Хахахаха, суви и биле мојава пак, тесто не знаеше да замеси ко камен и беа, среќа мајка ми и даде рецепт, и сега и се памук, исто и грав така научи да прави хахахахахаха,инаку се и беше полуправено, тврдо и бљуткаво, јас таква кујна не сакам, ептен кога сме биле заедница ми било глупаво да ја понижам, ама не што и да направи ти тутка без осет, нит сум побарала да ми готви нит ништо башка и не ми се свиѓа, ама мора да се јаде кога ке зготви, инаку полудува, и ок на почеток ке направев нешто и ке ја понудам и секогаш и беше муабетот ааа јадена сум, и еднаш,два пати, три пати и ја баталив, не ја нудам со ништо, а она си тутка така без осет, дури да може и комшиите ке ги повика да и каснат од ручекот. Болна работа.
Па оваа секој ден има комшии за време на ручек. Кога живеевме во заедница работеше 2-3 x во неделата на повик, едвај чекав да отиде за да направам ручек, јас не јадам многу мрсно и со запршка. Може малце, ама таа правеше тешка запршка со многу масло. Кифлите заби да искршиш, знае не јадеме благо и со сила не тераше. Па уште подобро штом не јадела од тебе, барем неморало да готвиш за цела војска, оваа ем сакаше да готвам, ем нешто ќе најдеше замерка за инат дека на мм му се допаѓаше, па сите различно готвиме и сме навикнати на нашето готвење. И јас не сум цвеќе, наоѓам маани и во ресторани, јас сакам препечено, а по ресторани ми е како полуживо и кога порачуваме за дома го допекувам.
Оваа мојата гледала онаа програмата со кувари, и сега фрла тесто, го тепа, го млати кога ќе ја видам како меси излегувам да не гледам многу е смешно (иначе не се тврди, а не се ни меки ама киселина многу ни иде, и од лебот и кифли-не знам кај е грешката) а исто и грав и било кое јадење е ок вкусно, ама киселини ни идат. Колку и да е убаво не сакам да ми готви. Сакам јас сама, колку си знам толку!
Кој знае од што киселини, јас имам од мекици и сукано кога правела свекрва ми, од мекиците секогаш повраќав. Исто и од ајвар нејзин имам киселини и не ни јадам, кој знае што става. Може ланате хаха.
Секоја скоро ја гледа снаата како конкуренција. Не можам да ги сфатам. Еве кај мене пример се натпреварува за вниманието со мене. Мене тоа не ми е нормално, и искрено многу глупо а истовремено и смешно изгледа од страна. Жена од 50+ години а вакви детинести работи. Примери: Она мене никогаш не ме прашува за кафе, а се тепа мм да го праша дали сака кафе за да пијат заедно и мм или ќе и рече стави и за ..(моето име), или ќе и рече не ми се пие ќе пијам покасно со жена ми. -се случува мм да не сака да јаде од ручекот и ќе земе од фрижидер и таа сто пати ќе го праша зошто не јаде од ручекот дали не го направила убаво. И мм и вели па не го ни пробав па да речам не е убав. Или еднаш јас јадев тестенини и мм од мојата чинија ми крадеше и таа навредена зошто не јадел од нејзиниот ручек. Цел ден му вели сине земи торта мм и вели не сакам таа зошто, и он и вели не сум гладен. И јас за инает и реков еве јас ќе земам хахах -мм и вика на ќерка ми мајка ти( за мене нешто) и ете ти ја свеки трча што јас те слушнав рече мајка ми. И мм и вика за жена ми зборев. -И секогаш провоцира со коментари од типот леле многу си паметен со што те хранеше мајка ти, со што те порасна, или коментари од типот абе ќе јадеш па мајка ти не те нахранила? Муабетиве детски...
Леле ова со тортава исто, а знае дека не јадеме благо, оваа кога ќе запне досадна е, или прашуваше што ручек имам и ќе и кажев, еее утре тоа јадете еве јас направив тоа и тоа (пример направила макарони манџа), а знае не јадеме тоа, мм не јадел ни како мал, толку си го познава синот. Или ако и кажев дека имаме од вчера ручек, ми велеше да го фрлам, да земам од нејзиниот ручек, а тие јадат манџа по 3 дена, скоро секој готви за 2 дена, зависи што, некое јадење е само за 1 ден.
Нормално сите си имаме свои навики,муабетот беше од кога се разделивме на посебен спрат,она си продужи со праќање јадење, без некој да и бара, јас готвам цело време, ако јас прифаќам твое јадење, и таа треба да прифати, ама жената е таква нема осет дека смета, ти викам ја баталив и кажав да не ми оди со тенџерето ,ке се јави да праша ако сакаме ок ако не, нека даава на комшии,или ако го начека сопругот му тутка да качи нагоре оти знае дека јас 2%не ја есапам. Леле добро бе што им е со јадењево ти фрли го твоето хахахаха нареден пат речи и не нема да фрлам храна јас, ти фрли ја манџата ке ви дадам јас од ова да пробате.
За јадењето не сум имала проблем со свекрвата, имам со сопругот од типот мајка ми вака правеше, онака правеше. А не сме израснати на иста кујна, ама си се навикна. А дека увек кога сум правела нешто така посебно им носев и на нив, им носев и свеки ааа ова сум правела јас вака јас така, врска немаше прв пут пробува
Денес свеки ни направи драма дома. Во НАШИОТ дом. Која среќа што не живееме заедно иначе косата ќе ни побелеше и на двајцата со сопругот. Јака му душа и алал да му е на трпението што го имал искрено. Очекуваме гости, брачен пар, со мм едвај се познаваат преку свекрвата, она е блиска со нив, па затоа и нејзе и кажавме да дојде на гости зошто сепак ние не ги познаваме баш. Ама бидејки се најавија 2 дена предходно а нас дневната ни е хаос во фаза на реновирање, не ја ни користиме, и секако, поради тоа, не можеме да ги сместиме гостите таму, ниту па имавме време за 2 дена да ја потсуредиме. Во пределот на кујната како трпезарија со масичка и мини кауч на "Г", па решивме да ги сместиме таму, во кујната, како единствена опција. Стварно не можевме во дневната, тоа се нашите можности моментално. Свеки дојде 10тина мин пред они да дојдат, донесе мекици, благи работи, сѐ што направила, и кога виде дека ја седнавме до кујна и дека и гостите ќе ги седнеме таму, женава полуде и цела зграда ја крена во вис, го направи маж ми од долу подолу (мене не ми кажа ништо) и си замина. Каква срамота и брука било што ги пречекуваме во кујна, не можела ногата да ја крене да си ја испружи пре тесно било. Му урлаше му се дереше на мм, како да може тој за 2 дена да направи нешто. Жената е добра, особено со мене, сум го кажала тоа овде неколку пати, ама има on-off switch кога не е нешто онака како што го замислила прави огромна сцена со урлање и тешки навредливи зборови. Затоа мм ги има сведено со нејзе интеракциите на минимум. Целиот живот била таква, не може да се смени. Сега неќат очи да си видат, а мм сака да прекинеме подлабок контакт со нејзе и да имаме само за површно, "Како си што правиш, еве супер". Може и подобро така. И мене не ми е сеедно, зошто не сакам никој да му се понаша така на маж ми па ни неговата сопствена мајка, зошто тој е последниот човек што заслужил така. Навреда спрема него е навреда и спрема мене. Најдобро да се држиме на дистанца. Жал ми е, пробавме колку што можеме да ја вклучиме во нашиот живот и да и идеме по кејф, ама не иде. Лично јас не дозволувам ни еден збор лош повеќе кон маж ми. Збеснала, не е свесна дека друг да и беше син ќе сањаше син како маж ми. Сакав само да споделам и да се испукам и јас овде , а за совет јасно ни е и на двајцата што е чарето...
Wow, приказни од моето детство. Ако била ваква и кога бил дете, тогаш тешко него. Самиот факт дека одржува некој каков-таков контакт со неа е за чудење. Повеќето бумери се со вакво копче. Прво си мислев само мајка ми е, се додека не почнав отворено да прашувам па и да гледам низ околината и заклучив, вакви се и нема да се сменат. Инаку, за постарата генерација, гостите се буквално се. Одржувале чест, традиција, вредности, а кога ќе порасниш ќе сфатиш дека правеле фасада. Да изгледаат добри и поштени од надвор, од внатре не е така. Мајка ми еднаш му го направи ова на брат ми, човеков ја сведе комуникацијата на минимум (ама ја претера, оти сите во пакет со неа не стави). Некогаш ја гледам се кае, ама знам дека нема да си признае дека згрешила. Со мене па какви грешки направила, да пишувам роман ќе треба да напишам. Некои од бумериве си имале/имаат сериозен проблем со ментално здравје. И како мува си го ишкаат проблемот, на крајот ти жртвата, ти виновен испаѓаш. Ај барем сега знаете, помалку гости да играте со неа/нив.
Свекрва ми па се прави дека е најдобра готвачка и се знае, кога ја прашав за Бакрадан (качамак) и сарма со свежа зелка ми кажа дека кај нив тоа не правеле, а нема врска, знам нивни роднини што правеле, и секаде го прават тоа. И ме прашуваше дали јадел мм таква сарма ццц, а мм се удави од јадење, ми кажа не јадел поубава сарма, и еднаш мајка ми кога правеше и кажа мм на свекрва ми дека не памти да правела таква сарма, била многу убава, ќе пукнеше од мака. И кажав е како не правеле, тоа не е ново, кај летно време кисела зелка кога нема, јас па со кисела зелка не ни јадам, само со свежа. Исто и за сукано со кисела зелка не правела, а се продава таква вртена пита и по пекари, само манџи прави, не некои специјалитети, секако треба и тоа, ама манџа е најлесно, и јадат по 3 дена.
Мојата беше по сукањето кога била помлада, селска жена научена од мали нозе на тоа. Ама незнаеше тоа што знаев јас да месам. Манџурии секој ден правела, па имав проблем со тоа на почетокот. Ме нервираше кога ќе направев кнедли со сливи на пример и ај да им однесам. И сега ја ги правам така поголемки и сочни со исчистена семка, внатре во сливата цимет и шеќер, па сварено па после презла пропржена со шеќер па пак цимет и слатка павлака или шлаг од страна и тоа е десерт. Госпоѓата коментираше она ги правела помали, со се семка без шеќер и цимет, малку презла пак без шеќер и цимет и ги прелевала со јогурт и тоа било као ручек, вечера. И одговорив тоа у наша куќа е десерт и вака се служи во најдобрите Виенски хотели. Увредена беше, мм исто, ама сега прифати дека јас така правам и точка.
Мајка ми и тетките мои кога правеле ориз со копани, секогаш и супа и во супата едно копанче цепкааа за вкус, и супа нормално за пред јадење, оваа тоа го нарекуваше чорба и за главно јадење, и свекор ми еднаш и рече дека тоа е супа, и јас така кажав, оваа се налути, не, пилешка чорба било, е има разлика од пилешка чорба и супа. Секој различно си прави и си готви тоа што јаде, ама ме нервира што се прави сезнајка.
Супа е бистра па нека има месо колку сака. Чорба е густа и кремаста и во принцип јадење само за себе, не треба ништо повеќе освен леб и салата ако сакаш. Ама кој да се објаснува. Ако они така правеле за нив е само тоа исправно, другото се измишљотини
Ти ги гледам сликите, прсти да излижеш. Те бива, ако не сум пробала. @Anyshka знаеш дека со воа што ти го пишав со рецептиве те имам помешано со друга Анушка. Уствари била Аника таа. Ти може немаш слика нигде ставено од готвењето ама важно те пофалив Ете ко ти викам јас не гледам многу ник нејм кој пишува ти неее
Хахаха, имам ставено слики, ама повеќе готвам солено, а Аника повеќе благо, и да, стварно ја бива. Сепак фала ти за пофалбата хаха.