@baby-star Бејби, потпишувам со две раце дека само што ќе започне бракот на синот( ќерка) стануваат вампири.
Со оглед на тоа колку се пишува таму, се гледа колку има добри свекрви ни снаи ни свекрви нема добри.
Зошто скоро секогаш проблемите потекнуваат од родителите на мажот, односно од свекор и/или свекрва? Дали е до родителите на машко дете или мажите се многу "меки" со родителите?
Зашто мажите многу им дозволуваат, став немаат, им попуштаат, се плашат од нив па уште ако се зависни од родителите, толку е. Колку и да се терсене старите, синчето нивно ако им постави ултиматум и знае да се понаша ко возрасен маж, ќе се преиспитаат они и нема да им е сеедно ама се дур се попушта и толерира ќе се силат.
Зошто синот треба воопшто да се пази од нив? Еве ако знаат веќе дека синот нема да сака "да ги погази", која е потребата да му прават проблем со жената? Зошто своето чедо си го ставаат во таква гадна ситуација? Језиво е многу. И психопатски.
Абе затоа збориме за терсене па и за злобни и себични особи. Добра, фина личност која е прав родител, зарем би си дозволила сплетки да прави во бракот на своето најмило? Такви луѓе се едноставно. Како викаат, до 12 другите ги мразат, после 12 себе. Ги има многу за жал.
Е тоа ми е нејасно. Зошто тие фини се родителите на жената, секогаш ќутат за доброто на своето дете, а овие се родителите на мажот!? Од 10 вакви случаеви, во 8 родителите на мажот се криви. Стварно ми е нејасно.
Истите тие свекрви што се мешаат во бракот на синот, во бракот на ќерката не смеат, за доброто на ќере, а снаата е туѓа, на улица најдена.
Побитни ваљда се замишљаат, нели пошо невеста добиле, син ожениле, арсланот, јунакот нивен. А и некои мајки нели малце поише ко да љубоморат на снаата, тешко им е синчето да го делат па место да смислат нешто порационално и да напраат мир и спокој они одбираат негативата да ја истураат врз цело семејство со константни драми и кавги. Толку им сече.
... Само ум да ни дава господ. Му кажав на маж ми, ако примети нешто да им правам на децата, нека ме утепа.
Оти најголем процент од заедниците се со свекор и свекрва. Ако се во заедница со родителите на сопругата, поверојатно е со нејзините родители да имаат проблеми. Најарни свекрви и снаи се тие шо не живееле заедно ни една минута.
Нема врска убаво кажа членката погоре, се е до личноста дали е прав родител или не а тука во македонија има многу нарцисоидни личности, себични такви се и тие родители што прават проблеми во брак. Јас знам примери од братучетки како живеат со свекор свекрва и им е многу убаво како ќерки ги гледаат.
Обично ваквите свекрви кој пикаат нос во све се незадоволни од сопствениот брак. Тие не си го живееле животот како сакале и бракот не им бил како они што сакале. Еве мојава свекорот ни кога биле млади не ја есапел нити па сега ( мада оваа како што зборат лоша била му има растурено врска предходно на свекоров) и љубоморна и посесивна е и ден денес на 60+ години. Се гледа дека не се од љубов земени. Добиле синови и оваа сето внимание што не го добила од маж и го врти кон синовите. Синовите се женат мама не е веќе приоритет и се извештерува и меша во све се со цел она главна да биде и да се осети повторно битна. И секако снаата е крива и го земала синот, малце одвратно е и не разбираат дека љубов према мајка и жена е сосем различна.