1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Мојата е психијатриски случај....Денес пак ,отстапив поради мм.Му реков вчера
    знам дека не ти е сеедно поради твоите родители.Не сакам да те ставам меѓу два огна.Јави се викни ги на гости.Се разбира ,сабајлево се ја јавила и пак со нејзините драми.....ќе сме ја избркале...
    Епа драга моја ,свекрво ....веќе немаш снааа ,ниту внуци(три месеци не го прашала мм како се,со мене не комуницира)...Оти е нарцис,а прогледав толку видеа,знам и дека пак ќе дојде ненајавена и да прави сцени....Ама тогаш пред куќава ќе и соберам публика ,да ја знаат сите нејзината величественост....И ќе биде величествено избркана...Доколу гледате на вести ,тоа ќе сум јас.

    Се разбира ,културата не ми дозволува со контаминирано суштество да се расправам и дерам, туку жената е лично е ѓаволот.Но таков човек моли да го премлатиш.
     
    На VDT2906, MG3, Miss666 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    32.294
    Пол:
    Женски
    Епа ете, некои членки што не нападнаа штом живееме во нивна куќа ќе си трпиме, ете вие не живеете и пак драми прави.
    Еве и ние сега Скопје седиме, бевме минатата недела, се јавила на мм и овој викенд да сме оделе, па и кажал мм не одиме, и оваа сакала тие да дојдат, а нас Недела ни беше планирано да шетаме, па запнале и тие со нас ќе дошле, алооо жено не дојдов тука за тебе да те гледам.
    Па ако не другиов викенд ќе дошле, па и немора секој втор викенд, а да одиме во странство како.
     
    На VDT2906, Erika.greeneyes, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.761
    Допаѓања:
    3.263
    Пол:
    Женски
    Се додека е без психичко пореметување немаш право да се жалиш :rofl:
     
    На Erika.greeneyes, *Amethyst*, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    648
    Пол:
    Женски
    Сум пишала ,тука за релативно малку работи што ги правеле.Ќутев,бев љубезна ,културна...ме утепа од газење ....Среќа моја ,па знам што и е траума .Допрва и следува...Секоја моја солза ..Единствена грешка ,е што воопшто стапнав во нивната куќа..Она е мајка, ама Бог не си.И во Библија пишува , тешко на нив.Оти немаат покајание.На психијатар нема лек за нив.А ги оболуваат сите околу нив.Арно викаат ќутекот од рај искочил.
     
    На VDT2906, AlchinovaR1979, Erika.greeneyes и 6 други им се допаѓа ова.
  5. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Со време откачете ги оти ако почнат да идат Скопје прво ќе биде секој втор викенд за после секој викенд да ви идат комплет.
    Викајте им на роденден сме,на слава,на честитање некакво.Немој да ги навикнуваш таму да ви идат оти полека ама сигурно ќе се преселат Скопје кај вас, кај си се спасила си заминала па уште да идат да ти држат предавања.
    Што бараат со вас да шетат да не ве грабне некој па да ве чуваат хахах.
    Еднаш месечно или ако е можно на два месеци еднаш одење кај нив,што помалце се гледате толку поубаво ќе ти биде.А мое мислење е во Скопје да не ти доаѓаат оти после ќе почнат секој викенд да идат.
     
    Последна измена: 18 декември 2023
    На VDT2906, Miss666, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    9.814
    Пол:
    Женски
    Темава има 2040стр, што значи не е само твојата :DОва колку да те смирам :lol:
     
    На Cherry333, VDT2906, butterfly_91 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.842
    @JustBeautiful до маж ти е и свесна си сама, затоа ти посакувам многу трпение и сила, ќе ти треба. Мило ми е што имаш поддршка од твоите, најзначајна е.
    Детето нема потреба да живее со такви токсични луѓе и низ такви драми.
    Нашите родители и не знаеле да не' заштитат можеби, не биле свесни, ама ние сме и во голема мера на нас паѓа товарот да го прекинеме ланецот на налудничави и токсични семејни односи.

    Биди истрајна, се' ќе си дојде на свое место.
     
    На VDT2906, Malesia, MG3 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    3.581
    Пол:
    Женски
    Од секогаш тврдам дека имам разбрана свекрва. Но нервозите на работа и животот заедно со стареењето си го прават своето.
    Синоќа си дојдов порано дома од пазарање и ја нечакав свеки со мојата 9 год.ќерка кај неа во долниот дел во голема кавга.
    Таа црка по детето, воа плаче. И кога ја разбрав причинита не знаев како да реагирам во моментот. Сега знам со ладна глава знам.
    Се скараа оти кај мене детево јаде првин манџа па леб па на крај салата. Ваа не и дава така ( никогаш не реагирала така иако го знае тоа). И дури и црка "во моја куќа ќе јадеш како јас ќе кажам, горе како сакаш". Ја слушнав кога и рече " Јас има да те воспитам како треба, што е ова лигавење" .
    Иритирачки беше фактот што тоа дете седи сама горе без проблем и беше оставено се на маса за јадење. Си топли сама во микровална. Тебаше да јаде во толку и толку часот и да оди на играорна.
    Оваа ја викнала као демек ела кај баба не седи сама.
    И да настане такво цркање без причина. Јас без да и дадам да ми се дообјасни за нејзното понашање смирено го спакував детето и го пратив горе а неа и реков - Ете одлучивме и се сложивме двете дека нема да јаде ни па да седи доле. Ни ти дека ќе ја викаш да дојде доле да не седи сама. И така нема да се нервираш како е воспитана. И заминав.
    Сега мислам дек требаше да и кажам повеќе работи. Да прашам повеќе прашања. Вака излезе дека она утре пак може да го повтори истото. Грешам ли ?
    Јас имам разбирање кон неа бидејќи има човек кој лежи и офка цело време, прима лекови за депресија а нема напредок, дека има тешка работа и уште потешко опкружување на работа, ама не можам да пригфатам моето дете да и е издувен вентил. Имам чуство ко само нејзе да може да и се понаша вака.
     
    На *Amethyst*, AlchinovaR1979 и 1209 им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    32.294
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш тврдев и се уште тврдам дека нема разбрани свекрви, колку и да се труди свекрвата да биде добра со снаата, неможе, ќе пукне некогаш, само се преправаат пред снаата дека ја сакаат, аха сигурно, ниту една свекрва неможе да ја сака снаата, има кој да не сака.
    За проблемов твој што го пиша, јас не би и симнала дете.
     
    На *Amethyst*, tanjita и ♡ Cinderella ♡ им се допаѓа ова.
  10. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    3.581
    Пол:
    Женски
    Она со мене има баш коректен однос. И во најголемата нервоза како вчера не ми рекла ни пак изреагирала лошо. Затоа сум запрепастена. Мојата ќерка има 9 год. таа и сеге е во фаза кога ја интересира само на школо и другарките. Не ни оди доле, затоа ваа ја вика.
    Ама сега после ова не знам.
     
    На 1209 и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.956
    Пол:
    Женски
    Ништо, ќе оставиш малата да си одлучи. Ако сака да оди кај баба, ќе оди, ако не сака немој на сила. И не и збори против баба и, дете е, ќе те издаде. Пушти самата да си одлучи
     
    На *Amethyst*, VDT2906, AlchinovaR1979 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    1.997
    Допаѓања:
    6.598
    Искрено, јас како родител само би и објаснила дека не е убава постапката на баба и со викањето и дека згрешила, да и кажеш дека сама може да одлучи како сака да се храни, дека ја сакате и дека од сега и оставаш право сама да одлучи каде сака да оди.

    И дека тоа што плачела и бирала друг начин на хранење не е “лигавење” и дека не треба да користи такви зборови.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    3.581
    Пол:
    Женски
    Проблемот настана бидејќи начинот на кој јаде на бабата не и се допаѓал, односно како што му кажа на сопругот не бил нормален. Ок знам, јас ја оставам како сака нека јаде. Не дека е страшно бар по мене за толкава фама. Ама со дерење не знам. За постапките без да и кажам знае дека тоа не е ок однесување.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    3.581
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум против зборување и шилкање на дете за други особи. Мојата баба го правеше тоа и е одвратно. Колку и да ми згасне на жуљ некој никогаш нема на дете да кажам лошо за таа особа , ни па детево да ми биде расипан телефон. Тоа ми е правило кое нема отстапување. А свекор знае да ја потпраша што се дешава горе ама воа итро не кажува :D
     
    На VDT2906, AlchinovaR1979, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.956
    Пол:
    Женски
    Па и не треба да кажува, уствари како ќе ја научиш ти така ќе прави, од тебе гледа.
    Да бе знам, свекрва ми имаше таков обичај, каде бевте, со кого, што ручавте, кој ви доаѓа на гости да дознае од дете
     
    На *Amethyst*, VDT2906, AlchinovaR1979 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Нема нормален начин на јадење. Само зошто сме научени на нашево поднебје да гнетиме леб со секоја манџа или дека е "правилно" прво супа, па манџа со кило леб уз пат, бонус салата, не значи дека е нормално. Јас ваков проблем ко дете имав зошто сум пиела вода дур јадам, еве сум 30 години уште истото го правам, не ме сменија. И син ми истото го прави и му мрчат за тоа, јас им викам "остајте го, како сака нека јаде". Исто баба му и дедо му го напнуваат со све да јадел леб, а детето си е такво, со манџи ретко јаде леб, може да му текне одпосле 2 кришки да изеде. Они знаат да преречат демек што заситувала манџата без леб, ама јас не им се замарам. Им викам така јаде, нека јаде. Поарно 2 тањири леќа со месо нека изеде, одколку едвај 1 тањир со 2 кришки леб.
    Стално ќе имаш коментари, без разлика стари, млади, јас и од млади мајки слушам коментари. Не вреди. Такво ни е поднебјето, сите имаат мислење за нешто што не е нивна работа.
    Исто добивав коментари од свеки, како она мм све го имала научено да јаде, дете требало со неа да јадело, она све ќе го научела. Вака во неколку наврати, за веќе да ми дојде преку нос и да и речам дека тоа што мм јаде 3 манџи, ориз, мусака, месо и пржени компири, не е се'. Значи дека ништо не го научила. Она демек, ааа па кога веќе порасна он си смени. Значи дека не си му створила навики за цел живот, туку со сила си правела само да е по твое. Немам намера со сила да го товам со сарми чим не сака. Не мора.

    Иначе секоја чест на смиреноста, јас ја немам во такви моменти. Дури и физички се издавам, ми се тресат раце во нервоза.
     
    На *Amethyst*, 1209, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    32.294
    Пол:
    Женски
    Па и јас не јадам манџи со леб, а старите се научени се со леб да јадат па дури и леб со макарони, и мислат сите така треба да јадат.
    Ни со мусака, ориз, компири не јадеме леб, и овие само "како така без леб, земете", со сила не тераат, ова кога одевме кај нив, ние возрасни што сме па не тераат, можам да замислам на дете.
     
    На *Amethyst*, Mnik и Malesia им се допаѓа ова.
  18. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    И мојава, на глава му се качува. Барем леб да јадеш! (Дека ништо не јадело) И еве бега од неа по цел ден!
     
    На Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.713
    Допаѓања:
    322.580
    @tanjita
    Да елаборирам од свекрвинска гледна точка:D

    Секој има жута минута, и свекрвите и снаите и јатрвите...
    Ама тоа не значи дека треба нечие дете да се пре-воспитува, најмалку со торутура и со зборови ,,горе како сакаш, во моја куќа е вака,,
    Да се работи за дисциплина - ОК, да и крши и растура низ дома, признавам укор.
    Ама за редоследот во јадењето - јок.

    Добро си постапила што не си реагирала бурно, зашто секој кажан збор се памти и понатака влијае на односот снаа-свекрва.
    Паметно е да го ивестиш сопругот и тоа не со прашање ДАЛИ да се пишта детето доле или не, туку со ОДЛУКА дека поради ваквите постапки детето доле ке се симнува ИСКЛУЧИВО во ваше присуство.

    Без кавги, без тензии, без молк.
    Јасно и гласно ќе го известиш него.
    Битно е дома се слагате во одлуката.ж
    Свеки сама ќе сфати.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.178
    Допаѓања:
    32.294
    Пол:
    Женски
    И јас би бегала хаха, баба ми беше таква, јас возрасна таа "лепче да каснеше".
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.