Мажот е неоспорно крив. Ама јас зборував од перспектива на членката што вика дека ќе се прекрши ли ако фрла ѓубре, голема работа ли било тоа и сл. Оти нели во нејзина куќа, па сега нозете да и ги мие, водата да ја пие.
Епа тогаш нека не кука дека свекрва ѝ не го фрлала. Се додека си ги бранете мажињата свеки ќе ви висе на врат.
Вие сте скроз на скроз "боже ме сачувај" преиспитајте се сами, ако не под покрив на свеки живејте и до 50 години, страшно! И ѓубре, и кифли и се остало ќе си правам, таму сум како дома, вас ако ве мрзи или немате попаметна работа во животот, расправајте се за вакви небулози. Па уште ќе ќутам и ќр седам под покрив на свеки, иако очи си вадиме, и здравјето си го уништувам, па и 30 кг ослабела, о сега во кого е проблемот, знаеш така? Решете се прво што сакате, и подалеку од глупавиов балкански менталитет за заедничко живеење со свеки, а и помалце нека ве манипулираат маживе со такви глупи муабети дека детето треба да има се што ќе посака, затоа треба да живееме со неговите. Ми се чини ко да сте по 20 и нешо години со размислувањево. Ајт поздрав!
Јас секогаш сум на страната на снаите. Ама морам да пишам дека се согласувам со ова твое мислење. Со тие другите погоре што се пишувани дали беа твои или од други каде што не се пишуваше за конкретниот муабет туку само комрнтари од типот да не се жсли членката преселете се и слично. Со тие не се согласувам. @princess02 мислам дека еднаш порано ако не сум грешка пишуваше дека ти со бебе а овие сите чекаат ти да правиш дома ручеци и маж ти дека нив ги поддржувал. Да се разбереме да живеете сами друго е за двајца да се готви а друго е за повеќе луѓе, и друго е кога живеете сами се договараш со маж, некогаш мсжот некогаш жената. Некогаш може и да се помине денот со нешто од надвор зависно од обврски. Ама во заедница за сите да готвиш повеќе време одзема и сите тие да чекаат од снаата која патем и она има работа ако не оди на работа со дете напорно е. И свеки моја изгледа така си мислеше, не ни кажа за до душа ама маж ми и одма и кажа културно дека јас со дете си имам обврски околу неа. И дека секој може да заврши домашни обврски без разлика машко, женско. А не да очекуваат се од мене. Јас и маж ми заедно си работиме ако јас ја ранам ќерка ми тој ќе ги измие садовите и слично. А не јас како измеќарка да им ги завршам сите работи дома па и ќерка ми да ја средам и гледам, тоа е невозможно. Не знам може ја не сум способна.
Живееме 8 год. во заедница откако прекинав да бидам готвачка, слугинка, чистачка и клозетарка. Моите дискусии со свекрвица се движат во следните насоки. 1. Она- треба прашина да се брише Јас- мене не ми смета здравје сабота/недела ќе избришам 2. Она- леле треба да се смука Јас- мене ми изгледа чисто, здравје сабота/ недела ќе поминам 3. Ѓубрето во вц- штом на вас не ви пречи па на мене ич 4. Неколку пати пред други луѓе ми има префрлено демек не сум знаела да месам кифли, пити - одма враќам зошто да знам при толку пекари јас ќе се мачам да месам и печам, во секое време може да се купи. Нај врвот што го достигнав и знаат дека веќе за ништо не се замарам е следниот моментот: иначе стандард мораме сите да седнеме на маса да ручаме и тогаш се почнуваат муабети од пред 30 години (секогаш исти приказни) се делат совети, ние ништо незнаеме они се најпаметни. И стадард барав некој начин да не ги слушам и почнував во себе да си пеам песна се до моментот кога на глас си запеав. Они во најакото со делење совети и пореметување на мозок јас на глас си запеав ги заборавив нив. Беа сокирани, ама од тогаш па и помалце зборат на јадење.
Па знам дека не е, ама тука се запнале ако живеете во свое нема што да ви се мешаат, аха сигурно, и ние сега седиме во мое, па ни се мешаат, па уште запнале што сме се замарале штом не живееме со нив, на некои починати им биле па се замарале, е добро де си се надоврзуваме во мислењата, не бараме совет, па каде е мажот во приказната, еве денес мм и кажа на свекрва ми да не не замара, си имаме обврски, знаеа денес каде ќе бидеме, да дошле и тие хахаха. Па кога им викна, и што ако, џабе, од утре пак истото. Од една страна мажот да им поставел граница, ако мажот бил поврзан со мајка му бил мамин син, од друга ако ме се оди секој викенд кај нив па како така, родители му биле, ок родители му се, треба почит да се има, ама неможеме секој викенд, одиме секој втор или трет, денес како да одиме кога ми закажаа интервенција.
Јас што имам поминато во таа куќа ни на душман не го посакувам, дојдов до степен со диезепам навечер да легнувам за да заспијам. Ама сијаличката светна еден живот имам и толку беше, на игнор само службени разговори и контакти.
Нема Анишке..нема разбирачка. Твојата свекрва е најклета. Нема осет. Твојот маж најарен е.. сигурно во болница заменет бил. Не е можно од таква ажда, таков син да е. За се си во право! Дај боже да ти се исполни желбата само поскоро.
Доволно е да кажеш "во ред, погрешно се изразив", ама неее, упорно си го вртиш како што ти одговара. Божица се прави невестава, нејќе цел живот да фрла туѓо ѓубре. Иначе не ми е јасен овој феномен, ако некоја застане на страна на снаата под дифолт на истата, и' се става значка "живееш со свекрва". Нешто ко по кланови да сме поделени: Со свекрви и без свекрви.
Игнорирај ме ако не ти се допаѓаат моите мислења!!! Јас си се надоврзав на мислењата, а не верувам во изреката крушата под круша паѓа, некогаш ќе се стркала под јаболко. Колку само не си во право со ова, па знам еве и татковци што се алкохоличари, синот не е, и обратно, и свекор ми е алкохоличар мм не е, и јас со мајка ми сме многу различни карактери, повеќе имам карактер на баба ми по татко, така да не ти држи вода мислењето дека од таква аждаја таков син да е, не секогаш гените ги наследуваме од родителите, мм има ген на чичко му, тој е мирен и не е алкохоличар како свекор ми. Јас имам ген и од тетка ми, од мајка ми никаков ген немам, освен косата хаха. Па не знам дали знаеш дека има многу деца различни од родителите, и тука членки што читам од такви аждаји како што ги нарекуваш, испаднале добри синови/ќерки. Да не одам оф топик, се надоврзав дека не ти држи мислењето дека од такви родители таков син/ ќерка. Пријатно!!! Имам поважни работи од некоја аждаја.
Е да ми простиш ама како знаат газот да си го избришат така знаат да фрлат ѓубре. Членката кажа дека само вц корисат заедно и од инает свекито не чисти и не фрла ѓубре. Јас да сум две корпи ќе ставам и ќе ги бележам со налепница наша и нивна. Па ако сака нека не го фрла со месеци. Ко ќе засмрди ќе и го ставам у соба. Некогаш со некои особи треба одвратно да се постапува.
А ако не може, да и го фрла ѓубрето доживотно? Пак се вртиме со муабетов со одвојувањево. На секои 100страни истиов муабет се прави.
Во заедница ти е така. Ќе имаш несогласувања. Ако не ви се допаѓа, ќе си барате друго чаре. А на мажот ако му е сеедно што жената му се нервира секој ден, не требало да создава семејство.
Ама ваљда заедницава не е само од снаа и свекрва Кај се другите членови, сопруг, свекор..? Или тие не го користат вц-то?
Во заедница се делат обврски, сметки не само помеѓу снаа и свекрва, туку и помеѓу свекор, син/маж, не само на снаата. Тие се мажишта и не смеат да пофатат ништо (иронично).
Тоа и зборам, Па кој вика секој ден? Има уште членови во семејството, можат и тие да фрлат, сакав да кажам дека уопште не треба да се карам за ѓубре, тотално глупа причина, ако го фрлам јас голема работа. Ако не ви чини одете си бе, луѓето ако др олоши нема да се сменат и тоа е што е. Просто и едноставно.