1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.703
    Допаѓања:
    35.016
    Пол:
    Женски
    Секогаш се они главни. Они се најпаметни. И мојата свекрва беше намуртена на крштевката. Ми е гајле. Она сакала да спрема кај неа дома, а јас да не идам. (facepalm)
     
    На *Amethyst*, VDT2906, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Аи аи вакви генерации на свекрви, никогаш немало.
     
    На Anyshka, Pa8la и SummerGirl им се допаѓа ова.
  3. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми си сака да спрема за именден за сопругот (син и), и си поканува гости кај неа, неможеле да доаѓаат кај нас, сите роднини биле таму, јас си спремам дома, кој дојде дојде, таа си вика гости а славеникот не е таму.
    На почетокот уште им кажавме со сопругот дека именден планираме кај нас во потесниот круг на семејството, пример тие, моите, брат, сестра, золва, а не свекрва ми да поканува нејзини тетки, струни, вујни, Бог да чува.
     
    На VDT2906, Miss666, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Аии оваа па мојата само за син и сака да спрема. Ако веруваш ни нејзини и доаѓаат ни на кафе, а не па некоја прослава.
     
    На VDT2906, Pa8la, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Именден на дете, наместо да се радуваат и со мерак да отидат кај детето, тие старите се нешто изводат.
    Како што сфатив и на свекорот му е именден. Старо дртало, тој е поважен или детето? Искомплексирани луѓе се ова.

    @JustBeautiful да не попушташ. Те погазиле сите, маж ти се понаша како да не постоиш, со неговите си се договара за ваше дете. Јас би збеснала во оваа ситуација.
    И овде нема компромис. Ова не е нешто што маж ти сака па ајде да се договорите. Ова е нешто што неговите го сакаат. Компромис со маж може да направам, со мои и негови не правам компромиси, правам мене како ми одговара.

    Именден имаме за маж ми, од моментот кога ние почнавме заедно да живееме, именденот се слави кај нас дома и ние си спремаме. Свекрва ми си доаѓа на гости како и сите други што ние ќе ги поканиме. Нит спрема дома посебно, нит па ни се меша кого да каниме, нит па ова нешто сме го договарале, природно така работата си дојде.

    Многу некако тешко луѓево сфаќаат што е посебно семејство и дека треба некогаш чекор назад да се направи и да се повлечеш, а не сегде истопорени први, они најважни и тие се знаат. :puke: Не можам вакви луѓе да поднесам во близина.
     
    На MeowMeow, Oneo, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  6. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.504
    Допаѓања:
    136.395
    Не пишувам во темава ама постот на @JustBeautiful ме натера:D

    Ти земи викни некои другарки со деца, други гости што си планирала да ги викнеш дома и отидете сите кај свекрва ти:DДека они нели така кажале, син ти таму да слави именден:)

    Бог да чува се. Без разлика каде живеете, именден си славите дома на ВАШЕТО дете. Милсма глупо е да се даваат вакви совети, и извини што ќе се дрзнам да кажам, ама маж ти жал нема ни за тебе а ни за детето. Толку испран мозок од родители, страшна работа.

    Јас дека смотана сум и се попуштам на сите , и битни и небитни, на 40 год со еден куп терапии сум и милион нервози. Доколку имаш храброст, стој си на своето, бидејќи во случајов ти си во право.
    Сметам дека за ова компромис нема, како што спомна погоре една членка. Бидејќи догодина може свекрва ти ќе посака кај некој комшија со исто име сите да славите, што треба, пак по нејзино да се водиш ?!
    Терај си и не се нервирај.
    И вечно име на детенцето, да ви е живо и здраво :l:
     
    На tanjita, LiquidLuna, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    7.542
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за исходот од цела ситуација.
    Искрено не знам зошто маживе толку лесно потпаѓаат под вскви манипулации. Ние жените сме подруги. Ама сепак мислам го буцнале на сензитивна тема, као еве онс те команди со нејзините ти седиш кај нив они побитни од нас. Треба заедно да чекаме именден дедо и внук бла бла.

    Не знам каков е маж ти, најдобро сепак ти го познаваш какпв ви бил бракот. Ако има нешто за спасување да се спаси. Ако само неговиве ви се проблем. твоите и неговите се споредни во вашиот брак најбитни сте вие двајца и детето. Само дали и маж ти го сфаќа ова? Не знам и колку години сте во брак.
    Еве конкретно кај мене ние на почетокот кога бевме во брак како што пиша еднаш @Anyshka беше мислам дека мсж и не знае да каже не за услуга. Е таков и маж ми е со сите. А камоли за луѓето што ги сака. Не е убсво и толку добар да си луѓето те користат. Неговиве научени беа за се нешто маж ми да им заврши услуга, да ги услужи со колата и слично додека еден ден не ми пукна филмот и му кажав дека не може веќе вака дека и јас имам фамилија ама никој ништо не бара од мене. Ајде некогаш кога си на зорт ама нон стоп. Му реков ти веќе си фамилијарен човек, јас и ти сме фамилија веќе. Ако они немаат осет да го прифатат тоа. Ти со твоите постапки ќе ги потсетиш. Нека се снаоѓаат сами веќе не се од тебе да чекаат. Не можеш да бидеш нон стоп за нив достапен имаш свој живот веќе. Мслку промени се не биди толку добар и искорени го тоа "нема проблем за тебе". Нека научат луѓето дека знаеш и да одбиеш. И да видиш како почна маж ми да ги откачува. Па имаше реакции како во твојот случај полнење на глава и манипулација од свеки,свекор ми, девер ми општо од сите. Дека се променил дека не ги сакал веќе бла бла крокодилски солзи. Станал себичен, ги делел работите. Требало се да си делат меѓу нив. Немало мое твое и сл глупости.
    Ама ова не им успеа, маж ми на сите овие провокации им одговори дека нормално се сменил и се тоа пошто мора да гледа за мене и ќерка ни.
    Работите се менуваат, животен процес.
     
    На MeowMeow, *Amethyst*, Zumbulche и 7 други им се допаѓа ова.
  8. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Да не цитирам секоја посебно некоја имаше прашано зошто живееме со моите. Ние имавме кавги и околу ова ама на крај ради него се преселивме во родниот град. Тој сакаше да ја догради куќата нивна и ме праша дали се согласувам дур се прави да живееме кај моите. И јас и моите се согласивме. Инаку јас сум и бев против живот во заедница ама направив компромис и ради детето одлучивме дека е подобро овде. Мајка ми ми помага со него дур он е на работа, пречекуван беше секој ден како принц, немаше чаша кренато тука иако кај мајка му чисти и пере и се прави а тука не. Не му беше дозволено после работа ништо да крене освен раката да јаде Друг проблем кај него и неговите и што секој ден пијат. За време на ручек/вечера две три ракии и после продолжуваат со пиво/вино и легнуваат. Тоа им е животот. Не се дружат со никој. Реално и он нема другари излегуваме со мое друштво. Коренот на проблемот почна откако им кажа дека сум трудна и ќе ме запроси. Пред тоа бевме во океј односи. Не му дадоа пари за прстен (од татко ми позајмил), не дојдоа на веридбата во ресторантот кај што ме запроси тој (ми беше роденден и јас ги поканив и нив), беа молени од него и од моите им се јавија 10 пати а они дадоа изговор дека треба да чистат. Моја грешка е што тука не кажав ништо. Ова за мене а и за моите беше огромна навреда.
    Јас и маж ми имавме договор викендот кога доаѓаме во родниот град да спиеме една вечер кај неговите, а една кај моите истото и за ручек, за да бидат сите испочитувани. После веридбата некој викенд дур седевме кај моите му се јави татко му да го викне да ја спаси мајка му дека се укочила. Не викнаа брза помош туку маж ми. Оттогаш му беше забрането да спие кај мене. Јас отидов неколку пати кај нив ама не ми вклучуваа печка а беше зима. Ги замолив ама една вечер ми ја исклучија и јас трудна со слаб имунитет качив температура. Оттогаш не заминав таму да спијам и спиевме одделно. Во цел овој период ниеднаш немаа контактирано со мене во врска за бременоста. Јас неколку пати одев од почит спрема маж ми и секогаш наоѓаа начин да ме навредат директно или индиректно. Еднаш кога тој зазема моја страна за некоја ситница доби шамар од мајка му. Има кажувано дека бил тепан цел живот а пак има некоја страшна приврзаност спрема неа. Имаше многу дешавки слични ама јас одлучив да држам дистанца. Кога се породив дојдоа, рече не може да помогне ради работата иако не ни побарав. Беа океј две недели. После 40 дена од пораѓајот се вративме тука. Имаат дојдено да го видат внучето максимум 3 пати во три месеци. Јас го носев, седев таму, попуштив пак. Зборев со неа ја прашав што имам згрешено да се поправам она почна да плаче и ми ја обрна темата демек јас не ги сакам. Ја прашав и зошто сама не се јавува за внукот, инаку јас редовно и испраќав слики и ја известував. И јас и мајка ми. Инаку заборавив да кажам еден месец пред свадбата, татко ми им се јави затоа што они воопшто не учествуваа во подготовките. Они му кажаа ние не правиме свадба зар не сте известени? Помина и тоа маж ми не знам што направил, се правеше и свадба. Јас нервози имав преку ден во бременост. Секогаш карања поради нив. Еднаш маж ми ќе каже во право си, некни ми се жалеше како е сам, а сега преку ноќ пу пу не важи. Ме прави луда дека се е во мојата глава, а многупати поднапијан знае да каже дека едвај се изборил со нив за нас.
    Јас сум крива што се замарав со тоа што они не ме сакаат и не се заинтересирани за нас. Ме болеше што маж ми ниеднаш не застана до мене за ништо. Ми велеше така правам баланс ама не мене ме газеше. Последно беше ова за именденот. Денес дознав дека баба му и дедо му рекле дека не спиеле цела вечер затоа што јас и тој сме се скарале затоа што тој тргнал да ги испрати а јас сум се налутила. Ние се скаравме за горенаведената причина. Значи и они си лажат и измислуваат. Цела фамилија. И вујко му зборел се мешал дека требало да живееме таму и рекол дека личело да одиме на име кај свекорот и да се смешкаме ко ништо да не било - баш со овие зборови. Сега маж ми измислува дека ради мене дошол тука и тоа ме боли што лаже. Маж ми многу збори, си прави филмови, се занесува, лаже премногу и сам се заплеткува. Јас се лажев дека и покрај тоа ме сака и само љубовта е важна. Мислев дека ќе се избори за нас ама не. Не сум јас перфектна ама го сакав со чисто срце. Ради мешањето од другите стигнавме до тука. Толку се фокусирав на нив што дозволив бракот да ми се распадне, не е дека имавме само лоши моменти. Знаев какви се уште од веридбата а дозволив да стигне ова предалеку. Изгубив година во нервози. Сакам детето да си го гледам во мир. Не дозволувајте некој да ве гази и понижува и бидете со маж што ќе знае што значи брак и дете. Мислев дека има надеж ама денес сфатив дека цела фамилија се исти. Тој и да се смени што не верувам, цел живот ќе си имам работа со глумци и лажговци. Сакам мир…
    Не знам колку е долго ама изнапишав што ми текна попрво. Ми олесни малце…
     
    На riba79, Oneo, Tinaaa и 21 други им се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Штом така, ти пружаме сила, побрзо да пребродиш.
     
    На Oneo, *Amethyst*, AlchinovaR1979 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    И парите од свадбата мајка му ги зема нејкеше да ги даде, па и за тоа карање. Пред тоа кога зборевме за каде ќе живееме еднаш се договаравме едно, после негираше како да не сме збореле така. Инаку немавме разлика во бракот со доаѓање на бебето. Мајка ми го чуваше некои вечери за да бидеме сами заедно. Спиеше одделно тој во нашата спална за да не му смета бебето со плачење. Значи буквално на сите начини се гледаше да му е одоволено во куќава. Кога се веривме ајде да тргнеме се на страна неговите не седнаа еднаш да не прашаат што ни е планот, да се договориме за живеење, а реално самиот маж ми рече дека нема услови таму нема простор не знам што на сила само што очекуваа они или маж ми ги лажел дека таму ќе одиме на мене едно на нив друго. Од неговите не видовме ништо, ни храна, ни пелени, ништо. Само да се вмешаат во нешто, не мора пари не мора луксузи абре еден разговор ко нормални луѓе. И како очекуваа да живееме таму кога еден нормален разговор не направија, моите пример не прашуваа цело време и тој секогаш различен одговор имаше па им де смачи и на нив. Јас кажав уште на почеток од врска дека сакам сами во Скопје ама ете попуштив оставив на него за многу работи. После планот за куќата се смени, па маж ми сакаше стан, па ќе одеше во Германија, па 5 работи смени, татко ми му бара, нема факс а вечно незадоволен со плата. Значи тој не знае кај тера во никое поле само филмови си прави. Неговите не се замараат ни за тоа. И пак никој од нас не чини. Ете сега нека си се пијанчат дома, си останаа пак они 4ката без никој однадвор.
    Уште има ама ајде доста е. :) благодарам на сите вака ми олеснува. Јас ќе се посветам сега на детето друго ништо не ме интересира.
     
    На riba79, CameliaMiller, LiquidLuna и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    32.295
    Пол:
    Женски
    Кај свекор, свекрва се мешаат па и вујко, чичко, дедо, неколку пати сестра на свекрва ми така се мешаше, се она знае, и кажав два збора без да се расправам и толку, сега пред мене ништо не кажува, се поздравува со два прста, не со цела рака. За ова со пиењето исто, мора секој ден по неколку чашки ракија, па после пиво или вино, мм ако пие вода или сок свекор ми му кажа не бил маж хаха. Му велам а според тебе маж е да се пијанчи, алкохоличар да биде. Ок е некогаш за повод, слава по една чашка ама не секој ден, мене на почетокот ми беше чудно, пример кај моите такво нешто немало, салата се јадело со ручекот, овие неее, прво мезат едно саат-два, па потоа ручаат.
    И кога одиме кај нив му нудат на мм алкохол само, сок не, па и свекрва ми кога го тера многу ме нервира, вели едно пиво барем да се напие, не било ништо, ццццц.
    Уште свекор ми па му кажа страв му било, се плашел да пие хахаха.
    Не знам дали да се смеам или да вриштам.
     
    На MeowMeow, *Amethyst*, AlchinovaR1979 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    12.108
    Пол:
    Женски
    Девојко, не си свесна колку проблеми си решила уште сега и колку маки си скратила. Само храбро напред, имаш поддршка, имаш најголема љубов од малото, никој друг не ти треба. Не знам дали си дипломирала, ако тоа ти е завршено нека порасне малку бебуш и посвети се на работа за да бидете двајцата самостојни. Љубовта сама ќе си дојде. Среќно :hug:
     
    На Oneo, Tinaaa, LiquidLuna и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.033
    Допаѓања:
    7.542
    Пол:
    Женски
    Главниот проблем е маж ти што не е стабилен.
    Иначе да не ме нападнат сега овде. Ама и мене ич не ми се свиѓа од маж ми фсмилијава, ги запознав доволно. И многу слични карактеристики имаат со ова ти што го опиша.
    Моите секогаш на страна седат не се мешаат. Баш често кога одам таму за ќерка ми знаат пари да и дадат, или овде играчки и облека да донесат. И овие многу љубоморни се.
    Затоа што моите ни даваат, а они кај не даваат па гледаат и да ни земат.
    И моите подруги животни гледишта имаат дека ние двајца и дететосме си сега се на светот па после останатите. А кај нив владее тоа размислување мајка е една и слични глупости нека ми прости господ.
    И они мене за тоа не ме сакаат зошто сега дојдов им го зедов синот. Мислат упте дете е он како порано што беше, а он има сега дете. И никако да се помират дека си има свое семејство.
    Добро што маж ми има исти размислувања како мене. И сака животот со мене да го помине и да го дели.
    Не викам дека не ми е криво што се такви треба цел живот да ги гледам на фамилијарни настани и слично ама сепак во цела приказна тие се споредни. Не се омажив за нив туку за маж ми.

    Сепак ова се што напиша се надевам ќе те направи похрабра и ти посакувам да бидеш среќна понатаму.
     
    На *Amethyst*, JustBeautiful, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.299
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    @JustBeautiful ако некој пат те фати сомнеж дали правилно си постапила, дојди и препрочитај си го напишаното.
    Било што било, батали кој колку дал што дал. Ако имаш помош од твоите, шутирај клоца и да не се мислиш ни секунда. Гледај за иднина, минатото било и поминало, не се враќа надзат, не се полни јадови.
    Сегашноста е таа кај што одлуката која што ќе ја донесеш, ќе влијае на твојата и среќата на твоето дете. Мажот ти не те заслужува, тебе ти треба некој да ти биде рамо до рамо поддршка, а не да те влече надзат.
    Последната случка е очигледно само капката што прелеала, а не главната причина за твојата фрустрација.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, AlchinovaR1979 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Овде претежно на Балканов ,врие од токсични семејства.Сите се вадат мајка е една...Еве ја имам и брат.Кога се земаа со снаа ми.И велев на мајка ми ,ете имате можности.Зошто да не си живеат сами.Луѓе ,почна да плаче...како не било исто ќе ме прашала она мене утре..(facepalm)Еј за да живет спрат над нив посебно.Ја сметав за подруга жена....И после снајката не чини ,па нејзините.Па проблеми,коментари.Никако да сватат ,таа жена е за синот.
    Ама нас женските од мали не трујат, женско е туѓа стрееа.
    Синот е да ги гледа мама и тате.
    Еее во Библија пишува, свештениците советуваат ...ама на нив тоа не им одговара.
    Бракот е света тајна помеѓу нив двајцата...Они си мислат ,два табори :
    Жена (мајка и ,татко и)
    Маж (мајка му ,татко му )
    Значи сите шестмина се у тој брак .Не они двајца.
    Глупоѓа на квадрати.Ама тоа е ...Се надевам дека ,оваа генерација ,ќе си ги исправиме родителските грешки.

    Па и онаа песнана по свадби ,ја слушала мајка си ,од утре свекрвата...мажот нигде го нема...и од тоа си патиме .Комплекси.Страдаат децата невини,и чисти.А љубовта од толку мешање и труење се губи.
     
    На Gosh, butterfly6223, MeowMeow и 17 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    11.153
    Пол:
    Женски
    @butterfly_91 една моја роднина велеше женското чедо секогаш страда. А и со една пријателка што си го имам муабетот ми вели мажиштава не се мажи. Ај да не спамам, само сакав да се надоврзам.
     
    На GoldLeo, Anyshka, Spicy Senorita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Можеби на некого ќе му биде ова глупаво,но за мене беше просветление.Откако почнавме да одиме со маж ми в црква ,литургии,читање Библија ,духовни книги...Добар дел од тие брачни проблеми ги решивме.Ние двајцата сме битни.Родителите се во првиот ред во фамилијата.Мажот откако ќе се ожени приоритет му е семејството што го основал.Жена исто.Само така ,тие деца растат убаво и во мир.Родителите се за почит да .Ама тие под почит сметаат:да ги прашуваш за се ,они да одредуваат.
    И јас имам син.Утре се жени.Се прави чекор два назад.Треба да биде битна жената.Затоа што он си ја одбрал.И тие двајца ќе бидат семејство .Еден нормален муабет и почит.Ако се мешам кај шо не ми е место ,им претурам во веш,па и на син ми ќе се одмилам.Ама овде не сваќааат баш..
     
    На MeowMeow, steela.honey, AlchinovaR1979 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    3.941
    Пол:
    Женски
    Браво!!! Си донела вистинска одлука, и за тебе и за бебето.
    Убаво е што си свесна за се, што си видела за каков МАЖ се работи. Уште еднаш, браво за храброста и мило ми е што имаш поддршка од семејството.
    Ти посакувам многу среќа во иднина!
     
    На LiquidLuna, *Amethyst*, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    6.127
    Извини вака. Од каде го најде тоа магаре?
    Си донела добра одлука
     
    На AlchinovaR1979, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажам нешто, кое веројатно и нема да ти биде непознато. Пред извесно време разговарав со моите родители и не знам од каде и што ѓавол ме тераше да прашам, што значи за нив како постари терминов догледување. Се извозбудија и двајцата и ми викаат, онака со уверување, догледување е кога барем едното дете си остане со родителите, обично помалото. Демек, се да било на нивни трошок (ова инаку не е вистина), терминот си бил симболичен, не очекувале буквално некој да ги догледува, туку тие да живеат барем со едното дете, да го гледале.
    Ми се стемни пред очи, ми се вратија флешеви од минати ситуации, каде буквално ме саботирале и ми велеле дека јас тоа и тоа не го можам сама, или опасно е тоа за девојка, ама најчесто омаловажување и комплетна недоверба кон лично мои избори во животот. Не ми се веруваше дека ова го слушнав, цело време глумеа дека се со модерни ставови.
     
    На Gosh, MeowMeow, Snowflake92 и 8 други им се допаѓа ова.