Добро, не те цитирам веќе, уште ова, ти ги читав постарите мислења видов сегде си се расправала во сите теми, од 2010 си, инаку јас брзо се зачленив, ама форумов го читам со години. Многу интересно е некој кога ќе пише е како нова си а толку знаеш, јавен форум секој го чита. Ајде уживајте.
Еј стварно? Немаме изгледа ист критериум за расправања и дискусија. Не знам еве веќе со мило и цвеќенце мое ќе ви се обраќам на двете да не се увредите уште толку.
Како не сфаќате дека се смееше членката? Ако на една тема имате несогласувања, не значи дека на секоја друга треба да е исто.
Веќе не се знае што е саркастично, а што е вистина, се е измешано, незнам па што коментирам, има поубави работи од тоа да се замарам што некои членки не се согласуваат со моето мислење. Темава постои за сеир фаќање.
Јас не ја сфатив така, баш на смеење пиша, зошто ти имаше кажано дека и' сметало на свекрва ти што правиш убави солени работи, башка пред тоа и самата те пофали.
Ама џабе се објаснуваш, сега на било која тема ако и реплицирам ќе заврши вака како денес. Значи и јас мислам ако на некоја тема немаме заеднички јазик не значи дека и на останатите ќе немаме. Затоа се повлеков. Не смеам ни да и реплицирам ни да и лајкам и неа и на другата е баш ради ова. Одма сум на жешко столче на анализа.
Tи беше шо пиеш кафе со свекрвата ? Еве дешавка Вчера си идам од работа и вика демек на ќерка ми мајка ти сега може едно кафе да испие. Јас не реагирам и ме праша директно абе викам не знам некако не сум најдобро. У меѓувреме влезе мм ,замина заборави на кафето. Се прашувам со шо сакаше да го сервира
Да бе јас сум инаку јас мојата свекрва ја гледам само во недела. Евентуално преку неделата пошто си идам во 4:30 малата е доле кога ја зимам 5 мин. Лаф муабет и толку. Ама во недела знае да ме покани на кафе, со што и да го сервира не ме умре до сега Вајда ниту еден отров не делува на мене
Е тој е тој контакт шо би го имала и 200 г. Ама такво нешто не е можно кај мојава. Инаку не мислев на отров ,труе и со зборови ко пример денес пола саат шо ме убедуваше дека не треба да иде на ладно у градинка ,па ако веќе иде да и ставам холахопки ,па ако веќе не сакам холахопки доколенки .