1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.168
    Пол:
    Женски
    А бе не знам што им е со тоа што сакаат детето да се вика по баба/дедо, 21 век се уште вакви сфаќања, мајката го носи, некој стар вампир ќе кажува, ни по татко, ни по свекор детето.
     
    На Amore123, 1209, Трагедијаупмм и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Karinas

    Karinas Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Warrior биди цврста и крсти си го детето како што ти сакаш. Не попуштај и не дозволувај да манипулираат со лутење. Нека се лутат, гајле ти е.
     
    На Amore123, VDT2906, Malo mace и 3 други им се допаѓа ова.
  3. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ич тоа. Да не ни дискутираш. Ќе кажеш со став, си имаме име за детето, ние сме родители, наше дете и толку. Ако попуштиш за ова од старт околу дете, натаму си ја знаеш приказната како иде.
     
    На Gosh, Mother of 2boys, Amore123 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.296
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Кога ќе му роди жена му нека си го крсти како сака. Ти го раѓаш ти и маж ти ќе кажете како ќе се вика, а не некој себичен стар вампир. Се лутел те заболе, ако не им се допаѓа името не мора да го гледаат внучето.
     
    На Gosh, Miss666, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  5. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.529
    Допаѓања:
    136.741
    Леле не сакам да коментирам во овие теми оти иста сум и јас, на сите попуштам па после со 300 апчиња на ден сум.
    Ама @warrior немој да попушташ. Не е ова дали да купите сирење или урда па да попуштиш. За дете се работи.
    Кажи му на свекор ти дека лозата се продолжува со детето и со презимето , а не со името. Ако сака нека си го смени он името како што ќе си го крстите детето.
    Речи му дека ти се сонило тоа име на сон, така Господ на сон ти кажал:)

    Жими се некои стари се ужас. Треба почит и се, ама некои примери овде се (facepalm)

    Брат ми е крстен по дедо ми, оти нели така порано требало. А мајка ми е премногу добра жена и не се карала со никој. Дедо ми, он беше подвижен ѓавол. Ја малтретираше психички цел живот.И вика првите месеци, не го викав на име сопственото дете од што не можев да го поднесам свекор ми. Најубавите денови со нервози.

    И маж ти нека му објасни да не те замараат сега кога најмногу треба да си опуштена.
    И со лесно :l:
     
    На Oneo, Mother of 2boys, SummerGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  6. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    што кажа Адидас погоре, утре не дај боже ако се разведе човек, да мора да си го викам детето по некој вампир и да ги мислам цел живот :D
     
    На Oneo, Gosh, Nausicaa и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    Прво голема грешка е разговарањето со нив оклу име на детето.
    Ние уопште ни кажавме ни прашавме ,кога се роди вечерта кумот го кажа договореното име ,со него си се договоривме кое ќе биде односно ние го одбравме он само го кажа.
    На почеток свекрвата ,,куце " ја викаше после сфатив дека заради името беше оти кога научи да збори ама нецелосно сама си го скрати и свекрва ми се така ја викаше сеа си го научи скроз и не дава ни душо да и кажеш не па некако поинаку.. Така и вие ќе си се договорите со кумот и ќе си ставите тоа шо вие сакате. Или по предлогот подолу на сонтинсе сонило... знаеме колку веруваат стариве у тие работи.
    Колку повеќе се објаснуваме полошо е ,пред свршен чин па шо ќе се мислам јас нека се мислат тие а место ,, јас ,, или било која мајка да не сака да си го вика детето на име нека не сака бабата/дедото.
     
    На SummerGirl, VDT2906, Karinas и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.112
    Допаѓања:
    7.639
    Пол:
    Женски
    Ќе си кажеш јасно и гласно мене тоа име не ми се свиѓа. Јас со сопругот се договарам околу таа работа, и си одбравме име нас што ни се свиѓа. Ние ќе го викаме така цел живот. Не може да ставам име што мене не ми се свиѓа а јас ќе го раѓам. Мое дете моја одлука. И свиркај си.
     
    На Miss666, SummerGirl, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.168
    Пол:
    Женски
    Aма каков сон, нема што да им се правда на свекор и свекрва како ќе се вика детето, едноставно ќе си го крсти како сака, па тие нека се лутат.
    Или порано дека било така, кумот како ќе кажел, или по дедо/баба, па тие биле безгласна буква за сопствените деца, па ајде сега ќе кажуваат за внуците како ќе се викаат.
     
    На Miss666, SummerGirl, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    1.996
    Пол:
    Женски
    Za imeto..
    Imal svekorot svoi deca, možel da gi krsti po sebe. Za vnučeto si odlučuvaat majkata i tatkoto, nikako popuštanje za ime, osobeno ako ne ti se svigja, ostaj ti dobrota i finoća..
    Malce im e prezimeto, pa i imeto
     
    На SummerGirl, VDT2906 и Anyshka им се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.168
    Пол:
    Женски
    Еее ама тогаш не смеел да кажел за сопствените деца, па затоа сега ќе кажува за внуците.
     
    На SummerGirl, ♡ Cinderella ♡, warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.253
    Допаѓања:
    41.032
    Пол:
    Женски
    А да го прашаш дали сака он и да го роди место тебе? Ако сака и може, нека одбере и име. Ама пошто не може, нека се лути ако сака и до гроб.
    Како мали деца ќе се лутат за име, бог да чува. Јас да сум заинает ќе го викам така како што сум намислила, уште неродено.
    Па и стресови ќе си правиш за глупости.
    Кажете им ние одбравме име и тоа е тоа, ако ви се свиѓа арно, ако не пак арно.

    Свекорот кога кажавме име искоментира е од кај го најдовте, маж ми многу се повреди, ама не му збореше после, си го крстивме како сакавме, сега си го вика по име нормално.
     
    На SummerGirl, mal.ecka, Erika.greeneyes и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    841
    Пол:
    Женски
    Па ко шо пиши во првиот дел ,оставање пред свршен чин. Ако веќе не може така беше тоа со сонот.
    Лично името на децата ми е ,,црвена линија" ни мои ни негови не би дала да се мешаат.
     
    На SummerGirl, mama11, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ама не можам да сфатам што толку обожаваат за све контра да ни одат и да се лутат. Мене најмногу што ме нервира, свекрва ми за да не бацувала деца по лице, дур се мали ги шлапа по раце. И не можеш да и' докажеш на жената дека не е хигиенски, нејзе чиста и била устата. Дур се мали рацете нон стоп во уста им се, ја гледам и на други бебиња истото им го прави. Јас за моево дур беше мало 100 пати и викав, она вика јас само така по малце го бацувам, демек не го шлапам. Ама на луѓе без образование што ќе им објаснувам си викам, ти едно, они по свое. Уште сега се нервирам за второ, а не сум ни трудна.
    Дека машко, го фаќаше на пелената и испушташе звуци ко ментална, уф, ух, демек од старите останало така да правеле, да му расте курето. Јас не знам како не сфаќаат колку се заостанати. Мм и рече нешто ко "ти болна си мори жено, забегани работи правите" па за чудо некое, прекина. Сега веќе голем е, нема такви глупости, да сме по државине негде ќе ја затворат за злоставување дете. Не мислела она така, не мислела она вака, па лути се ко дете мало.
     
    На deniz333, SummerGirl, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  15. fotka

    fotka Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2023
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    I jas decata kratko gi ostavav kaj moite, sveki se buni ne gi gledate decata. No toa se slucuva retko koga treba da renovirame, koga treba da izlezime so drustvo ili posvetime vreme za sebe. Decata pak se privrzani kon mene i tatko im.
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.509
    Допаѓања:
    172.620
    Пол:
    Женски
    :o :o :o
    Боже господе какви некст левел дијагнози се ова. :drunk:
    ————

    Немој да дозволувате да ставите име на своето дете кое вас лично не ви се допаѓа. Јас го носам со месеци, го растам во телото, ќе го ранам од телото, нема да спијам и ќе бдеам над него со денови, месеци и години, буквално нема веќе безгрижност кога стануваш мајка и некој друг ќе ми кажува како да го крстам. Како па да не. Правете така како што ви одговара на вас и крај.
    Не мислам дека не е во ред и ако некој сака да си крсти по старите особено ако сте во коректни односи со нив, уште повеќе ако ви се допаѓа името, супер, ваше право.
    Ама во повеќето случаи не е така и обично тие имиња се изнудени и некогаш и да сакаш да испочитуваш ти ствараат одбивност. И не мораш да почитуваш. Тоа е двосмерна улица. Ако едната страна не почитува, нема зошто другата да почитува.
     
    На Oneo, IRBBB, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.168
    Пол:
    Женски
    Да, јасно ми е, за такви покварени само така, мораш нешто да измислиш.
    Ама денес е името на детето, утре нешто друго, цел живот треба да измислува.
    Вака директно да им каже најдобро, ама мислам дека маж и треба да им каже да не се мешаат.
     
    На SummerGirl, *Amethyst* и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.840
    Пол:
    Женски
    Не знам како дошло до дискусија свекор ти да кажува како ќе се вика ТВОЕТО дете. Но, кога веќе ти кажува што да правиш за бебето кое расте во твое тело, требаше и ти на почетокот да пристапиш со, јас сакам оваа куќа да се препише на мое име. Исто е.

    Нема што понатака да разговараш на таа тема. Не знам во каква ситуација сте, ама ако и финансиски зависите од него, тогаш имате поголем проблем од само името.

    Породи се, прати го маж ти да го заведе името кое го сакате и тоа е тоа. Нема што да се нервираш и комплицираш. Па на свекор ќе му се тресам.

    Баш ми е гајле:D

    Нека си купи магаре нека си го вика по него.
     
    На Oneo, see.emily.play, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  19. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.821
    Допаѓања:
    19.409
    Пол:
    Женски
    @warrior
    Жено златна, имаш толку убав и реално напорен период пред тебе ти за свекор ти се замараш?
    Башка тој си ставил у глава дека ќе се вика по него, вие никогаш му немате кажано "да, да така ќе се вика" па за сега да се лути.
    Иди кажи му на маж ти да го извести како имате одлучено да ви се вика вашето дете и ај со здравје.
    Ако му е мерак, ќе го сака од шо е внуче, а не заради името.
    Ете внукот од сестра ти нека го сака заради името :rofl:

    А па и тоа па колку е глупо, да не се размислело на секунда дека веќе има детенце со тоа име у фамилија(facepalm)
     
    На Mother of 2boys, SummerGirl, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека можда и несвесно ги прават некои работи, демек така останало од старите, така сме гледале па така правиме, ама малку да се размисли што се прави, ко на пример јас дур растев, баба ми, ми викаше не пеј дур јадеш, ќе се омажиш за циган, па еве ни на крај памет не ми е дојдено ова да му го зборам на дете мое или на било кое. Не треба многу, треба малку да се размисли со главата.
     
    На SummerGirl, Трагедијаупмм, A94 и 4 други им се допаѓа ова.