Добро ве читам. И ме интересира дали само мене ми се дешава ова. Да знаете дека си имате работа со манипулатор, лице што лаже користи интриги си мисли само за себе и сл. И после кога ќе се соочите за некоја ситуација, да ви кажува дека намерата не била таква и таква. И да почнам да се сомневам да не сум јас нешто грешка, да не имам погрешна проценка, претстава. Ама после ми текнува со кого имам работа.
Даааа. Обавезно немаат лоша намера, сакале да помогнат ама ете грешно сме разбрале. Ред солзи, ред мрсули. Во мојава ситуација беше се мноооогу очигледно, па не стигнав да се подзамислам дали јас негде грешам, ама да не беше така сигурно би се подзамислила. Или еве некој да ми кажува нема да верувам дека е баш така, поготово не од мајка такво нешто. Устври и за тоа служи манипулацијата. Да престанеш да веруваш во тоа што го гледаш и што е реално, да веруваш во тоа што го зборат.
Во почетокот на манипулирањето се солзите и мрсулите. Кога ќе биде сигурен дека скроз ви ја уништил самодовербата, тогаш ќе почне и со дерење, кавги, па дури и насилство ( физичко или психичко). Ова важи за сите манипулатори без разлика дали ви се партнер или не.
Јас све живо им ставив на ку*ац. На почетокот од "муабетот" сакаа да ме фатат на емоции, се лигавеа, ама цело време им ја кажував вистината и не штедев зборови кога видоа дека правењето жртва не им пали, збеснаа. Не знам како успеавме да не завршиме на вести и по портали. Најпопуларна феминка ќе бев , а не ја исклучувам можноста ако некој од нив двајца ми прииде некаде. Му кажав и на маж ми. Ќе мавам со што стигнам. Сатани. После таа последна средба со нив со крстена вода се миев, страшно чувство.
Aа и јас со првите свекрва и свекор бев добра и накрај испаднав лоша снаа. Ама сега со вториве не, сега газам кај шо ќе стигнам. И да видиш како стравопочит имат спрема мене. Ма не ми се ни мајка ни татко па за да ги почитувам и сакам. Шо и да биде со нив, секогаш размислувам на првичниот филм, ако не дај боже се разведиме со мм, они неговата страна ќе ја одберат а не мојата. Така да, нема шо да се замарам со нив. Ете, другата снаа си се замара со нив, ги гледа болни, и се и сешто лошо за неа се зборува, а јас си свиркам .
Класика. Не смееш да изреагираш зашто у спротивно си лоша, не ги разбираш и не сакаш нивна “помош”. Кај мене во фамилија gaslighting е вклучено на најјако. Се они ништо не прават, ништо не кажуват, не се мешаат. Ние сме тие што халуцинираме.
Да и мене билион пати ,па после се нервирам зошто сум се сомневала во себе... Или кога морам да сум стварно идиот спрема неами е криво зашо сум била идиот бидејќи не сум таква
Не е само кај тебе. Еве и кај мене е исто, таман ќе соберам храброст да и испокажам се што ми лежи на душа ќе почне со плачење па извртување на зборови па како они многу се жртвуваат за нас и на крај си се прашувам јас стварно да не претерувам и другиот ден пак по старо си продолжува и си викам не претерувам јас туку оваа пробува и мене да ме манипулира хахаха едит А едно жртвување од нивна страна.....Сметки плаќале а ние дали 2000 ден трошиме.. За внуците од ќерката се можат да прават и работа да остават само да ги чуваат ама за моето никогаш не можат. Купуваат работи повеќе за од ќерката на нашето колку да се рече дека земале нешто. Кријат од нас купишта ќеси пазарење од продавници те од јадење до средства до се за ќерката сее буквално тука еднаш не земале за нас нели не треба да делиш деца.
Најдобро е се одделно, и сметки и храна, дури и да не сте на посебен спрат и да делите кујна. Ние си плаќавме сметки уште кога бевме во заедница, храна си купувавме, и пак се фалеле по народ се они плаќале и купувале јадење, срамота. Епа сега не седиме таму, и се жалат им доаѓало висока сметка за струја, па ние не сме таму за да трошиме, да не сакаат да им плаќаме и сега кога не сме таму. А имаат, не се за жалење. Парите им одат кај ќерката, нека им одат, ама нека не се жалат. Секоја година им уплаќаат за на одмор, сега внукот положи и кола му купиле, ок нека му купат и авион ако сакаат, не земаат од мене. Ама мене ми е зошто кога треба нешто да се сработи не викаат нас, а не ќерката и зетот, инаку што сакаат нека прават, два пати во месец ако ги видам и толку. На мм му се родители, нека ги гледа колку сака, јас не сум должна да ги трпам. Па некои ни свои родители не трпат, расчистиле со време, што се должни па снаите да трпат свекор и свекрва.
И јас мака мачам со мојава свекрва, па и заедно живееме што е нај лошо. Многу е радознала све сака да што ќе се прави, не не остава сами да се договараме се прави се да знае. Она ке ме учи мене, за нејзината свекрва зборува а она е бетер само што не се гледа од страна неа ја озборува а она е бетер. Само се жали се ја боли нешто а мрза ја јаде голема , ни дете ми гледа како што треба ни ручек прави само ги одбегнува домашните обврски. Ако треба негде да излегуваме не ми се ни остава дете го заспива уште рано слободна да е после јас мака јадам касното. Не сакам да ми се меша во одгледување на моето дете не разбира како да и кажам, уште 1ипол год сме во брак бебето ми е 6м. Само се нервирам друго неможам ништо да направам па и во село сме немам услови за в град одма бегам сама на раат.
Свекрва што си пика нос и се меша имаш и на километри километри оддалеченост. Гледај си детето и колку можеш толку средувај по дома. Најбитно ти е да имаш подршка пд сопругот, за другото од едно уво влегло од друго излегло.
Ова дека "не мислеле така" мислам дека сегде го има. Све ние погрешно сме сфатиле, све ние сме се карале, од све сме правеле проблем и за шала не сме знаеле. Ај важи. Јас почнав да отрпнувам. Ви посакувам и вас брзо опоравување.
И јас си отрпнав веќе, "не мислеле лошо", ние погрешно сме сфатиле. Тие кога ќе кажат нешто не мислеле така, се било на шега, ама ние кога ќе кажеме нешто се лутат како мали деца, нека им стои.
Мене па ужасно смешен феномен ми е кога иде снаата и одма тука ќе ја превоспитуваат, учат на ред. И ти така гледаш колку се 'воспитани' нејзините деца па просто не знаеш дал да се смееш ил да плачеш
Јас пред некој ден и го плеснав вака на свеки. Нешто обесуваше за воспитување, и реков гледам по син ти, затоа ја на 30 и кусур години го превоспитав. А за да ги нервирам ја почнав нивната тактика - Игнорирање. Они си зборат, јас со мислите на Бали, па чао пријатно нек се нервираат они, што ја. Мада во последно време немаме некои куршлуси. Пу пу.
Еее и јас сега научив тактика. Не дека ги гледам сега, 2x во месец, ама кога и да отидеме таму се им плескам, не да се карам, па да се нервирам, туку онака на смирен начин се им кажувам, како на шега, па наместо јас да се нервирам, нека се нервираат тие.
Леле а ние идеме викендот на гости, и тоа спалната за пречек неусисана не знам од кога. Такви пајажини по подот. И овој мојот фати сликаше и ја вика мајка му. Вика, види ја сликата и подот, ова да ти иде на памет кога ќе почнеш да збореш дека снаа ти не е домаќинка. Абе не знаете, мене земја ме голтна
Не знам каде да го поставам ова. При крај на трудноќа сум, од почеток свекорот си рече дека ќе се вика по него но ние кажувавме дека има време. Мислејќи дека можеби ќе смени мислење. Е сега јас сум при крај со бременост и кога спомнавме за име и некои алтернативи пошто сепак сакавме да му угодиме, тој се налути и кажа некое рандом име така го крстете.. Работата е што имам внуче од сестра што го носи истото име и едноставно не ми е океј и моето исто да се вика.. Од тогаш немаме комуникација, искрено ми е глупо толкав маж да се лути за име и посебно стрес баш сега на крајот. Знам дека изборот треба да е наш, мој и на маж ми. Уште понезгодна ситуација е дека живееме во иста куќа на посебни спратови. Не сакаме и двајцата да се расправаме ама не ми е во ред некој да ми донесува и наметнува одлука која треба да е наша..,
Колку поише ги тинтриш, толку поише на главата ќе ти се качат. Малце касно и мене ми текна за промени, ама ај. Боље некогаш отколку никогаш. Едноставно на некои луѓе нема никогаш да им погодиш. И сеа покасно коа пробуваш да ставаш граници, нормално не чиниш, лоша си.