^ Сите приказни не се исти, ако некој успеал не верувам дека е без ничија помош макар и мала но сепак значајна. Ако таа нема никаква помош како ќе се снајде во моментот кога е веќе трудна и чека дете?
МСкорпионка знам дека на мене ти се однесува ова срцепарателна приказна во која сум успеала со макар малку помош, да успеав со помош на мајка ми, признавам. Сакав да и покажам и докажам на девојкава дека не е се така црно како што си го замислила, не е само она јадна и страдна, има појадни и пострадни, има и потешки и покомплексни ситуации. Девојчево си има мака да, ама најголема мака е нејзината неукост, срамота е во 21 век млада девојка вака да размислува, нажалост тоа е.
Барем за мене не беше без ничија помош, такво нешто не реков (а далеку од тоа дека на тацна ми беше се` наредено), а и таа има целосна поддршка од мајка и` која и самата решила да напушти брак кој не водел никаде, што значи дека е некој кој не само од аспект на мајка туку и од аспект на паталец ќе ја разбере. А не постојат малку жени со лоши бракови кои познавам кои станале мајки баш околу нејзина возраст па од невозможното направиле возможно што се вели. Сите приказни се различни, тоа е точно, но човек не може да знае што се` е способен да стори кога ќе биде на мака. Можеби некогаш треба со поиницијативен став да се пристапи ко работите. Барем јас познавам едно девојче кое вели дека од сегашна перспектива, можеби би и` било доволно тогаш само некој да и` каже „Ти можеш.“
ti si imala nekakva podrska barem ne si ni trudna bila pa zatoa velis vaka kako vovek da se snajde bremena zena na ulica da ostane barajki rabota imajki usi barala rogovi pa i bez usi ostanala ccc
Па викаш дека имаш отворена врата кај твоите, не е тоа подршка? Девојче, истата мака сме ја имале како деца, не е дека сум имала богат живот и лаганица сум поминувала во детството, твојот начин бил тој, да избегаш од дома, да се омажиш, не велам буквално да избегаш, туку да си отидеш од дома. Ти никогаш нема да се промениш, едноставно менталитетот и околината те направиле таква, опкружена со прости луѓе и глуп маж, епа извини ама мажот ти е поголемо бебе и од она што ти е во стомак, кај и да е ќе имаш две бебиња, епа тогаш баш се мислам како ќе излезеш на крај. Со лесно да ти помине бременоста па ќе збориме после, само сирото тоа малечко имам да кажам
dali si omazena? izvini devojko koja i da si kakov takv maz mi e ptost nekoj da go narekuva nemoze pogledni se sebe zbori za drug
леле девојче ти да не се заебаваш случајно овде на форумов???? Како тоа од еднаш знаеш да вратиш на некој непознат што вика дека маж ти е прост ( а и сите би се согласиле на тоа зашто сеуште мајка му мисли наместо него) ....а не знаеш да и кажеш на свекрва ти да не зборува лошо за твоето семејство??? Немој да бидеш безобразна, сите ти даваат совети како да успееш понатаму а ти продолжуваш да кукумјачиш...или пробај да се промениш и ти и твојата ситуација или помири се со моменталната ситуација. Не знам ти што сакаш уствари да постигнеш .....сакаш сожалување или да ти тече мед и млеко што никогаш нема да се оствари...кај никој од нас. А и искрено да ти кажам да беше свекрва ти толку лоша како што ја претстави, сигурно немаше да дремеш толку на интернет. Во моментов ќе правеше ручек Не ги барај маните кај другите секогаш....понекогаш погледни каде грешиш и ти , зашто луѓе сме грешиме. Извини што морам да ти кажам, ама кога прв пат прочитав што си пишала ми падна жал за тебе, ама како продолжуваш понатаму сваќам дека навистина не си дозреана
draga vospitana gospogice namesto da spiujam do 12 saat jas uste vbo 4 sum budna i veke domasnite raboti odmana mi se zavrseni bidi ti zdrava i ziva svekrva mi ako bese doma nemase ni kom da e vkl a ne da sum na kom sreka pa e na odmor za turcija a jas bel den da vidam
Ај па и вие ви се чудам што посветивте толку внимание на невестичкава. Кога некој сам не сака да си помогне, никој друг не може да му помогне на сила. Мене девојкава ми личи како оние на кои никој не им чини, свекрвата не чинела (оправдано или не оправдано, не навлегувам) сега и вие не чините бидејќи ја советувате и критикувате. Уживајте си и оставете си ја невестичкава што си надробила, тоа да си срка. Не е мала.
^Верувам прост беше кажано во смисол на тоа дека место да гледа тебе и да те поддржува,да се понаша ко женет маж а наскоро и татко на едно бебе тој уште цвичи по мајка му. Трудничка секој коментар е сувишен за твојот случај бидејки како што се развива дискусијата сфакам деак ти не сакаш совет ,сакаш да ти кажат Леле девојче жалиме и плачеме заедно со тебе.И да жалам кога ке видам некој вака да се мачи и животот е суров према него.Но,ти не си сама.Имаш мајка коа те прима дома така да ако си заминеш од таа кука нема да останеш сама бремена жена оставена на улица.Проблемот е тоа што ти ни кај мајка ти нејкеш да се вратиш а ни тука не ти се седи па сеа калкулираш каде маката е помала. Што да ти кажеме,ти си знаеш најдобро на што си спремна и за што си способна во твојот живот.Ако сметаш дека имш доволно сила да останеш со тие дрмнати цвекор и свекрва и уште подрмнат маж бидејки не те поддржува во ништо тогаш седи.Ако сметаш дека не можеш да го поднесеш тоа пут под ноге.Нема да бидеш ни прва ни последна.
Трудничка и сама си ја знаеш ситуацијата , во таа куќа не им треба жена што ќе придонесува ами амал кој ќе работи и ќе си лечат фрустрации на него.... Не знам како да ти помогнеме кога секој обид за совет ти го дочекуваш со кавга , ти дома нема да се вратиш оти ќе пукне брука ... По секоја цена сакаш да останеш во куќата каде си понижувана , со надеж дека еден ден ќе се сврти тркалото . Еве јас те жалам на 17 години со ова да се расправаш богами жално е, но сама си си надробила , никој не те терал зорле , епа сега сркај .. Единствен спас ти е да го вртиш маж ти на своја страна како знаеш и умееш и побарај му да ти остава некој денар да не трпиш вака .
Kога прочитав дека девојкава се омажила млада и рано останала бремена јасно ми беше дека одма коментарите ќе бидат од типот ''што си дробела тоа ќе сркаш''. Драги феминки, тоа што се омажила млада не значи дека треба да биде малтретирана. Доаѓа од нефункционално семејство, се заљубила и во моментот тоа и изгледало најдобро решение. Како што прочитав таа никаде не кажа дека се кае што се омажила. Спојлер Малку офтопик: кога зборувате дека требало да заврши факултет сетете се дека тоа е најголемиот проблем на нашава држава, што и кадри и некадри завршија факултети па сега сакаат работа во канцеларија, а не се свесни дека не ја заслужуваат истата. Земјата има потреба и од работничка класа, исто како што има потреба и од жени домаќинки. Нема ништо лошо во тоа. Има лошо ако некој се преценува, а ви гарантирам дека пола од двојкашите од моја генерација завршија со препишување некои безвезни факултети и ако ги прашаш две чисти немаат од струката, ама си сакаат работа од над 30000 плата. Муабетот ми беше, не дозволувајте си нечиј избор да го нарекувате грешка. Мајка ми се омажила млада на 17, не затоа што дедо ми пиел туку затоа што биле 4 деца а тој немал финансии да ги издржава, па се осеќала на терет. И еве ги и после 30 години брак со татко ми се пар за пример. Не е тоа мерило. А покрај се, девојкава е веќе и бремена. Па нема потреба од претпоставки од типот што би било кога би било. Од требело ова требело она, сега веќе фајде нема. Изборот е направен. Многу од вас ја советуваат да си замине, имала поддршка од мајка и, а девојкава јасно ви вели дека е бремена, невработена и со татко алкохоличар. Каде да оди? Ви кажува дека нејзините едвај крај со крај врзуваат, па уште таа со дете им фали. И што ако татко и и го малтретира и новороденчето? Не е така едноставно. Трудничка сега ти се обраќам тебе. Тоа што си се омажила млада не значи дека треба да ги прекинеш врските со светот и да затупавееш, а по муабетиве гледам натаму одиш. Тоа кој умрел и зошто умрел е Господова работа, ти гледај си детето да ти се роди здраво право и не замарај се со бабини деветини. Гледам не се жалиш од мажот освен во делот за финансиите, па претпоставувам дека бракот горе долу ви е солиден. Ангел е во право кога вели дека мажот ти е глуп. Само теле може на дваесет и кусур години парите да и ги дава на мамичка. За да оди на кафе со колегите, и бара 100 денари на мама? Срамота! Ќе го седнеш и ќе си направиш убав муабет дека вака не може. Парите ќе ги остава дома и вие ќе располагате со нив,а нормално во заедница, ќе вложувате во домаќинството колку што треба. Ако треба и повиши глас, пушти некоја солза ама исклучиво насамо кога сте, никако пред свекрвата. Послужи се со некоја женска финта ама гледај да го придобиеш и да стекнеш доверба. Наместо со клетви и горчина, биди итра, играј попаметно од свекрвата. Објасни му на мажот дека вие сте сега семејство и треба вие да му бидете приоритет. И пред се објасни му дека не си со него за да избегаш од дома, туку од љубов. Џабе ти е се , ако тој мисли дека си се омажила само од интерес. Можеби мисли дека го користиш па затоа парите и ги дава на мајка му. Поработи на односот ваш, па кога тој ќе те штити ќе видиш како свекрвата ќе си легне на брашното. И уште една работа. Бремена си. Немој да си огорчена, туку уживај во блажената состојба. Ќе станеш мамичка, биди среќна, срцето нека ти е полно со радост и љубов. Само така ќе ти се подобри животот
драги пријатели ве гледам што се пишувате и навистина ми е жал , јас сум долгогодишна пријателка со трудницка и сега и сосетки сме колку што јас ја познавам неа толку ги познавам и сегашното семејство и можам да ви кажам дека таа доволно не ви раскажала за животот што сега го живее,јас сум нивна сосетка од мојата 2 година и сега сум 28 години. нејзината свекрва и не ја опиша доволно каква е тоа не е човек тоа е демон како свири така играат така направила уште кога дошла како снаа а сега на трудницка не и дава глас да пушти како и да се спротистави џабе е на оваа од едното и влегува од другото и излегува .трудницка е мирна девојка која едвај мравка гази и затоа повеке премолчува на зборовите од свекорот и свекрвата. еве на нејззе ова и го немав кажено несакав да ја растажам но сега и таа ке види и ке се растажи знам ,пред да се омажи таа за него свекрва и велеше мене ми треба снаа во куката што ке биде како свекрва ми се на готово да ми е ,снаа што фнуци ке ми дава снаа што ке биде сопруга на број за да не остане синот неженет.. и еве сега тоа го има. сопругот на трудницка уште како дете беше поврзан со мајка му платат ја даваше на мајка му за да можат да платат трошоците.. ке ви пишам подоцна уште сега се брзам
Трудничка многу млада си се омажила, неможам ова да не го спомнам. јас ретко влегувам на форумов и некако набрзина го прочитав твојот проблем.незнам што да речам. колку време одевте со сопругот пред да се земите? колку години има тој? дали ги имаше видено неговите родители пред свадбата? верувам дека имаш проблем но разговарај со сопругот, кажи му дека е време да мисли на тебе и на бебето што го очекувате, мајка за мајка, жена за жена. тргнете се од таа куќа, најди начин убеди го. разговарај со твоите за проблемите што ги имаш. и кога бараш совет прифати го, не барај да те сожалуваат туку барај решение за проблемите. среди се пред да се роди бебето, после ке ти е потешко. дури е на одмор свекрвата пробај да ги смениш работите, биди цврста жена, сигурна во себе зашто како прво самиот брак го бара тоа од тебе, заборави дека си се омажила рано, е си повеќе девојче кое чека некој да ги реши проблемите, направи го тоа сама. ти посакувам многу среќа
Кренав раце од приказнава најискрено, но морав ова да го забележам. Гледам многу не` карактеризираат нас кои не сме подготвени да имаме деца и немаме деца како себични во другите теми, па сакам ова да го забележам. Бременост, раѓање, мајчинство .... никако не се за потценување. Се согласувам. Но, толку да се пуцате и удирате во гради затоа што сте родиле или сте бремени е претеризам. Сите сме родени од некој. И да создадеш потомство е прашање на избор. Подобро немајте деца, отколку утре за кој било проблем да лечите фрустрации на нив со фрази од типот на „Те родив додека другите шетаа.“ пример. Или пак за било која слабост во животот, да се правдате со тоа „Ееејјј јас сум мајка.“ *удирањевоградиалатарзан* Затоа што не е најтешка и најхрабра работа на свет, стварно. Детето ви е дежурен кривец за секоја ваша слабост и неодлучност. Според мене тоа не е мајка во вистинска смисла на збор. А остануваат трудни и раѓаат ако е за тоа и сурогат мајки за пари. Мајка е нешто подлабоко од медицинска состојба и според мене тоа ниво не може да го постигне секој.
незнам каде пцуеле или било шTо друго ама за Oна последното во право си Kога тогаш ке биде и бебе како што каза ,ама Kога и да биде да биде од љубов кон него без тоа шTо повекето ке Kажат додека јас те Rастив другите шетале ако е Tака нека шетат и тие шTо сакат а Bебе нека имат Pокасно
Се изреволтирав на Ангел што и` реплцираа од типот на „ти не си имала деца, лесно ти било“. Апсурд е. Тоа е прекрасна работа, не за џабе жената се разубавува во тек на бременост и не смее да се порекне дека носи две души на една снага. Во автобус, не станувам, туку буквално скокам од местото кога ќе влезе бремена жена. Jaс тоа почитувам. Но тоа што некоја останала трудна да и` е доволен повод за оправдување на слаба иницијатива ми е апсурд. Ако тоа не е користење на детето како дежурен виновник, јас не знам што е.
А дали мислите дека во минатото кога се мажеле на 15-16 години биле спремни за мајчинство и домаќинство ? Секако дека не , свекрвата била таа која го водела а од снаата се очекувало да слуша , да учи од свекрвата и да работи што ќе и кажат, со други зборови да учи дур не порасне Очигледно мажот на трудничка и неговата фамилија се уште живеат по тој терк , јас не верувам дека ако мајка му го водела домаќинството успешно со години , преку ноќ ќе му текне дека сега едно девојче од 18 години е спремно да го води .. Нему му е удобно при мама , и таа знае најдобро , а кога трудничка ќе созрее ќе ја замени мама ... Дали е правилно или не , не можеме да кажеме , ама според пишаното така функционираат . Се знае која е газдарица на куќата а снајка има да слуша ... Па сигурно селото не е толку големо , па трудничка прв пат да слуша дека се такви луѓето Само со милост може да се потруди да го придобие мажот за да и биде полесно .
абе женчина некако и се нафрливте на трудничка. јас не гледам причина да измислува некој на форуми. ако сепак има причина кажете ми. очигледно трудничка има проблеми, не е лесно со татко алкохоличар и со такво детство какво што имала да се живее. таа сакала само да најде мир во другото семејство, да и се тргне на мајка и која има куп проблеми. за жал полошо нашла. нигде не прочитав дека се кае за бракот со мажот и, нејзе и треба љубов, негде прочитав дека маж и не ја приметувал дури не му текнело за секс, зарем тоа е нормално? сите сакаме барем еднаш во денот да почувствуваме дека сме сакани, немора со луксузи доволно е на пример едно цвеќе од бавча да скини и да ја изненади. мила трудничка чувај си ја младоста а и секако бременоста, не се нервирај, одмарај, и како што пишав погоре разговарај со сопругот. кажи му дека го сакаш и дека ти фали ко ќе ти е тешко една негова прегратка. очигледно двајцата сте млади и тој сеуште е под влијание на мајкаму, но има решение. биди силна и одлучна жена, покажи му дека знаеш да се грижиш за твоето семејство. секој проблем се решава со разбирање, најбитно е вие двајца да се разбирате, другите мафни ги. а свекрвати и свекоти некои образовани луѓе се? зашто кажа дека имате високи примања.