1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    И вие што напаѓате сте едни исти, како не ви здосади да напаѓате?
    Темата е за тоа, ајде оставете ги луѓето да се испукаат, како вегети сте, мора во секоја манџа да се мешате. Па нека зборат и за мајките наши ако го пикаат носот кај што не треба, што ако е мајка на сопругот, каде пишува дека по дифолт морам да ја сакам поради тоа, во венчаницата? Од една страна викате сме се омажиле за сопругот, не за цела фамилија, дека бракот е помеѓу двајца, ако сопругот бил поврзан со мајка му е мамин син, лигле, се уште не се одделил од сукњата на мама, сега па мора да ја трпиме свекрвата зошто е мајка на сопругот , на немој, па и роднини не мора да трпаме затоа што ми се роднини не па свекрва што не ни е ништо.
    И дај престанете со тоа мажите па мажите, е што да им прават, мајки им се. Зошто ако не ви одговара мислењето не го прескокнете?
    Бетер од свекрви сте, во секоја манџа запршка ставате.
     
    На Erika.greeneyes, Miss666 и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    13.276
    Не мора. Кај го пишува тоа дека мора? Кога се венчавте ти и сопругот, потпишавте такво нешто?
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.298
    Допаѓања:
    200.483
    Пол:
    Женски
    Ова е форум, а дефиниција на форум подразбира дискусија и размена на мислења. Секој има право да си напише мислење, а тоа што вие го сфаќате туѓото и различно мислење како напад, е ваш проблем. А и не знам зошто би го сфаќале како напад, ако не ве тангира некако тоа што се пишува. Ама можеби е така оти е тешко човек да се соочи со вистината.
     
    На CameliaMiller, Polyincognito, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Епа и членките што се жалат имаат право да напишат, а и тоа е темата за проблеми, ако не им се допаѓа некое мислење нека игнорираат, и нека одат во другата тема, на секое вегета додаваат.
    Со која вистина? Тоа што бракот е помеѓу двајца, не со цела фамилија? Изгледа тие членки што рипаат не смеат да им писнат дома ниту на мажите, ниту на свекрвите, па паметуваат тука.
     
    На Anyshka и Miss666 им се допаѓа ова.
  5. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    5.760
    Пол:
    Женски
    Да така е.. дома сме безгласни :rofl::rofl::rofl::rofl:.
    Еве цело сабајле молчам и уста не отварам. Не за друго оти кафето не ми е допиено. После станувам и морам да пеам по дома. Јбг приоритети.
     
    На CameliaMiller, IRBBB, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    На здравје нека ти е (y)
    Од странција е многу полесно да се паметува.
    А ти си се пронајде?
     
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    5.760
    Пол:
    Женски
    Абе како да не се пронајдам. Еве буквално мене ме опишуваш. Мислам ја барем доблест имам да си признаам.
    Не странција туку и на друг континент да сум. Не ми менива ништо. Ќе слагам уши и тоа е тоа.
     
    На CameliaMiller, Polyincognito, tanjita и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ти и другите ако трпите тоа е друго, некои не трпат и си поставуваат граници, сите сте светици што си ги сакате свекрвите само на форум.
    Блазе на свекрвите со вакви снаи.
     
  9. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    6.127
    Доволно е што е мајка на човекот што сум го избрала.
    Ако немам почит спрема неа како тогаш би била со него?
    Не треба да потпишуваме ништо.
    Каков би бил тој брак кога тој би немал почит спрема моите и јас спрем неговите?
    Ќе ги оговараме каде стигнеме колку се за никаде?
    Не велам сакање, гушкање да седиме на ручеци секој ден ама еден повик,едно кафе ако се напијат еднаш во месец или да ги услужам нешто ако им треба.
     
    На CameliaMiller, Annath, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски

    Со ова не се согласувам. Еве јас секогаш сум пробувала да бидам добра со неа ама она за ништо не е благодарна. Делат со нас спрат ама си имаме посебно дневна и кујна ние, ама вцто го делиме еднаш не земала да фрли ѓубре или да го исчисти а гомна цело вц го прават и ќе рече после јас не сум фаќала ништо или од инат дека не правела она нешто? што е она 5 годишно дете да се инати? Се скара еднаш со маж ми и му пререкува нешто и вика мислиш јас не можам да симнам нешто надоле или да исчистам можам ама не сакам инатот не ми дава, снаата сеа требала да и слугува и да и чисти јас со бебе у една рака да го држам а со другата да мислам како ќе го симнувам ѓубрето од вц.
     
    На *Amethyst*, PrettyWoman2, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    5.760
    Пол:
    Женски
    Абе се знае свекрва е и закон и устав. Нема шо да се прави муабет повеќе кои граници? Какви граници? Се е тоа фарса за у темава. Се знае среќна свекрва, среќен брак. Т.е брак шо има да е среќен.
     
  12. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ок, да знаев ќе се венчав со свекрвата. А ако свекрвата не ја сака снаата, развод???
    Колку знам и синот што не си го сакаат, не па снаата.
    А еве ако немаат почит свекрвите кон снаите, ШуПрајме тогаш?
    Па бракот е помеѓу двајца, изгледа не сте го слушнале попот, имаше една реченица:при тоа мажот се отргнува од родителите свои и се прилепува до жената своја како едно тело, така нешто беше.
    Не во буквална смисла да се откаже од нив, ама жената и децата се примарно семејство, а да почит ако заслужиле, нема што некоја да ја почитува свекрвата ако си го пика носот кај што не треба, истото важи и за мајката.
     
  13. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов, кај мене излезе вака:D Никако не идеше со свекрвата и се разведовме:wasntme:
    После милион дешавки сега јас со него не комуницирам скоро па ич, а со свекрвата сме супер ( ради дете ) у контакт сме често. Излезе подобро неа да ја венчав:D
    И кога ке соберам се на куп, подобро развод него жената да тегне што е исправно у брак. Он сам треба да има свест да разграничи како знае и уме, и да нема мешање мн мн.
    Јас цело време мислев бракот ми заврши ради неа, уствари он е папок и не знае да бидне маж.
    Ако мажот е маж, не знам каква да бидне свекрвата најзлобна нема да ви го раздрма бракот.
    Мое мислење искажувам од свое искуство:)
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, fashion-addict и 10 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.698
    Допаѓања:
    34.997
    Пол:
    Женски
    Кој како ќе си заслужи. Јас имам само формален однос. Муабет од култура, едно кафе, ручек. И толку. Доста и е. Се заради маж ми.
     
    На *Amethyst*, Anyshka, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.259
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите бар толку писмени да прочитаме наслов. Темава е за проблеми меѓу свекрви и снаи, форум е, секој има право да пише на која тема сака. Ако има некоја со проблем, макар и толку банален бил како со кифлите, нека си пише. Епа кај да се пожали членката, у тема мамички?
    Отварајте теми што ве интересираат, читајте она што ве занима. Едноставно е. Некому може му значи да се искаже, да исфрли од себе, каква поддршка сме тука на форумов ако не сакаме дури ни да прочитаме? Прочитај, чак и скролни и толку е. Ќе има некоја вистински проблем, ќе се устручава да пише пошто некој тука ќе и рече не туку се жали од свекрвата. Остајте луѓето да пишуваат што сакаат. Ситници, кифли, вц чистење, има некои што им сметаат и такви ситници, нека си ја олеснат душичката.
     
    На *Amethyst*, Pa8la, Zumbulche и 4 други им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    5.760
    Пол:
    Женски
    Мене искрено не ми е јасно твоето мислење на темава. Изиграваш некаков дрвен адвокат, ама став ти немам прочитано или сум пропуштила.
    Според тебе кој треба граница да постави во својот брак? Треба снаата да се расправа со свекори, да се мудрува, надмудрува, споредува и докажува или? Чисто онака прашувам?
    Шо својство има мажот во бракот?
     
    На CameliaMiller, IRBBB, Skyler и 4 други им се допаѓа ова.
  17. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Па ако нешто се случи а не е во негово присуство како да те одбрани?
    Маж ми ако пред него нешто речат одма им враќа
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Eni.r

    Eni.r Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2018
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Ке иде ке разговара со мајка му, ке разговара и со жена му, да не доаѓа до конфликти.
     
  19. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Многу пати зборел ама како канта да тропа они не се замараат и пак исто си продолжуваат другиот ден знаеме дека со неразбрани луѓе си имаме работа. Мене не ми е проблем да исчистам вц туку тоа што кажува дека како мало дете инат терала а за што тера и да ја прашаш не знае ни самата. Со нив више не ни комуницирам освен кога има потреба дете не ми чуваат не ни сакам да им оставам, зошто они се најпаметни друг не знае ништо поготово јас (снаата) појма си неам. Секој ден превртуваат очи како го ранам детето како го облакам детето не било дотерано не било вакво не било такво, имаат уште еден внук од ќерка ги делат до немај каде секогаш нешто повеќе за другиот, а ако му купат на моето мора и на другото, ама на другото коа купуваат на моето немора. Свекор ми и свекрва ми само му се дерат на моето дете се нешто им смета..Дете од 2 години што може тоа невино душиче да им направи??? Го викаат маж ми го буцкаат да се скара за нешто со мене, ама он не е глуп. Коа нешто се караме јас и он овие се смеат и не го кријат тоа колку се радосни.
     
    На *Amethyst*, Pa8la, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Јас пишав дека има такви луѓе, исклучоци, ама да не се прават драми од се и за се. Ако не ти одговара мажот под рака и под кирија оди, или купи стан, тоа е што е, прифатија реалноста или нешто смени, а не само да се жали и кука, ако нешто не ви де допаѓа сменете го и крај.


    А па тоа за бебе дека си држела у една рака а ѓубре во друга, ехееее јас две деца држев у рака, и се дома чистев па и ручек правев, па што, голема работа ѓубрето да се фрлело, не дека го оправдувам инатот на свекрва ти, ама ова како ќе си фрлела ѓубре со една рака... :shake: no sense!
     
    На Maca Macka, IRBBB, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.