Како земаат клуч без дозвола? Од каде го земаат ? А ако син им им даде клуч, тогаш си имаш проблем со него, не со нив. Ако со него се разбирате и сте сложни за тоа како ќе функционирате, тие нема што да ви се мешаат, или да ви влегуваат дома и шетаат по соби.
Ете така го земаат. Ќе најдат они каде се клучевите не се секирај ти. Кај мене бившата свекрва му рекла на бившиот свекор ( разделени беа, ама овој се по газот и одеше) да и најдел клуч од нашиот стан. А тоа беа 6 или 7 клуча само. Еден за нас, еден за него, еден изгубивме а другите они си ги земаа. Овој им кажал каде стојат и тие дошле кога не сум била дома и си поделиле сите. После викаа абе ќе ги вратиме, ќе ги вратиме, денес, утре, друга недела,.... и се така до бескрај се додека не кажаа дека ги изгубиле а не беше тоа точно. Малумни. Да напоменам дека бившиот свекор беше психички нестабилен, затоа го играа како кукла.
Ако оставате клучеви на секаде за да му се достапни на секој, тогаш џабе ги имате. Затоа прашав. Бидејќи мене клучевите ми се дома на врата кога сум дома и никој не може да влезе и да си земе нешто, а кога не сум дома заклучувам и се разбира си ги земам со мене. 2 пара клучеви имаме, еден за мене, еден за сопругот. Ако ги оставам на секаде и давам на секој тогаш реално нема потреба да заклучувам. Затоа велам, некогаш не е само до нив, туку и до нас. Сменете брава, заклучете, клучевите во вас, и да видам како ќе ги земат и од каде.
Абе да, јас сега така праам, ама тогаш џабе беше, пошо живеевме со свекорот и он имаше клуч и ги пушташе внатре нив. Еднаш дури децата на бившата ми золва ми кажаа дека сум имала убави чизми. Значи ми претурале во спалната. Спас е само одделно од нив да се живее, не во иста куќа и не на исти спрат. Оти ако немаш разбран маж, ма и да е разбран тој не разбира дека они го манипулираат, и ќе му го земат клучот ако живеете во иста куќа.
Јас живеам во иста куќа на различен спрат и можам да кажам дека родителите на сопругот кај мене доаѓаат еднаш во месецот, некогаш ни толку, бидејќи најчесто се гледаме кај нив. Како што веќе напоменав, клуч си имаме само ние, и никој кај никој не си се шета слободно по спратовите. И јас ги почитувам нив, и тие мене. Секако дека најдобро е одделно и подалеку едни од други. Ама за тие што сеуште не се во можност да се одделат, барем да си обезбедат приватност и мир во својот дел.
Морам да ти одговорам оти и кај нас цртаа. Значи детето кажува со кого живее дома и така некако го цртаат. Кај мене сите ги има и тетките и чичковците ама гледав цртежи на деца само мајка татко баба и дедо ( дома што се). Не е до градинката ка нас барем.
Да, ама лани го правеа истово и моите родители беа над мене. Мислам дека е до учителката. Лани беше во помалата група.
Може не велам не Ти седни поправи го дрвото и однеси го назад со корекции Некст левел ќе е кофа вода над врата Влегува и шлааап
Абе какво поправање на дрвото, мер дрвари се они, абе нека нацрта модерни автомобили на друг лист и нека го однесе. Ќе каже еве мајка ми е мерцедесот, татко ми бугати, на татко ми родителите се застава, ги нема веќе во продажба па затоа и ги нема на овој лист....и така натаму
Ко вицот, маж и жена патувале со кола и виделе 2 свинчиња се валкале во кал, и мажов и рекол на жената еве ти ги роднините. И ваа му вратила дааа-свекорот и свекрвата
Iskoristi situacija deka ja bev sečena i ne smeev da stanam. Maž mi e kriv kolku i ona što dozvolil, možel on da banja
Имам во план вакво нешто да направам, веќе имам видео од еден јак испад на свекрва ми ама не му го покажав на мм, а ова планирам и после ке му сервирам убав оброк т.н. заедница и десерт “приватност“. Уште толку ке се заебеш, ке почнат надрилекарите да ти изнаоѓаат лекови, места за идење за лечење, манастири што прат чуда. Немој да мислиш дека таква раја лесно ке откачиш.
Да ве прашам дали некој се има запознаено со црни магии ? Никад во живот не сум верувала дека постои такво нешто, но откога дојдов во куќава они зборат за тоа како комшии им правеле вака така и се подзамислив чим знаат за тоа, значи можеби и они знаат да прават.Одат по бајачи често.... Деновиве многу сонувам духови, како умирам... Осеќам чудно како присуство на нешто низ куќава живееме на ист спрат ама посебно имаме кујна, дневна, спална... Дали можно е нешто да направиле??
леле бре се изнасмеав Јас имам исто, но не заклучувам кога излагаме, зашто знам дека мојов ке се возбуди, леле зашто е заклучено бла бла, ама и зошто сакам да ја начекам на дело, до сега не мислев дека може да си прави глупости, ама после одредени постапки мислам дека знае да пика нос кај што не треба, и сумњиво ми беше, што со јатрвата се на дистанца, они не живеат во ист град со нас, ама ја викаа понекогаш да ги зачува внуците, и сега е на игнор, помислев дека и таму нешто има маткано. Ке видиме што филм ке гледаме
Нема потреба да веруваш, тоа што си во мисла ти влијае потсвесно. Остај ги што сакаат нека си прават. Кади си темјан и немај гајле
Арно и напрај. И јас требаше вака да ја снимам ама не ми текна во моментот, уставри не ни мислев дека на будала ќе се прави. Едит му реков и на мм требаше да ја снимам за да ми поверуваш, ме искара ти будала си мајка ми ќе ја снимам, е ај сега. И да ја снимаш ништо не му значи и да слуша шо зборува.
Во едно недоразбирање со мајка му каде што беше присутен и мм, на само му кажав дека има да ја снимам за да види самиот колку ме сакала таа. Одговор добив дека знаел се и дека се му е јасно, ми верувал... Ама ја не сум јас ако тоа не му го докажам убаво. Така да, сними ја и пушти ја снимката, нека се увери самиот што змија е.
Епа затоа велам дека на крај пак е до мажите и дека проблем имате со нив а не со нивните родители. Ако се пресечат тие работи од старт нема никогаш да треба да поставуваш камери и воопшто да се замараш со тоа дали денес влегла, дали негде претурала. Зошто да се возбуди сопругот, нема тоа никаква врска со неговите практично, тоа си е ваш простор, ваша приватност. Сакам да кажам не е ништо лично против нив, едноставно е нормално така да се функционира. Инаку нив колку повеќе им дозволуваш, толку повеќе ќе пикаат нос кај што не треба
Па не му кажувај, јас така планирав ама мм не беше тука, и сакав да викнам некој да ми ја монтира. Ама читам имало и мини камери па секој може, незнам, барем во дневна да ставам или во ходник, дневната и онака ја заклучувам.