1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    39.983
    Пол:
    Женски
    Искрено да ти кажам, немаше да се замарам до оваа мера и да го сфатам лично.
    Тоа е сензитивна тема и ако знаел и не ти кажал, значи не сакал да знаеш, а ти на некој начин напињаш и по фамилија прашуваш.
    А ако не знаел имаш баш лош пристап.
    Крај краева тие му се родители, тој ги смета за едни единствени, не го користи терминот посвоители, може и тој самиот и да не знаел- осетил ама не сака да навлегува, а ти упорно се обидуваш нешто да докажеш.

    Не знам што толку ти значи па тебе тоа, па си толку увреѓена и повреѓена, па и тука се *у*опецаш кога има спротивни мислења од твоето напињање
     
    На Gosh, 1209, Lena0903 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски

    Зборев со него вика не го мислеле тоа така сум си измислувала, преувеличувала. Го рекоа во кратки црти не беше директно ама во таа смисла беше кажано, да се кара со мене, дека не знам да чувам дете и така натаму....Јас му дадов ултиматум дека ќе си одиме со детето ми вика кај ќе одиш нема да одите не преувеличувај не прави глупости, дете сум била јас.. Баш така го седнав и му објаснив што сакаа со тоа да кажат и он сеуште негира... Пред нив ме бранеше и се ама изгледа не сфатил што сакаа да кажат..Не знам више што да правам
     
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.448
    Пол:
    Женски
    Ти ги прочитав сите мислења. Жалам што се наоѓаш во таква ситуација. Но, ти првично имаш проблем со маж ти, не со споредните ликови како свекрва ти и сестра му.
    Јас повеќе сум љубопитна за вашиот однос каков е. Бидејќи прочитав дека физички те напаѓа. Маж не смее да крене рака врз тебе, ниту да те допре на начин што ти создава непријатно чувство. Немој да мислиш дека тоа е нормално и дека сите имаме караници. Имаме караници, но не преоѓаат во несоодветни допири.
    Јас би ти рекла да седнеш самата со себе и да се запрашаш што ти сакаш и каде се гледаш. Мене ми изгледа дека местото ти е што подалеку од целата таа дисфункционална фамилија.
    Знам дека најлесно е да се каже развод, но можеби навистина треба да посетите советник за брачни кризи, пред да превземеш било каков чекор.
    Јас не би седела со таков човек, ни ден. Не заслужуваш ни ти.
     
    На Dust, Skorpija25, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Често ли се случува ова?Влегуваш ли во конфликти со нив?Која е причината што те спомнуваат,многу малку кажа за да направиме целосна слика.Ти се мешаат ли за детето?Подршка од твоја фамилија дали имаш?
     
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.287
    Допаѓања:
    19.512
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам такви клети родители кој свесно сакаат да расипат брак и среќата на сопствените деца. Што ќе добијат со тоа не знам, колку треба да си поремерен психички за тоа да го мислиш и правиш. Зошто деца правите кога не знаете да сакате кога немате никаков родителски инстинкт. Синовите кој ги слушаат се исти, тие во суштина никогаш не почуствувале вистинска љубов и тие всушност повеќето и не знаат вистински да сакаат. Затоа и ваквите проблеми кој ги имаат нивните партнерки со нивната фамилија не го разбираат како голем проблем, тие така со години живееле и човек тешко се менува.
     
    На 1209, Dust, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Не ме повредува да ме истепа или нешто туку како да ме заплаши и одма прекинува искача надвор да се издува тоа многу ретко се случува... Се караме многу ради неговите му укажувам на грешките ама не разбира се прави приглуп за тие работи. Не ми е местото тука стварно не можам повеќе да издржам со нив толку се полни со негативна енергија.. Не се пронаоѓам ич со нив, не ми се седи со нив само ги оговараат сите и ме напаѓаат за било што. Или како вчера зад грб зборат со сите за мене и на маж ми. Инаку золва ми е мажена има деца ама тука доаѓа тука секој ден и спие 3 дена неделно. Тогаш кога е тука е најлошо, ѓи буцка неговите и се караат со него за мене. Дека требал мене да ми се дере, да се кара со мене, дека не сум знаела дете да чувам и други работи...
     
  7. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Многу често се случува тоа. Јас не се карам, не ми е местото да се карам со нив, а не сум ни така воспитана. Кога нешто пред мене се збори, кога ме напаѓаат се одбранувам нормално ама со добар тон, не се карам да се издеравам или слично.
    Ми се мешаат за детето и за се друго. Се што правам не чини. Кога зборам нешто и пред гости превртува очи нејќе да слушне ништо а сме правеле општ муабет. Кај мене во дневна влага и смета што каде ми стои, играчките зошто биле ваму таму и така натаму
     
  8. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    14.228
    Пол:
    Женски
    И тоа само дека те заплашува не е нормално. Па ти во страв ќе живееш ?
    И не, немаш проблем со золва ти или свекрва ти, со маж ти имаш.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    И мене ич не ми се јасни.. Не знам што сакаат да постигнат? Детето свое да им биде несреќно? Да остане без своето дете? Кога ќе се разведам нема да мму го осѕтавам сигурно на мм детето. А Ќерката со зетот кога ќе се скара плачат..
     
    На Skorpija25, steela.honey и Anyshka им се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    14.228
    Пол:
    Женски
    Женооо, маж ти посегнува да те удри, сега го преформулира во заплашува , а ти за свекрва ти си се фатила.
    Реши си со маж ти прво, за после со свекрвата ќе си најдете решение.
    Прво маж тиии.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.448
    Пол:
    Женски
    Како те заплашува и со што те заплашува? Мене не ми е нормално маж ми да ме заплашува. Во никаква конотација и за ништо. Ми изгледа дека маж ти не знае да се соочи во кавга и посегнува со други механизми кој изгледа ги научил од односот со најблиските. Не знам дали имаш син или ќерка, но да речеме имаш ќерка, дали би го сакала истото за своето дете и дали сметаш дека таков тип на караници е прифатлив и во ред?
    Знам дека и самата сметаш за тоа дека не е во ред. Не е поентата да се оправдаш према мене, не ме знаеш. Кое е твоето оправдување за себе што трпиш такво однесување од маж?
    И каков совет би очекувала од нас, кога ние не можеме да ти го решиме најголемиот проблем, што ти првично не можеш на себе да си го признаеш.
    Многу си сурова према себе. Кога ќе почнеш повеќе да се сакаш, ништо од ова нема да ти биде важно.
     
    На 1209, Mother of 2boys, mama11 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Знам дека е тешко во денешно време ,но да најдеш работа и под кирија да се иселите кога веќе не знае да постави граници(предпоставувам дека живеете заедно или посебен спрат иста куќа),кажи му на мм ти дека ти треба слобода,дека на овој начин само ќе се разболиш секој ден со стресови,дали тој би го траел истото од твоите.Да бидам искрена,се додека сте во таа куќа нема да имаш мир,тој е пораснат на тој начин цел живот,за него не е ништо страшно ,нема да се смени,ниту ќе ги смени нив.Како дете живеев во таква дисфункционална средина и си ветив сама на себе дека никогаш нема да живеам заедно со свекор и свекрва макар останала сама.Мајка ми од такви неиживеани кои веќе не се живи е на тешки лекарства,не дека се они криви,татко ми е крив,но што кога веќе назад нема.Затоа размисли добро со кој поминуваш живот,дали вреди, или нека стане со тебе заедно и барајте си ваше гнездо или нека си седи со неговите.Биди храбра,сакај се прво себе и своето дете,после сите други.
     
    На mama11, Skorpija25, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Истово од а до ш и јас го мислам и би го кажала за другарка и за ќеркс. Јас за себе не сум го послушала бидејќи ретко се случувало и сум си викала ќе го надрасне тоа. Да, не знае во кавга како треба да реагира и избувнува и бидејќи јас му пререкувам коа се караме он тоа го прави во смисла да ме уплаши за да не зборам повеќе да не се карам. Откога ќе поминат тие секунди се кае многу за тоа што го направил и ветува дека нема да му се случи пак истото..Последниов пат више си најдов утеха во тоа што му реков во црква да се заколне дека више нема ништо такво да направи ( верува многу во такви работи ). :)

    Зборев, веќе пена уста ми фати за да си одиме од куќава, не сака.. Не може да живее ни он вака се нервира ама некако не може од слободата ( во смисла на пари ) да се откаже па макар и по цена на здравјето и негово и мое. Ми вети ќе ги седне неговите и заедно со мене да разговараме да се реши веќе еднаш проблемот како ќе живееме понатака ( имаме посебна дневна и кујна ама живееме на ист спрат користиме ист тоалет.
     
    Последна измена од модератор: 6 март 2024
  14. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ако нешто сум рекла пред да се мажам е дека ако треба цел живот под кириите ќе живеам, ама моја нога во заедница не стапнува. И тоа нешто треба да се реши пред да се стапи во брак. И не планирам да правам куќи за деца со мене да живеат. Секој треба да си оформи заедница со човекот што го одбрал, сами, на страна. И нема ништо страшно во живеење под кирија. Ќе си намалите луксузите ама мирот ќе си имате. Како дете сум живеала со 100 души во куќа, во една соба и уште си носам трауми. Ако не за вас, бегајте заради децата. А и тоа мажите како да не си ги познаваат родителите па уште носат и друг човек да се измачува. Мојот маж секогаш велел, добро е што јас излегов колку толку нормален од таа куќа, не па тебе да те терам таму. И тоа ми е поентата. Ниедни пари на овој свет, раатот не можат да го купат. Спротивно, извини, ама тоа е себичност на маж ти, да може да си дозволи да иде под кирија или да плаќа кредит, ама да не си откаже задоволствата, по цена жена му и детето да трпат свашта.
    И да додадам, денешните бракови едвај функционираат од нас самите па уште и родители ни фалат у причата. 21 век сме, доста беше 3 генерации у исти куќи да живеат, тоа само кај нас го има, евентуално на балканот некаде. Сите жалби на темава се од живот во заедница и евентуално некоја свекрва како мојата што не може да укапира колку е небитна у секоја приказна. А небитна е, оти има дадено едно големо НИШТО и тоа не оти нема, туку оти никој ништо не и бара. А секој еден шо решил да се жени и фамилија да оформува, треба да е способен и да научи да заработува за таа фамилија, не да носи жени во детската соба и да чека мајка му ручек да направи и сметки да плати. До утре можам да пишувам на темата, толку ме фрустрира. Не гледам ништо лошо и во живот во заедница ако станува збор за разумни луѓе, ама до сега неколку такви имам сретнато. Другото го дискутираме на форум
     
    Последна измена: 6 февруари 2024
    На CameliaMiller, Gosh, senza.parole и 27 други им се допаѓа ова.
  15. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Испровоцирана од постов па и од коментарите на многу од золвите и свекрвите. Такво вреѓање јас не сум видела. Која жена може да му забрани на возрасен маж да се гледа со родители и сестра/брат или да се слуша со нив? НИКОЈА не го може тоа. Зошто се криви снаата за се ? Зошто не се гледа прво да се биде самокритичен за своите постапки? Прво да се види грешката во себе си ?? Мене или на мм ако не ни згрешиле моите, мм ако сака нека се превртува јас ќе правам муабет со нив он ако нејќе не мора исто важи и за од неговата страна, неговите ако не згрешиле ништо јас така од ќеиф да сакам да не збори маж ми па сакала превртувајќи се нема да ме послуша нормално. АМА ако зборат секој ден против жената како не се задоволни од изборот и да ја навредуваат пред него нормално дека ќе се искара со нив и дека нема да им прозбори истото важи и за жената, ако мажот и го оговараат нејзините и она треба да се избори за него да не дозволува да се збори лошо за него, какви се такви се сами си се избрале.
     

    Прикачени фајлови:

    На forumce, Трагедијаупмм, ♡ Cinderella ♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.554
    Допаѓања:
    18.368
    Пол:
    Женски
    Овие неможат да прифатат дека тој се оженил и дека сега има друго семејство. Јака и душа на жена му со такви змии..
     
    На Brpbrp, Lena0903, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  17. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Па да видиш коментарите кој од кој полош.
     

    Прикачени фајлови:

    На ♡ Cinderella ♡, Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    32.277
    Пол:
    Женски
    Змии отровници=свекрва+золва.
    Со двете раце потпишувам.
    И не, не зборам само за мене, туку од околината што гледам.
     
    На senza.parole, *Amethyst*, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Ама секогаш има исклучоци. Пример јас снаа ми си ја сакам како сестра. Со неа поише се слушам отколку со брат ми. Многу сум блиска со неа.
    Едит:многу пријателки и колешки ми се жалеле од золвите и сум се чудела кога сум слушала.
     
    На mal.ecka, Martka, mama11 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    32.277
    Пол:
    Женски
    Секако дека има исклучоци, тоа е точно, ама има золви и свекрви змии.
     
    На ♡ Cinderella ♡ му/ѝ се допаѓа ова.