Нејасно ми беше, дека пишуваше се карал маж ѝ со золва ѝ, па станала полоша, грешно сфатив. Мислам, во случајот не ми е ни важен тој момент искрено, ова другото со маж ѝ полошо го сфатив..
Така било до мај лани. Од тогаш се смирил. Скоро правеле муабет со золвата за нив и мажот при следната кавга со мајка му ја истепал мајка му.
Грешка си, мажето твое е виновно. (иронично). Не сфаќаат дека има неразбрани, и мм вчера и кажал се и и исклучил, ми кажа и за денес ќе им се јавел, ќе ги отерал кај што не треба. Мои не би трпела ако се токсични, не некоја си свекрва и свекор, зошто? А да, биле родители на мм, па што ако се, како што пиша, кој што си сеел тоа ќе си жнее, ај си реков родители му се сум ги почитувала, ама нее, толку. Аха и ова, и мајка ми ако е таква јас не би ја почитувала, што има па мм.
Не викам дека мм не бил проблем нигде имам пишано праев план како да избегам и тој план си лебди у позадина секако. Но тој се смени увиде кај е проблемот после разговорот со золва ми како трето лице . Со мајка му се караше. Не ја тепал туку и се заканил како мене што ми се закануваше илити се скарале поостро. Да ,никогаш не ме удрил бидејќи спуштав топка.
Пак ќе кажам никогаш и никаде не го оправдав напротив свесна сум дека и неговото не е во ред и сум со резерва према него. Напоменав само дека од мај наваму не се случило такво нешто бидејќи ни мене не ми беше верно дека може да се сменил па ајде да видам и други мислења ,она за кое што првенствено пишав беше за да прочитам и други мислења во однос на нејзиното однесување. Зошто кога стварно се случуваше тоа она никад ни со арно не праша шо е проблемот ни со лошо. Нејсе ,фала ви и на толку. Ти благодарам на советите секако многу сме поврзани дури некогаш мислам дали е ок не сакам па без мене ништо да не прави (а така е моментално) ама нека биде некое време и така подобро отколку да има некој шанси да и го полни главчето. Секако постојано ја гушкам и и кажувам дека ја сакам најмногу и пред ова ,но не знам шо се случува сега стварно. Мислев дека само до мене е што мислам дека и зборела пошо секако дека сум субјективна но чим и некој од страна го вели истото значи тоа е...
Може не е до неа, ни до тебе, им текнуваат на децата секакви глупости и прашања ама пак овој период биди претпазлива чисто ради детето да не има некои бубачки во глава.
Ти да не си случајно свекрва или на пат да станеш свекрва? Пошто нон стоп ги браниш свекрвите. Една жена ако е мајка во вистинска смисла на зборот сама ќе знае до каде може да оди, нема да има потреба синот да поставува граници на возрасна жена да ја учи што треба како треба. Ама по муабетиве тие не се баш мајки како што треба не е работава само што ги родиле, доволна е една почит меѓу снаата и свекрвата. Како да ги почитуваат свекрвите ако прават буцки во бракот пикаат нос каде што не им е место? И во вакви ситуации доаѓа до моментот каде синовите си ги избегнуваат сопствените мајки ради нивно понашање, ама пак снаите им се криви за тоа. И да бракот со принцезите како што си ги нарекла погоре во постот не значи дека треба мајка му да ја избрише од земјата, ама бракот значи дека треба живот да дели со принцезата. И приоритет да му биде таа и децата. А не мама да го пика носот секаде само дека е мама. Не се сите мажи мамини синчиња. И затоа ако сакаат да останат со синот во добти односи треба да ја почитуваат жената што ја избрал за сопатник. А овде се што читам што прават свекрвите баш напротив п нема од почит и накрај снаите криви. Ајде бе.
Снаите треба да ги почитуваат свекрвите поради мажот, а свекрвите снаите што не ги почитуваат тоа не е ништо. Или е свекрва или е на пат да стане свекрва, тешко на снаата со ваква свекрва. Сигурно го направила мамино синче, му вели " жени можеш да најдеш 100, ама мајка е една".
На секоја жена, поточно сопруга би и сметало тоа. Така да или ќе се смени, или ќе се разведе од него. Лесно е да дискутираш вака од страна за нешто што не си го осетил на кожа. Почит за туѓите? За кои, за тие што не постојат? Пошто овде се што читам е каде што секаде пикаат нос каде што не им е место. Не гледам за какви граници збориш. Можеби непостоечки.
Ептен ги сакаат хаха, која љубов, само почитување и тоа ако заслужиле, важи и за мајка и за свекрва, знам дека има и напорни мајки не само свекрви, и повеќе се мешаат и си го пикаат носот кај што не треба.