Добро, значи немора на секое да го спомнуваш тоа "без напад". иначе на темава: Ние секој Божиќ имаме заеднички ручек, одиме кај нив, овде кај нас се крши лебче на Василица и јас си правам и свеки, после се симнуваме кај нив. Кај мајка ми не одам, далеку ми е, ама секако после некој ден иде она за именден на малиот. Иначе смешно изгледа вака да читаш, демек нашиве дома све знаат, све како сме правеле ни одговарало со нив, ама сега кај другиве све е хаос и не чини. Едно е на нешто да не сме навикнати, па и да се правело по некоја грешка или глупост сме занемариле, друго е да критикуваме. Јас па баш за Божиќ некако сакам да ми е во мир и хармонија и ич не се замеравам, башка ми одговара она да прави ручек, еден ден во годината да начекам на готово.
Сегде различни адети, во Скопје за Василица кршат лепче со паричка по фирми, или со друштво, во некои фамилии и за Бадник и за Василица. Читам правилно е за Василица, ама ние уште од времето на баба ми секогаш ни останало за Бадник. Исто и кај свеки за за Бадник.
Дома беше за Бадник, овде е за Василица. И мајка ми 3 години со ред се обидуваше да ми наметне демек зошто сум правела по нивно. Па како да ти кажам тука живеам, сите тоа го прават, таква е традицијата тука, нема само ја да правам обратно. Дури и ден денес она демек заборава дека на Василица кршиме лебче, упорно и пред мм ми викаше последно "еве види што убава паричка ти купив за лебчето за Бадник", ја и викам "за Василица мислиш" и она така "епа да де, како сакаш ти". Со стариве та со едни та со други исто ти е.
Кај нас паричка се крши и за Бадник и за Василица. За Бадник дома се крши со фамилијата, а за Василица со друштво и кај тој шо ќе се падне паричката, следната година тој е кумот и кај него се слави Василица. Ние стара нова година си ја викаме.
Истото, за Бадник дома, за Василица со колеги во фирма или со друштво, кој како сака. Да, кај кого ќе се падне паричката тој е кум/а следната година и тој/таа носи погача со паричка. И за огнот 5-ти према 6-ти кај кого ќе се падне паричката е кум/а. И ние ја викаме Православна Стара Нова Година-Василица.
Кога сме кај темава да ве прашам мислење. Ние моментално живееме со моите и делиме кујна и дневна. Не ми е логично да правам посебно лебче за нас, туку сите заедно на една маса. Е сега, неговите сигурно ќе сакаат и кај нив да кршиме, а на Бадник не ми се излегува, на Божиќ секако ќе одиме. Многу размислувам да не се налутат, ради маж ми мене ми е гајле. Што е најпаметно? Да си кршиме посебно од сите, да си кршиме сите дома што сме кај што живееме или и дома и таму кај нив? Да живеевме кај нив знам дека моите не би очекувале да дојдеме да кршиме плус со нив, се знае кај што си живееш таму. Се нервирам што еден празник што ми е најубав ќе ми го расипат…
Нема правилно или неправилно. Најдобро е со сопругот да си разговарате и да се договорите што ви одговара најмногу на вас двајцата. Она што мене ме нервира/ми паѓа во очи е тоа што (не во твојот случај туку општо) и за празници и за се, родителите на женското се сметаат како второразредни. Еве и сама викаш, да живееш со свекрва, твоите сигурно нема да се лутат затоа што Бадник славиш со свекрвата, а во случајов обратно сигурно свекорите ќе се лутат. Во мојот дом на пример за Бадник, седнувавме сите заедно на маса, па вечера, разговори, сите заедно да станат и средат. Па филм или игри некои вечерта и слично. Во домот на сопругот - се натегаме мене ми се јади, тебе не, па еден имал серија за гледање или вести или не знам што не можел да јади на маса со сите и такви небулози што буквално ги уништуваат празниците.
Иста само обратно кај моите за Василица ,тука Бадник. И многу ми е криво шо не почнав и двете да си ги праам од старт тука (мајка ми никогаш не ми спомнала ама имам пример од една комшивка која си ги праи двете )ама после ми текнува дека одвај за Бадник седнуваме не па и за Василица. И ништо
Ние дома сами со сопругот и децата, одевме првите 2 години кај свекрва ми и доаѓаше и золва ми со сопругот и децата, разговаравме со сопругот и решивме сами, дека нема потреба да одиме кај нив, тие живеат во друг град, еве со моите сме блиску па не кршиме со нив, сите сами. Како може золвата да оди кај мајка, а ќерката само кај свекрва, затоа сами најубаво е.
Како си сакате, сами најдобро. Ние кога живеевме во заедница заедно правевме адет и многу се нервирав, откако се одделивме се симнувавме доле затоа што се лутеа, и потоа горе сами. Разговарав со мм дека сакам сами откако се одделивме, и една година пред Бадник и кажа на свекрвата, почна да се лути, па како така, сме биле една куќа, па ако толку сум сакала да спремам тие ќе дошле горе ццц, ало жено сакам за нас да спремам не за цела војска, ааа да, да напоменам дека и золва ми мажена секогаш доаѓала кај свекрва ми за Бадник и првата година беше јас откако дојдов, а само јас и свекрва ми спремавме, таа си дојде на готово, потоа разговаравме со мм, му кажав ако е за така и ние треба да одиме кај моите, и го кажа ова мм на свекрва ми и другата година не дојдоа. И јас и кажав на свекрва ми ние сме си посебно и треба сами, ако е за така треба кај мајка ми, ама не се лути мајка ми, знае ние сме си посебна фамилија иако сега тука седиме, по логика на свекрва ми треба сега кај што си седиме. Леле како се наближуваат празнициве глава ме фаќа, лани и полани не бевме во Македонија и раат си бевме, сега како ќе биде незнам, му кажав на мм дека ни со мои ни со негови, сакам сами, ми го расипуваат еден од најубавите празници наместо да биде во хармонија, во нервози, многу сум напната за празници поради нив. Разговарајте со мажот ти, кажи му дека сакаш сами, ама штом живеете со твоите, по логика на свеки треба со твоите.
Ние живемее од почеток сами, но 2 години по ред одиме прво кај моите, па кај неговите. Јас сум едно дете и затоа така сакав да ги испочитувам и моите. ММ немаше проблем со тоа. Оваа година имаме бебе и сакам да си правиме сами дома. Не гледам зошто да не се испочитуваат двете фамилии така да најдобро да се помине на саат време секаде.
A еве да се родителите од двете страни во различни градови, а ние во трет? На ладното ќе влечам деца со мене, се знае тој што живее сам треба заедно со сопругот и децата, ама кој како си сака така, и ќе се прејадам на двете места и јас за што сум спремала, а и кога ќе спремам ако одам цел ден по патишта, не се однесува ова за тебе, гласно размислувам секој си кажува како прави и ние неможеме да кажеме дали е правилно или не, секој за себе си знае.
Да да на тоа и мислев зошто неговите на сопругот се во друг град, моите се блиску ама и таму не одиме за Бадник, еве ни брат ми не оди си живее посебно и сами си кршат ама моите не му се лутат, исто и сестра ми сами а свекрва и е блиску, одат за Божиќ, и ние исто дека неработен ден ако немаме ништо планирано одиме кај свекрва ми дека од друг град, а кај моите или вечерта или друг ден, сепак Божиќ е 3 дена.
Ние исто така живееме со моите, бидејќи се' делиме освен спална соба, Бадник го поминуваме со моите, јас и мајка ми спремаме. А, следниот ден на ручек кај неговите, само што последниов Божиќ ,,пољубивме врата" кај неговите, не знаела дека ќе доаѓаме и не направила ручек, а маж ми им најавил, а и ред е и таму да се испочитува. Искрено, според мене и не треба да доаѓаат гости за да имаш ручек за празник, ама тоа е што е.
A зошто комплицирате ,ако убаво се сеќавам седите во др град. А имате и спрат кај нив. Ја би си праела кај шо седам. Па кај нив за ручек за Божиќ ако сакаат Таман годинава ич да не идете.
Јас не комплицирам, туку тие, јас не сакам ни со мајка ми ни со неговите. Да, сега седиме во Скопје и имаме спрат и кај нив, еве по мое јас сакам на спратот само ние. Сакам сама да си спремам, а не да ми кажуваат ова требало, она требало. Еве мајка ми е сама па не не замара со неа да правиме адет. А бе знаеш како е, штом се омажиме треба да заборавиме на нашата фамилија, фактички само од страната на мажот ни се фамилија по нивно, еве јас иако седиме кај мајка ми и сама е, не сакам ни со неа ни со негови, туку сами.
Па јас си планирам дома, ама сами да си правиме адет горе на спратот, ама како ќе испадне незнам. Еве ни со мајка ми ни со нив.
Не е битно кај ќе бидат, ете си сака сами со сопругот, и ништо страшно, што комплицираат старите. Од мравка слон прават. Секој си е посебна фамилија кога ќе се омажи и ожени.