А бе сега за кифлите се фатија хаха, не ми се верува како може да си сфаќаат се здраво за готово, ти како пример го пиша тоа, после ние сме биле такви, сме си ставале се на срце, а тие не живееле ниту еден ден со свекрва, ама ај да не пишувам многу, ќе скокнат да кажат кој ни е крив што не сме си купиле стан, тие на 20+ се сами постигнале без никаква помош. Тоа е исто како да одам во темата- снаите и свекрвите задоволни и на тие што си имаат коректен однос со свекрва да им пишам а бе лажете. Има тема и проблеми со мајките, јас немам и нема што да пишувам таму, како што има лоши свекрви, има и лоши мајки, знам многу примери. Само со мајка е друго. @Mrs. right таму сум таква зошто и членките се такви, лабави, а инаку тоа што го пиша дека ако не ги есапиме ќе видат ќе не видат и ќе баталат нема врска тоа, некои кога ги игнорираш уште толку прават проблеми.
Ја не сум одбрано друштво со никого, живеев со свекрва и знам како е, ама сфатив дека и јас мн сум се правела паметна. Затоа жени престанете да се замарате со глупости и живејте си со мажот и децата, гледајте си ги нив, или ако немате деца мажот само, хаха. Психата си ја оптоварувате со глупости, кој што кажал и рекол, не ја мразам свекрва ми и никогаш не сум ја мразела. Секој свој живот си тера, ни помага околу децата, и кога ќе изрази желба секогаш ги гледа, па побогу баба им е.
Сакаш да бидеш како неа? Те викна таа од гробот да одиш? Кој те тера ако не сте си поминувале убаво? Или правиш за после да имаш муабет по луѓето? Ај што ја реметиш умрена, ама па и јатрва ти и децата од уста не ги вадиш. Ќе дојде некоја да се пожали, ќе се искаже, ќе и дадат совет со неколку коментари и толку. Ама вие богами баш сте се распишале до детали со денови и денови, јас вака кажав, таа вака кажа, свекорот така вика, маж ми онака... Да живеам посебно или да е умрена, а се за неа да се оправам... и до вас ќе е, не само до неа.
А тој ако е нормален сопруг уште на првиот пат им ја затнува муцката, особено кога станува збор за мајката (оти нели најлесно е на мајка да ѝ кажеш шо мислиш). Пиши му точка на тој шо се подзамислува кој го одбрал за животен сопатник заради туѓи муабети и тоа не било какви, дека зелникот не чини.
А бе од една страна викате сопругот да и каже на мајка му, ама од друга страна па викате родители му се. На членки што не сакаат да се гледаат со свекрвите секој викенд ви било несфатливо. Што е тука несфатливо? Секој си има планови, сега некоја секој викенд ќе поминува со свекрва, никоја не е должна. Па пишувавте за маж сме се омажиле не за свекрва, епа ако е така што има да се гледаме секој викенд? И си се фатила за зелникот, како пример го кажа, многу сериозно го сфати.
Точно, родители му се, затоа нема да се расправаш и нервираш туку ќе поставите граници- тој со неговите, ти со твоите родители. Границите не значат да ги исфрлиш од животот, туку да научат до каде смеат да пикаат нос. Не сфатив ништо сериозно, колку шо се сеќавам членката пиша пита, јас го сменив со кифли и зелник оти шо и да е, е ситница, небитна глупост. Ако маж ми се запраша зошто е со мене дека мајка му му рекла дека јас лошо готвам, перам, се дотерувам, чистам, додај по желба, маж ми е муле и не ме заслужува.
Значи алал да ти е како ги извртуваш мислењата што не се исти со твоите. Конкретно за гледање со свекрвата, јас го споделив моето мислење и искуство, ни спомнав дека сите вие треба да правите исто, ни друга членка ви искоментира нешто такво. Едноставно имаме различни фамилијарни вредности, which is fine, agree tо disagree. Со кифличките се опседна, беа спомнати само како пример за тотално небитна ствар. Што и да се пише со цел ете да се сподели различно искуство, за можеби тие што се отворени и сакаат да размислат дали навистина вреди да се замараат и да гледаат толку негативно на целата ситуација со свекрвата, без потребно го сфаќаш како напад. Не се сите дојдени да се караат, океј е
Ама на кого кажуваш бре, џабе верувај! Овде сите имаат умислено дека им се секогаш криви само свекрвите. А и што ако викнала на ручек, па и секој викенд да е, некад ќе отидеш некад не ако имаш планови, и голема раб ако рекла и ве викнала, и шо сеа ај за тоа земете 2 метра реферат пишете тука, страшни глупости, немате попаметна работа, ма ич бре не се замарам си одам у соба си чувам си гледам дете, си готвам, си чистам и се остало, ПО МОЕ! Од еднон уво влези, од друго излези! Никој не заслужил за него да си тенчите нерви и психа верувајте, ама баш никој. И преиспитајте се какви ви се мажите прво, после свекрвата.
Епа сите не сме исти, и вие рипате ако не се сложувате со некое мислење, некои сакаат и секој ден да одат кај свекрвата, да одат на готов ручек, тие да не готват, епа ете некои не сакаат и еднаш неделно, и што е проблемот тука не ми е јасно. Може ни згрешиле многу свекрвите па затоа сме на дистанца, нели советувавте на игнор да ги ставиме, гледам колку не се замарате, во себе си се нервирате, епа јас не држам во себе, да бе да фатам некоја депресија па ќе собирам во себе. И не знам дали не сте дојдени за карање, рипате на секое мислење што не е во ваш контекекст. Па има некои со родители не се гледаат од некои причини, не па со свекрва. И сите си имаат различно мислење, не мора да рипате одма.
Ако не ви се допаѓа тоа што ви реплицираат, пишувајте си во ворд, не на форум. Евентуално на групен чет вие 2-3 шо секој ден имате за шо да си се пожалите од свекрвите, а не од мажите.
Хахахахахахахахахаха Мене само не ми е јасно од кај се заклучоциве дека секоја реплика е напад и веќе почнав да ставам смајлиња за да не се испотепаме Форумот стана чудно место за живеење Нем и ти да ме тепаш сеа
А што се жалам јас од свекрвата кога не живеам со неа? Само гледам дека сите сте двојни аршини, некои членки ваши ги тапшате по рамо, некои ги линчувате, истите членки што ги тапшате се жалат од свекрвите како децата ги хранеле неправилно, па никому ништо, прескокнувам мислење штом не ми одговара, мразам неправди, а тука не да ги има. За некои членки сте мајки, за некои маќеи.
Никој не те нападна. Ако не се согласувам со твоето мислење, не значи дека те напаѓам. Форум е, можам и сакам да реплицирам. Зарем во реалниот живот се сложуваш со сечие мислење?
Ова со питите и кифличките прво го пишаа тие членки што стално за свекрвите пишуваат. Ако ние сфативме буквално, тогаш кој ви е реалниот проблем?
Не сум многу активна во последно време, не сватив што е со кифлите? Прочитав две три страни уназад и наидов дека некој има проблем со кифлите на свекрвата/снаата? Како се најдоа кифлите тука ? Што се десило накратко?
Свекрвата поубави кифли правила од снаата. Снаата не месила пита на мажот, не знајала она, само свекрвата знајала. И таквимити работи од свекрва кажани
Ауууу страшен проблем, затоа сум го испуштила. Дај боже на сите вие да ни се проблемите. Нека стават на гласање чии кифли се поубави А јас што да речам што мојата свекрва ко прави за нив и за нас прави ?
Тоа со кифлите општо го пишаа, па се надоврза друга членка дека свекрва и и кажала срамота што не знае пита да меси, и настана каша попара, премногу сериозно си го сфатија. Браво за свекрва ти што прави и за вас кифли, кај нас обратно, ама на почетокот, сега секој посебно