Секој што си се одвоил и живее на друго место треба таму да си го крши лепчето. Ај првата година за да не искочи одма лоша снаата можеби може да се попушти, ама за понатаму се пресекува и точка, посебен дом, посебна фамилија, животот тече понатаму.
Снајка треба да им нацрта на секој поединечно. (Па и на мажот, и он така не гледа на работите) Кои нервози ги јадеме за таквите неразбрани. На мојата па на божиќ и е роденден. Сакала со нас да биде. Лани маж ми беше на работа, овие дојдоа со нас да биле. Се тоа во ред ќе речеш и они се луѓе (Иако не заслужуваат). Ама јас и дете си бевме на слава после пладне до вечер кај моите, се враќам во 9 да оставам дете ми заспа во колата. Оваа од инат земала крпи брише подови (На божиќ). Оваа година се надевам помирно ќе ми е.
Tочно, јас знам многу што живеат кај родителите на снаата и не се мешаат, секој си е посебно семејство, иако се во иста куќа ретко и се гледаат, свекрвите сакаат се до нив да седиме, ќе ги думкаме, и да, до личноста е. Познавам и што живеат во различни градови, па и држави, па свекрвите пак го пикаат носот кај што не треба. Точно, па и на посебен спрат да живеат ако се одвоени со се, ние првите 2 години така заедно, потоа се бунеа кога сакавме сами, па прво се симнувавме кај нив, па горе, и за тоа се бунеа зошто посебно, иста куќа сме биле, полани и лани не бевме во мкд среќа, и оваа година отидоа Германија кај роднини, а мене тука ќе ми кажуваат адети за Бадник не се одело нигде, а тие отидоа. Еве сега сме кај мајка ми, иако е сама, планирам дома, си имаме спрат, да беа тука и да останевме за Бадник тука ќе се бунеа, фала му на Господ што не се тука, раат да си бидам за празниците.
Еве мојата живее посебно, ама се нема мир. И точно е дека тука и мажите играат улога, ама јас стварно не гледам решение. Тешко маж ми (Со убаво пробува, со лошо. ЏАБЕ е луѓе нема никаква граница. )
Тој што си е така навикнат и на Марс да се качите ќе се меша (светиците да не го сфаќаат Марс буквално), и ме нервираат со муабетите дека така сме им дозволиле, мажот е виновен, треба да им постави граница, како што пиша едно членка ако треба граница да им поставува налет, треба сами да се свесни, и мм проба секако, џабе, сега не им ни крева, упорно вртат.
Анушке од секогаш те разбирам жено. @VDT2906 последниот пост треба да стои на чело на темава. Кој разбрал разбрал, кој не стварно немал прроблем со свекрва.
Затоа што овде владее тоа балканско размислување. Женско дете, туѓа куќа. Односно женското дека више има нова фамилија. И овие што имаат синови мислат дека они се главни за се, поглавни отколку женската страна. Ехе колку муабети сум слушала дека внучињата повеќе требало да ги сакаат бабата и дедото по таткото и сл. И затоа секаде се застапени ова свекрвиве. Плус ако е некоја себична егоиста како мојава што гледа само за г*от свој ,битно неа да и биде се ок за другите не е битно. И ете проблеми.
Ќе пишам пак, со ризик да бидам погрешно сфатена. Не кревај, едноставно не и кревај слушалка. Ако те праша зошто, кажи и не сакам да зборам толку на телефон, уморна сум, не ми беше денот, си имам мои проблеми и обврски… Ќе ти пишам еден пример, па сфати ме како сакаш. Ни ние, ни јатрва ми и маж и не живееме со свекрва. Е сега, таа е ултра досадна жена, исто како што пишувате сака секој викенд ручеци, секој ден кафиња, слушање секој ден. Ѕвони додека не и кренам, милион пати може да заѕвони. Разликата е што јатрва ми ако не и крене им оди на врата, исто беше и со мене, ми се појавуваше ненајавено многу често. И јас вака како тебе пишував тука, се нервирав ама ставив крај на тоа, сега не ми ѕвони, не ми доаѓа, за гости ми се најавува една недела претходно. Еве вчера се слушнавме да не викне на гости во понеделник и вака ми е ок. Ја оддалечив скроз, не и правам многу муабет, не споделувам ништо, и дадов до знаење дека не сакам близина. После некое време си сфати и се прибра. Маж ми на многу полоши начини пробуваше ама таа си е досадна и џабе беше додека јас не почнав ладно да се однесувам. Сега дури толку не се слушаме и гледаме што јас добивам желба да и се јавам
Или како мојава она е секаде најбитна и кај ќерка и кај син (најбитна баба). Јас немам некој у мое опркужување што си ги сакал поише бабата и дедото од таткото отколку на мајката
Јас Баба ми по мајка не можам да ја поднесам, ја гледам од погреб на погреб. Таа беше главната баба кај син и, мајка ми не постоеше, а ние па внуците ич. Пошо главни се внуците од синот, барем за неа.
Оваа мојава па ни од ќерка. (Таму па зетот, сватовите се за нигде) Она сите ги превоспитува. Лошо воспитани биле
Да точно, а табу тема ба Балканов е и на 30 години со свое семејство да се отселиш од домот на мама и тато, а тоа страшно ме иритира.
Верувале или не, родителите на мм,откако го убедив да си купиме плац (5 км од нив),нон стоп збореа дека сум им го земала синот.Откако ги поврзав сите работи, сите проблеми ,сплетки, почнаа од тогаш.Сакаа да бидат куќа до куќа. Затоа и му го пераа паметот за моите.Замислете ѕида со татко ми(го гледал од корист),само за моите да се повлечат,и нон стоп викаа аа ќе направите,така се правело. Од свадбата наша не земаа ниту една слика.Се издаде свеки пред некое време...јас не мислев дека ќе си отидете.А куќата се праеше три години. Злоботиии од луѓе.Ќе ни го расипеа бракот,зашто не е по нивно. А најголемата трагедија е што татко му на мм е домазет.
Истото и ние дека седиме сега Скопје, знае свекор ми да пререче "што има толку интересно во Скопје да дојдам и јас", цинично. И тоа неколку пати, завчера бев сама таму, да си земам некои работи, си седев горе, ме викнаа доле, и пред да си одам се симнав, ај нема смисла, да не испадне дека бегам, за 10-15 мин. главата ми ја пукнаа, и повторно со муабетот "што има во Скопје, дојдете тука", на тоа му одговорив дека се има и си имаме свои обврски. И не, не се жалам, ниту барам, совет, се надоврзав на мислењето.
Да ти кажам искрено го жалам маж ти што има вакви родители. Како велат другар можеш сам да бираш ама семејството не можеш. Цел живот да растеш со вакви луѓе, ете и понатаму во животот се одразува нивното понашање. Во смисла се оженил ама они се тие истите на 50,60+ тешко дека ќе се сменат. Знам може и контакт да прекине и се. Ама сигурна сум дека секој од нас длабоко во себе сака да има нормални родители и нормални односи со нив.
Абе ова свекориве само мозок им претекува. Чим имаат толку вишок нека споделат нешто паметно, а не простотилаци и провокации.
Како би постапиле ако свекрва ви сака да отидете кај нејзе дома (живее во истото маало) да и направите фризура за Нова Година навечер исклучиво после 6 саатот (неќе дента да и ја направам фризурата)? А знаете дека ако ја одбиете ќе се налути пошто немате валидна причина за да ја одбиете освен тоа што ве нервира тајмингот што мора баш тогаш да и текне? Дали го сметате тоа како непочит спрема вашето време и планови или не е ништо посебно па би отишеле и би и направиле фризура и би си се вратиле дома и никому ништо? Не знам дали претерувам и дали сум себично створење, или па со право превртувам очи и се туфкам. Пошто фактички имам време и онака не одиме нигде дома сме, може само на кратко надвор накај 11, ама сепак мене ми се присра кога ми кажа да и правам фризура за вечерта.