Добро ова е веќе надвор од контекст. Ја како што знам бадник се слави во домот во кој што се живее. Ако си во заедница значи заедницата во склоп ги прави адетите. Без разлика дали таа заедница е со син и снаа или ќерка и зет. Зависи кој живее таму. Верувам на тоа мислел дедо и.
Хахаха, а бе само да нападнете, оди прашај го дедо ми, па тука сите пишуваат со тој што живееш со тој се крши лепче, членки пишале со нивните живееле и со нивните си кршеле, кај свекрвите оделе за Божиќ, а инаку ние живеевме во заедница со дедо ми и баба ми и заедно кршевме, откако се одделивме секој посебно исто и јас сега сакам ни со мои ни со негови, пишав кога живеевме во заедница заедно, кога се одделивме доле се симнувавме кај свекрвата дека тие сакаа, после горе сами, сега сакам сами, ете мм им е син па сами сакам, што не ти е јасно, што тресеш? Дедо ми така кажа, не јас, ок? Ти оди си кај мајка ти никој не ти брани, и золва ми си доаѓаше, а кај свекорот не одеше, значи само мајка и е фамилија. Според тебе требало да дојдат и свекорот и свекрва и на тетка ми. Само да се нападнало бреее. Кога ја отворија темата пишаа секој до свое мислење без напаѓање,ама не сте живи ако не нападнете. А ти не пиша каде ќе одиш за Бадник, кај мајка ти или кај свекрва ти? Кој како сака ќе си прави, ти ли ќе им кажуваш? И ние само, ок? Свекрва ми напнува за со нив, јас сакам сами, епа ајде сите на куп со золва ми, свекорот нејзин.
Ама не те нападна тебе членката, туку не е окау тоа што го рекол дедо ти тогаш, ајде нека си одат тие па ние ќе си кршиме. Мене би ме многу здоболело татко ми така да ми рече. Не можам ни да си замислам. Можеле да почекаат, или кога веќе таа година дошле, ако сакаат нека останат. Јас си зборам од аспект на ќерка, мене би ми било многу тешки така да ми рече татко.
@felisitas токму така, ние тогаш живеевме во заедница и затоа заедно правевме адет, да живееле тетка ми со него заедно ќе правеле, откако моите се одделија секој посебно, па татко ми имаше уште една сестра, за да не испаднало дека ја шутнал едната ќерка, требало да ја викне и другата, инаку тетка ми и тетин ми не се налутија, некоја си членка ќе мудрува. Човек неможе мислење да си каже. Еве и ние со мм сакаме сами, прво се симнувавме кај свекрва ми дека така сакаат, па горе сами, кога живеевме во заедница заедно. Ама нее, мора да мудруваат паметните. Кај пишав па јас незнам. Па не се налутија ете гледаш. Таков си беше директен и го знаеа, инаку беше многу добар, ама вие многу нежни. Од една страна велите најубаво директно, од друга страна се натажувате.
Секој си има право да си пише свое мислење како го празнува Бадник без да се нападне некоја членка, по мое за Бадник не се оди по куќи, се крши лебче со париче кај што се живее, ете некои членки живеат посебно ама одат и кај едните и кај другите родители, некоја пишала сами па одат за Божиќ, на некоја не и е сфатливо како одат де кај едните де кај другите, некоја пишала свекрвата доаѓала кај нив, секој како си сака. Неможеме ние да им се мешаме, и оставете да си пишат членките како им е изводливо да прават, како сакаат, како прават, зошто едно е да сакаат нешто, а друго е како ќе прават.
Откако ке ги решите сите проблеми на адреси маж, свекрва, свекор, снаа, золва, доминација, чиј збор е последен, каков мир имате во обични денови, адети ке ви се најмало гајле. Јас сум атеист, најмалку битно ми е што ке правам за Бадник. Ама убав адет е и го практикуваме. Кога се веривме со маж ми, пред да правиме свадба, за Бадник си бев дома кај моите. Потоа кај свекрва ми. Откако сме сами, дома. На Божик сме секогаш кај моите на гости, заедно со свекрва ми и свекор ми. За Нова година сме кај свекрва ми сите. Од причина што целиот однос ни е ок, ако не покани кај неа и маж ми сака, нема да ми смета кај неа да одиме. Проблемот не е што свекрвата кажала, и што ке се лути. Проблем е што мажот не ја држи страната на новото семејство, кое сега треба да му е најблиско, туку се влече кај мама. Од друга страна пак, нема причина да се тегнете за вашата да биде последна. Наместо да трошите нерви, бидете тактичари со неподносливи свекрви и бирајте си какви битки ке терате.
Најидеално е кога ќе си створиш свое семејство да си го поминеш Бадник во тој круг ама ако немаш разбирање со мажот ќе си се договориш. Ете кај нас чим сака со неговите и јас сакам со моите па така и на двете места си кршиме лепче (инаку блиску живееме)
И моите живеат блиску ама не кршиме лебче со нив, а свекорот и свекрвата во друг град и ни таму не одиме. Еве и брат ми си живее посебно со жената и децата и посебно си кршат не со моите, ако е за така треба и јас кај моите и сестра ми, и сестра ми живее посебно од свекрва и и посебно си кршат, кај моите одиме за ручек за Божиќ, ама првиот ден дека е неработен почесто одиме кај свекрва ми дека од друг град се, па вечерта одиме кај моите или другиот ден, Божиќ е 3 дена. Еве за тие што пишале демек нас ќерките не шутнале, никој не не шутнал ама било син или ќерка штом се омажат и оженат си се посебно семејство, е сега ако живеат во заедница тоа е друго, ама ако имаат спрат од куќа опремен и секој посебно си готви тогаш е нивна желба дали сакаат заедно или сами да си кршат, секако зависи и од свекрвите а најмногу од мажот како ќе постави граници, по мое штом си имаат посебно спрат треба сами, ама ако си сакаат заедно и тоа е ок. Неможеме да им кажуваме како е правилно.
Си имаме спрат со кујна и дневна ние, они си имаат посебна. Од како сме земени секоја година му викам за сами не сака морало со неговите епа викам и јас сакам кај моите и така сеа и на двете места си идеме
Само јас ли сум мрза што не се замара за денот и си одам на готово кај свеки? Ама кај нас е за Василица, за Бадник не правиме ние ништо, си правам посна трпеза дента и си јадеме ја, мм и дете ко и секој ден во годината.
Мене не ме мрзе, со кеф си правам сѐ. До лани бевме кај свекрвата со деверот сите на куп. Оваа година поради тоа што мм не сакаше да седе на иста маса со брат му заради нарушени односи им кажавме дека посебно ќе си правеме Бадник. Да беше се во ред ќе правевме заедно доле. Свекрвата уште кога правевме свадба рече дека би сакала заедно да сме на Бадник, ама ако сакаме посебно тогаш да си правиме посебно. Никогаш не е правила проблем. Криво ми е што испадна вака, ама тоа е.
Незнам како може да ги мрзи да спремаат за еден од најубавите наши празници, јас со ќеиф спремам, aма секој си знае за себе и никој не треба да ни наметнува нешто или ние да им наметнуваме тоа што нас ни одговара.
Ние “виртуелно” го вртиме паричето, кај моите си има парче посебно за маж ми, посебно и за мене. Кај неговите исто, посебно парче за мене и за него. Им се јавуваме на моите на видео call и си бираме парче, кај неговите ни звони мајка му да ни каже во кого паднало и толку е кај нас Дома ние си го вртиме само за нас двајца, а јас со братучедите го вртам online преку апликација
па што знам нема врска според мене дали си мажена или не ако живеете заедно, значи во истата ситуација сме.
А сами живеете? Дали ви е прва година заедно? Ако сакаш сами разговарај си со дечкото, или ако живеете посебно може прво кај родителите, па дома сами, како си сакате така.