Никогаш не сум спиела со баба и дедо, и мене не ми е јасно. Ок да се гледаат, внуци им се, ама и да спијат со баба и дедо?
Немам деца се уште, но вистина не ве разбирам.. зошто да не спие со баба и дедо? По ова што читам има доста опсесивни мајки (не зборувам за тебе, тебе само те цитирам за претходново). Јас имам спиено со баба и со дедо и ден денес паметам и ми е убаво, вистина никако не можам да разберам, дури и жално е
Не знам, можеби затоа што ние сме родители и ние сакаме додека се мали тие моменти да ги поминеме со нив. Сега зарем треба да правиме ќејфови на други? И да си скратуваме од нашите моменти. Еднаш се олку мали. Ќе пораснат, после сами ќе спијат. Еднаш една членка пиша не ми текнува која беше, дека може да им го остави да играат и се тоа со внучето ама за спиење, сака да си заспива и да се буди до своето дете. Исто и јас. Едит: таа членка мислам дека беше ти. @MilaSs12
Па кој вика секој ден да спијат со баба и дедо? Повремено еве нека е, нема ништо лошо во тоа, не претерувајте сега и вие. Децата имаат потреба и од баба и дедо, една љубов пружаат родителите која секако е безусловна, а сосема друга бабата и дедото. Проблем е веќе ако старите почнат да го искористуваат тоа за други цели, но додека е во нормални граници не гледам зашто би се бунеле и не треба да ви е чудно.
Па некои пишуваа дека бабите и дедовците си го направиле своето и не се должни да чуваат внуци, сега па да спиеле заедно. Си имаат мајка и татко, баби и дедовци може да ги причуваат ако сакаат. Тие си го поминале своето. Имаат потреба од баба и дедо, но не и да спијат со нив. Никогаш не сум спиела, не дека моите не дозволувале, не знам зошто, па ни бабите не побарале, со едната живеевме во ист двор.
Ама ништо лошо нема во тоа. Зборам ако сакаат секако старите па и децата ако изразат желба, ако им годи. Некои и не сакаат, со сила нормално не може да се тераат.
Сериозна си? Па ние зборувавме за такво спиење. Каде децата треба со баба и дедо да спијат. А мама и тато на спална кхм,кхм да се шират де глупости во боја. Сигурно ќе им ја оставам јас ќерка ми со нив веќе да спие. Тие така ако правеле не значи дека е правилно. И јас дека така ќе правам. Сега значи ние да раѓаме деца ама да не спијат со нас зошто бабите и дедовците сакаат со нив да спијат. А нас кој не врти, ние што сакаме?
Реков повремено, не да биде тоа напињање да мора да се спие и да мрчат ако се противиш туку со договор. Не знам што е трагично толку у две недели еднаш да го остаиш на спиење кај нив ама вие си знаете секако, кој смее да ви кажува. И полека без нервози.
Ти реплицираше,ама погрешно очигледно си го сфатила прашањето. Јас убаво напишав која е потребата да спијат со баба и дедо наместо со мама и тато. Не се мислеше на повремено. Туку како порано што спиеле децата со бабите и дедовците, родителите сами на спална. Нема никаква нервоза само си кажувам дека стариве имаат преголеми очекувања, мислат дека само они се битни што сакаат сега ако сакаат они да спијат внуците со нив и мора така. А родителите за што се уствари, само детето да го направат. Детето треба да си спие со родителите, тоа е мојот став.
Секој си знае, јас кога би имала дете може да се гледа со баба и дедо, но не и да спие. Тоа си е мое мислење, си има детето родители.
Погрешно те сфатив, ок. Мислев воопшто нејќете да спијат со нив, ниту на еден ден. Ако барале некои секој ден да спијат со нив тоа не е во ред веќе и не знам кој спиел така, колку што знам додека е бебе си спие во иста соба со родителите во креветче или посебна соба ако имаат услови. Ама викаш ете имало и такви.
Да, за нив ги раѓале. Си имале деца, си спиеле со нив кога требало. Дај им прст, цела рака ќе ти ја земат. Еднаш ако спие, толку е.
Јас не сум мајка, па не гледам потреба детето да спие во иста соба со дедото и бабата кога и родителите му се таму. Да не се, ај. Само може ќе се плаши, подруго ќе е да има некој до него.
Јас не сакам воопшто да спијат со баба и дедо. Со на мм затоа што хигиената им е на најниско ниво! А со моите да не се лути маж ми. А и не гледам потреба. (Ова вака најискрено ми излета) Да против сум со стари луѓе и бебиња, деца. И спиење и чување. 60+ години нив треба некој да ги чува. Барем еве кај нас е така! Брзо остарени и свекор и свекрва.
Сум седела спиела кај баба и дедо кога веќе пораснав, ама во друга соба, во нивната куќа, а не со баба и дедо во ист кревет. Како помала имав период кај што сакав пред спиење дедо ми да ми чита сликовници или раскажува приказна ама толку се завршувало тука. После или си одев во соба со родителите или ако дедо ми бил влезен во собата на моите, па тука да си заспијам јас, тој да си излези. Е сега за моето дете, ако ептен се погоди да сме отсутни цела ноќ, ќе разгледам опција како би се организирала со детото. Домашните баба и дедо, се постари, со повеќе болести, често се случува и терапија за спиење да земат, така да воопшто не ми се сигурна варијанта за чување бебе/дете цела ноќ. Се случило да имаме потреба и да сме дел од вечерта отсутни ама во тој случај им е кажано да заспијат бебе и да го користат креветчето во дневна, со тоа што после враќање, јас или двајцата продолжуваме со спиење во дневна со детето. Влегување во спална или пак свекор и свекрва да влезат и лежај на мојата спална со изговор детето, па по 3-4 часа јас на истото да легнам, ми е големо НЕ.
Го оставам на спиење кај баба, најчесто кога излегуваме навечер, бидејќи го оставам на чување. И ме гледам нешто страшно во тоа. Убаво и рекол, она што мисли дека со неа нема да е досадно Ќе и речам ако уште еднаш ми превртиш очи ќе ти ги извадам.
И мм се залета по тоа, демек одиме Мк да се одмориме малце, као да не одбиваме помош. Му викам коа си со дете нема одмор, тој филм заборави го во следниве 10 години, во ред преку ден да им го оставам на час-два, инцидентно ако треба нешто да се заврши, ама јас да шетам по кафиња, а некој друг да ми го чува бебето ( значи зборуваме за бебе, не дете ), нема шанси. Ние бевме Мк во септември, тогаш бебе имаше 4 месеци, и тогаш свекор ми викаше абе оставете го бебето и одете на шетање, или навечер ако се разбудеше и плачеше, му ѕвонеше на мм, демек донесете го, ние ќе го смириме. Важи, сигурно бебуш на 4 месеци плачеше оти му недостигаше свекор ми. Општо човекот си има некои фикс идеи, пример дека кога ќе потпорасне детево ќе го барало само него, ќе си го земал тој и ќе си шетале заедно по цело денови, или најоткачената идеја, дека ќе спие на долниот спрат, во поранешната детска соба на мм. Летото дури и кревет ќе нарачуваше, ќе ја спремаше собата. А ние си имаме посебен спрат во кој има посебна соба за детето. Немам против спиење со баби/дедовци повремено, секако кога детето ќе биде доволно возрасно за тоа. Јас бев многу блиска со моите баба и дедо, се сеќавам и дека имам преспивано со нив, ама ние живеевме во иста куќа, и што е најбитно, јас сама пројавував желба за тоа, никој не ме форсираше.