Никој не вика да се затвориме во 4 ѕида со бебе со години. Ама да излегувам секој викенд, а некој друг да ми го бери гајлето, па зошо сум го раѓала? Има луѓе со деца кои се поредовни во кафани и дискотеки од тинејџери, детето дома друг им го гледа. За мене ова е неизживеаност, на раб со неодговорност.
Ете и ти си сесре ко мене од барокните тоа и јас им го зборам, Али ајде секој нека си тера по свое, и затоа вака ко општество ке сме се поненормални и децата ке ни се психопати, нарциси и сл.
Не знам зошто се тригераш и одговараш вака нервозно на секој што ти реплицира?Не си поголема мајка од ниедна овде.Ниту пак е нечие дете тука запоставено или неубаво чувано. Хормони валда…
Здраво психофизичо дете не значи ако мајка му е дома 24 часа. Не зависи ни од тоа дали еднаш во неделата ќе отишла во диско. И ако ти страда социалниот живот и со дома цело време со детето не те прави добар родител.
Која гаранција ти ја имаш дека твоето нема утре да биде психопат?Тоа што дома си лепенка за него ли? хехенце мн смешно @Lavender13 не зборуваме за екстреми.Зборуваме на нормални искачања од време на време.
Хахаха ваљда сесре кај виде нервоза во моите реплики, или си можеби видовита кога веќе секој си кажува што сака имам јас право да реплицирам , нити реков дека сум најмајка , само не се сложувам со тоа дека неодговорноста е во мода, а ние тука сме заостанати, на крај се е одлука ,вие ке си живеете со вашите деца како ваши производи, и тоа какви ви се ке си ги видите на крајот, не знам што толку се браните, и јавувате во моето излагање ако сте толку сигурни дека сте добри во родителството. Испаѓа ве пецнав во слаба точка. Ај
Од седењето на мајката дома 24/7 нема да страда психофизичкиот развој на детето, ама и те како ќе страда психичкото здравје на мајката. Не прашувајте од дека знам
Не тоа што веројатно се трудиш да расте во мир и хармонија и што го следиш како се развива. Психопатите се создаваат во рано детство, можеш малку да се едуцираш пред да се јавиш да реплицираш.
Кажи ми како страда детето ако еве пример мајката и таткото излезат во диско, додека реално детето треба да спие тоа време? Што му се одзема на детето?
Да бидеш добар родител на значи да се запоставиш себеси и се што некогаш ти причинувало задоволство. Да, како родител дефинитивно детето треба да ти е приоритет и на прво место, но не по цена да се изгубиш себеси и да полудиш затворена дома. Секако дека нема да се журкаш додека е болно дома, кенкаво, но кога е здраво зошто да не остане со татко за ти да се дружиш. Не знам зошто некои луѓе кога ќе станат родители толку трагично го сфаќаат тоа оставање на детето дома додека мајката е излезена. Колку самото дете ќе биде посреќно со мајка која "се издувала", се дружела со други возрасни, не правела цело време муабет за детето, едноставно си посветила малку време и фокус и на себе. Утре таа пак ќе биде најдобрата мајка за своето дете, попозитивна, поодморена.
Едуцинирана сум одамна.15 год сум родител ,не на едно,туку на 3. Брат ми е лекар.Препорачува излегување на мајката од време на време за да не биде вака напната ко некои новопечени мајки на форум. Позз..
Јас неам кој да ми ги чува децата а се би дала да имав. Но, навикнав и да функционирам и со нив. Сигурно нема да се откажам од мојот социјален живот заради децата. Сум ги носела со мене и во кафичи, ресторани, молови, па дури и на живи свирки во пабови. Ќе се дотереме и ајде. Син ми ужива, проблемот е во ќерка ми шо се плаши од гласната музика, ама уште е мала. Кога ќе навикне и она, сигурно нема јас да се устручавам да излегувам еднаш во две недели оти ќе ме виде комшијката и ќе мисли дека сум немајка. Абе секоја вечер ќе излегувам со нив, додека не пораснат па да можат сами да си седат. До утре ако сакате крстете се на ова шо го пишав, ама чим мајката е среќна и децата ќе бидат среќни. А човек во 4 зида неможе да биде среќен. А, и никој од овие странциве во пабовите не е рекол нешто лошо за мене или децата или да ме гледа накриво. Напротив. Али тоа е тој наш менталитет, јас неам коза и ајде да му ја умрам и на комшијата за и тој да нема.
Со две мали сум во странство без никаква помош. Болни цел Декември и цел Јануари. Немам потреба никој да ми помага кога се болни, сами си можеме се. Ама и те како имам потреба некој да ги причува кога се во ред, излеземе со маж ми сами на ручек, да одиме на концерт, па и на викенд некогаш. Со едно мало бебе не го разбирав ова. Сега со две и без помош, го сфаќам. Црвена линија секој за себе повлекува. Тоа што вас ви е црвена линија не е правило за останатите и тоа што вие не можете ни да замислите нешто што други праат во овој момент не ве прави ниту подобар родител ниту подобар човек. Ама мам шејмингот и те како ве прави полош човек.
Така една во друштво се силеше, не даваше детето никој да го пипне, после и второто, живеат во странство, сами без помош со маж и, кога ќе дојдеа тука никаде не мрдаа јер оставање 1-2ч со баба и дедо беше ноу, ноу, и така тераше додека второто не направи годинка и батали и деца и се, тргна на работа, оти НЕ МОЖЕЛА ПОВЕЌЕ ТАКОВ ЖИВОТ. Затоа, мирни малку, и 'совршените' мамички може да имаат момент на помрачење од она кое сега го воспеваат.
Значи тука ке одговорам не можам на секоја од вас да куцкам,не се разбираме жени, не зборам за луѓе кои излегуваат имаат социјален живот умерено, не сум ни јас 24/7 со моето дете, го чуваат и баби и сл, зборам за особи кои ги оставаат децата 24/7 со баба и дедо, со нив спијат ,практично живеат за они да си имаат живот како порано ,или како пред децата, или пак секој ден излезени на кафе, пијачка и сл, да бидеме реални 3 пати во месецот да излезеш со сопругот во диско не е страшно, сметам дека е пожелно за да се сочува страста, динамиката и сл, ама не постојано секој викенд. Дома секако не е здраво да си постојано, секако можеш да го вклучиш и детето во секојдневието, да поигра со другарчиња , да го прошеташ и сл, значи едвај чекате да се браните , не читате убаво поента на нечиво излагање, веднаш да се реплицира , да се браните, се самоповикувате со контра прашања и сл, треба да научите да прифаќате и мислења кои се спротивни на вашите, реално немам јас ништо против ниту една тука што поинаку функционира, само изнесов свое мислење. Реално форумов одамна е затупавен, и мислам дека нема поента човек да пишува во било која тема, зашто едно те исто е во сите теми напаѓање и сл, Сем во што последно си купивте, таму се е позитивно и сите сте фини.
Никој не зборуваше за тие кои живеат живот како без деца. Ова што ти го пишуваш е екстрем. А ние зборуваме за баланс. Таман работа детето да не си го гледам со денови и ноќи...
Ја бев од оние што не го оставаат детето по баби и дедовци, синкир орден ќе ми даде некој за најмајка дека до гз ми била цело време. Не дека ја оставам и сега баш од причина што ме јаде совеста дека цел ден на работа па после работа сакаме да и се посветиме како и за викенд, ама со маж се опуштивме последнава година и отидовме на патување 2 пати сами. И вистина мн значи тоа време поминато заедно особено што од кога е родена а веќе има 3 год сами сме излегле 2 пати. Сега гледано искрено би ја оставила по некад за да си посветиме време ние двајцата, или за да отидеме на прослава од работа, афтер што годе. Мало дете ептен не ама штом веќе разбира зошто да не гради однос со бабите и дедовците, па тие колку се радуваат на нејзе немам зборови. И да со мајка ми стално викаат дека се најдобри другарки и баш ми е драго што е така, има човек плус во животот кој го осеќа близок и на кого може да се потпре.
Чекај сега на пост претходно кажуваш ок е да искочиш со маж,пријатели на вечера, ама не секој викенд, ама е неиживеано да искочиш во диско со другарки. Сега било ок 3 пати месечно да идеш со маж во диско, па 3 пати месечно е скоро секој викенд. Ајде одлучи се што како е ок. Ма да ја ти ја сфатив поентата.