1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.739
    Допаѓања:
    18.586
    Пол:
    Женски
    И да се надоврзам на муабетот за какви свекрви, многу си ја поштувам мајка шо знае да ми каже "итно ли е за чување" оти ако имаат планирано нешто, ме одбива :D
    Брат ми со цел памет и кажа некој глуп коментар дека требало да чува внуци и она му кажа а мисли си за твоите дека нема да одам во Бугарија на шопинг ако не е итно за чување :D:D

    И сите што сте нормални такви свекрви, лајк ит :party:
     
    На 1209, steela.honey, Pixi5 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Да. Кај мене свекрва ми е таква. Кај неа мајка и. За до душа она цел живот си беше таква жената. Сега па кпга ќерка и е во брак ај да не пишувам примери, да не ме сетат хахах
     
    На SummerGirl, Anyshka и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  3. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    14.240
    Пол:
    Женски
    Имаме еден пар во друштво, каде детето спие со бабата во соба и кревет. Објаснувањето е дека немале креветче , а на креветот што спиеле не ги собира. Второто го разбирам, кревет на спуштање имаат, доста крупни се и ајде. Ама за едно креветче од 4000 дека неможе да се земе, не го можам тој факт.
    Еве ќе ни се роди бебе здравје се да биде во ред почеток на септември. И да го однесам доле кај свекрва ми која што смета дека доволно е да се истушираш за да не смрдиш на пот, без да ставиш дезодоранс? Кај нив каде што чорапи се менуваат еднаш во неделата и тоа е во ред, бидејќи дома била де. Кај што свекор низ двор се мота со исти алишта и седнува на кревет. Не не не. Во исти двор сме, ќе го гледаат кога сме слободни.
    И јас имам спиено со баба ми. Мене ми беше убаво. Ама тука да се собереме сите, нема да искочиме заедно почисти и попедантни од неа што беше. Може и од неа сум малце фрик за некои работи околу дома.
     
    На mal.ecka, Mnik и Zumbulche им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот толку во чисти или нечисти, колку што е проблем безредието.
    Еве од братучет ми детето спие со баба му (тетка ми) и' вика ти си ми мајка. Итоа ова трае години, не месец, два. Да не збориме дека претежно баби и дедовци размазуваат до бесвест, буквално ќе го остават што сака да прави. Трето не гледам потреба детево мое да спие со нив. Најискрено, која е потребата да не е до мајка и татко или во детска, туку со баба и дедо? Свекор ми и свекрва ми секој ден јадат лук (нема ништо лошо во тоа) и сега ја да го оставам секоја вечер да му дишат? А да не збориме за фалењето, нешто што најмногу ме нервира. Претставено пред сите и секого, као си мислиш којзнае што е.
    А за паров за кој зборуваш, немам коментар. Познати ми се вакви ликови од моја близина и сигурна сум дека не е проблемот во креветчето. Имаш луѓе што едноставно нејќат да се оптеретуваат, сакаат да си се изнаспијат и пушти ги децата со старите.
     
    На mal.ecka, steela.honey, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.282
    Пол:
    Женски
    На мм братучед е домазет, жена му сама нема ни брат ни сестра.
    Инаку од ист град се, комшии се со тетка му на мм.
    И кога имаат работа ги оставаат децата кај свекрвава, кога и мајка и некогаш има обврски да заврши, и никогаш не преспале таму, децата не сакаат, цел ден може да се таму ама ете децата се навикнати на нивен кревет, ни денски не сакале да преспијат.

    Еве и кај мајка и на снаата доле не преспивале, за спиење горе си оделе.
    Си имаат овие посебно спрат.
    Дури и мајка и еднаш ми кажа "ние стари сме веќе, не е убаво да им дишиме на децата".
    И јас не гледам потреба да спијат со баба и дедо.

    Еве и во комшии свекрвата ги чува децата кај неа на спрат, и тие не сакале да спијат кај баба им.

    Доаѓа снаава од работа, и си ги зема децата кај неа на спрат.

    Сега се случува каде што мора, ама и како што пиша една членка, нема потреба бабава да спие на спалната кај снаата и синот.
    Јас не би сакала никој, ама баш никој, ниту мајка ми да спие на спалната, ама тоа јас, другите си одлучуваат за нив, јас за мене си кажувам.
    И сега знам дека ќе има "е како кога одите на одмор", тоа е друго, одиме 10-на дена и пак се враќаме дома.
    Спалната е нешто интимно да мене и никој не треба ни да влегува таму, а не па да спие, освен јас ако не дозволам да влезат пример ете ако сум купиле нешто ново па да видат.
     
    На VDT2906 и Zumbulche им се допаѓа ова.
  6. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Што правиме во случај кога свекрвата ти безобразна, станува и ти ја треснува вратата пред нос зашто не и е погоден денот за свадба што ја спремате, а потоа лом те прави на телефон ТЕБЕ, СНААТА, НЕ СИНОТ :D
     
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    5.527
    Ако е маж ми до мене ќе му предадам телефонот. Ако не ќе и исклучам нема шанса да ја слушам. Ќе му кажам на сопругот да си поразговара со мајка му и да си реши до неа.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Океј, све то. Јас имам максимална поддршка од него. Он се јави, партал ја направи. Ама пак се осеќам мизерно, не знам како да постапам. Зарем уште од старт да се расправаме и кажуваме свашта. Не знам, не сум паметна. Ова прашувам дека свадба се спрема. Инаку, живееме во различен град, така да очи нема да ми виде. Него да не вртиме таму глава на свадбата сите аххаха
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    5.527
    Те разбирам ама нема баш што можеш да направиш освен да ја игнорираш. Си и го видела правото лице за жал. А за свадбата сите тогаш глумат за пред народот дека се е окау.
     
    На Anyshka и A94 им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.359
    Допаѓања:
    170.924
    Пол:
    Женски
    Ова ти е најдобро што може да ти се деси. Обично вистинските бои си ги покажуваат по свадбата. Нема циле Миле. Од старт ја знаеш и само чисто формален однос со неа кога ептен ќе мораш. Планирај си свадба раат и нема што да ја перцепираш ни пред ни за време ни по свадбата. Ја ич не би се замарала дал на свадба ќе ми врти глава, секако нема да постои за мене.
     
    На CameliaMiller, VDT2906, Polyincognito и 5 други им се допаѓа ова.
  11. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Јас па, некако дури жал ми беше дека никој не ја става на памет, па ај да ја уклучам колку можам, да не се осети изоставено. Мислам, јас ова од култура го правам. Зашто да не се радуваат нели. Ама очигледно она не се радува, ни па сака некој околу неа да се радува. Инаку, сметам, дека колку и некој да те изнервира, снаа, свекрва итн, правилно е некогаш и да преќутиш итн итн. Ама да станеш да си идеш и да треснеш врата.. мислам ова не личи на дете од 10 години, не на возрасна жена. Во шок сум.
     
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.282
    Пол:
    Женски
    Ако не и погоден денот нека не доаѓа на свадба хаха (шега).

    Најдобро со маж ти да ја седнете и да и кажете дека тоа е ваша свадба, и вие решавате за тоа.
    А како мислиш денот, на датата мислиш?
    Или онака не и е погодено?
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    14.240
    Пол:
    Женски
    Тек сега почнала, па понатаму какви шокови ќе имаш, штом со ваква работа почнала.
    Она изгледа очекувала она да ви каже датум, па сега како нешто навредена е госпоѓата.
    Терајте како ви одговара на вас, бидејќи сепак е ваша свадба.
    Имав еден другар, цела организација беше на мамичка негова. Дури и името на детето…
    А што неа не и одговара во целата приказна?
     
    На *Amethyst*, bertold, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Абе ја разбрав јас дека не сакала во недела свадба, и закажавме петок. Ама она НЕ САКАЛА ПЕТОК и демек за инат сум и правела. А honest mistake беше искрено. И презакажав недела и пак не и одговара.
    Уствари, ја сум загрижена за односот нејзин. Малку сум во шок како така ми се испонаша. Не сум навикната некој така да ми се обраќа просто. И природно е да се запрашам, па како натака низ животот. Како си мисли дека може се што и падне на памет да ми каже?!?! И како тоа ја сум таа што е крива, зашто на синот не збори.. Не сум се соочувала до толку до сега со вакви работи. До сега на телефон ќе искоментира нешто, јас или ќе послушам или ќе пренасочам кон син и и така некако. Ама да стане некој од маса, да ти тресне врата ... хаос
     
    Последна измена: 18 јануари 2024
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.430
    Допаѓања:
    14.240
    Пол:
    Женски
    Што и менува денот на свадбата???Како она да ќе се венчава па и е битно. Па поубав ден од свадба од недела нема…ова според мене.
    Мене мојава кога ќе се симнеме доле ако иде пред мене секогаш вратата ја забутнува. Викам што ми затвараш врата пред нос? Ааа не јас сама се затвара. Викам добро , еве ја отварам ама стои , не се затвара некако вратава. И ќути.
    Затоа нит и се симнувам, нит ми е гајле што прави и како прави.
    Се симнавме со мм да им кажеме дека ќе имаме бебе и толку од мене. Не се ни качила ниту се јавила да праша како сум, а знае дека сум на боледување и дека не сум добро.
    Ама уште поарно. Толку е негативна, доста избегав од стресови на работа, не ми треба и по дома истото.
    Така што, уживај и планирај како вас ви одговара. На крајот од денот, вие двајца сте си најбитни.
     
    На *Amethyst*, bertold, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.359
    Допаѓања:
    170.924
    Пол:
    Женски
    Од жалење сите други да не останат неслушнати, на крај само тебе глава ќе те боли. Буквално немаш потреба да ја вклучуваш во ништо. Тоа е само ваш ден, таа на крај само треба да се информира за детали и тоа онолку колку вие сметате дека треба. Толку. Колку повеќе ќе и даваш на значење и ќе ја прашуваш дали и одговара нешто или не, толку повеќе на глава ќе ти се качува. Држи си дистанца и прави како исклучиво само на вас ви одговара.
     
    На bertold, Erika.greeneyes, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  17. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Lesson learned.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвјетак

    Цвјетак Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Свекрвите ќе си останат свекрви. Снаиите ќе си останат снаи. Дали арни или лоши. Но синот постојано на две столчиња, да се растрга де натаму де наваму, како кажала мајка му како кажала жена му, ќе го полудат човекот. Дај оставете се на времето, не префрлувајте и она кажување на сопругот како тој да застане од кај жена му или обратно од кај мајка му. Верувајте на човекот ќе му биде направено хаос во глава. И потоа не секој маж, ќе почне да пие, изневерува и сл од голем притисок и од неизлезна ситуација, можам да кажам тоа најверојатно се дешава кај по сабите мажи. така да секој нека си гледа за себе. Доста префарлање и кој што кажал. Ако сакате да имате добар однос со сопругот И СЕКАКО БИЛО КАКОВ БАРЕМ НЕКОЈ СРЕДЕН СНАА-СВЕКРВА.
     
  19. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Се јави свекрвата-навистина се јави. Оф топик ама колку само нови членови (тролови) изникнаа.
     
    На xxx-ba, 1209, see.emily.play и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Значи сакаш да кажеш за да е среќен мажот/синот, снаата да си ќути и само свеки и поп што ќе закопа, тоа да е, така?
    Значи ако ме пука мене свекрва ми, а маж ми ништо не прави, па има да го пукнам ја него, не да пие, не да ме изневерува, таман после секој по свој пат. Ако така лесно го "напнам" ич не ми ни треба.
    Значи жени, ако ве нервира свекрвата слободно одете со други мажи, распијте се, поарно така, отолку кутро маже стресови да има:party:
     
    На winnie02, *Amethyst*, Miss666 и 9 други им се допаѓа ова.