1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    16.702
    Пол:
    Женски
    Како може да споредуваш починати со живи? (facepalm) Па нормално дека ќе одат на гробот знаејќи дека никогаш нема да се врати, друго е странство, има кој да слави родендени, слави, имендени.
    Ти кога одиш по родендени немало славеник?
    И аман со тоа вие сте ги исчувале 30 години, сте им славеле родендени, имендени која е таа исфурана снаа да ви кажува.
    Истите тие свекрви утре ќе се мешаат и за родендените на внуците ако не им е по ќеиф.
    Штом свекрвите се мешаат, треба и мајките на снаите да се мешаат, што се помалку вредни од свекрвите? И тие се мајки.
    И каков е тој брак кога родителите се мешаат? Бракот е помеѓу двајца, се мажиме за мажот не за цела фамилија, и не треба да ги отфрли родителите, ама треба да знаат каде им е местото, до каде можат да одат.
    И ќерката ако се омажи и биде безгласна буква и тогаш ќе се мешате? И ќерките се снаи.
    Па да за свое ве боли, за снаата исфурана не.
    Едит: И кога одиш по слави, домаќините не биле тука?[/QUOTE]
    Ама нешто треба да се разграничи,за да одбраните свој став ставате туѓи зборови во уста.
    Јас колку што знам почна целата работа кога пишав што ви смета ако луѓето сакаат да слават и зошто некогаш не се направи компромис и се попушти и покрај тоа што негде не ти се оди.
    Ајде вака си замислувам имаме роднини кумови старосватови,моите деца граделе живот растеле покрај тие луѓе.Очекувано со некои и да се многу блиски.И одиш одиш одиш со години негде на именден и слава и наеднаш се жениш и не одиш?Очекувам моите синови да одат и кај наши и кај нејзини роднини.Нели си правиш селекција неможеш сегде.Е арно ама па неможеш и нигде.Мора некој да ти одговара.Од чест спрема мажот и неговите,сум одела кај нивни пријатели.Он доаѓа кај мои.И што е тука спорно.
    И за славењето,од раѓање му правиш именден си кмаш одреден круг на гости,и сега отишол во странство и да не славам.Ако не ајде сите во странство да му појдеме.
    И уште нешто бракот го сочинуваат двајца,мешале не мешале,двајца се во бракот.А вие одлучувате дали на некој ќе му дозволите да се меша или не.
     
    На lia22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.279
    Пол:
    Женски
    Тоа не е непочитување, јас си знам зошто не одам, за кај далечни роднини беше муабетот дека не одам, ни мајка ми не може со сила да ме натера, доволно сум возрасна, не сум мало дете па некој да ми кажува што да правам.
    Тебе мајка ти ти кажува кај да одиш и ти наредува?
    Почит со ова го мешате бе ццццц.
    Немам коментар, имам многу поважни работи отколку да одам кај роднини од 5-то колено што никогаш ги немам видено, зошто мајка ми или свекрва ми така сакале, Бог да чува.
    Инаку за роднини како тетка, вујко, чичко одиме и од на мм страната, ама кога ќе можеме, не некој да ни наметне дека мора, тоа беше муабетот, исто и за членката што и кажала свекрва и да оделе кај нејзина кума, тоа е веќе наметнување, ако сакаат ќе одат, кога би имала сестра поважна би ми била сестра ми отколку кума на свекрвата, да е моја кума би оделе на двете места по малку.
    Инаку за роднини од 5-то колено што не ги знае ни мм ни тој не сака да оди, и толку расчистивме со тоа.
    Само се надоврзав на мислењето на членката, и пишав тоа што мислев, не значи дека таа одма ќе ме послуша мене или другите, сите споделуваме мислење како ние би направиле, членката одлучува што ќе прави, никој не може да и наметне мислење.
    Поздрав и убав ден.
     
    На Erika.greeneyes, mama11, TinnaMinna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Ne sum znaela deka ne dozvoluvanjeto na nekoj da ti kazuva sto da pravis pa duri ni majka e NEPOCIT
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, mama11 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ама нешто треба да се разграничи,за да одбраните свој став ставате туѓи зборови во уста.
    Јас колку што знам почна целата работа кога пишав што ви смета ако луѓето сакаат да слават и зошто некогаш не се направи компромис и се попушти и покрај тоа што негде не ти се оди.
    Ајде вака си замислувам имаме роднини кумови старосватови,моите деца граделе живот растеле покрај тие луѓе.Очекувано со некои и да се многу блиски.И одиш одиш одиш со години негде на именден и слава и наеднаш се жениш и не одиш?Очекувам моите синови да одат и кај наши и кај нејзини роднини.Нели си правиш селекција неможеш сегде.Е арно ама па неможеш и нигде.Мора некој да ти одговара.Од чест спрема мажот и неговите,сум одела кај нивни пријатели.Он доаѓа кај мои.И што е тука спорно.
    И за славењето,од раѓање му правиш именден си кмаш одреден круг на гости,и сега отишол во странство и да не славам.Ако не ајде сите во странство да му појдеме.
    И уште нешто бракот го сочинуваат двајца,мешале не мешале,двајца се во бракот.А вие одлучувате дали на некој ќе му дозволите да се меша или не.[/QUOTE]
    Па точно така двајца се во бракот.
    Е добро де, и ние одиме и кај мои и кај негови роднини, ама не кај сите, има многу што ги познавам што повеќе одат кај пријатели отколку кај роднини, не значи ако ти е роднина и по дифолт мора да одиш таму. Има многу што двајца браќа не зборат, сестри, родители со син/ќерка, негде прочитав членки што мајките не си ги сметале за живи, има и такви мајки безобразни, не само свекрви.
    Епа еве и кај тетка ми едната одевме одевме на слава, и многу нивни далечни роднини, кога се ожени братучед ми тие далечните се повлекоа, самите така одлучија, никој не им кажал, треба малце осет, синот кога ја превзема славата си поканува негови пријатели, е сега друго е тетки, вујни, струни.
    Сега ние пример славиме што има да ги поканувам на свекрва ми и свекор ми тетките, вујните 80+, истото важи и за моите, друго е наши тетки, вујни, струни, на крај краева секој си одлучува за себе.
    И порано слави се славеле по 3 дена, сега се сведува само домашните.
    Некој може нема толку да си дозволи, па затоа намалува гости, битно е лепчето во црква.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Ама како беше песната:до сега сум мајка слушала, од сега ќе слушам свекрва.
    Изгледа сериозно си ја сфатиле :rofl:
    Од сега морате да слушате и мајка и свекрва, инаку е непочит.
     
    На fashion-addict, mama11, lia22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.763
    Пол:
    Женски
    Значи не дај Боже некој да побраа совет овде. .
     
    На anngelique му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Па ти си таа што напаѓаш, и ги кажуваш животите на другите.
     
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.763
    Пол:
    Женски
    Така е цуци;)
     
  9. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    18.382
    Пол:
    Женски
    Јас па мислев дека сме го решиле ова со славите ама изгледа не било така :D.
    Сите шо сум ги имала во мојот круг од помладите, си слават со помлади и тука нема љутиш. Ако треба да се оди кај постар, ако се има време се оди, ако не, доволно е постарите да одат и тоа е почит.
    Исто и со свадбите, зарем уште има луѓе шо канат трети братучеди и нивни мајки тетки стрини и се шо може да се нарече роднина? Обично канат по два члена од фамилија и толку.
    Дај свестете се, остајте младите кај сакаат нека си одат. Се сменија времињата.
     
    На butterfly6223, *Amethyst*, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Како и секогаш ќе ја испревртат темата за да испаднат најпаметни.
    Овде се зборуваше за именден славење ако синот не живее со нив или е во странство.
    И другата членка како свекрва пиша дека ќе славела ако сакала дека снаичето било нафурано.
    За тоа кажав дека мора да има промени ако не нека не се женат. Не е исто маж ерген и оженет. Сега нормално ќе си чекаат они именден а не свекрвата.
    @Munchmallow20 не ја сфати суштината на муабетот. Не се работи дали ќе блокираш некого или не.
    @simona_baby види, мене очи ми забоде коментарот дека ако сакам ќе славам нема некое нафурано снаиче да кажува ... го кажа арогантно со презир спрема снаите.и тоа го прават 90% од свекрвите за инат од снаата нели. Ама ако и двете страни се разбрани луѓе сама свекрвата ќе си знае до каде и е границата и дека синот кога ќе се ожени нормално ќе има промени не може да биде се исто како претходно. Ете сами живеат ќе живеат по свои правила не по нејзини. Значи сами си слават именден што е толку чудно, и зошто нафурано снаиче кога може синот е тој што сака да си слави со жена му, зошто секогаш снаите се криви за се?
    За некои работи ок може компромис како одењето по слави што спомна, ама за нешто нема компромис.
    Секој со свое мислење ама еве лично јас да имам син, он со жена му ќе си слави а јас како негова мајка би им отишла на гости.
     
    На *Amethyst*, tanjita, mama11 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.279
    Пол:
    Женски
    Кој кого непочитува никого не треба да го интересира, ако мајката заслужила зошто да имаме почит спрема неа кога таа нема кон нас.
    Ај да не пишувам јас многу, зошто пишувам општо, си го сфаќаат тоа како за мене да го пишувам, веднаш вадат муабети од ракав.
    И свекрвата и мајка ми ако не заслужиле нема да ги почитувам, и мајка ми ако не заслужила нека не ја почитува мм, сама ќе бидам свесна за тоа, не да го терам со сила да има почит, а не дека ми била мајка, а пример ако ми згрешила многу мора да имам почит кон неа.
    Има членки кои имаат проблеми со мајките и не комуницираат, тие си знаат зошто, кои сме ние да им судиме?
    И за крај-кој што си сеел тоа ќе си жнее, важи и за деца и за родители.
     
    На Pa8la му/ѝ се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    16.702
    Пол:
    Женски
    Тука правиме муабет за конкретен случај кај што синот е во странство.Па ни јас тука не би му правела ќе си прави он ако сака.Само малку е чудно да сакал 30 год да слави и наеднаш да не сака,нели?Ниту со презир сум кажала ни па беше општо.Она после културен пост ми пиша свекрвче а сум далеку од тоа па нирмално и така на тој начин продолжив да комуницирам.Со разбрани луѓе е лесно.Целата поента ми беше дека некогаш треба да се закочи,некогаш да се пресече а некогаш да се попушти.
    Неможеме да очекуваме се ние да сме во право и да очекуваме после поптписот во матично остануваме без син.Постепено се си доаѓа на место ама мора да е обострано.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.279
    Пол:
    Женски
    И да знаеш дека има, кај нас имаше повеќе постари од помлади, вујковци, тетки на свекор ми и свекрва ми од 70-80 години, роднини од 5-то колено што ни мм не ги знаеше, кога го прашав кои се ми дигаше раменици дека не ги знае.
    Ај помина тоа, само се надоврзав на твоето мислење дека навистина има уште што канат се живо и диво колку да се фалат пред народ, за ништо друго.
    Кај мене јас го правев списокот и имаше се млади, имаше втори братучеди/ки ама јас со нив сум многу поблиска и од првите.
    Имаше и втори што не ги поканив, што ќе ги канам кога со години не сум ги видела.
    Исто и за славата важи, и не мора да се превземе слава од родители, пример мене на тој ден нешто ми се случило а било празник, сакам таа слава да ја славам.
    Комшии ја превземаа славата откако свекорот почина, ама синот кажал на мајка му (свекрвата) "ќе превземеме ама ќе си поканиме млади, не да ги викаш Стојанка, Петкана комшиките, ќе ги викнеш другиот ден", и така испаднало, канат пријатели, колеги/колешки, роднини ни први братучеди не, се дружам со комшиката и ми кажа кај ако ги каниме сите први братучеди/ки и од моја и од негова страна цела куќа нема да ги собере.
    Мене ме вика другиот ден, заедно со 2-3 комшики што се дружи.
    Други комшии живеат во иста куќа со родителите на различни спратови, тие си слава една слава, родителите друга, и тогаш родителите им се гости.

    Не мора да е во странство, еве и во друг град, и не се однесуваше на мене, кажав за блиски.
    Пример младиве слават именден еве нека не е на син, на внук нека е.
    Живеат во различни градови, и младиве нормално ги покануваат стариве, и овие им викаат тие ќе си славеле со роднини нивни.
    Па баба и дедо се, се знае кој треба да слави именден на дете, а тие треба да одат како гости.
    Имаше таков случај, некоја членка пиша каде што и дедото и внукот се викале исто, и не сакале да дојдат на именден кај внучето, туку младите ги викнале кај нив, каде што и вујкото на мажот се вмешал.
    И нормално е ова?
     
    Последна измена од модератор: 29 јануари 2024
    На mama11, Pa8la и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    16.702
    Пол:
    Женски
    Па јас коментирав за во странство таков беше твојот случај што го опиша(знам дека не е за вас).И само кажав дека мене тоа ми е ок не гледам причина да се лутат.И за одењето по гости реков може да се најде некоја средина.Сега ние тука можеме да редиме сто ненормални примери како на пр една свекрва што му извади града на бебето.Не очекувај да кажам дека е тоа ок и да се прејде преку тоа.
    На пр мојот свекор погрешил многу на мојот маж мене воопшто.Ама тоа е нешто меѓу нив.И не заслужил еве според вас воопшто да ги гледа внуците.Арно ама јас решив да не ги растам моите деца со доза на гнев и омраза.Ме прашуваат кај е дедо им кој им е што им е им кажувам,кога ќе посака да дојде ги гледа.Не сум јас таа што ќе одлучува и казнува верувам си има Господ за тоа.Сите сме грешни кој помалку кој повеќе.Замисли јас на пет годишно дете да му оправам знаеш дедо ти е ваков таков лош вака погрешил.Зошто?Ако грешат за нив грешат.Нивното наметнување и зборување до мене неможе да допре,зошто ние одлучуваме.Само понекогаш запрашај се дали и ти грешиш негде, невозможно е да си безгрешна.А и научи да простуваш,поубаво ќе ти биде.
     
    На Orchidea, mama11, forumce и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.279
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека никој не е безгрешен, и јас не сум безгрешна.
    Секој човек греши, ама од грешки до грешки има разлика, некои не се простуваат, и не можеме да преминеме преку нив.
    Сите сме различни карактери, некои простуваат многу големи грешки, некои и за ситници не простуваат и не можеме ние да им кажуваме, секој најдобро си знае зошто е тоа така.
     
  16. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    18.382
    Пол:
    Женски
    Па така де се прави. На денот на славата се канат младите а утредента идат старите на по едно сокче и кафе.
    Незнам зошто се прави толкава драма околу славите, па шо ќе праат старите на слава кај млад човек? Или обратно? Старите ќе зборат само кој од шо се разболел и кога умрел. Може младите ќе сакат друга музика, може ќе играат. Шо муабет ќе праат 60годишни со 20 - 30годишни?
    Мислев дека е искоренето тоа да се мешаат младите со старите, ама грешка сум била.
     
    На Erika.greeneyes, Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  17. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    484
    Според мене е непочит.

    Претпоставувам си мајка, не сакаш утре твоето дете да го прави истото. А понекогаш се лутите кога мажето си ја слуша мајка му од почит.

    Не ги мешајте брзините едно е да имаш контакт и да се почитувате, а друго е да немате воопшто контакт. Постои длабока разлика.
    За жал добар манипулатор тоа не може да го сфати затоа ќе игра на карта - жртва. Зборувам објективно.
     
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    32.279
    Пол:
    Женски
    Ај тоа да го слушнам од стари, ама од млади на 30 години вака да размислуваат, не знам.
    А бе може ќе се зафркаваат нешто, ќе кажат нешто безобразно.
    Славеле 30 години и демек сега дошла снаата која е таа да кажува, им оделе гости сега не можеле да не доаѓаат, за се си има време и место.
    Па еве сега мајка ми да ми слави роденден, на толкава магарица.
    Се знае со кого ќе славам, па и не се потресувам толку, си одиме со мм на ручек/вечера, или би отишла негде на викенд, не ми се ни слави роденден со многу народ.
    Ама секој како сака нека си прави, некои и на 40+ си сакаат со многу друштво, во диско, не можам да кажам дека не е нормално тоа зошто јас не сакам така.
    Некои и на 20+ си сакаат само со партнерот да си слават.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lia22

    lia22 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    Da majka sum i nema utre da mu kazuvam na sin mi shto da pravi, dovolno ke e vozrasen da znae shto i kako treba. Sovet da, no da mu nametnuvam neshto ne.
     
    На Martka, Erika.greeneyes, mama11 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.449
    Пол:
    Женски
    Сите проблеми настануваат кога двете засегнати страни не знаат да комуницираат меѓусебно.

    Уште повеќе проблеми има, кога двете засегнати страни не сфаќаат дека не мораат да комуницираат меѓусебно за да функционираат барем формално како семејство.

    Не може никој да ме натера да правам нешто што не сакам.
    Не може свекрва да ме натера да одам некаде ако не сакам. Не морам ни да се јавувам, кога тоа е на синот мајка, но не моја. Можам да ја сослушам, но не мора ништо од нејзиното понудено да прифатам.

    Мислам дека колку и да се негира и да мислите дека сте во право, факт е дека се греши. Не може никој толку да влијае на вашиот живот, колку што вие би дозволиле.

    Штом свекрвата ви е првото нешто на памет кога се будите и ве спречува да функционирате, значи проблемот не е до неа. Вие не знаете да се справите со проблемот.

    Немам лоша намера, напротив.
     
    На *Amethyst*, Camille84, Orchidea и 6 други им се допаѓа ова.