нит ручек ми праи,ни деца ми гледа,нит ми чисти и бриши па ни ја прашувам кај оди и шо праи и тоа го барам за возврат ИНТИМНОСТ ако воопшто знае шо е тоа?! Не сум и дома па шо ме испитува и не дека сне оптеретени туку онака секој да си кажи по нешто
бреееј какви работи се изначитав во темаваааа научна фантастика- какви све не проблеми имате со свекрвите па и сопрузите ради свекрвите, па па па... лелееее не знам кој е кривиот во триаголникот, али снаата сигурно не е, бидејќи во 99,9% од случаите свекрвите се оние кои ги создаваат проблемите- буцкајќи, мешајќи се и сл. Јас немам такви проблеми - за среќа! И мислам дека сама сум си допринела за тоа, мојата свекрва има уште еднаа снаа- со неа е змија, отров, огин ама кон мене има страхопочит! Не знам како сум го заслужила тоа- дури и некогаш ми е незгодно и смешно пошто приметува како со страв нешто ќе ме праша или кога ќе ми се обрати. Можеби е тоа така пошто не ги фермам и не им се тресам! Јас си ги почитувам и сум си позитивна и фри во комуникација со нив, баш сум си опуштена ама сум и строга... И дистанца му е мајката. Нема што ја со неа да се слушам на тел. , си се поздравуваме преку маж ми кога ќе си се чујат и тоа е тоа. Јасно ми е дека не може да ме сака како мајка, ама ни ја неа не можам да ја сакам како мајка и тоа е тоа. Е сеа, да беше таква свекрва како што ви се на дел од вас, па ја или би ја избркала од дома, или културно би и кажала дека веќе не ми е пожелна во моја дома- кога сум ја дома, а маж ми ако не ме подржува- развод братче! Да ми се раздере маж ми на мене ради неа???? Он вака не смее да ми се раздере не па ради мајка му, да ја правда неа, а ја еве ко што прочитав една додека била трудна какви проблеми и праела свекрвата па згора на тоа маж и и се дерел!! Ма масата од глава и чао пријатно! Небаре ја на улица сум најдена. Татко не ми се дерел, маж ми ќе ми се дере, а да не зборам за свекрвата- таа ми е најмал проблем, кај ми дошла у куќа уште и ќе ме нервира. Парталите и надвор!
после една година заедно што живеевме со родителите Nа мојот сопруг,после секој ден од таа година на мене ми се кажуваш: работај,чисти,мети,готви,не се облекувај така,ти не си Nикој,станI седни на друго место,како Nевоспитана си,не личиш на човек,ништо незнаеш бла бла Bла и после Sекој пат кога Kе исчистив и се ке спремав за Dа не се Dерат на мене исто Kе беше пак,чисти,не Tака,не онака,оди ваму оди Tаму,измиј она измиј Oна,................... после Sекој ден викање Nа мене а јас Nа смирен начин Kе им одговорив,тие секогаш ми казува сум врејгала сум пцуела и сите тие работи што небеа вистина си велив има Gоспод!.. после Mногуте кавги со нив I на мм му пукна филмот и им кажа - вие само и викате,SамO ја навредувате,од Jадење ја станувате A она молчи молчI е веке доста!!!!!... а Mајката и таткото на мм секогаш Vината на нас и секогаш ни се дереш заминете заминете!!!! и еве ме денс со нив само на здраво сум,ги оставам нека врејгат и навредуваат A јас и Mм живееме мирно сами Dвајцата во нашето убаво домче
Мојата мајка никогаш немала проблем со баба ми, а нема да имам ни јас! Секогаш со разговор се се решава!
е да се ресава со разговор,ама зависи каква ке ти се погоди дали ке знае да разговара како секој восрасен Човек,ако ти се погоди некоја како мојата тогас нема да имас со кого да разговарас
Во право си за тоа. Има свекрви со кои што не може да се разговара. И мојата свекрва е иста како твојата. Не знае да направи муабет.
Баш поради ова, ниедна девојка не сака да седи на ќошот од маса, немало да ја сака свекрвата. (мала шала) Во принцип, целата работа зависи од личностите, ако си најдат заеднички јазик, ако си го сфатат своето место во заедницата ќе биде се како што треба. Мислам дека и самото место на живеење (со или без родители, како што некој спомнал), придонесува за имањето или немањето на тензија. Жената треба да сфати, дека без разлика што и да се случи, таа му е мајка, го воспитала го израснала и човекот во кој таа е заљубена е фактички производ на мајката. Мајката треба да сфати дека, синот нејзин ја избрал таа особа за жена од сигурно добри причини и наоѓањето на маани, би требало да се сведе на минимум, бидејќи секоја мајка го сака најдоброто за своето дете а тоа е да биде среќен. На пример мојата свеки не знае што зборува некогаш. Од пуста досада дома не знае што да направи, и се закачка со мене требало - не требало. Свекор ми од друга страна е друга приказна. Многу си е ок човекот меѓу нас има компромис и почит. А свеки па па па, страшна малограѓанштина лежи во нејзината душа. Сама ај нека и е, нека и служи на честа тоа ќе речам. Еден ден ќе си легне на брашненцето и го чекам тој ден со нетрпение. Спојлер П.С Компромиси the key of success
Читам за вашите маки,проблеми ,нервози со свекрвата,свекорот и секако и сопругот кој директно или индиректно се вмешува во ситуациите. Ако некој пропатил повеќе од мене во животот од свекрва нека се јави... Не е важно... Не секогаш отвореното навредување,давање на наредби,изнаоѓање на маани на снаата од страна на свекрвата е помалку болно од злобното,лицемерно и поквареното цинкарење кај сопругот,роднините,соседите... Ама ...кругот се врти....и се сврте во моја корист,во корист на моето семејство-мм,детето,јас... Се сврте и остана така-јас горе,старите доле... Сега кога ќе се присетам на првите години од бракот,животот во заедница-косата ми се крева.Да сум знаела дека таков живот ќе имам-никогаш не би се согласила да живеам во заедница . .Ама..Господ има-правдата секогаш победува,можеби подоцна ,ама сепак победува. Човекот може многу работи да издржи-и физички и психички-само треба да знае како да се справи со ситуацијата... Почнав да филозофирам :geek: Свекрва... самите им даваме некоја улога,као они се незнам што...не се повеќе вредни од нас снаите,ниту попаметни,ниту незнам што...ги користат нивните години за да не стават во подредена ситуација,да ни ги скршат кичмите од самиот старт....и после лесно ќе не управуваат. Колку само глупо сум се јас поставила од сам почеток....кога ќе ми текне се прашувам -толкаво теле ли сум била? Си наоѓам за голем минус тоа што и се плашев,плачев,останував гладна преку цел ден(мм работеше од 07ч до 19 ч).А она.... Еден совет сега -бидете си свои,држете до себе ...не сте тикви без корен,не ве земале сопрузите од улица...На добро-враќајте со добро,на лошо-покажете заби.Ако им дадете прст-ќе сакаат и раката до рамо да ви ја откорнат...Затоа...не ги многу устоличувајте... Е ,камо мене да имаше некој овој совет да ми го даде...ама...тоа е...чудни се божјите планови. Уживајте си со мажите и децата..... поздрав.
Tоа е деликатна тема ја читам секој ден и свака им част и на жртвите снаи и на жртвите свекрви,абре светот ќе е поубаво место за живеење да има трошка толеранција и вистинско почитување,наместо лицемерие
Да пуштам еден културно едукативно забавен поздрав на темава. http://www.ringeraja.mk/statija/shto-ne ... _3057.html
Од времево ги мрзи да се расправаат. Ги разбирам. Да требаше сега да се расправам со некого знам како би ми било. Tекстов ми се виде доста интересен и соодветен за темава затоа што во најголем дел, недоразбирањава шо ги читам почнуваат со ти реков/ми рече/тоа ми рече, ама ова сакаше да ми го рече/зошто така ми рече/зошто тоа кога ми го даде тоа ми рече и тд. Сe` почнува со нешто што е речено а другиот не сакал да го слушне. Не за џабе рекле „Ние сме господари на нашите зборови додека не излезат од нашата уста. Потоа, тие стануваат наши господари“ А како станува постар човек, станува помалку флексибилен, покенкав, полесно се навредува (вообичаено). Е сега има посовремени типови на луѓе со кои можеш отворено да си кажеш и да се разбереш, но за жал тие се исклучок во нашиов менталитет а не правило. ... а и некогаш да речеш „ага“ наместо „гага“ нема ништо да ти штети. Напротив, може само да користи.
Кој си има мака утре сабајлечки на Сител ќе се разглаба темата Снаи-Свекрви, јас и мојата свекрва едногласно одлучивме дека нема да ја гледаме, па видите вие сега Најдобар беше моментот најавата, Снеже Велков со нејзиното уникатно главче најавува теми кои ќе се обработуваат во утринската емисија и наеднаш иде, Односот Снаи-Свекрви, од каде нетрпеливоста? Како што ручавме во грло ни застана од смеа
БРАВО за снајкиве што издржале се и сешто, невикам дека нема и лоши снајки, ама МАКЕДОНСКА СВЕКРВА е ХОРОР што да ви кажам жени освен господ да ви е напомош и да ви го сочува разумот, за да и вие не бидете такви еден ден
Секој кој живее во заедница знае колку е тешко и низ се сто не поминал,јас живеам во заедница две години со свекрва, свекорот е починат па не го ни запознав,жената има 70 години а јас 31 може баба да ми биде според годините,толку е злобна милсам дека е права вештерка во се се меша гледа кој што јадел кој што пиел колу сум спиела,дали сум чистела, алиштата како сум ги испрала и како сум ги закачила на жица дури и ми нареди како да ги закачувам,кога ке зготвам јас не јаде,ако купам нешто и се плаче,вреѓа вика плаче не нормална,по цел ден лежи ништо не работи јас чистам,таа само ако отиде да купи еден леб и ситници,кавгата почна уште од првиот месец кога мојот сопруг почна да и прави втор спрат на золвата и тоа од плоча се со наши пари и да и дава плата,кога не фати криза се стопира градењето иако беше при крај,маш и на золвами не работи чека од зенаму да земе плата од брат и да го нарани,а и таа има плус друга работа зема пари од две места и старава вештерка почна да префрла како не и помагал на сестраму,требало цел спрат комплет да и го направи,наместо ние нашиот спрат да го нправевме кој што го почнавме и да не ја гледам по цел ден да ми иде на живци, ние мораше на сестраму кука да правиме,сега се дадоа парите да им се доправи до крај куката се разбира од нашите пари,а нашиот спрат е празен без плочки и паркет за да можеме да се симнеме доле и да се оделиме,пукам од мака и нервоза зошто мажми е глуп и не користат а јас трпам од тие пари,кога ја сменив колата за нова мислам дека скренаа од љубомора,а мозевме со тие пари да средиме доле ама тој некако не сака,ми вели дека исто ке било кога сме во иста кука деке пак ке се симнела доле и ке го правела тоа што го прави сега,немам сили веке ми доаѓа да си заминам,ама пак од нивни инат не ми се оди зошто со цело срце го посакуваат тоа,инаку јас сум му втора жена и првата избегала од нив и го натерала да купат стан,и покрај сто ги знае какви се ми вика со да и правам луда е немозам да ја фрлам,како да излезам на крај со ова и како да го натерам да направиме доле и да се симнеме,пробав и да не и зборам година дена ама пак не биваше со неа никако не е ,таа и керкаи гледаат како повеке да го искористат да му земат пари а јас да молчам,ако има некоја искусна фминка со ваков проблем би замолила за совет,поздрав и мислам ми олесна малку додека пишував..
јас мислам дека проблемот не е во свекрва ти, туку во маж ти. штом еднаш се развел ради мајка му, и сега би го направил истото, значи пред се мајка му и сестра му па исите останати ... според мене ова не е нормално, утре кога ќе ја нема свекрвата, золвата ќе ти ја замени и пак ќе немаш раат- или гледај некако со маж ти да се гоните од таа куќа и сами да си бидете или ти нема друго чаре, барем ја така мислам
Mногу вакви случаи имаше,имав и јас еден мамин син но навреме се тргнав,како и да е бегај од таков што подалеку,разбирам да си го сака семејството дури и да им помогне ама овој твојов им угодува премногу,плус двете со сестра му те мразат свекорот го нема,имаш права и бори се за нив или одете живејте сами или нека си ја гледа сестричката .Tажно е да се зацрниш со таков слеп и да ти помине животот во трпење некоја хистерична жена,тие секогаш ќе му се мешаат само ако тој им дозволи и се знае ти си му семејство откога сте се земале ,со тебе треба да живее живот не со нив возрасен е нели и знае што прави така да спрема мене тој свесно им дозволува да му се мешаат,никогаш нема да имаш мир ако не е свекрвата проблем ќе е золвата едноставно се такви не е до тебе верувај ми .
taka e zenski gospod da ne dade takvi dve zmii sto gledaat samo pari da zimaat od sinot,pa koj e dolzen be kuka da pravi na sestra,nikoj i uste soprugot ja napravi nasata kukja od temel rusenje se na novo samo sto i dolniot sprat uste ne ni e dopraven i ja stavi na ime na majkamu od drugi pricini vo koi sega ne sakam da gi objasnuvam,strav mi e i deka pokraj sto i napeavi kukja na sestramu starava ludaca da ne i ja prepise ili pak otkako ke umre da ne mu deli sestramu na sud,a on vika ako napravat taka ke ja zapali,po celi noki od nervozi ne mozam da spijam,vo se da se mesaat,ke razberev da bese bre ljubov kon sin i brat ama samo interes gi interesira,drugata firma so ja imame ja stavi na moe ime nemozam da vi opisam kavi bea,a sestramu veke cela godina ne doagja na gosti posto jas sum na distanca so nea zosto primetiv deka me mrazi doagja ako treba da i ja donese penzijata na majkai ili koga nie ne sme doma,t.e ne mene i bilo koja da e druga ke gledaat da ja izedat so aa nivna zloba
Морам нешто да ви кажам , да ми се симне од душа што велат старите. Со мојата свеки се немаме вербално карано ама постои некое големо лицемерие -глумење од нејзина страна. Имено, живееме во ист град секој во посебен стан а девер ми и јатрва ми во друг град. И сега знаете кога треба нешто се маж ми мора да биде достапен 24/7.Се мешаше индиректно во нашиот брак, проблеми за кои имам пишувано по форумов ама одамна и не се навракам пак но во една прилика ми рече како вие само се карате а јатрва ти си живеат сложно !! Кога се тера се вара, наместо јас да се разведам поради караниците излезе девер ми и јатрва ми да се разведат после неполна година брак и 10 години одење заедно!Не е убаво да кажам ама мило ми е само поради неа а за девер ми и јатрва ми бев зачудена, оти ни оддалеку не им изгледаше лош бракот. А свекрва ми и маж ми не ми кажаа дека таков проблем имало во семејството, за тоа дознав после 8 месеци!!! верувале или не!Па живееја во друг град и ретко им одевме на гости а кога сакав да им отидеме маж ми ке најдеше некоја причина да не одиме а и девер ми не си идеше и не го гледав. До дене денес и немам ништо кажано на свеки ама ја гледам дека теоријата не и беше точна.А за маж ми, друга приказна, му реков дека ништо не останува тајна , па и ништо страшно, тоа е секојдневие денес,ако е за срамота ама некој принцип на доверливост , искреност кон брачниот другар го немаше, затоа му реков да у биде срам зарем од други да дознаам и дека не му верувам повеке. Оттогаш и јас не му кажувам се и сешто, па макар и некој проблем да го имам на пример со моите родители.
Мене од секогаш ме подучувале дека на мажот не се кажуваат сите работи за во семејството на жената но ние жениве брзо-брзо да не закасниме. Не дека има нешто за криење но ете на пр. тој ги сокривал проблемите на брат му искрено мене тоа ме иритира така прави и мојата свеки сака да разговара со мм на само и кога јас влегувам оп! прекинува Нема место за нервоза кулирај а за тоа да не му кажуваш се на сопругот се надевам ќе достоиш на зборот ,тоа му дава плус причина во секоја караница да е во право како и секогаш абе ќе праат ќе чинат и на крај ние виновни поздравче и гледај кога ќе го бараат да е нон стоп достапен за нив измисли нешто помини го денот со него