Знам јас, те сфатив, ама другите не сфаќаат, многу си ги сакаат свекрвите. Не знам и зошто постои темава. Се едно исто сме пишувале, ако им смета нека не читаат, штом се задоволни има и таква тема. Не сфаќаат дека има разни свекрви, па кога ќе пишат до мажот е коса ми се крева, е што да направи тој, да земе да ја утепа ли? Каква таква мајка му е, и тој и кажува да не се меша, друго да земе да ја утепа (секако ова не го мислам), неможе, мајка му е. Има разбрани свекрви со еден збор се разбираат, ама некои и да им збориш секој ден џабе. Се едни исти членки напаѓаат, си реков не пишувам веќе тука, ама пример се надоврзувам на твои мислења, на другите членки што се согласувам со нив, никого ниту нападнав, ниту навредив. Си имам многу поважни работи сега, отколку да се замарам со свекрва ми, нека си седи дома.
А бе тоа секогаш така пишуваат дека немаме попаметна работа па дремеме на форумов, а тие што пишуваат така па имаат попаметна работа, и тие дремат на форумов. Ако имаат попаметна работа според нив нема да дремат на форумов, оф топик, ама сакам да доловам дека истите членки што навредуваат тоа го прават.
Јас не гледам ништо лошо во тоа што свекрвата сака да ве види еднаш неделно. Па сака да си го види синот, ќе беше ненормално да беше обратно. Јас не сум нешто преблиска со фамилијата на сопругот, ама ги почитувам многу и тие се и моја фамилија сега. Го почитувам сопругот секогаш кога сака да се види со нив, исто како што он ги почитува моите и ја почитува мојата желба да се видам со нив. Живееме во ист град и гледаме барем еднаш неделно (со чест на исклучоци) да се видиме со нашите, ако ништо друго на едно кафе, некогаш заедно, некогаш посебно, се зависи од плановите и обврските. Среќна сум што и двајцата имаме исти фамилијарни вредности и за двајцата фамилијата е нешто најсвето. Сите сме различни карактери и си имаме свои маани, ама треба да си најдеме заеднички јазик и да научиме како да функционираме, посебно со членови од најблиска фамилија. Нормално дека некогаш нешто ќе не изнервира или ќе имаме несогласувања, ама јас не гледам дека треба стално да бидеме на ратна нога со свекрвата или со било кој член од фамилијата и за се да си замерувамр. Што ќе постигнеме со тоа?! Само нервоза и негативна енергија. Кога дозволуваме да се трупаат работи и не ги решаваме, стануваме се по раздразнети и се не нервира, дури и на најмала ситница пукаме. Има конфликт, или го пушташ и не се замараш или го решаваш и животот продолжува понатаму. Нормално секој со своето искуство, ова е само најдобронамерен совет, секој си знае најдобро за себе.
Не сум јас дежурен полицаец. Вие неколку тука сте што постојано едно исто пишувате. Сфаќате дека само вие си пишувате овде? И никаде не пишав дека ја сакам или мразам свекрвата. Едноставно не сакам да ја оговарам мајката на маж ми како што не сакам ни он мојата да ја оговара. Тоа што свекрвата ти се меша во бракот е затоа што вие сте ѝ дозволиле и немој да ми кажеш дека не е така. А реално па и не знам каква мака имаш од неа. Дај Боже тоа што инсистира да идете кај нив да ви е најголем проблем. И моите родители често ми се јавуваат да одеме кај нив, ама ниту јас ниту маж сме нешто погодени од тоа ниту па тоа претставува причина за кавга меѓу нас. Замисли да беше маж ми како тебе и да ми мрчеше што моите сакаат да одиме кај нив. Нивно е да си кажат што желби имаат, а наше е дали ќе направиме по нивно или не. Тоа не е причина јас или маж ми да ги мразиме родителите на другиот, таман работа мислам.
Па може си имаме обврски, и јас кога седев таму со моите не се гледав често, јас не ги мразам, туку не сум во ситуација да се нервирам сега, ситници ме нервираат, јас ни на мајка ми не и дозволувам да ми кажува што како, ама друго е мајка, можам и да и викнам, на свекрва неможам. Треба ли и ние да прошетаме сами или со друштво? Па не се само родителите, ние сега си имаме многу поважни работи, јас главата не знам каде ми е, одам по болници, уште некој ми фали да ми дели совети. И немаме ние одвише пари за секој викенд да одиме, колата не оди на вода, знаеш и самата колку пари одат за ивф, и башка цела аптека треба да ја носам со мене. Бевме пред минатиот викенд, епа неможеме секој, одам и на боцкање, тука имам кој да ме боцка, таму да барам, па дали ќе биде дома.
@Anyshka Извини што сум толку дирекна ама се гледа дека си огорчена и нервозна. Зошто по богу? Зошто не си го насочеш вниманието кон тоа што треба да ти биде приоритет моментално, туку се оптеретуваш со неа. Имаш подршка од сопругот и тоа треба да ти е најбитно.. Ти се тресеш за секој нејзин збор, не те разбирам стварно. Зошто си дозволуваш она да биде причина што тебе ти ствара нервоза. Најдобронамерно ти кажувам па како сакаш сфати ме. Престани да се нервираш поради нешто толку банално како тоа што свекрва ти сакала да идете кај неа. Мислам смешно е дури. Има жени со стварно големи проблеми, ова твоево е мачја кашлица. Да се нервирам оти свеки кажала да одеме кај неа. Мало сутра. Штом си под притисок и те нервираат ситници напиј се еден Б6 да се опуштеш малку. Не чини толку нервоза во овој период баш. Уживај си во животот
Ако ти и другите сакате да се гледате секој викенд со свекрвите, некои не сакаат, можеби си имаат причина за тоа, неможе да им кажувате дека не гледате ништо лошо во тоа, па други членки ги советуваа да бидат на игнор со свекрвите, сега советувате нема ништо лошо во тоа да се гледаат секој викенд, кога ќе се омажи или ожени некој примарно семејство се маж, жена и деца доколку имаат, родителите неможат да ги отфрлат нормално, ама жената, мажот и децата ќе се секогаш на прво место, не знам што не е јасно тука, па мајка ми живее блиску па не се гледаме секој викенд, си имаме и таа и јас обврски, за викенд се договараме со пријатели, шетаме со децата, кога имаме време одиме кај нив. И што не се гледаме често значи не си ги сакам родителите? Не знам како не сфаќате дека секој си има обврски дали се со деца или без. Кога се има деца па повеќе обврски, градинки, училиште, други активности.
Охохоо да знаеш колку пијам витамини, не б6 и б12 и многу други. Ама тоа одењето кај нив и не ми е толку проблем, не побарав совет, ете ги откачуваме, знаат во каква ситуација сме, тоа ме нервира, што сега си имаме обврски, инаку го насочувам вниманието на тоа што ми е најважно сега, барем се трудам, не само свекрва, моментално се ме нервира, и мајка ми, ама тоа е, и напната сум поради ситуацијава.
Тоа е во ред, сите имаме обврски, други планови, сакаме да се видиме со друштво итн.. затоа и кажав за мене, со чест на усклучоци, ама генерално гледаме доколку немаме некои особени планови да одвоиме време за нашите. Тоа е моето искуство, верувам ако се во друг град можеби е потешко, ама според мене не треба да им замеруваме што сакаат да не видат и да бидат тука за нас. Тие совети верувам дека се најдобронамерни. Се секираат и они, сакаат да успее и да ве гледаат среќни. Некогаш ни изгледаат глупи и не потребни советите, ама јас во такви ситуации само ислушувам, ќе кажам дека ќе размислам или преќутувам и си продолжувам по свое. Не дозволувам да се изнервирам. Знам колку е стресен периодов кој што го поминуваш и јас сум во слична ситуација затоа и најдобронамерно ти пишувам. Искористи ја поддршката што ја имаш, не ја гледај како негативно нешто.
Не ја сфаќам агресијата во твојот пост. Ни ве нападнав, ни посочив дали ги сакате или не..Само пишав мое гледиште и споделив мое искуство, за тоа е форумот зарем не?!
Сега најмалку треба да бидеш напната. Немој да си дозволеш да се изнервираш од неа. Ете знаете каква е. Маж ти е на твоја страна што е најбитно. И јас како тебе за секоја ситница се нервираше, не зборувам за свекор и свекрва само. Зошто овој вака ми кажал, друг така направил и маж ми постојано ме караше за тоа. И уште се нервирам некогам ако некој нешто ме навреде или пререче, ама не како порано. Избувлива сум моментално, ама после сфаќам дека џабе сум се нервирала, не можам да го сменам народот. Пред некој ден имаше базар кај ќерката во школо. Имаше претерано многу народ и една оти сум се збуткала во неа ми кажа дека сум имала проблем со нервите и дека треба да одам на доктор. Јас тотално ништо не ѝ направив или кажав за она така да ме навреди. Се тресев целата и не можев да се смирам од нејзината навреда, дури ништо не ѝ кажав само се свртев, бев затечена од нејзиното однесување и не знаев како да изреагирам. На никој начин госпоѓата не беше испровоцирана од мене за тоа да ми го каже. Кога малку се потсмирив сфатив дека тоа она што го направи е одраз на нејзината некултура, на нејзиното лошо воспитување. Таквите луѓе не се менат. Да не сум била јас ќе е била друга. Џабе е и да реагирам кога мене сама ќе си наштетам. Затоа е најдобро да игнорирам некои работи, за да си го зачувам здравјето и мирот. И кога ќе си врнам назад филмот и ми текне за какви глупости сум се нервирала со денови ми иде да си шлакнам една, ама најозбилно. Гледам дека колку повеќе сум покажувала пред другите дека можат лесно да ме навредат и повредат, со тоа само сум и давала оружје да го направат истото повторно. Народот е таков, само гледа да наштете на друг. Толку ли ги исполнува туѓата несреќа не знам. Ама знам дека во животот се се враќа и плаќа. Неколку пати ми го има тоа покажано
Мислам дека многу при срце си ги сфаќате мислењата што не се во исти на контекст на вашите. Јас не ги гледам како линчување, туку како најдобронамерен совет за како да им пристапите на дел од проблемите со свекрвите, или наше искуство и гледиште, што може ќе ви помогне. Некогаш сами си правиме притисок и се нервираме за работи за кои стварно не вредат да си расипуваме расположение. Едноставно игнорот знае да биде многу добра и корисна алатка. Секако, секој си одлучува сам за себе и оценува што е најдобро.
Епа тоа е, пишав не е само од свекор и свекрва, од сите, се си ставам на срце, знам, не е убаво така, ама таква сум, зошто овој вака ми кажал, зошто така ме погледнал, се нервирам за банални работи. Ај да не одам оф топик.
O i te kako može, koja ima takva, znae Ne ti čini ženata mu vikaat, i koga nekoj sto pati, osobeno majka toa kje ti go kaže, se podzamisluvaš
Нема што да се објаснуваш бре душо ,таман работа. Темата си е за тоа , да си го кажете/ме односот со свекрвите. Фасцинантно ми е што ти и по толку години поминато сеуште не можеш да ја ставиш на игнор и да не се замараш со неа
А од кај знаеш дека не е ставена? Не ни седиме таму. Се надоврзав на мислењата на членките ама на таквите како вас се им смета, па што барате на ваква тема? Игнорирајте и вие. Фала многу пријатно.
Не беше дали јаде леб проблемот. Проблемот и е оти јаде првин манџа па од како ќе ја изеде манџата ако сака леб а мн.често не сака па на крај салата. Требало 1 залак манџа па одма залак леб па залак салата. Така верижно Не знам што филм им е.
Аиии абе со шо се занимавате бе женички, главата си ја мачите само без врска. Има такви луѓе што и од банални ситници кавги ствараат, ете такви се, во генот и крвта им е да се имбецили крволочни ама па зарем ако не ги есапите ич, не мислите дека ќе видат ќе не видат и ќе баталат? Па баш ако се стресирате и постојано во конфронтација сте со нив тие добиваат сила уште толку, само да си знаете. За вакви релативно поситни работи ако се нервирате што ќе биде ако стануваше збор за нешто мнооогу поголемо? Какви се не проблеми има само, дури да се замисли чоек како е можно да постојат.. @Anyshka брат, скроз лабава особа си на таа нашата неозбилна тема полна со заебанции, што е ова сеа, не се стресирај уопште и не ја сфаќај озбилно свекрвата, не вреди. Поготово што нит заедно живеете, ни мислам дека на било каков начин би требало да те допираат нејзините зборови, штом сте независни скроз, нема како до толку да ти претставува потешкотија односот нејзин. Ама убаво рече членката погоре, се друг крив е, а мажите ко да не се. Па нивни родители нели се, како они се поставиле со нив, така и ќе се понашаат родителите, или дозволуваш да ти се меша у брак или не. (да не навлегуваме во причините поради што, зошто и како дозволиле). Да, толку е лесно, ние луѓето само си комплицираме.