Ако живееш под ист кров со родителите на маж ти и имаш последици, во смисла ако одбереш да одиш со другарка, свекрвата те критикува заради изборот, разговарај со сопругот и одлучете што е најдобро.
Не ми е свекрвата ниту генерација ниту другарка. Ако сака она нешто да купи нека купи, јас кога ќе сакам да си купувам ќе си одам со кого сакам, во овој случај со другарка или со сопругот. А сопругот ако се лути нека си оди тој со мајка му каде сака. Ако сега попуштиш размисли натаму кога ќе дојде бебето како ќе биде ако свекрвата одлучи да се меша, а сопругот очигледно е на нејзина страна.
Конкретно за облека се купував сама. За поголеми работи како количка креветче со мм. И по другарки што знам, никој со свекрва не купувал облека. Не знам зошто сопругот се лути. Прв пат искрено слушам дека се купувало со свекрва. Тоа што сакаш да одиш со другарка за друштво и за да ти помогне во изборот ми е сосема исправно.
@Maca Macka членката рече дека нема блиски, не гледам што е толку лошо да оди со свекрвата. И да, може да оди сама, ама ова е битен момент за нејзе.
Добро, јас имам блиски, па одев сама, зошто така ми одговараше мене. Лошо е што таа не сака со неа сака со другарка и мислам дека треба да оди со тој што сака таа. Купувањето на облека за бебето ми е еднакво на купување на облека за мене лично, така да ќе одам со кого сакам. Единствен проблем би бил кога би сакала да го исклучи сопругот од купувањето без тој да сака, за свекрвата не гледам проблем
Не е битно со кого ке купуваш. Од еднаш не можеш се да купиш. Еден ден ке е количка, друг ден креветче, козметика, алишта неколку дена итн. Ако имаш ок однос со свекрвата, оди и со неа. Јас со сите купував. Маж мајка свекрва сама другарки, долг е списокот а уживање големо. Нормални личности се радуваат на принова и сакаат од мерак да излезат и купат. Не дека тие ке имаат последен збор. Дури тетка ми не сакаше сама да купи, со мене излезе да избереме заедно што сакам. Кога некој има убав однос со мене и ме почитува, немам проблем да направам кеиф. Црвено знаменце ти е што мажот се лути ако не купуваш со мамичка. Утре ако сакаш да го бањаш бебето сама а мамичка се запне сака таа да го бања? Покажи си заби уште сега и купувај со кого ти е тебе убаво.
Ти имаш блиски, ама она нема и кога човек нема ова добива повеќе на важност. Не навлегувам таму со нејзините односи на мажот, ниту на тие на свекрвата. Друга ми беше поентата.
Со кого ти сакаш! Што к*р има он да се меша кога сам не го мрда газот за свое дете да иде. И свекрва ти нема потреба да иде. Постара генерација, сега сменети се работите, не знае што му треба на детето.
Добива на важност да, можеби од гледна точка на свекрвата, најдобронамерно да не се чувствува дека е сама сакала да присуствува и таа. Но штом сопругот се лути и на некој начин инсистира со тоа, мене не ми дава таков впечаток. Ако било добронамерно свекрвата ќе прашала дали сака и таа да дојде со неа. Или пример ако свекрвата го финансира шопингот, тогаш да. Инаку не гледам причина.
Најдобро мажот да оди со мајката на жена му. Незнам од каде е ова да мора да се купува со свекрва. Е ајде тогаш и мажот нека оди со нејзината мајка, туку дали ќе сака. Ама се лутел зошто жена му не сакала да оди со мамичка.
Е па мора, затоа што свекрвите се најпаметни. Ние сами купувавме. Поголемиот дел од облеката ми го дадоа братучетки. Госпожата дојде и донесе алишта кои не беа за таа возраст. На бебе што нема месец не му стојат алишта за дете од една година. Ама нејзините биле убави алишта, а тие што ги имавме ние не чинеле.
Човек учи додека е жив, само свекрвата знае се. А бе свекрва ми сакаше да оди со мене на гинеколог, што да очекувам уште? Инаку чува алишта од внуците од золва ми, ќе се нашле, а они веќе големи се.
Лечење комплекси. Ете тоа е. Не знам како не сфаќаат некои работи. Баба ми беше свекрва за пример. Таква жена ретко се раѓа. Имам две јатрви. На едната маста и ја вади. Ја жалам. Многу е фина. Ама многу и ќути. Ама другава ја среди. На неа не смееше да и писне за алишта. Уште се плаши од неа.
Не можеш се од еднаш и од прва да купиш, така да прошетај некој ден и по едни продавници со свекрвата, друг ден со другарка, трет со маж. Не си прави нервози во бременост кај што имаш лесно решение. Јас би излегла со другарка да видам од прилика кај што има, не мораш ни да кажуваш дека само за тоа излегуваш и после и со свекрвата ќе си купам дел од работите што веќе сум ги измеркала со другарката.
Јас одев сама ниту мајка ми одела ниту свекрва ми. Не знам за облека зошто ти е некој со тебе. За креветче количка па ајде да викнеш за мислење, ама за облека не. Не им ставај обврски да доаѓаат со тебе на кој му е мерак ќе купи тоа што мисли. После кога во штипки ќе ти се меша свекрва ти за се и сешто ќе ти е криво, затоа дистанца по мене.
Јас искрено не гледам лошо во тоа што донела поголеми алишта. Кај мене за крштевката тие што носеа, носеа поголеми и скоро за секоја возраст до скоро имав нови алишта и во поглед на купување ми беше олеснето. Секако за кога ќе се роди претежно сите веќе имаме купено, јас и сама им викав да ми носат облека за од 6 или 8 месеци, нагоре.
Проблемот беше што тие беа во ред, а другите не чинеа. Тие што ги имав јас беа партали. Требало во нејзините алишта да го облекувам детето.
Добро, тоа е глупо. Ќе облекувам бебе во 3 броја поголемо. Си земаат ептен за право да тропаат што сакаат.
Не знаев дека и ова можело да биде проблем Јас немам свекрва, ни свекор. Првата облека онлајн ја порачав, сама После тоа со маж ми, со другарки, со кој стигнам ама реално па со мајка ми не памтам да сум отишла да купам облека И не сфаќам зашо маж ти се лути ако излезеш со другарка која реално повеќе знае од свекрва ти што ти треба и кај да најдеш. Ако не сака да одиш со другарка ти, земи список од нејзе и со маж ти за раче. Може така нема да се лути. Е ако не сака да дојде, да си идеш со кој сакаш.