А ти вака како врвен критичар, шо потреба да се правиш помајка и поспособна од други на форумов? Како викате - Толку ли не сте исполнети во животот па со вакви работи се замарате? Ај сега да застанеме да си ги мериме способностите, секоја со свои примери. Чудо. Чудо. Едит : ако ја со дете можам да чистам и средувам, а некој друг што живее со мене крши фотеља имам право да се пожалам, нели?
Душо, ако си психички јака ке правиш како што орави и она, контрирај додека е жива. Ако не си ке си идете под кирија. Оти ке те поремети. Поминав и знам што збориш. Ја не издржав се тргнав, до душе сама не со маж, ама како и да е ја себе треба да се гледам за да му биднам добра на детево. Нека се носи и мажот и свекрвата. Така и вие, ако сакаш да останеш стабилна бегајте си
@Mumoftwo30 Од нервози ослабев 30 кила се направив да тешко ми е со дете у рака а у друга ѓубре или било што друго што качиле горе да им симнувам. Не терам инат јас туку стварно не можам А за кирија или стан, куќа немаме можност сега, јас немам можност имаме трошоци а јас не работам го чувам детето дома. Да се вработам па ќе се оттргнам не седам ни минута повеќе тука. @Eni.r И јас попуштив малку со нервите ама се оправив не можат више да ме нервираат така лесно. Збориме со маж ми за да си идеме од тука ама он нејќе под кирија и ми вика купи ми стан или куќа па ќе си одиме, за тоа му се лутам многу.... Нејќе да се задолжува иначе и он сака да си отиде од тука ги знае какви се. Попрво би и дале се на ќерката отколку на него
Па пожали се, и јас имам право да ти возвратам. Се замарате со глупости, тоа сакав да кажам кој сфати-сфати. Ако не ви одговара најдете соодветен начин или преселете се. И готово, а не за ѓубрето што не го фрлила да се замарам, па нека не го фрла, ќе го фрлам јас и што? Тоа дека свекрвата и тера инат и е останатата во 15 век, тоа е др. тема на муабет, ако не ви чини спакувајте се со маж под рака, и барајте чаре, ако не тогаш дремете и нервирајте се за сфашта.
Епа не работиш, ете они што сега треба за тебе да зборат? Секој своја раб нека си гледа, најди начин секогаш постои решение, не да чекам 1 година, не чекам ни 1 мин ако не ми чини! Ако не па нервирај се и ослаби уште 30 кг. Не разбирам стварно. Пиши така дека маж ти не те поддржива да си одите од таму, какво е тое решение "купи ми куќа" ????? Што не ти купи тој? Или што не живеете кај твоите? Проблемот е во маж ти, не во свекрва ти верувај!
Извини вака ама е мочко. Не се вика купи ми, туку дај да купиме да се снајдеме, ако не можеме ке идеме под кирија за да зачуваме брак.
Е така де, ама прво кривицата во свекрвата, не во мажулето, нејќел да се задолжува, абе ајде хахахаха, а сака жена му да се нервира?
Знам затоа и му се лутам. Ама го знам јас уште пред да се земеме дека е таков што не сака да се задолжува никаде, не сака детето да го става во таква ситуација каква што бил он порано... Му смета каков му е животот сеа се нервира ама трпи за да има се детето.... Едит: Имам наследство од моите чекам да се заврши работата па ќе земеме некое местенце ќе си отидеме ќе почекам уште некое време, толку сум чекала за уште малку не е проблем
Абе какви се овие оправдувања? Ние што имаме стан земено на кредит, демек децата ништо ни немаат? Ауу страшен одговор.
Е вака, ја исто мислев дека свекрвата е крива, додека не ми дојде памет дека он е лигле. Он е крив, точка. А друго, ако земаш наследство и тој ке дојде кај тебе домазет, ти препорачувам да се распрашаш да не бидне му следува дел, па да изманипулира со тебе, како гледам можно е.
Вие немате проблеми со свекрвите, имате со лиглињата мажи кои бараат куќи да им купувате и бидејќи си го знаете првичниот проблем дека ви е до тој до вас, а не можете ништо да сторите вината ја префрлувате на свекрвата! Мачкање очи сами на себе!
Нема она никаков став ниту мислење. Додуша нема ни проблем, освен тоа што свекрва ѝ се јавувала на синот да ги праша што ручек имаат. Не ни живеат заедно. Ама ете ја мрази свекрвата само затоа што е свекрва. Јас ја прашувам и мајка ми и сестра ми и свекрва ми и бабата на маж ми што ручек правеле. Не дека ми е гајле што ќе јадат, туку онака да ми дадат идеа некоја. За ќотек сум, жена без осет
Од она што го сфатив досега, мажите не се способни да издржат никаков тип на критика, дури и ако е добронамерна. Кај нас како жени/девојки е обратно, навикнати сме и полесно поднесуваме. А исто така, дел од постарава генерација милениумци-мажи се немаат нешто многу покажано. Дали е тоа од пермисивно родителство, премногу галење, не би знаела искрено. Ама ако цело време истата приказна се врти, женичкиве се жалат од истово, тогаш јасно е мислам, чија вина е.
Како да ти речам принцес, ја не се ставам во ситуација некој да ме напаѓа или изживува врз мене. На крај краеви за танго се потребни двајца. Значи ако она збори и вреѓа и се инати, ти ако реплицираш и се браниш она победила. Сфаќаш? Ти ако ја игнорираш она ќе се нервира. Пеазен простор бе луѓе. Па и болести ќе си накалемувам од некој оти така му чини. И ако они тебе те мразат и ако они тебе те малтретираат со кој ум им седиш таму? Пак врти сучи во мажот е проблемот. Не сакал да се задолжуба. Бре. Оти нема како дома да им каже дека ќе се оддели. Па мајка му стара. Дете у градинка. Ти на работа ќе спечалиш за две соби под кирија. Со другата плата сметки и готово. За мој мир се работи. Бел ден немаш видено ти во таа куќа. Во некој магичен круг само се јадеш и нервираш од некој полуписмен. Мислам ало. А вака шо немате трошоци? Арно сите пари за поправки низ куќата ги даваш и на крај ништо црно на бело немаш. Па ќе се караш со девери и јатрви и золви за смешни две соби. А кај да одиме ние што сме со години под кирија. Мислам на нас како ни се исплаќа? И сами деца гледаме и домаќинство и ручеци. Па еве живи, здрави и среќни. И милион пати е кажано на темата. Не се свекрвите толку моќни за да ви реметат брак..до мажите е. А мажите сами си ги бирате. И така по транзитивно својсто уствари секој својата глава у капа ја крои.
Па нормално дека мажот треба да им постави до каде можат да одат, ама ако не се разбираат и снаата, зошто да не. И што ако не работи, каква врска има тоа и од каде знаете зошто не работи? И таа што е навикната да се меша и под кирија да се или во свое ќе се меша. Завршија кифлите, сега за ручекот се фативте , па јас не се пожалив ниту побарав совет, сѕе надоврзав на мислењата на членките. Прашувај ги сите по ред за ручек, ама и комшиите, многу ми е гајле.
Како се глупости ако на некого членката му е чистачка? Како бе така за ѓубрето не ќе се замараш? Па ако со години све она прави таму, како не ќе се замара? Во ред, решение е преселете се, ама ете чим живеат заедно зарем само зошто живее со нив, свекрва и' дур е жива не треба ѓубре да си фрли? Некогаш ко да оправдувате дебилни понашања, само зошто ете живеат заедно. Значи снаава треба да фати да не прави ништо, нека се затрупаат во ѓубре. Ја да сум и тоа ќе го направам. Не викам јас дека маж и не е крив, да не се сфатиме погрешно, ама и таа свекрва и е за стап.
Епа нормално декс маж и е крив, не знам што очекуваш да пишам друго. Треба мажот и да си ја одбрани, тука тој е највеќе крив.
Пиши што мислиш дека треба, јас ти кажувам за моментот "правење најмајка и најспособна". Ја за тоа ти пишав.
Само игнор му е мајката како што пишаа и неколку членки, јас бев иста се нервирав и си земав при срце све. Ми пукна филм и игнор или ако ми се " наместат" им плескам во фаца све. Увидов дека се прости луѓе и дека буквално некогаш можеш мајтап да си играш со нив и они да не сфатат. Тоа го прави јатрвава па си реков " која глупача сум излегувам поглупа и од нив да дозволам вакви луѓе да ме нервираат. Не можеш да ги смениш никако колку и да се објаснуваш и докажуваш секогаш они "ќе бидат во право". Затоа оставете глупите да си останат глупи. И сега зборат ама јас само слушам и мозок исклучувам буквално на офф и викам аха да и пак по мое ќе си направам. И воопшто не ги разбирам членкиве кој не живеат со нив, или свекориве им се починати и се замараат. Деверов и јатрвава живеат во стан на стариве, без најава само врата ќе бацат, врата пред нос им има затворено. Можам на прсти да набројам колку пати стариве им биле на гости од кога сум тука. Уште па да сум на скроз мое и да ми се меша тогаш сварно треба будала да сум. И за мажите не се лутете ама стварно треба да имате поддршка од нив без тоа тешко...
Eпа тоа е, денес за ѓубрето ништо нема да и каже, утре за нешто друго, и цел живот слугинки на свекрвите, а и тоа што викаш не значи ако живее со свекрвата дека треба да и слугува, и аман од тоа преселете се, одете под кирија, само тоа го знаат, има некоја причина зошто не можат, и штом живеат со свекрвата ќе си трпат, пардон, да се поправам-во куќата на свекрвата. Е тогаш има да слугуваат. И со тоа мажот е крив па мажот, да крив е, ама и свекрвите се криви.