pred sinot I site da ja vidat.
Другарки јас дојдов да ја размрдам темава Најнов новитет од свеки, учете сега, ова е денешната лекција: Срамота е свекорот на 66 години да знае да пушти машина. Ете жени, во 21виот век срамота е еден маж да знае да смени постела и да не шета неиспран во гаќите 5 дена. Друга работа срамота е мажите да ви смукаат и бришат по дома. толку. Кратка е денешнава. Пријатно.
Значи ништо неможе човек да ве научи. Одма барате надокнада. Срамота е сфаќаш? Башка кај неа така не правел. Леѓенчето и крпата кога ќе иде мажот дома за златните ноџиња што носат пари. Не вака да го мачиш.
Абе разбравме, се мора на мажињата да им се удоволува, јер се неспособни. Ох боже... маж од 60г..... отвара ли барем тегли по дома? Или и тоа е срамота?
Аааа сега за сега отвара. Незнам до година можда ќе тропнат на врата да ми ја дадат мене таа обврска. Нели, Пепелашка сум јас, овааа згрешив, снаа де, снаа.
Друг пат кога така ќе ти каже кажи и А мори шо сум јас а? Пепелашка? Ама Пепелашка зеде принц а овие твоиве не се принцови. Така да и кажеш.
Аааахаха со оваа уста што ја имам повеќе личам на Круела, далеку од Пепелашка. шала на страна, шо толку ги боли свекориве што треба да си земат сами вода?
Ништо не е срамота... Татко ми ништо не знаеше цел живот, мајка ми се по дома. Лани мајка ми имаше мн тешка операција, и остана долго во болница и после уште два месеци кај нас поради терапиите. Татко ми на 60 години научи и алишта да сортира, и машина за алиша да пушти, и машина за садови, и да смука и се'. Ќе беше полесно и за него да не беше научен на готово... Така да ништо не е срамота од тоа да се знае, колку и да мислиш дека нема да ти треба.
Срамота е и сијалица да смени, се мора жената хаха. Ти се верува дека свекор ми не менува сијалица и не отвара тегли? Овие утре имале работа во Скопје, па да сме се виделе хаха. Ај јас си работам од дома и за мене, немам работно време, ама и мм од работа да излезе кафе да пиеме цццц. Јас и така имам нешто работа, им кажав негде во Центар кафе, може се налутија, си рекле "ту снаата не не вика ни на ручек'. Ете последици што не бевме викендов хаха, веднаш тие доаѓаат. Нема лабаво хаха.
Точно. Кога пред 1 година свекрва ми доби дијагноза Артритис и имаше болки во рацете, се очекуваше од мене, готово, јас да сум и бесплатна слуга. Јас да готвам, јас да и чистам, да ги перам, да им менувам постелини, значи они двајца да лежат, тој здрав прав, јас да ги служам. Се спукавме, јас и викам "Како може дедо ми на 80 и кусур години све сам дома, а свекор ми, не?" и на тоа добив одговор дека свекор ми бил измачен човек, цел живот работел, не можел тој сега све да прави. значи читај меѓу редови, снао фати се и служи не'. Колку мизерно и бедно створење треба да си, за кога ќе остариш, само зошто си стар и си одел на работа, мора некој да ти прави све место тебе? А во меѓувреме си здрав, прав и све можеш. Бедни работи. Бедни.
Овој твојов свекор ист како свекор ми, здрави прави сакаат снаата да ги служи, јас знам и двајцата болни па се сами си прават, овие збеснале. Затоа неможат да се помират што не седиме со нив, нема кој да ги служи, па срамота од комшиите, и дедо ми по мајка остана сам, на 80 години и тој незнаеше ништо па не очекуваше ни од вујна ми ни од никој да го служат, вујна ми таму си беше гостинка, дедо ми по татко уште баба ми кога беше жива се переше сам кога беше баба ми во болница, знаеше машина да пушти, пружуваше, чистеше, ништо не очекуваше од мајка ми, ејјј тоа време, а не овие сега заостанати.