Со мм сеуште не сме земени и понекогаш одам кајнего на спиење бидејчи сме од различни градови. Он живее со неговите и во последниве неколку месеци кога сум таму и иде време за ручек или било што неговата мајка го вика само него да јаде( пр. ајде ако јадеш готово е јадењето и сл.) а во истата проспорија сум и јас. Мене ми паѓа веќе глупаво а мм ништо не и вика на тоа или че и речи само ја ли да идам и она ќе се правда дека тоа важело и замене. Незнам како да постапам веќе кога треба да одам таму нозете сами ми се враќаат
И ова што ти кажува?!Само една работа,дека мораш уште сега да си седнеш со дечкото и да си договориш дека нема да живеете таму.После да не пишуваш тука размислувам да се разведам ама со мало дете сум,вложував таму и сл.
Лошо. Уште сега се гледа почита, кога мажот ќе те почитува и другите. Разговарај со него, ако не се промени тој однос, доколку сте во план во заедница да живеете или во близина до нив не жали оди си од таму, доколку нема промена во односот. Од искуство ти кажувам од др. аспект , ова ми се нема случено но др раб. знам како ти е под кожа. Ќе се дешава мн работи да пригледуваш меѓу прсти кога на ова нема да реагираш, потоа на глава ќе ти се качат. Секако дека не. Дистанца од самиот почеток и не би требало потоа мн да се меша свекрвата.
Е од такви и мене ми се повраќа, значи имам и јас едни во фамилија, абе еднава јатрва што живее со свекорот и свекрвата абе помош нема никаква од истите, ама затоа другата јатрва , не живеат заедно, абе ги убива од користење, и нормално , ке им замачкаст очи со по некој денар, и по трчаат за тие внучиња, они во меѓувреме како се работат зафатени, а не знаат што праат и кај се ебаваат, а овие другиве толерираат , не сакаат расправии и така. Мене да ми се вакви ги праќам да живеат со јатрвата и деверот кога веќе до таму е работата.
Кога сме на тема спиење на бебе со баби и дедовци, еве мојава свеки на бебе од 2 месеци му збори: леле колку сакам да спиеме заедно, да се гушкаме, леле да не цицаш баба ке те земе за да се гушкаме да спиеме заедно итн итн. Дури изрази желба кога ке почнела да јаде за некој месец ќе ја земела на поседок на што изреагирав дека е мала да седи таа ма поседок сама на неколку месеци и дека ќе почека додека не направи 3-4години. Ми врати дека дете и на една година можело да седи за да не се лепи за мене, ќе сум сакала и јас да се релаксирам. Епа не свеки мене и детето ме релаксира. И рековме ако ти се уплаче ноќта - ке ја донела, не сме ние на крај свет. И штом кажеме дека сакаме да одиме негде она автоматски доаѓа со нас за да ја чува ние да можеме да шетаме на раат.
Хаха ист муабет, нас ни вика свекор ми ајде сега кога ќе дојдете на посета во мк, вие скитајте, а нас оставете ни го детето. Јас за тоа правев дете, за некој друг да ми го чува јас дури лумпувам по кафани.
Ова ко некоја епидемија е. И ние се повеќе имаме ајде со баба и дедо да си спиеш. Ајде да се затопли по цел ден/викенд баба и дедо ќе те шетаат. Баба и дедо ќе те носат по 2-3 недели ваму или таму. Мислам Ок ми е повремено да ја однесат во парк ама пак дека тие ќе ми одгледуваат дете, тука може само да сонуваат. Како што сум на работа и ме фаќа 17:00 додека се приберам, дете желно е за мене. Уште и за викенди или со недели да го оставам. Нов бисер на моите - зошто бебе оди во градинка. Ептен биле до прозорец креветчињата поставени, не било така погодно. Не е викам проблем, ќе барам градинка по фенг шуи каде што се поставени.
Деца од мали се учат да седат со друг.Колку поголеми толку е потешко.Затоа што навика и комфор им станува да бидат само покрај мама. Мајка ми се разболе од рак ненајдено.До тогаш децата не ми беа оставани да спијат со друг.Е ама животот не прашува сакаш или не.Па цели 20 дена со мм бевме на релација Скопје-Штип-Гостивар.Трчај по болници,аптеки, на крај и на погреб…Малата едвај имаше 2 годинки.Па не знаев каде попрво со мислите да бидам.Дали кај децата дали покрај мајка ми. И не гледам трагедија да оставите дете а да искочите со сопругот сами или со друштво.Празнци,прослави,date night со него..колку е убаво кога и после деца одржувате каков таков друштвен живот.А и на бракот мора да се посвети внимание,па така ништо лошо од време да имате неколку часа само за вас. Мн луѓе околу мене одат и на викенди сами,и на патувања.И имаат мн по самостојни деца отколку оние што ги растат да им бидат лепенка 24 часа. Сега сте тазе мајки и ве разбирам де.Ама за некоја година ке барате сами да има кој да поседи со детенцето 4-5 часа а вие да излезете на пијачка и муабет.Само тогаш тоа нема да сака да го оставите наеднаш
Исто, веројатно во денешно време 90 % функционираат вака младиве, не сакаат обврски, и бабите и дедовците им ги раснат, ама мене тоа не ми се свиѓа, дете треба да си расне со мајка и татко, они може да се подржат порадуваат ама примарна улога се знае кој има. Не знам како можат бе, остави детето излези у диско, неизживеана работа, се знае кога и во кој период се прават нештата, ужас сме искрено ко општество у глобала. Као некои традиционални сфаќања ,а ваму не се знае кој што прави.
А што има лошо во тоа ако еднаш го оставиш детето кај баба му и дедо му и отидеш во кафана,диско итн? Не гледам јас тука неизживеаност. Ние за Стара Нова Година секогаш се собираме во кафана со друштво, некогаш и во друг град и си доаѓаме покасно, а децата се дома со баба им. По ваша логика не треба да одиме на прослава во кафана и треба да чекаме децата да пораснат и сами да седат за да излеземе од дома или пак да ги малтретираме и нив со нас во кафана вечерта.
И јас бев како повеќето овде посесивни со првото дете. Абе на никој не ја давав, не дај Боже па да ја чува друг. Нема шанси, само јас и мм ја чувавме. А кога почнавме да ја оставаме кога порасна имавме проблеми, не сакаше да седе, сака се со нас да биде, а некогаш не можеш да ја земеш. Не треба да се претерува до тој степен детето 24/7 да е со баба и дедо, ама повремено оставање на саат, два дури и добро ќе му дојде на детето, знам по моите
Нема лошо нишо значи не ја сфати поентата, можеби се пронајде во муабетот но тоа не е мој проблем, јас зборам за млади особи кои сакаат да живеат ко пред децата живот, и за таа цел, се чуваат децата и спијат кај баби и дедовци, нема ништо лошо да одиш на дејт со сопругот, или вечера со пријатели, ама искачања во диско со другарки, е малце така неизживеано. Да да си излезеш на вечера со пријателки ама тоа да е два пати месечно а не секој викенд. Се знае што е родителството, ама не секој е изграден со чувство на одговорност. Тоа ми беше муабетот. И тука ке ме напаѓате ама баш ми е гајле, секоја зрела особа знае како одат нештата.
Имам пример во семејството каде детето е добри 10-12 часа со бабата, с некогаш и повеќе. Таткото на работа, мајката во шопинг, па на кафе со пријателки, па да одмори од детето оти нели ноќе се случува да стани дали за во вц, дали за вода. Па алишта раат да си испегла итн. Детето 2,5 години вика мене баба ми е најдобра другарка. Тоа е таа крајност. Втора крајност ми е бабата и дедото да се прават поголеми родители од типот, остави со нас ќе спие, остави со нас ќе јади, или ќе го бањаме, или ќе го носиме на одмор или не знам каде. Доволно ми е што по цел ден е оставено де во градинка, де со баби и дедовци, уште времето што треба некој спомен да има со родители, да го прескокнам или "да ми го крадат". И не, не е лошо 1-2 пати во месец да одам на кафе, или откако ќе заспие да излезам во кафич, или да појдам час/два на депилација во месец или на фризер, па да чува некој друг дете во тој период.
Доколку сте во добри односи со бабите и дедовците, доколку имате доверба во нив немојте да им го скратувате задоволството да поминуваат време со внуците. Животот е прекраток. Еве свекрва ми веќе не е жива ама многу би сакала да е, кратко им се радуваше. Живеам во странство и секое доаѓање во МК или они кога доаѓаат кај нас ако мајка ми и татко ми сакаат да ги шетаат нека ги шетаат,сакале да ги ранат, да ги бањаат ако нека. Нека прават што сакаат.Им ја оставам таа можност да уживаат со нив, ем малку време за мене ем они пресреќни. И нема апсолутно ништо лошо ако некоја мајка искочи и во кафана и во диско. Тоа не ја прави ни подобра мајка од тие што не искачаат ниту па полоша мајка.
Значи кога ќе родите ни под разно не излавајте во диско со другарки. Неодговорни и неизживеани мајки сте.