Не. Таа не е баба. Невестата нема фамилија. За фамилија се знае кој се смета. Со прост народ не можеш да се разбереш.
Здраво мила, нека ти поминува со лесно и убаво бременоста. Јас ќе ти го кажам следново: Ние феминките сите ќе ти споделиме искуства и ќе ти кажеме наше мислење. Има феминки и што ќе направат да се почувствуваш неубаво што си го поставила прашањето,но мој совет ти е да направиш како што ти сакаш . Не свекрва ти ,не сопругот,не другарка ти ,туку ТИ и само ти. Треба да уживаш во моментите кои следат , а не да мислиш на кого да му удоволиш. Доколку ти е ќејф да излезеш да купиш нешто со свекрвата ,излези и купи . Но, доколку не ти е, тогаш нема потреба. Јас се си купив сама, само за големите работи - количка,креветче и тн. бев со сопругот. И не , не е дека не се радуваше и тој, или не сакаше . Исто така кој сакаше да му купи нешто на бебе ,можеше слободно да купи без да ме оптеретува. ( истото важеше и за мајка ми и за свекрва ми)
Ме интересира дали вашите свекрви изнесуваат одвишок информации и ситни детали за вашиот приватен живот надвор од фамилијата, на комшии, пријателки, колешки, итн. Викендов запознав некои нови нејзини луѓе и сватив дека жената им има раскажувано сѐ и свашта, секој знае што к*р ни се дешава во нашиот живот, колку пати мочаме што се вика. Требаше ред флег да ми биде тоа што секој детал го тура на Фб, дури и бурмите кога ги купивме ѝ ги пративме по слика и нејзе и на мајка ми да види зумирано какви се изгравирани внатре и жената И НИВ на фб ги стави, 4-5 месеца ПРЕД да се венчаме. Просто се чудев како знаат такви детали за нас, дури и пред нас почна да не "куди" пред гостите нејзини, зошто сме си легнувале касно (не ни живееме со нејзе за да ја заболе), како сме немале асален голем телевизор и не сме гледале телевизија, како можело никакво патување да не сме испланирале за празниците и на што личело тоа, како не сме купиле некои ствари, како маж ми одел со шорцеви зимно време а јас сум му дозволувала, ќе му купела она долги долни тренерки (така се шетал и со години претходно уште од тинејџер пошто е голема с'кледџија, ама нема везе), ја треба да го контролирам и да му солам памет на возрасен маж како да се облака, ко што она правела со маж ѝ, па не ме ни чуди зошто ја развел. И така натаму, уште неколку вакви ситници да не редам тука, буквално им се жалеше на гостите ама демек на шала и со смеење го кажува тоа. И гостите секако се смеат "во право си, како може така, хаха" и редат некои коментари а јас ПРВ ПАТ ги гледам во живот. И на мене и на маж ми ни се стемни пред очи, за малце се воздржавме да не се спречкаме пред гостите, за кратко си станавме и си заминавме. Веќе не идам кога ќе не вика вака да ме запознаела со пријателките нејзини, чим планира да не омаловажува пред други, макар и на "шала". Џабе и јас и маж ми го сведовме контактот со нејзе на нај минимум поради вакви ствари ама џабе, пак си дава за право вакво нешто. Да можам скрос би прекинала контакт ама за жал за некој празник или повод ќе мора да се појде, не можеш туку така да го избришеш од живите родителот, ќе мора да се прави лице еднаш во некое време, па макар и 3 пати во годината да е...
Штом маж ти не се противи и сака да ги намали контактите со неа само на Велигден,Божиќ и кога и е роденден на еден ручек и толку од контакт со неа.Ни со гости ни со ништо па што сака нека збори,да не ве страми вас двајцата. Бог да чува па што треба ти да правиш да го воспитуваш маж ти,штом од мал одел така значи таа така го научила,да сум на твое место би и плеснала в лице па ете така ти си го научила,да го научеше како што викаш дека треба.Маж ти не е бебе па да го воспитуваш ти. Колку повеќе и кутите толку повеќе си зема за право да си кажува што ќе и текне. А за бурмите не требало да ги објавува без да ве праша,затоа од сега само порака како е да ја прашате,да и кажете добри сме ние и поздрав толку,ни слики ни информации каде ќе одите да и кажувате и да појдете некаде од кога ќе се вратите или дури сте таму да дознава таа да не знае се до детал.И со неа никакви информации да не споделуваш во врска со вашиот живот и брак.Да види дека 0% ја фермате. Јас немам свекрва сеуште ама од тоа што сум видела од мајка ми,вујна ми и стрина ми кои имаат свекрви,и да свекрвите нивни изнесуваат се до детал што се случило дома пред роднини,пријатели,колеги,комшии затоа и ти пишав ваков совет.
Тоа е оти повеќето се стари и не знаат да користат социјални мрежи иначе ќе беше лудница по тоа фб-то
Јас за купување (бидејќи сме странство) сѐ си купив сама. Бабите си купуваа во мк, со таа разлика што мајка ми за секое парче или ми прати слика или ме праша што ми треба, а свекрва ми си купи тоа што мислеше таа дека треба. На крај 90% од работите нејзини не ги искористив. За спиење знае дека користам вреќа, а не јорганче, таа купила 3 јорганчиња, уште ми вика да ти ги исперам да се спремни за кога ќе доаѓате? Викам нема потреба, мајка ми зеде вреќа за спиење. Аа па што не кажа, ќе земев јас. Па викам ти не ме праша, плус знаеш дека не користам јорганчиња, што само си трошиш пари безвезе. Дојде на бебе со облека за 9-12 месеци, големо и изгледало бебето на слики
Мене свекрвата не ме ни праша што треба да купи. Купувала што ќе и текне. И нормално, следуваше пеење од нејзина страна што требало детето да носи. И како да го облекувам. Јас не сум знаела дете да облечам.
Мојава си има навика кога оди на пазар да купува све и свашта (па за бебе имаше уште пред да наполни син и 18год. И така рече се имала, ама син и рече се ново ќе купиме и во пандемијата заедно беа па цело вајкики го купи (маж ми си плати уствари, она само една уста купила) Последната недела несакајќи си влегов во бебешка продавница па јас си купив од мерак и за од болница
Јас за бебе си купував сама, онлајн што можам, со мм големите работи и нешто од мерак, ама на секое излегување си наоѓав по нешто и така испазарив што треба. Мајка ми и свекрвата купуваат што мислат, убави работи и двете му земаа и не им се мешам им верувам на избор. Со свекрвата и со татко ми излегов само креветче купивме оти она сакаше од нив, а татко ми за да помогне во носење и така. Жената е многу ситничар и не би ни да излезам со неа да купам, вака сама ок избор прави. На молитва го носев со мајка ми и снаа ми, свекрвата не рече ништо, мислам дека и беше сеедно,не се по одење на такви работи и семејни собири, на голема молитва си го носев сама. Би сакала со мм ама они фамилијарно се тресене за одење некаде па не го замарав. За Бадник јадеме со неговите, во иста куќа сме и не ми пречи. Натаму кога ќе ми порасне детето или децата би сакала сама да спремам, ама не ми пречи да дојдат и тие кај нас. Кај моите не одам тој ден, седиме дома како што е и традиција. Божиќ и Велигден одиме и кај моите, а ручаме и со неговите, па дури и кај моите баба и дедо стигнувам да одам. За мене празници се за споделување со најблиските и никогаш нема да ми смета да славам со истите. Убавината на овој период ми е токму во тоа и немам место за омраза и делби.
Ти кажувам дека жената мислеше дека комплетчињата од 9-12 ќе му бидат точни во првиот месец, бидејќи на сликите и изгледало како крупно бебе. Кое бебе во првиот месец е толку големо за да носи толкаво бројче Се породив во мај, жената во јуни ми даде летен комплет од 9-12 месеци, за да го носи бебе веднаш. И боди на долги за 3-6 месеци со дедо мраз.
Абе таквата свекрва ехее и ќе му облака и ќе вели ако ќе си го порасне. (за инат прават така) Не е мрчење
Мојата кога и да го облечеше во нејзините алишта (кои беа за дете од година) постојано ми викаше - Гледај дека му се точни. Ракавите му висеа. Исто така и пантолоните. Упорно и викав дека му се големи, а она - Е како големи. Види што убаво му стојат.
О душо...да со сите разговара за нас секој план, секој проблем се што можеш да замислиш таа кажува...не сестрите нејзини, на комшивката...кој знае уште кому. Долго не сум отворила овде сега така реков да видам што има ново па кога ѕе прочитав неможев да не искоментирам...многу поминав со неа..све и свашта но за ова време научив да ја игнорирам да се посветам на домот, децата, сопругот и излегувањата со другарки, научив да правам работи што ме прават среќна и задоволна со себеси...научив да се погледнам себеси за да се чувствувам убаво. Само игнорирај што сака нека зборува и не зборувајте пред неа за вашите планови само насамо Можеш да побараш совет од другарката што ти треба и сопругот за рака и на шопинг...не се труди никому да угодиш нема да успееш за жал...од искуство ти кажувам...години поминав обидувајќи се да и угодам и никогаш не успеав. Тоа што ти е убаво тоа прави. Ако сопругот ти е зафатен земи си ја со тебе другарката многу убаво ќе си поминете верувај ми...се сум поминала се од искуство кажувам
Јас на потешкиот начин научив да не кажувам ништо ни на мајка ни на свекрва. Мајка ми е директно порадознала од свеки, свеки веќе не ни пробува да дознае нешто. Барем не се обидела во скоро, ко порано. Мене ме нервира тоа што мајка ми е ваква, сите роднини, пријатели све да знаат. И сега пред 2 месеци кога беше кај нас, мм го исплати конечно кредитот и ми го дава мене документот да го пикнам во документи, застанав, го отворив да прочитам, ете ти ја она позади мене да види што пишува и јас го собрав и си го однесов на место. И еве ни мои ни негови, не знаат дека веќе немаме кредит. Зошто сите ќе дознаеа, луѓе што не ни знаеле дека воопшто имаме кредит и не мора да знаат. Ова е одредена ситница, ама за све се вакви. Сега се' си чуваме меѓу нас. Ако имам да се искажам нешто, на мм му кажувам, не на мајка. Мм самиот е таков, колку пати ќе ми речеше "кај си ме слушнала мене да им кажувам вакви работи?" ќути си, прај си. Дур не работев од роднини на мм, нон стоп добивав прашања: Зошто не одиш на работа? Зошто не и го симнуваш детето на свекрва ти? Зошто посебно си јадете? Зошто не го пушташ да спие со нив? Итн. Значи особено последниве 3 знам дека од нејзина уста се дојдени до нивни уши, иначе како? А мајка ми е посебна приказна, од дете уште памтам појма немавме што им се дешава на роднините, ама за нас сите све знаеа, т. е. тоа што сакаше мајка ми да го знаат. На пример тетка ми знаеше што вагинална инфекција имам, а мајка ми такво нешто за братучеткиве мои нити знаела, нити ќе знае. И ден денес и пререкувам и си се прави наудрена и си тера по свое.