Ти имав и претходно пишано со неа само гледање за роденден,Божиќ и Велигден.Комуникација на пораки само да ја прашате како е и да и пишете дека сте добри. Не и оди по кејфот ако и текне да ви рече ај да одиме на Марс таму ќе ја носите?Сигурно не.Затоа те советував и претходно и сега колку повеќе и ги исполнуваш желбите толку повеќе ќе ви досадува.Еве кај нас трет ден по ред сите што дојдоа жени се и што сега готово ќе банкротираме,така беше и лани и пред 2,3,4 години.На страна 2035 од темава бараше совет ти пишав секаков контакт да намалите со неа,посебно ти ајде маж ти сепак и е дете.Претерува свекрва ти искрено. И да ти рече дојдете, а добро речи ќе дојдеме и после еден саат ќе и речеш си имам работа,ми се јави пријателка,се брзам да одам на едно место да види дека е во втор план,да види дека не се врти светот околу неа.За фризурава си можела да и речеш леле извини имам закажано за нокти,фризура,на роденден сум,не сум тука следен пат ќе ти направам а следен пат нема да има.Еве што ти имав пишано.
Дефинитивно си во право. И тоа како почнав да ја игнорирам, еве затоа се љути сега зошто гледа ја избегавам и игнорирам. Сватив дека треба уште дур е рано, на време да ѝ поставам граници. Маж ми очигледно премногу ја има толерирано од што му е жал за нејзе ради што во последниве 6 години доживеала развод, болест и сега и тој самиот сваќа и ми кажа дека ги користи овие нејзини страдања за да ја гледаме како жртва и да и угодуваме. Ама мало морген, јас во дупло пократок живот од нејзиниот што сѐ немам доживеано, па никој не ни знае и не се правам жртва и да го користам тоа за да добивам екстра внимание. Разгалена е до даска. Сега колку сака нека се љути, па ако сака ни до наредната нова година нека не ми збори уште поубаво за мене, ми одговара.
Ве читам и се пронаоѓам со една од вас,исто на нас ни беше прва нова година во брак и мојава запна ако не сме иделе веќе нигде да не сме седеле дома туку кај неа да сме ја дочекале новата година,истото му го кажав и јас на мм,јас не одам а ти ако сакаш оди па дочекај си со нив нова година,среќа па мојов не им иде по желбите туку строго само тоа што сме се договориле ние па не им отиде,утредента му се јави зошто не сме отишле и зошто сме седеле сами дома нели ни било досадно,додека на маж ми не му пукна филмот па и рече не мамо со жена ми у кревет не ми е досадно
Во почеток многу молчев,но сега за ништо не им се замарам бидејќи имам беспрекорна подршка од мажот,сакаат светот да се врти околу нив,исти се и свекорот и свекрвата,само гледаат нешто да исцрпат од нас,а си имаат и син што живее со нив и ќерка што си има добра работа ама не ние сме тие што требало да им помагаме иако сме оставени од прв ден без ниту еден подарок ниту помош при вклучување на брак.
Знам дека вака повремено ве канам на рандом теми за дискусија така да тука збораме за boy mums и паралелата на врските денес кај свекрвата со синот и мислев дека оваа покана е соодветна тука. Спојлер Ова е како дебатен клуб и секоја недела имаме нова тема која ја гласаме од низа предложени теми, и теми кои можи и вие да ги предложите тука. Најчесто мотив се теми кои се секојдневни ама кои онлајн светот ги пренагласува и ескалира.
Свашта, колку години има госпоѓата? Јас би ја прашала директно зошто ги превртува ама ти пошо си направила профил за да го прашаш ова сигурно избегнуваш конфликт. Така да, не и се обраќај веќе.
Ќе ја игнорирам,па колку сака нека си превртува очи.Таа нека си превртува очи јас по мое ќе си терам.
Од искуство да ви кажам, првите 2-3 години од бракот се тие тегавици снаи-свекрви, после тоа во 90% од случаите снаите победуваат.
Додека една не си легне на брашното Јас мислам победува таа што прва ќе крене раце и ќе сфати дека нема поента да се расправаш
Тука е битно машкото на чива страна тежнее, дали ќе остави мајката да го тегне за нос по нејзино или ќе си влече кон семејството и новиот дом. А машко како машко, крени му нозе и заборава на мајка, татко, брат...
Моево машко праведно било од секогаш ама после некое време не беше битно он што мисли, војната меѓу нас си беше, се додека јас не си подцртав линија. Минато се кај мене проблемите со свеки, си го знае местото сега, јас за разонода сум во темава
И јас за разонода сум во темава, одамна го пројдов тој дел иако сум немала ни тогаш никакви проблеми.
Скоро 50 години а се понаша како тинејџерка. Било што да кажам на пример сеа трескам : " Од мое искуство тоа брашно најдобро се покажа" - не одговара ништо ќути ко муле и превртува очи сеа си трескам нешто не беше тоа муабетот кога преврте очи ама и за такви банални работи би превртила. Општо за било што јас кога ќе речам нешто нејзината реакција е таа. Дај боже. Не можам више да издржам
Нема да ѝ се обратам повторно, за да не си ги преврти ептен очите де, да не ја заболат од многу превртување