1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    5.647
    Пол:
    Женски
    Ма како да не цел живот ѓубре ќе фрлала, ај не си прајте филмови одма. Јас не ја правдам свекрвата ама не толку голема причина за да си го рушам мирот и конфорот, всушност тоа е и замислата на свекрва и.
    А ти како сакаш можеш да ме сфатиш, сум живеела секако и знам како е, и од искуство зборувам дека не вреди со глупости да се замараш и да си го уништуваш здравјето.
     
  2. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    3.577
    Пол:
    Женски
    Девојката што го пиша ова за ѓубрево даде пример дека еве едно нешто им е заедничко и пак ако сака некој да прави проблем ќе прави.
    Ама еве пошто се фативме за ѓубрево да ти кажам и мене некој да ми тера инает јас ти пишав како ќе постапам. Не е поентата кој ќе го фрла, туку начинот на кој се тера инает. Као демек еве јас сум госпожа па не фаќам ѓубре за инает на снаата, за сите членови важи. И јас се прашувам оти не се вклучи сопруг, свекор и сл.
    Ама да ви кажам дека многу е лесно вака позади тастатура да му речиш на некој одсели се или оди под кирија или купи стан и сл, а при тоа не му ја знаеш состојбата. Ако јас, ти, Јанко, Петко и сл. сме можеле не можат сите.
    Пооди во туѓи чевли па седни напиши.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Pa8la и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    32.286
    Пол:
    Женски
    Браво за напишаново, и јас тоа велам, кога ќе ги облечат моите чевли, кога ќе го изодат мојот пат, дури тогаш можат да ми судат.
    Само знаат "купете свое, одете под кирија", па ете може сакаат додека купат свое да не даваат пари по кирии и да седат таму, и тоа не им дава за право на свекрвите снаите да им бидат слугинки. Не знам како и под кирија, и да собереш пари за учество за стан, и да земеш кредит.
    И кредит и кирија да плаќаш.
    Забораваат дека живееме во Македонија. И никој не им ја знае ситуацијата, не дај Боже да се најдат во некоја таква ситуација, некои имаат болни деца па сите пари одат по болници, очигледно не знаат како е да се дава пари по болници, некои даваат пари за нешто друго. А тие што се мешаат, ако сакаш и на Марс качи се пак ќе се мешаат. И сега знам што следува "каде е мажот".
    Па родители му се, какви сака нека се, не може да ги утепа. Што да им прават кога не разбираат некои.
    Им се паднала добра свекрва, па затоа вака скокаат на секое, уште не знаат што значи лоша свекрва.
     
    На Mnik, Pa8la и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.761
    Пол:
    Женски
    Јас прашав каде е сопругот, ама почнаа да исмеваат и да го бранат мажето. Зошто еве тој не го фрли ѓубрето? Зошто на мајка му не каже да го фрли таа? Ама најлесно е да кажеш свекрвата не го фрла. Ако тој до тебе не деле обврски, мислиш свекрвата ќе го направи тоа?

    Ај доста си ги бранете мажите. Најпрво он треба да ве почитуваат, со него треба обврски да делете, од него треба да очекувате а не од свекрвата. Значи вие исти сте како неа, она од вас очекува,вие од неа. И така во круг. Само вие и свекрва дома чистите, готвите, ѓубре фрлате. Зошто мажот не го направе тоа?
    Не мора да кажете, знам на сите вашите мажи ви се на службен пат, многу работат по цели денови итн итн. Веќе видена приказна
     
    Последна измена од модератор: 29 декември 2023
    На Сандра_мил, Mumoftwo30, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    13.276
    Ма ајде бре, на Марс ќе се мешале. Вие така си дозволувате, па си се тешите. И мажот ви е највиновен. Кажав и претходно, штом дозволува жената да му се нервира, тој не е маж, туку мамин син недоделкан.
     
    На Сандра_мил, Mumoftwo30, Malesia и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    32.286
    Пол:
    Женски
    Епа еве мм им кажува, не разбираат, да ги утепа ли?
    И не, не сме дозволиле, нема разбирачка, не ви се паднале неразбрани затоа не верувате.
    И мм е од моја страна, и тие знаат дека не треба да се нервирам овој период. Еве не се жалам значи, само се надоврзувам на мислењето, вчера му се јавила на мм и глупости му зборела, тој и се развикал и и спуштил, ова додека бил на работа, јас не му вртам додека е на работа ако не е итно.
    Потоа ми пишува мене дека не и кренав дека јас сум го набуцкала мм, кога дојде од работа и се јави лом ја направи, сабајле пред да оди на работа пак му вртеше не и крена, по твое што треба да и направи, да ја утепа ли? Сепак мајка му е.
    Таа ако е свесна нема да го нервира син и, не и е гајле за синот, не па за снаата ќе и гајле, и знае сега каде одиме и што правиме, и дека не треба да се нервираме, и мм ми вели да не се нервирам за глупости, да не ги слушам, да си терам по мое.
    И не, не се жалам ниту барам совет, само доловува ситуација колку замараат. А тоа што пишав по твое што да направи, онака, не мора да одговориш. И сега не мора да го сфаќате Марс буквално, сигурно нема да одиме таму хаха.
    И воопшто мм не е мамин син.
     
    На *Amethyst* и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. emiliana

    emiliana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    41.044
    Пол:
    Женски
    @Anyshka искрено мислам дека би требало скроз да прекинете контакт со нив, барем на некое време. Нека им каже маж ти дека нема да идете и да кревате слушалка додека не почнат да ве почитуваат. Око да не ви трепне, нека е родител, нека е кој сака.
    Вака ќе тераат се додека им дозволувате и ќе ви ги тестираат нервите. Скроз пресечи па ќе видиш како ќе биде. Со некои луѓе за жал не може поинаку. Ама најбитни сте вие двајца и борбата што ја водите да ја завршите со успех. Верувај, ја така би играла небитно кој е во прашање.
    Мирот дома ми е најбитен, се друго можам да тргнам настрана.
    Ќе боли може за свој родител, ама зарем вака не боли кога тој те повредува?
     
    На *Amethyst*, Miss666, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    32.286
    Пол:
    Женски
    Па тоа велам и јас, не мајка, што сака нека ми биде ако е безобразна ќе прекинам контакт, ама тука се светици веднаш рипаат немало ништо лошо да одиме секој викенд, родители му биле, какви се тие родители што си го нервираат синот.
    Сега јас не знам главата кај ми е ќе одам по патиштата, ај да живеат блиску ок, па и тогаш не би оделе секој викенд, секој втор, кога ќе можеме. Колку само знам што прекинале секаков контакт со родители, браќа/сестри. Значи ако ми се родители на глава да ми се качат, истово важи и за мајка ми.
    И од реченицата "каде е маж ви" коса ми се крева, ете и кажал што треба, веднаш помислила јас сум го набуцкала, што сака нека мисли.
    Ќе одат господата во Германија за празнициве кај роднини, и раат.
     
    На *Amethyst* и emiliana им се допаѓа ова.
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    3.577
    Пол:
    Женски
    Пишав дека истото важи ( мислењето мое) и за останатите членови.
    Е сега јас не знам кај е маж и, вајда чим не го спомна сигурно фрла ѓубре, ама муабетот беше за инаетот на свекрвата.
    Може и свекорот нема проблем со фрлање ѓубре, па не ги спомна. Не знам. Еве ако сакаш ќе се потрудам да ја најдам која беше што пиша па да ти објасни кај е маж и.
    Може?
     
    На *Amethyst*, Pa8la, princess02 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Живееме во зедница мм ,јас ,дете 3г и свекрва ми. Лани имавме доста проблеми и кавги главно заради неа
    Демек ни помагаше за детето кога е болно или да ја земе порано од градинка да не останува во последните , праеше ручек (затоа шо не сака да јаде од мене ,изговори ја болел желудник од ,,модерните " јадења ) ама се низ нос извадено. Јас најлоша мајка на свет ,не знам да ја облечам ја разболувам и сл. Ќе го набуцкаше мм додека сум на работа (имаше операција и беше на боледување он ) за јас ко ќе си дојдам да ме пречека со желба да ме тепа ,немав кај да одам детето беше мало моите се далеку. Се закануваше дека веќе нема да ја видам ќерка ми... буквално еднаш сакаше да ме удри додека беше детето кај мене во раце истрпив се тоа ,секако у меѓувреме правев план како ќе избегам од таму но еднаш на посмирено му кажав дека следен пат нема да ја спуштам топката туку ќе идам до крај ,да видиме на насилник дали ќе му додели некој дете од тогаш имаше уште еден обид. Само му реков пак ли почнуваш и се запре излезе се врати по 10 мин и толку беше ,тоа беше мај месец лани. За ова од пошироката фамилија никој не знаеше ништо,а свекрва ми никад не изреагира. Не е можно да не слушала . Во скоро золва ми збореше со нас и кажав некои работи , мм како да му се уклучи кликерот ,следното расправање неа и спиштил до тепање (што не ми се допаѓа но едноставно нема друг начин ) од тогаш таа стана полоша почна нас да ни збори дека секоја вечер сме се карале полиции ќе ни викала и слични глупости што сега не е точно како што кажав од мај не сме се скарале воопшто.На ќерка ми не знам што и збори ама детето смени понашање сосема. Само плаче и прашува дали ја сакам... колку и да не сакам да мислам дека таа и зборела така не можам.
    Знам дека ќе кажете идете под кирија, ама не сака мм зошто премногу вложил тука...
    Ме мачи исто тоа шо додека стварно имавме проблеми меѓу нас никогаш баш никогаш не изреагира за да сега ги халуцинира истите...
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.761
    Пол:
    Женски
    Зошто толку иронија? Еве нека тера и она инат и нека не го фрла ѓубрето. Нека ставе посебно канта за нив. На таквите само така. Не можеш на некој да бидеш слугинка. Ама кога гледаш дека не бива, ќе си бараш решение. Заедно со маж ти секако. Со него си во брак
     
  12. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    12.101
    Пол:
    Женски
    Има ли можност детето да не останува насамо со неа? Од градинка да ја земате ти или таткото, што ако остане последна?
    Јас на ваква вампирка дете не би оставила. Не ме чуди да и зборела дека ти не ја сакаш.
     
    На 1209, Mumoftwo30, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.761
    Пол:
    Женски
    Не го оставај детето на само со неа ниту минутка. Сигурно ѝ зборе лоши работи за тебе штом така реагира. Подобро во градинка да е, отколку да и зборува неубави работи за тебе
     
    На *Amethyst*, 1209, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    718
    Пол:
    Женски
    Маж ми е по цели денови на работа ноќе во 7 се враќа и да он го фрла кога не можам јас. Јас не се жалам за фрлање ѓубре туку тоа што она кажува самата колку е одвратна она можела се да прави ама не сакала од инат, а за што инат прашај ја ни самата не знае. Се жали секој ден како живеела она со свекрвата што и правела а она дупло полошо прави и маж ми и го плеска тоа еднаш и рече за да си сфати убаво дека на стари години нејзе никој нема да ја гледа од што е таква одвратна и пак си тера по свое
     
    На *Amethyst*, Mumoftwo30, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.173
    Допаѓања:
    32.286
    Пол:
    Женски
    Сите се фатиа за ѓубрето, а ти го пиша како пример, ете и за Марс се фатија, се буквалисти.
    Ајде важно кифлите и питите завршија, се замесиа, се изедоа.
     
    На *Amethyst* и Pa8la им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.287
    Допаѓања:
    19.513
    Пол:
    Женски
    На балканов е табу тема прекинување секаков контакт со токсични родители. Дур сме тука ( во нивна куќа) заради децата не можам да ги заклучам да не идат доле кај нив, мора да контактирам. Го чекам денот кога ќе си заминеме ги бришам од список на живи, буквално како да не постојат. Тоа и маж ми ми го има кажано. Што си сееле сиве овие години ќе си жнеат на крај. Маж ми многу пати уз муабет или кога ќе се скараат им го кажал тоа, ама они за инает продолжуваат. Не сваќаат дека во старост ќе нема кој да ги погледне дали се живи, истото и деверов ни го има кажано за јатрвава муабет да не правам што има од нив доживеано. Од двајца синови ќе останат без ниеден заради нивната глупавост, лошотилок и неразбраност.
     
    На *Amethyst*, IRBBB, Zumbulche и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Не сум допишала ,од последната кавга (неделата ) мм и кажа дека веќе нема шо да ја зема ќерката и дека и е забрането да и збори и малата да иде таму ама заедница е ја кога ќе отидам до тоалет малата оди таму и не сакам преку неа да се препукуваме ама изгледа ќе мора. Пишав у друга тема што се случува со детето од тогаш...
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    12.101
    Пол:
    Женски
    Прочитав затоа и ти пишав да не бидат сами никако. Во тоалет колку време ќе се задржиш, сигурно не доволно за дотичната да направи проблем. За такво нешто доколку е вистина, да ми го врти детето против мене би ја ишамарала без око да ми трепне.
    А ти периодов остави се друго и малку повеќе време поминувај со детето во смисла играјте заедно и правете си муабет, децата така се отвараат и зближуваат, може и ќе ти каже каде е проблемот ако се случило нешто. Користи шанси да ја гушкаш повеќе и да и кажуваш дека ја сакаш, шетајте, идете во игротека, слаткара, направи и да и биде убаво со тебе и да сака да поминува време со тебе, а не со бабиштето. Не викам дека не го правиш тоа, само гледај да бидеш посветена повеќе на нејзе зашто тие години се доста критични кај што осознаваат повеќе, размислуваат логички, манипулираат, тестираат граници.
     
    На *Amethyst*, IRBBB, VDT2906 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    5.856
    Чекај малце, не знам дали добро разбирам. Значи маж ти неколку пати кога сте се карале, тргнал да те тепа, ама сега од мај досега се потсмирил, па тоа веќе не важи, золвата и свекрвата се проблемот???
    Не велам дека не се, можеби се, ама што е со мажот, па уште не се селиме оти тој вложил во спратот?! Како демек многу важно е што тој вложил или сакал покрај ова другото?!?!
     
    На Сандра_мил, Mumoftwo30, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.761
    Пол:
    Женски
    Кај пиша жената дека золвата е проблемот?
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.