Нема ништо лошо во тоа детето да спие со бабите и дедовците. Има во тоа да спијат со бебе. Највеќе поради безбедност. Може во сон да го налегнат. Што не е случај со мајката, освен ако користи средства за смирување или алкохол. Така што, не е дека не треба да спијат со бебе од себични перичини, туку од безбедносни.
Прочитај го убаво првиот пост. А и ќерка ми уште нема ни година и пол,значи не е којзнае колку големо дете. А тој муабет го слушам многу одамна. Одоколу, не директно. И тоа од бабите на мм, пошто они си спиеле со нив за свеки и свекор сами да си спијат да имаат комфор нели. Не било тоа една вечер. Ако правеле они така, не значи дека е правилно. И не беше муабетот за еднаш, објаснив за какво спиење зборувам.
Што се објаснуваш, ако сметаш дека детето не треба да спие со баба и дедо ок, ти си одлучуваш, и тука се мешаат сега, прво во креветот на мажот и жената, сега во креветот на бебето/детето. Кој сака нека го пушти да спие со баба и дедо. Јас за распуст сум одела кај баба и дедо од на мајка ми страна, дека од друг град, сум одела и кај тетки, ама не сум спиела со нив, туку во друга соба, другиве баба и дедо ми беа тука, секој ден ги гледав. И мене не ми е јасно како во иста куќа на различни спратови бабите бараа внуците да спијат со нив. Друго е да го причуваат ако имате обврски па да заспие кај нив. Другарка кога и го оставаше детето на свекрва и или мајка и за да заврши некоја работа, се случувало да заспие детево, ама денски, и секогаш си го земаше и подоцна да било за дома да си спие. Од друга страна бабите не биле должни внуци да чуваат, сега па децата да спијат со нив. Како на некои што им е чудно што имало врска ако спие детето со баба, така на нас ни е чудно па да спие со баба.
Спојлер пред да се родат дечињата ,никогаш не замислував дека овие луѓе(моите и неговите) може да паднат на такво ниво,немаше никакво мешање ,супер однос,дури и премногу се опуштав да споделувам за нашиот живот дека сите ги осеќав блиски.Што е тоа во природата што ги тера овие луѓе,или се е поради рекла казала од рандом комшии,и недоволно надоградување на истите? Ќерка ми има 3 год,не би ја оставила да спие во ист кревет со баба и дедо,не па бебе од неколку месеци,имаат ми речено кога беше уште 5 месеци да сум ја оставила со нив, само ги прашав кој ќе ја надои кога ќе се разбуди 5-6 пати преку вечерта,или муабети од типот на ,а да си направите друго бебе, оваа на нас да ни го оставите ние да си го чуваме(знакче што се крсти,јас машина за бебиња),или пред сите роднини на маса,бебево е цело на мене,сите рандом комшивки така велат,а јас низ смеа па и сите пријателки на мајка ми велат цела е на неа,рандом комшивката ја познаваат ли мајка ми!? После такви глупости,видување ако беше 3 пати годишно, сега е сведено на еден пат,а слушање на телефон еднаш на 10 дена. Совет за сите свекрви ако ве има на форумот,не одете и контра на снаата ,не мешајте се кај не е местото,гледајте на нејзе да сте и погодени,таа да ве почитува,дека тешко ќе сте главни во нешто тешко дека и внуци ќе си видите. Ма и најлоша да ви изгледам,не планирам да фаворизирам фигура на 'баба','дедо',која мисли дека повеќе му треба на детето од мама-тато,или му мисли подобро,или уште полошо пробува да му полни глава со негативни работи за сопствени родители.
Јас се сеќавам кога бев дете бегав и се бришев секогаш кога ќе ме бакнеа (сите стари баби и дедовци) не па да спијам со нив. И сега си појдувам од себе ,шо има дете да терам да спие со некој ако јас не сум сакала. А ако се работи за мало бебе или тодлерче што не разбира секако не доаѓа во обзир.
Како бебе мајка ми ме има изгледано сама дека татко ми теренски бил на работа цело време, сме живееле со баба и дедо ама биле зафатени со земјоделие и немала никаква помош. Отпосле од 7,8 години натаму се сеќавам дека спиев и со двете баби. Едната е од друг град па останував за време на распуст и по цел месец, па и два. Со другата баба во исти двор ама често спиев со нејзе. Како што рече @Dancewere и мене ми било гнас од други баби и дедовци, ама од моите не. И сега кога се присетувам на детството поминато со нив, тој дел ми е најубав. Испружени на креветот покриени со ќилими, јоргани, шпоретот на дрва полн и баба ни раскажува приказни. Дедо ми спиеше во мраз камен ходник сред зимо за да спијам јас со баба оти тоа било моја желба. Се деси два пати да спие и бебето мое со свекрва ми, еднаш бевме кумови на свадба и се вративме доцна па немаше смисла да трча на секое станување во другата соба. И уште еднаш исто бевме испаднати со мм. Тоа беа 2 исклучоци, додека е бебе не гледам друга причина зошто да спијат заедно. Кога ќе пораснат дечињата не им ја скратувајте желбата ако сакат да спијат со бабите и дедовците. Не мислам на секоја вечер секако, туку одвреме-навреме.
Ова не сум го чула у живот. А за повремено, читај скоро секој викенд како баш мала, ме зимале родителите на мајка ми од петок попладне до недела попладне. Ама јас многу сакав, сама барав и еве уште памтам и ми се убави спомени. Секојдневно спиење и мене ми е мн. чудно.
Секојдневно или ако сум јас таму, бебе/дете да спие со некој друг нема шанси. Пример ќе дадам за кај моите оти ќерка нема други баба и дедо, оди кај нив од 5 месеци спие само со мајка ми. Ама ако сме сите таму на гости, си спие со мене и мм. И од практични и од емотивни причини *Да не мислите дека ги гледам пристрасно дека се мои родители, и со нив се имам партал правено овие 2 години за детето. Ќе одам да си најдам тема да се жалам од нив
Јас и сестра ми некни зборевме, имаме среќа што немаме брат, или Бардовци или Идризово, некаде ќе ја посетувавме мајка.
Не е проблемот во тоа дете да седи/поминува време со баба и дедо. На пример радо би ја оставила, да ми речат, сакаме утре да ја носиме во ЗОО. Или да правиме ова или она. Меѓутоа еве јас од завршување на работно време, небитно дали сум дома или на работа, до времето на спиење имам некои 3-4 часа. И многу нормално барем 90% од времето сакам да сум со детето. Да, сакам и да излезам, сакам и раат да се избањам. Ама ако не можам да чувам или завршам со дете до мене, може да ги замолам за помош. Моиве после куп кавги проретчуваат со ова ама и кај моите, а неретко слушам/читам и кај други што го има следното - при мајка и/или татко во соба: - Дојди баба ќе те облечи - Дојди баба ќе ти даде јадење - Полоша варијанта да го "грабне" детето од раце на мајката за да го храни или облекува. - Пораки/повици или влегување во спална оти демек бабата знае да го смири детето, родителите, не. Јас многу пати имам кажано дека помош ми е, да ми приготви ручек или бидејќи сме во иста куќа, да зготви за сите. Помош ми е алиштата од детето да се испеглаат. Помош ми е 3-4 дена кога е настинато и не оди во градинка да има со кого да остане. Ама не ми е помош детето да ме гледа дома и слободна без обврски и да плаче по мене, бабата да се прави налудничава и да го влечи на кај неа или да го носи во друга соба. Пример само ова, среќа го немаме.
Зошто бабите и дедовците се кралеви, владетели и скраја било да не е по нивно. За нивните деца не смееле да писнат, па сега сакаат исто и со нас. Ама од нашиве генерации наидуваат на отпор, па настануваат расправии. Се знаело порано, ќути, снаа си. Како ќе ти речат, така, инаку ќе те вратат дома. И кај мене периодично и текнува на свеки син ми да спиел со нив, ама знаат со мене дека не се излегува на крај. Башка што и мм е против тоа, ми вика остај ја нека си збори, детето се знае кај му е место. 1 има спиено со неа и тоа кај нас во спална, не кај неа, итоа и тогаш немаше да се случи, ама умре татко ми и со мм бевме во Скопје да организираме со мајка ми погреб. И тогаш да се прашав јас немаше да го оставиме, ама немаше друго чаре. И од тогаш еве веќе 2 години пред луѓе слушам за таа една вечер.
Тие што се такви. Нема врска што не се свекрви. И како баби напорни се, исти. Другарка ми има таква мајка,нема синови. Затоа кај ќерката се понаша посесивно, како зетот да и ја краде ќерката.
Јас си кажувам уште од сега, внуци по потреба ќе чувам, не сакам да имам обврски. Сакам на старост да шетам, читам, спијам. Затоа сега се трудам да си го гледам детето, да поминувам време со него, а не ко нив, цел живот децата со други, па на старост да лечам комплекси на внуци. Нек сум најлоша свекрва на свет, ич нека не ме сака снаата, ама ќе си гледам своја работа. Знам дека ќе е вака, зошто е до карактерот на личноста. Не се станува лоша само зошто си свекрва.
Не знам, не го закачаше бившиот зет, ама мене и ден денес ме воспитува Мислам жичка ми се пали во мозок кога ќе ми рече "облечи чорапи" Мајка, сама себе се чувам, дај пиј кафе и не досаѓај. Ама пошто ми е мајка знам да се справам со нејзините грижи, да е свекрва поеќе мозок ќе боли Да родам еднаш син чекај. Ама искрено, карактерот знаејќи си го, што вика @Mnik може ќе ми се лути што не се замарам. И не се замарам, ако им треба на блискиве помош очекувам сами да си кажат, не ги замарам да се јавувам и прашувам. Знаат дека ќе им помогнам ако можам. Е сопствениот раат многу си го сакам, ептен не би сакала да живеат со мене. Ама далеку е
Да ме крадее? Сестро, од пиле млеко му вади на зетот. Мислам не дека мене не ми оди по газ како гостинка ама секогаш вика " јас него ќе го чувам за он тебе да те чува "