Како бе така ве канат за именден на сопственото дете да идете н гости? Се знае, именден на моето дете славам јас и јас сакам гости да пречекам кај мене, дома. Кој не сака, не мора да дојде.
Проблемот е што маж и молчи и му е сеедно, наместо да ја поддржи. На тој начин он се согласува со нив.
Па и нејзе треба да и стане сеедно, што демек многу и е криво свеки на именден што нема да дојде? Негова фамилија е тоа, не сакаат да идат ок, исто ќе возвратат и тие и готово.
Не знам јас поинаку ја сфатив. Дека на мажот и му ја полнеле главата за овие да одат таму кај нив. И дека на маж и му било сеедно си молчел. Наместо да им се спротистави и да им каже дека нема да одат. Вака му доаѓа дека он се согласува да одат таму наместо дома да си чекаат. И затоа членката и е криво што не пресекол он. И она што не им кажала. Може грешка сум. @JustBeautiful
Точно си сфатила. Еве подетално, јас и тој се договоривме дека дома ќе си правиме и по еден разговор со вујко му и дедо му тој сменил мислење. Беа на гости дедо му и баба му и јас без да знам за тој разговор им реков ве чекаме на име и тој пред нив ми вели нее чекај ќе видиме. Какво видување кога ден пред тоа се договаравме што ќе спремиме. Не е работата што молчи туку што ме погазува без да разговара со мене и тоа пред нив. Каква почит ќе имаат они спрема мене кога самиот тој нема. Значи не е битно со мене што се договара туку тие што ќе кажат. Не само мајка му и татко му туку и поширока фамилија. Расправијата ескалираше затоа што ова е една мала случка меѓу многуте, ги вмеша и моите и ги вреѓаше. По толку молчење во своја куќа ради мене, престанаа да молчат. Му реков да си замине кај тие што ги слуша и почитува. Не е спремен он за жена и дете. Мислев ќе се смени во брак ама не. Рече утре ќе се спакува и заминува кај нив. Си одлучи, си избра. Вака требало да биде. Фала на сите за советиве.
Може нема да ти се допадне одговорот, ама мене ми личи дека двајцата си терате инает еден на друг. Тоа може да ве одведе само во разделба/развод и ништо друго. Размисли убаво дали го сакаш тоа нешто. Не разбрав дали и дедото т.е. свекор ти има именден? Ако да, тогаш е ок да идете кај нив, тоа е компромис. Бракот всушност и е компромис. Не можеме секогаш да ги истераме своите желби, зошто не сме сами во таа заедница и треба да имаме обзир спрема партнерот. Не значи дека ако попуштиш ќе победи свекрва ти или ќе се понижиш, туку дека го почитуваш мт и вашиот брак. Тоа што неговата фамилија подмукло го разубедила нормално дека не е во ред, ама тоа ќе си го разговараш со маж ти и ќе му кажеш дека не сакаш да се повтори, ама не со кавги и закани, туку смирено. Само во тој случај можеш да ги смениш работите и односот со маж ти. Е сега треба да се запрашаш дали ти тоа го сакаш. Остави ја на страна свекрва ти и другите. Не е важно каква му е фамилијата, важно е дека тоа му е фамилија. Сепак не живеете заедно и не бараат од тебе да кренеш кредит на твоја сметка или сл.
Се ќе било подруго кога дошле баба му и дедо му да рекол ‘Се договоривме со жена ми за именденот, тука ќе славиме’ и крај на муабетот, па после да седне со неа и да направи муабет за промена на планот. Како таа да го почитува, кога тој не ја почитува? Компромис е да седнат двајцата да се договорат, а не тој на страна да се договара, а таа да попушта. Ајде и нека попуштила ама да си одам од кај маж ми и детето зашто на моите се нешто не им е погодено?! Тој очигледно не знае кое му е семејството, така да среќен му пат, ќе се освести за брзо кога ќе му прифали детето.
Ако е именден на детето би сакала да си прославам дома. Може ќе сакаат роднини и пријатели да ми дојдат. Кај свекорот може и следниот ден да отидат. Како име ми е на детето а јас нема да бидам дома.
А зошто таа да попушти? Па мажот е тој што не ја почитува, како така тие не живеат заедно а да одат на именден кај неговите кога и на детето му е именден? И заедница кога ќе се омажи или ожени некој не е со свекор, свекрва, брат, девер, золва, сестра, туку со маж, жена и деца. И свекрва ми така ни викаше за сопругот именденот кај нив да сме оделе зошто сите роднини биле таму не можеле да дојдат, тоа не е наш проблем, и именден си славиме фамилијарно, инаку и свекрва ми си спрема и си вика гости кај нив, нејзин проблем. Кога славеникот не е таму не знам како така, може да ги почасти со кафе, благо, сок, не мора Ивкова слава, ама сопругот пресече, им кажа си има фамилија и живеалиште и нема потреба таму да славиме. Па и роднините се јавуваат дали ќе доаѓаме, што има да одиме кога сме си посебно. И не планирам именден со 50 души. Најбитно е лепчето во црква, свеќа да запалиме за здравје и ручек фамилијарен, а свекрва ми никогаш не однела лепче во црква, само да слави со ојлевци дојлевци, да се покаже пред народ, па уште за именден не се викало, а кое време било тоа? Сега и славите ги сведоа само со потесното семејство.
Ама ја не реков ништо различно од тебе. Штетата е направена. Ама може да биде поголема ако тој се иссели и детето расте со разделени родители, зошто очигледно и двајцата се инаетат и не попуштаат. Како шо напишав не бараат во случајов ништо страшно од неа. Најлесно е да се спакува тој и да си оди, тешко е да се најде компромис и заеднички јазик и да се прости. Ама овие последниве се карактеристики на зрели особи, да не се лажеме.
Ма какво попуштање. Ако не им се допаѓа, нека не доаѓаат. Јас па ич не сакав да иди госпожата. Со самото тоа што ја гледав се нервирав.
Затоа што се одлучиле на брак и дете и тоа подразбира компромиси и никако поинаку. Не сум во бракот само јас или само тој. Може тој сакал да одат таму и е полабилен карактер и кога таа рекла не, се “согласил“, па се предомислил. Секоја приказна има две страни. Она не сака очигледно да го реши проблемот со маж и и свекрвата ја смета за виновна, ама тоа не е точно. Ако сака да проба да се средат, тогаш мора да се смират и да разговараат. Виновни се и двајцата, во случајот погоре мажот и сега треба да се разведат?
Така е, мене ми личи дека маж и не е зрел човек. Зошто одлучил да се спакува, зошто ги навредувал нејзините родители? За еден именден, теорија нема. Кај и да живеам таму ќе ги славам сите прослави, нема што да одам натака навака.
Свекрвата и свекорот имаа слава, ние си отидовме на гости, и ни велеа тоа било и наша слава, јас им кажав "свекорот е се уште жив и кога ќе доаѓаат наши гости тогаш", а не нивни гости да пречекувам. Бев глупава кога спремав 2-3 години. А и нигде не пишува дека мора слава од родител да се превземе, може јас си сакам друга слава да славам.
Така е, ама кога ќе му лепнат домазет ли ќе бидеш. Одма се менува приказната, и си ја подгазува жената поради мама и тато.
А кај нас сеуште е табу тема да бидеш домазет. Тоа е срамота. Мама и тато ќе се навредат. Си славиме кај нас дома. На кој не му се допаѓа нека не доаѓа.
Нас скоро на именден кај блиски не викнаа во кафана, бидејки свекрвата сакала дома она да спрема за внукот. Она била главна домаќинка. Ама ете брачниот пар си нашол решение. Оваа главната цела прослава беше намуртена. Ама тука и син и разумен.