Еве на пр и јас не го сфаќам ова толку трагично.Што ако се измешале млади со стари,ние често за празници знаеме да се собереме и со чичковци тетки кои имаат по 60 год па и тие кажуваат се и свашта.Е де и они поминале низ се тоа и они имале и секс и правеле глупости.Зарем кога ќе имам 60 год ќе ме рачунаат за стара која прави муабет само за умрени.Кај нас не е така фала му на Бога.
На кој како му одговара така нека си прави. Сакав да кажам само дека во денешно време се повеќе од младите сами со други млади си праат слави родендени или шо и да е.
Не бе се уште со тетки, вујни ќе славам роденден. Па и порано си славев со другарки негде во кафич или дома, не сум славела со тетки, не па сега. Доаѓале тетките кога сум била многу мала. Кој сака нека си слави, ако за нив е нормално тоа, не значи за сите дека е. Ама ако не се сложуваат со нечие мислење скокаат веднаш.
Јас не гледам ништо лошо во тоа мојата мајка да сака да ги почасте нејзините сестри,золва, колешки или било кој за мојот роденден или именден. Вие во се гледате лошо, искрено не знам како можете и на убаво да се муртете и лутете. И свекрва ми часте на работа по едно бомбонче за родендено на внуците и јас сега треба да се правам паметна и да ѝ префрлам што она частела. Далеку од паметот. На тоа гледам како почит а не со намќор како некои овде
Како успевате драма да правите од прослави и слави Јас едвај чекам на нечива слава да одам. Може и некоја од вас да ме ангажира ако сака. Со секоја свекрва ќе си го најдам муабетот. Храна во изобилие, беспари алкохол, слатки колку сакаш. Детето ќе ми го анимира кој стигне. Празник за душа. Па кој сака нека биде таму и што сака нека зборува.
Едно е да частат, друго е да сакаат да слават родендени на ваши деца како тие сакаат и кои гости тие сакаат да ги поканат, има многу случаи каде свекрвите се муртат зошто не им е по ќеиф роденденот каде ќе го славите. Нема врска частењето со славењето, мешате баби и жаби. Никој не им забранува да почастат.
Ама сите не сме исти нели? Некои на слава не одат да се најадат и напијат, туку да се видат, вака некој ако мисли, значи не им е важен муабетот и гостопримството, туку што има на маса. И не секој сака гужви, едноставно не поднесува, не сме им во кожата на другите зошто не сакаат да одат по слави и прослави. Можеби имаат изгубено некој близок, можеби се соочуваат со некоја болест, и сега ќе кажете животот оди понатаму, да, ама некои потешко го поднесуваат тоа. Затоа треба да си го гледаме нашиот двор, како ни е убаво така да си правиме, не да им кажуваме на другите дека ако за нас така е исправно треба и другите така да прават.
Јас па ниеден случај не знам кај што свекрвата била прашана за роденденот на внуците. Нема што она да сака, она е гостинка на роденденот и треба да ѝ се даде до знаење тоа, ако не ѝ се даде тогаш е проблем. Затоа на време поставување граница
Епа тука тоа цело време се збори, дека свекрвата во се се меша. Членката шо го почна муабетов, напиша дека нејзината свекрва ги терала да одат кај некоја стара кума шо врска си нема со помладиве, а овие сакале да одат кај поблиски роднини. Ти како би постапила тука?
Па од кај да знам, ја нападнаа Ањушка оти кажа дека би одела кај поблиски роднини отколку кај шо ќе каже свекрвиштето. Као не било тоа почит.
Па она за инат на свекрва и на месечината ќе се каче. Како нема д аја напаѓат, кога она по секоја цена ја напаѓа свекрва ѝ и пишува лошо за неа
Абе најинтересно е што она сама си праве проблеми, не свекрва ѝ. Сто пати и пишаа и други дека не е во свекрва ѝ проблемот. Јавувала се да ги вика на гости... Кешки тоа да е најголем проблем на најголем дел од оние овде што бараат совет. Некогаш проблемите на некои членки кои се далеку поголеми од нејзините паѓаат во сенка од нејзините 'проблеми' и членките нејзе ѝ реплицираат место да даваат совети
Sto ima loso od toa da slavat koga vie ne ste tuka? Toa znaci plus pokloncinja Tri isti osobi izigravaat nafurani snaicki i temava se napravi kasa popara. Vie ustvari ne ni znaete sto znaci problemi so svekrvi.
Нели најлогичкото решение ако не сакаш гужви, ако имаш болест или ти буди некакви емотивни спомени, да не одиш онаму каде не ти се иде? Не знам како тоа е поврзано со свекрва. Не сакаш, не одиш.
Свеки моја вчера ми донесе проја и палачинки.Јас денес и вратив со локум и баклава директно од Истанбул сабајле донесени.Блазе на мм со две разумни жени и од двете страни
Инаку свекрва ми не сум ја видела 2 месеци, така да ни знам што прави ни ме интересира, се надоврзав на мислењето на членката. Уште ќе ме оговараш мене? Очигледно и ти немаш попаметна работа па гледаш кој што прави. Ај гледај си го твојот двор, не ги гледај туѓите. Сега имаме многу попаметна работа отколку да се замарам со свекрвата. Каде сега се пожалив? Тој што не се соочил со некој проблем како мојот, или како на другите, ништо не знае. Никој не им е во кожа на другите. Не судете за да не ви се суди. Имајте убава вечер.