Ова на мајка ти го имаш ли кажано, дека битно е на снаата да и биде убаво со сопругот? Оти најчесто не патат од сопругот, од мајката на сопругот.
Јас ти препорачувам Скопје. Раат ќе си од неговите. ,,не сме таму инаку ќе дојдевме " . Инаку да се треба да се заборави
Од каде си, имам слушано за ова ама не знам во кој дел. Мене ми е многу убав и Бадник и Василица. И не битно кога и каде се крши лепче или зелник убаво ми е. Во Велес е на Бадник, татко ми е влав кршеле на Василица. Решиле моите на Бадник. Ама требало на двата дена ако ме прашале
Во Крушево, Прилеп е за Василица, ние уште од времето на баба ми секогаш за Бадник, исто и кај свекрва ми, една другарка кршат и за Бадник и за Василица, што е правилно незнам, читам за Василица било правилно, ама ете ние за Бадник. Ама не ми е јасно нешто, нели се крши со фамилијата, а еве некои слават слава или именден за Василица, и треба адет па на гости, а тие што слават слава како ќе кршат, зарем со гостите? Сега гледам се почесто, и во Скопје за Василица кршат со друштво или на работа со колеги.
Крушево и Прилеп се на Василица, знам. А таа вика и на Бадник и на Василица. Па си помислив дека има дел во Мк каде се крши на двата дена. А инаку мислам дека таму каде што е на Василица именден нема тој ден. Не знам уствари по мое зборувам.
Па кој како си сака, пишав за една другарка за двата дена, и тоа она си сакаше, инаку и кај мајка и и кај свекрва и за Бадник. Ама за Василица пиша со друштво, а за Бадник дома со фамилијата. И јас почесто гледам во последно време за Василица со друштво и како што пиша и @Adidas888 кај кого ќе се падне паричката тој другата година ќе е кум/а и кај нив ќе кршат лепче со паричка, а за Бадник дома.
Југоисточниот дел Па за да си избегниш нервози, најарно во Ск. Вие сте една фамилија и каде и да бидете, може да си славите.
Сега кој како сака си прави, за Бадник се спрема посно, памтам мала кога бев не јадев баница со зелка или праз, и барав со сирење, и баба ми велеше "ааа не посно е за Бадник" и за мене ми правеле без ништо, немало исклучоци иако сме биле деца, сега не е така.
А не славите вие Василица? Ние стара нова година ја викаме, оган се пали насекаде, сите се со друштво.... многу убави спомени иам од тој празник, омилен ми беше
Ние како помали славевме Стара Нова Година со друштво по дома, негде се палеа и огнови како за Бадник, потоа сите по кафани почнаа и знам дека беше на пола цена од Нова година, во последно време поретко, дека другиот ден е работен и неможеш да се опуштиш.
Во Скопје се пали 5-ти према 6-ти за Бадник, дека за Бадник нели сите дома. Инаку и за Василица се пали во некои маала, и тогаш кршат лепче со паричка.
Не го разбирам тоа одење на Бадник кај едните, па кај другите родители Се знае за Бадник се седе дома и не се ака по куќи.
Точно така. Еве еден пример ќе кажам, едната тетка (сестра на татко ми) кршеа лепче со паричка за Василица, и една година ние се спремаме за адет за Бадник и ете ти ги тетка ми и тетин ми. Поседоа, испија кафе и баба ми демек ајде да почнеме со адет, и дедо ми кажа: Не, тие ќе си одат, друга фамилија си се, а ние ќе си правиме адет, си отидоа и не се налутија, и јас не го разбирам тоа омажени и одат кај мајките за Бадник, така правеше и золва ми, ама доаѓаше само кај свекрва ми (мајка и), не идеше и кај свекор и. Кој како си сака така нека си прави, јас сакам сами со мм и ништо страшно не е, па јас цел ден дома спремам де гравче, сарма, риба, баница, погача со паричка, салати, па садовите да ги средам и ете дошло вечер, и да одам доле кај свекрва ми ќе се најадам и што ќе му правам на тоа јадење што сум го спремала, не ќе го фрлам. И нормално на цел ден спремање што ќе одам кај свекрва ми тоа време барем ќе одморам, а не кај нив што нема хармонија, се караат свекор ми и свекрва ми и за Бадник, ќе се напие и незнае што зборува, и кај физички ќе бидам уморна што и подобро е, па и психички.
Слично како Анушка што вели Оган немам видено дека палат. А и ко мала не се сеќавам дека палеле. Така ко некој вид прослава, ништо посебно.
Дедо ти уствари за сооствената ќерка кажал дека се друга фамилија, додека кршел паричка со татко ти и вас? А татко ти, синот е негова фамилија?
Епа ќерките ги шутнале од дома, не се веќе фамилија, така иде тоа кај нас. Само синчињата се фамилија. Ние си правиме сами, бидејќи живееме сами. Не одиме никаде на бадник. За ручек за божиќ кај едните па на вечера кај другите. Бадник ми за дома седење.