Мене не ми даваа да седам на ќошот од масата оти ќе сум се омажела за Ром. После откако го одбрав првиот маж клошар, им викав подобро да ме оставевте да си седам на ќошот и за Ром да се омажев, они сите направија големи куќи во мојот град, по две три коли имат, ќе живеев како царица а не со овој нашиов македонец шо нема ни сол да се насоли. Како и да е, не верувам во такви бабини деветини и моите деца никогаш немат чуено такви глупости.
Оф топик, јас знам па ако седиш во ќош нема да се омажиш. А за Ром ќе се омажиш ако пееш додека јадеш.
Хахахахахахахахахаха Ти ќе ме умреш, вика подобро на ќош да си седев Мене ми викаа дека немало да се омажам на ќош ако седам, јас отидов на 23 се омажив да им докажам дека џабе цел живот на ќош го поминав
Ова со свекоров/дедото за името на внукот е само за пред народ. Внучето треба да му е мило кое и име да го носи. Ако се лути големо чудо, нека не го ни гледа и решен проблем.
На пријатели свекрвата неколку месеци не се качи да ја види внуката, бидејќи беше лута зошто не е по неа крстена. А името и е мн мн лошо, ама најозбилно.
Свекор на моја братучетка кога им кажаа за името и секако дека нема да е негово, онака лабаво и рече дека тоа ке му оставело еден црн белег у животот Мојов па не се бунеше за името на син ми ама осетив дека потајно сакал да го крстиме по него.
Ова ме потсети на една комшика. Внуката од син и, има две имиња, второто е од свекрвата, ама ич не се складни ко на пример Јана Гордана, им рекла демек ако не го крстите по мене, станот во Скопје нема да ви го препишам. а второто, машко, по свекорот е крстено. И други примери имам во околина кај што и двете деца се викаат по свекорот и свекрвата. Ај едното да го крстиш по некој (ако сакаш, нормално) ми е во ред, ама и двете, па преглупо ми е. Овие маж и жена така се викаат и внуците нивни исто. Преглупо. Старите Јованка и Петко Стојковски и внуците исто.
Охоо, јас колку ги знам такви. А најлошо од се ова шо и родителите мислат дека така треба да биде. Господ нека им е на помош.
Нека не ве чуди. Ова е стандард во јужните краишта. Се знае, и двете деца на свекор и свекрва, ама тоа не е сѐ. И на девер и јатрва кога ќе се роди дете, исто, или ептен слично име се става, да не се покусо. Или, во смисла да не излезе дека ете они не испочитувале традиција.
Тоа е само знак дека во тие фамилии снаата дозволила да падне подоле од ниво на безгласна буква. За среќа, се' помалку ги има тие такви.
Хахахах бабите од мм нон-стоп за ова ми зборуваа зошто не го јадеш крајчето, земи го да те сака свекрвата. А свекрва ми присутна тука. И јас намерно па не го земам зошто она више ме сака хахахахах
И мојава. Кажуваа како она го испочитувала свекорот и ставила име по него, а јатрвата по свекрвата. И си мислеше и јас по неа хахах Им кажав без навреда најголемата глупост е ова што сум ја чула. Кој ќе се врти свекорот или внукот кога ќе викнеш, истото име ако го носат. И се едни исти ли имиња ќе вртиме. Не ми личи мало бебче со име од старец не ми оди некако. Старинско име. Време е за помодерни поубави имиња. Јас за ќерка ми сама си го имав одбрано името уште не бев бремена си викав ако имам ќерка вака би ја крстила. На мм му го кажав тоа име, му предложив и упте две три други. Ама и на него тоа му се допадна најмногу. Како си земаат не знам слобода за вакви глупи коментари.
Ни за 10 стана ако свекрва ми се вика Грозда или Стојанка нема така да крстам дете. Па што се ќе трпи тоа дете кога ќе порасне? А другото дете има женска верзија од дедото. А на друга другарка дека не ја крстија по свекрвата, свекрвата сега се претставува и си го ,, менува” името како внуката. Мислам мизерија. Жено знам дека се викаш пр. Ангелинаа она сега вика јас сум пр. Лина. Пресмешно е ама и болно е. Ова ми се примери од исти град на југот. Болно ми е ова мене.
Знам за случај каде детето не го крстија по свекорот, овој отиде во полиција и си го смени името да се вика исто како детето