Мојов дреме на шолја со телефон па и муабет си прави Хаха, кој му е мајка.. Исто ❤️ A свеки ако не и кренев или пропуштен позив од неа, после испрашување кај сум била, со кого, па на маж ми ќе му кажеше исто, па пак кај сум со кого сум била ќе го прашуваше
Чекај не разбрав кога се откри дека е до него проблемот и му дадоа суплементи за да се среди имал нус појави и решил дека нема да ги пие ,не мора да имате деца а додека мислел дека во тебе е проблемот цело време ти префрлал? А не ,тука ја знаат само Мајка е една жени има милион
Шо е до мене јас од такви сум бегала на километри. А ја изусти машко ,,поговоркава " очи не сакам да му видам и другар и брат и дечко сеедно.
Значи не, никој и не му предложи да пие суплементи, само кажаа дека материјалот е со лоша морфологија и дека може да се среди, беше еднашка на уролог, ама кај нас докториве се ужас, не дека он е стерилен скраја да е, меѓутоа после тоа ко психички да му влијаеше процесот, и се убеди дека нема он не може и џабе е да пробуваме природно , и суплементи зеде имаше тахикардии и рече јас ова не пијам, ке одиме инвитро што успеат да направат таму во клиниката тоа ке биде.
Па што сакаш, кога и жени вакво мислење имаат, па затоа и мажите така мислат. Некој им го вметнал тоа мислење. Од маж ми баба абе нон стоп пред мене рекла најбитна од се била мајката. Викам ма до кога дискриминација на таткото. И таткото е еден. Сите сме едни. И жена и дете и маж, брат што и да е. Секој е еден. Една била мајката цел живот се сакала бла бла глупости. Демек јас сум стара пред умирање па уште ми фали мајка ми. Или ко ќе рече еее јас стара и ќерка ми остаре па не може да живее без мене. Или не вика да ја земе маж и ,туку мајка и( за умирање ова). И јас и викам па кај маж ти ќе одиш не кај мајка ти. Не вика не сакам кај маж ми, сакам кај мајка ми. Му викам на маж ми фсмилијава ти е бог да чува. Еее како збориш така, а мамичка кога ќе умре кој ќе ги пере ааа ?
Гајле ми е. Цел свет знае што се свекрвите. Уште не бев мажена слушав од колешките. И така е. Свекрвите имаат проблем со снаата, не обратно. А зошто, и да ги прашаш сами не знаат. Снаата е таа која доаѓа во нивна фамилија, се мажи за синот. И нели очекува барем еден почит и нормален муабет да има со нив ради мажот. Е арно ама на свекрвата не и се свиѓа снаата. Не ја поднесува и почнува да прави буцки. Ај една снаа ,две, три,пет може да бидат терсене. Ама сите ли снаи не чинат? Јас секогаш слушам дека свекрвата е таа што има нешто против снаата, не обратно. Таа е прва што почнува да се занимава и да прави проблеми.
Не и се свиѓа зошто синчето и го земала. Имаат изветоперени умови (инцест) ненормална љубов спрема дете! Они се тие зошто очекуваат како слугинки да бидеме ние а они кралици да им идеме по газот ама се зезнала мојава никогаш нема да паднам така
Па можи со маж и и било лошо свашта трпела. Еве јас меѓу мајка ми и татко ми секогаш татко ми би го одбрала. И да всадено е ама од тие милион мене ме зел ,мене ме одбрал и јас него. Со мене од сите тие милиони има дете. Леле еднаш една братучедка на мм ми рече пијана плачела оти син и (тогаш 4г.) Ќе се женел и друга жена ќе и го земела Престанав да се дружам со неа
Хахахаха иста случка, другарка трудна со второ дете женско, првото машко. Ми вика леле јас не можам не го сакам детево погрешка им се фатило не можам да се замислам да сакам друго дете повеќе од син ми, тек кога ќе дојде и снаа не можам да го делам. Од тогаш престанав да се дружам
Абе да си ги одгледаат синовите да помагаат по дома, да чистат, готват, пазарат, утре на нив во улогата како свекрви ќе им биде подобро. Снајките ќе бидат среќни, со тоа и синчињата нивни. Е и мене татко ми ми викаше леле што ќе правам кога ќе си отидеш кај мажот, ќе ме заборавиш. Така збореше и за сестра ми. Ама само на тоа остана хаха Ја имам ќерка, и сега сакам второ, пак ќерка би сакала. Маж ми ме прашува зошто, а ја му викам за да не биде мамино синче, а он ми одговара покрај тебе тешко хаха, тоа сирото и кај комшии ќе чисти хахаа
Само здрави и живи да се, не е важно дали е машко или женско, ама и јас и мм повеќе сме за женско. Не е како некои мажи, по секоја цена машко да сака, дури ми вели наеднаш 3 женски, не дека не сакаме и машки. Да даде Господ кај сите да дава, па било какво, само живи, здрави да се.
Нема врска едно со друго ,еве мм се фалеше дека готвел чистел ,јас сум го заебавала дека додека не видам не верувам ама се деси да видам зошто веќе не прави. Како шо пишав во заедница сме и од раце му ја зимала свеки, ќерка ми за да ја пресоблече оти пази сеа срамота било при две жени у куќа он да ја пресоблекува ,девојче била ај да била машко како било . Јас правам пица ама го згрешив тавчето па излезе повисока ,утредента она прави пица да излезе потенка ,демек поубаво готви. Праам палачинки ,го оставам додека сум во тоалет да ги врти да не се преќинам случано влезе у кујна и ја слушам па шо не ме викна мене шо се мачиш ти мм па за инает ги доправи . Со разбран партнер ќе се договориш и кој што ќе направи денес па чак и никад да не фатил тоа ќе се научи ама свекрвче шо те гледа како КОНКУРЕНЦИЈА ( нешто шо во ниту еден случај не можите да сте ) цел живот ќе ви е обесена па и на крај свет да сте ,само разликата е шо во тој случај ко ќе те нервира можи да снема мрежа А кога ти е дома нема како да ја изгасниш .
Лелее епа ајде нели е тоа од злоба бе( иста е и мојава) само наместо пица, моево беше бурек. Купивме бурек за доручек, она утредента бурек со изварка. Јас стварно сакам скроз да ја игнорирам ама во се да се замеша ја бива.
Мене мм ме пофали пред свеки дека убави кифли правам, оваа се вцрвене, со поглед ќе ме убиеше, еве не да се фалам пред да се омажам не бев по месењето, потоа сама се научив, ни мајка ми никој не ми кажал, си гледав од нет. Првите кифли се топеа во уста, мислев прв пат нема да ги погодам, бев сама и си реков ако не тестото во канта, се изненадив дека се погодија, дури и другиот ден се меки како памук, не се ронат, баш комшика цел живот што месела ми велеше моите биле помеки од нејзините, еве да не се фалам, ама тетка на мм (на свекор ми сестра) и вујна му преубави кифли прават и сукано, на свекрва ми кифлите камен се уште дента, а не друг ден, се ронат, не се јадат, ама неее кај можам јас со неа, она се знае, мм и кажа дека неможе да ги јаде се налути, имаа гости со сила ме натера да земам, кај земав незгодно ми беше да ја оставам, па само пола изедов, едвај џвакав, ќе се удавев. Колку и да е убаво маана ќе најде, еднаш тегнев, и ај им симнав доле, ми велеше тоа да сум ставила ова, она, а се ставив, ама од инат, затоа после тоа кога и да направев нешто не им симнував, мм ако ме прашаше дали ќе им симнам, му велев НЕ, за маани да наоѓаат не им симнувам.