1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.359
    Допаѓања:
    170.923
    Пол:
    Женски
    Хахахахаххахаха дали сериозно селска рашетарка рече :rofl: :rofl: :rofl:
    Абе нема поубаво девојче од Македонче знам ја, таква кукла не наоѓа на друго место. :inlove: Мене и двајцата за наши деца ми се ветени со разлог и причина, маж уште не знае. :D
    Ја, лани си купив карти за гнр концерт во Франкфурт. Очај левел миЉон. Знам дека целев во длабоко ама до крај се надевав на чудо. :D На крај ги препродадовме картите. :bandit: Сеа гледам Колдплеј имаат концерт во Дизелдорф овој пат не купив карти, ама пратам ситуација. :D Е летото бев на свирка на Сакис Рувас и толку од моите концерти за последниве 5 години. :D
     
    На 1209, TeddyGrey, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.282
    Пол:
    Женски
    Мислиш на шишето со млеко?
    Хаха.
    Па и да имаш свекрва до тебе, ќе си се пијанчите заедно хаха.
    Има една жена 70+ прабаба е, си пие секој ден со маж за време на ручек.
    Некогаш и со пријателки, алал да и е, таква свекрва посакував, не да ти мери колку пиеш и да ти мрчи.
    Ма многу ми е гајле, нека мрчи ако си нема работа.
     
    На Gosh, steela.honey и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    2.877
    Леле кај ме врати со Сакис :D ама и јас сум поболена по концерти... другар ми во Холандија на све и свашта е биден, само му љубоморам

    Моја комшивка, бабе околу 80ка, пиеше ракија секој ден со комшијата, преку ограда :D
    Тој почина, таа уште пие, само не знам со кое друштво... баба ми ја крие ракијата кога ќе и дојде на гости :D
    Свекрва е инаку, има една снаа
     
    На CameliaMiller, Yowannty, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    И јас си мавав ракија во Мк, сега тука водка, и кога ќе ми дојдат гостите ја кријам :D:D. Најубаво ми е сама да си пијам. Се ми е розево тогаш. А замисли и свекрва да имав, па имаше секој ден мавни една ракија- мавни ја свекрвата, мавни друга- мавни ја свекрвата :rofl:
     
    На Curious cat, *Amethyst*, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.722
    Допаѓања:
    6.127
    Јас прва бев против дадилки. Баш од тие причини. Ама кога видов дека нема каде, сама со две мали деца не бива, најдов жена.
    Врвот беше кога ќерка ми падна од гарнитурата. Тогаш веќе знаев дека вака веќе не бива.
    На почетокот седев со жената. Знаев ненадејно да дојдам дома за да видам што се случува.
    А мајка ми и свекрва ми иако се близу баш од тие причини не им ги оставам децата. Ќе излезев на час два а тие со таква вина ме труеја што ги оставам децата.
     
  6. LilyRose

    LilyRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Е вака, не се гледаме често со свекор и свекрва во друг град се. Кога сме таму разбирам дека сака да ја види ќерка ми (бебе) но осеќам како да сака да изиграва мајка и да ме замени во се. Во една прилика додека си играше на земја ја задена некој почна да плаче и јас ја зедов во раце да ја смирам. Ја тргнав во другата соба а свекрва по мене и додека јас ја смирувам таа и пее на цел глас и вика дојди кај баба, дај ми ја и ја зеде. Ок. После некое време пак истата ситуација јас пак ја зедов од земја да ја смирам свекрва пак дај ми ја мене. И викам добро нека ја малку да се смири цел ден е плачлива. Она пак дај а нека се учи со баба. Маж ми слушна и вика добро нека се смири после ќе ја земиш на што свекрва опцу е*ите си мајката, замина во другата соба и нервозно зеде да реди маса и да зборува. Мм и вика што е работата сега зошто нервози она на повишен тон ништо ајде нека си ја смири. Јас и велам зошто така одговараш ништо добро ништо. Се тресев од нервоза плачев цела вечер. Се осеќам многу повредено и навредено, јас неа мамо она мојата мајка ја пцуе.

    После некое време се понаша како ништо да не било, сине јадеше ли ти ова она. Јас и одговарам формално колку да не стварам уште тензии, сеуште не сме правеле муабет немаше прилика но се договоривме со мм дека ќе седнеме денеска.

    Тој ме подржува но вели ја знам каква е не го мислеше тоа не го кажа во тој смисол на двајцата ни рече, но сепак не е во ред и треба да ти се извини.

    Кога јас би му го рекла на свекорот и свекрвата истото јас сум 100000% сигурна дека свекрва ќе рикнеше да плаче и на сите ќе се изжалеше како сум ги навредила. Исто како што плачеше и се жалеше од другата снаа кога се испокараа зашто им се меша. И јас ја сожалував но сега сфаќам дека е манипулатор и игра секогаш на карта жртва. И нас има на неколку пати пробано да ни се меша во наши одлуки и да наредува што да правиме и нервозно реагира ако не е по нејзино.

    Не сакам да се расправам, ама мислам дека ова е над сите граници. Секогаш била испочитувана од мене не заслужив да ми пцуе мајка. Еве и да го сфаќам јас премногу сериозно ова кога слушна дека плачев, дека ме навреди можеше да дојде да се извини и да каже дека не го мислела тоа. Таа ништо се направи како ништо да не било и кога виде дека јас не и одговарам многу си седна во другата соба и толку.

    Преувеличувам ли јас што гледам на тоа како тешка навреда? Или тоа што се прави она како да не е ништо ме тера да се двоумам...
     
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.449
    Пол:
    Женски
    Не преувелилуваш, навреда е. Јас би ја седнала и би и кажала да ми се извини. Прво си мајка на нејзиното внуче, а и жена на нејзиниот син. Така на улица не треба да се обраќаш на некој. Ако не сака да ти се извини или се однесува како ништо да не кажала, ќе и објасниш дека и ти може да бидеш безобразна и да и речеш да си е*е мајката и никогаш повторно да не стапне кај вас дома.
    Мене не би ми било сеедно мајката на маж ми да ме опцуе така. Ќе го променам целосно односот према неа. А и не би сакала таква жена што нема почитување према мене, да ми се врти околу детето. Затоа што ти се мажиш за син и, не за неа, така што не си должна никако да ја почитуваш и сакаш, освен од чисти етички причини према мажот.
    Разговарај и објасни дека, таков речник во ваша фамилија не е добредојден и ако не го сфати тоа што побрзо, нема да биде ни она самата добредојдена.
    Не дозволувај да се извлече. Мајка ми нешто вакво да каже на маж ми, ќе ја подберам убаво.
     
    На *Amethyst*, 1209, Miss666 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. LilyRose

    LilyRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Ќе разговараме не може на секое да подголтнувам и да молчам, ова стварно ме здоболе. Со мајка сум ја рамнела, во денови кога не сум имала време да јадам сум наоѓала време да и се јавам да си ја види внуката. Она 24 часа не издржа, ја изнериврав кутрата.
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.555
    Допаѓања:
    18.386
    Пол:
    Женски
    Епа затоа колку и да е арна свекрвата, никогаш не треба да ја рамниш со мајка. Кажи и отворено дека си се навредила од тоа шо го кажала и нека си го знае местото. И кажи и нема шо да трча по тебе како кучка. Ако се навреди, нека се навреди, кој ја ебе, барем на раат ќе си.
     
    На *Amethyst*, Anyshka, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2024-01-28-13-05-21-938_com.miui.gallery.jpg
     
    На Mala palavka и LilyRose им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.449
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на свекрва ти не и јасно каде и е местото. Не е нејзина улога да воспитува, зема дете од раце на мајка, да се однесува како мајка. Нејзината должност е да биде баба. Ни повеќе ни помалку.
    Не поминувај преку ова колку да смириш односи. Не смее да си дозволи да го повтори истото.
    Не треба ти да се чувствуваш како нешто да си згрешила, таа треба да се извини и да си ја наведне главата.
     
    На *Amethyst*, Anyshka и LilyRose им се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.570
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Не те укривувам ништо, само сакам да ти дадам еден совет како на сестра.

    Уште од старт си згрешила што си ја викала мамо, никогаш неможеш да имаш друга мајка покрај таа што те родила, па макар и златна свекрва да е. Па тука си земала сила и сега полека си го покажува правото лице. Значи дистанца, само формално одговарање со да/не/добро итн. И тоа што си ја сожалувала кога се скарала со другата снаа, си рекла еве оваа ме жали и сега што сакам ќе правам и ништо нема да ми рече.

    Тоа што ти опцула мајка и што ти го земала детето, мене би ми било последна цртка. Не попуштај сега, оти ако на ова подголтнеш, за сѐ ќе ти прави вака, ќе виде дека поголема работа си подголтнала па ќе навали со повеќе испади.

    Главата горе и ич да не се замараш со неа, мамо ќе ја викам како не. Ете до каде доведува тоа мамкање и почитување, од нос ќе ти го извади некој ден.
    Секоја чест на исклучоци.
     
    На *Amethyst*, lovely91, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е грешка да се вика мамо, мајка е една, они не заслужуваат, и јас ја имам истата грешка направено.... Ама затоа повеќе и не ја редам на име директно кажувам тоа што имам ниту мамо ниту мајко, и таа истото го прави едно време викаше невесто, сега не реди име никакво...

    Друго грешка според мене тоа што си исплакала, не вреди за свекрва и тоа плус те видела, немој да мислиш дека ќе те жали ако плачеш може само да се сити на тоа... Колку и да ти е тешко колку и да имаш проблеми општо, пред неа немој, особено ако нешто со сопругот не е во ред или си налутена нешто, пред неа само со душо и злато нека пукне.... Не и давај да си ја полни душата.....
     
    На *Amethyst*, LUCI 99, ArabellaStarfall и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Кажи и прв и последен пат да ти биде вака да ми земеш дете од рака, па таа нека си ебе мајката.
    И мене вака знаеа на почеток да ми ја грабаат од рака што најмногу мразам. Им кажав последно да им е, нека побараат ќе им ја дадам а и нема потреба они што да ја смируваат кога бебето на почеток мајката си ја бара. Ако побарам сама помош ок, а не некој да ми го граба бебето од рака и да ме игнорира јас зборам да се прави глув..
     
    На *Amethyst*, 1209, see.emily.play и 2 други им се допаѓа ова.
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    14.240
    Пол:
    Женски
    Како тоа се дрзнуваат да земат дете од мајка? Па уште и они ќе го смирувале.
    Зошто давате да ви го извлечат детето од раце? Прашај ја дали цицките и се полни млеко и ќе го нарани детето успат?
    Нема никакво попуштање за ништо поврзано со моето дете. Фала богу ме знаат што олош сум, па чисто сумњам дека ќе се дрзнат така да ми изреагираат. Знаат кај мене ако збеснам дека нема назад и дека не попуштам.
    Бебето здравје, треба да се роди крај на Август, почеток на Септември. Апсолутно нема да седам дома затворена 40 ден и ќе шетаме. Ќе има коментари знам, ама знам и дека нема да го види детето после тоа. До 19h може да се јави и да дојде да го види ако сме слободни и во можност, после тоа не.
    Морате да сте посилни на уста и на дела. За дете особено има ситно ситно очи да им копам на сите.
     
    На *Amethyst*, see.emily.play, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  16. LilyRose

    LilyRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Најмногу згрешив што бев наивна и премолчував за да не се налути, да не мисли лошо за мене.
    Влегува во соба не тропнува, и рече мм ни се налути на двајцата не ни правеше муабет. Кога се породив јас дојам бебе во спална таа ми влегува со тел на камера да го виделе бебето луѓе што еднаш ги имам видено. Па ќе кажува кој да сме канеле на роденден.. јас џабе сум ќутела сум се нервирала сама на крај она пак си најде причина да се лути.
    Дури не ми се верува за што, си го зедов детето расплакано што си ја бараше мама и подаваше раци по мене. Боже сачувај.
    Во секој случај нема да оставам ова така да помине, мора да знае каде и е местото.
     
    На *Amethyst*, 1209, Viktorijaaa5 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    6.635
    Сега на 31ви јануари има слава и сме поканети да одиме кај сестра ми и зет ми. Поканата ја добивме денеска. Тие на нашата куќна слава доаѓаат секоја година а и ние досега сме оделе. Кога би оделе и годинава тоа би биле јас и маж ми.
    Свекрва ми попладнево ни кажува дека на истиот ден сме биле поканети на слава кај кумата НЕЈЗИНА, таа не славела години уназад слава ради што почина маж и ама сега ќе славела и требало да се оди таму. Е сега кој да оди, и каде да оди? Јас и реков дека таа на наша слава досега не дошла за разлика од сестра ми која била присутна. Ама таа си ги поштовала кумовите,сакала таму да одиме. Не знам со кое лице ова ми го кажува искрено. Па нека оди ако сака да оди што се замара со нас...
    И плус ми предложи маж ми сам да одел по слави оти јас уште сум немала 6 недели од пораѓај.
    Ќе си умрам со овие сфаќања ама намерно не и се нервирам и не давам на значење, оти па јас нерви и млеко да губам ради неа.
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  18. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Ќе си одиш ти кај сестра ти,ако не ви е вас кума нека си оди таа таму што барате вие :?:
     
    На BlackNight, VDT2906 и Anyshka им се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.282
    Пол:
    Женски
    Така еднаш свекор ми за една свадба кај нивни далечни роднини што ни мм не ги познава, му кажа на мм јас ако не сум сакала тој да одел, му се свртев и му кажав "не е вдовец за сам да оди".

    Нормално ќе си одиш кај сестра ти, таа нека си оди кај кумата.
    И нас ни наметнуваа да одиме на слави ама пресековме.
    Да бе како малине деца ќе одиме со нив, јас си моите па од 10 години не одев со нив, не па сега со свекор и свекрва.
    Туку дали е во ред ако некој не е тука, пример во странство или во друг град и да му слават именден?
     
    На BlackNight и Miss666 им се допаѓа ова.
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    16.702
    Пол:
    Женски
    Зошто да не е во ред.Не се фаќајте за се нешто.Луѓето може се желни за вас може си бараат повод за прослава.Ако отишол синот во странство не умрел,нека слават.Јас мислам кога нешто не е во ред после за се нешто па и најголеми ситници се фаќате со нив.Ова не за тебе општо.И со одењето на слава,ако сте во можност појдете на двете места,не ќе мериме на се,овој ми беше два пати тој ни еднаш не му одам.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.