Е како би ја отерала упм ко ќе се појави да го види детето по неколку месеци. Тој може и од комшиите децата да ги именува, ако му дозволи некој. Па уште свекрвава во случајов наместо да го ослови со свекор, вели "чекај да се врати татко ти". Тој не ѝ е татко на трудницата, туку свекор. Досега никогаш не сум слушнала свекрва ко ќе и се обраќа на снаа за свекорот да ѝ рече татко ти, секогаш бил ословен како свекор.
Мене на свекрва ми мајка така ми кажа еднаш "почекај да се врати мајка ти", јас па ни на крај памет дека за свекрва ми, нешто си работев, и потоа ми текна, си велев па мајка ми не е тука и ми текна. Па и свекрва ми така еднаш ми кажа "сега татко ти ќе се врати од работа и ќе јадеме", и кажав "татко ми е во Скопје", и од тогаш се ми вели свекор ти, ама со пола уста. Па свекрва ми не ги викала така нејзините свекор и свекрва, а сакаат јас да ги викам, аха сигурно.
Јас од старт пресеков за тоа кАжав тетка и чичко ради тоа што се постари ако не им одговара тогаш по име. Јас еден татко и една мајка имам. На свеки не и беше сеедно али немаше мн избор
И јас пресеков, им кажав дека така нема да ги викам, дека си имам една мајка и еден татко. А бе тоа е за пред народ само.
Хахаха како па да не. Со моите најлесно е. Ние сите си кажуваме што имаме во лице. И после истата секунда си продолжува друг муабет никој не се лути. А кај мм, никој ништо не си кажува сите собираат. Нели happy family, а уствари не е така. Мене тоа не ми се допаѓа. Сега утре ќерка ми кога ќе порасне јас да не смеам ништо да и речам или она мене ако не сум во право? Ама дојде овде снашката(читај јас) и не сакам кавги,навреди ама се што имам си кажувам. За тоа што не се во право, а богами не ми треба мирни вака збор да не кажуваат а позади глупости прават. Нормално дека ќе си кажам што не е во ред. И знам дека заради тоа не им одговарам и му доаѓа дека сум лоша ама баш ме брига. Последниот пат свеки кај мм за мене се дрзна да збори за случка меѓу мене и неа сакаше да биде она жртва а мене да ме оцрни, чекаше да биде сам он хахах зошто не зборува пред мене? Ама наидов јас и слушам мм и вика па во право е (името мое) ,што е сега проблемот? И јас влегов и викам абе па за мене ли се зборува хахах па си добив коментар сум била арогантна. И се што имав си кажав. Па кога мм апла застана на моја страна, сакаше да лаже нели нормално ама ја знаеме веќе. Само ме нервира што лаже и негира. Кај мене не поминуваат тие финти, ама некогаш викам којзнае мм што си мисли сепак мајка му е, може си мисли стварно дека е толку загрижена. иначе сега засега сеуште е мирна.
Mene mi nagovestija deka tie ne im bile brakja i sestri na mojte roditeli za da bidat tetka i cicko. Bash super. Zatoa im se obrakjam oficijalno, cesto znam da mu recam na mm ''reci i na majka ti" ako treba nesto da spodelam. Sveki vikase mene nemora da me vikas mamo, ama svekor ti ke saka da go vikas tato. Usvari obratno ona gori od zelba ama toa i e. Da bide pozeznato zolva mi gi vika mama i tato nejzinite svekor i svekrva pa sega jas sum bila bez pocit. A toa sto im zbori sto ke stigne ne e vazno, bitno mama i tato so polna usta velela.
Бог да чува се. Исто, уште пред свадбата му се обратив на свекор ми со чичко и името, ми кажа не ми бил чичко, епа татко најмалку.
А како треба да му се обратам? Мајка и татко не ми се, чичко и тетка не ми се, ако ги викнеш по име па стари се, како така по име ќе ги викнеш. Ако не му се обратиш никако, туку дирекно тоа што сакаш му го кажуваш, па и така не бива. Јас фала Богу имам разбрани колку-толку и свекор и свекрва, па уште од самиот почеток свекрвата ми рече да не се устручаваш да не викаш мамо и тато ако нејќеш, си имаш ти мајка и татко, ние не ти сме. Имам и золва, па свесна е дека и она нема шанса никогаш да и рече на идната свекрва мамо. А за тоа за имињата, немам коментар. Нека ми дади Господ чедо, нека се пробат така за име како што погоре читам, па ќе видеме. Има цела куќа да ја кренам у вис и пак нема да се вика како што тие сакаат, туку како ни одговара мене и на маж ми.
Со господине и госпоѓо фино е и културно се шалам јас вакви ситуации сум избегнувала со сакаш ли да го причуваш малиот на 1 саат итн. А во врска со имињата на баби и дедовци строго не!! Па и маж ако се противи може да го гледа тогаш само викенд уствари како ќе одреди судот па нека си ги чува мама и тато довека. Кога сме кај золвите дали и вашите се толку маѓепсани со вашите деца до толку да си мислат дека она е мајка, а не мајката?
Леле бе луѓеее Шо е со фамилииве озбилно. Ај јас немам ни золви, ни свекрви, ама ни у мојата фамилија не се понашаат вака. Мада 70% ми се раселени ама пак, ова све ненормално Јас ќерка ми ќе ја седнувам на ќош да не се мажи воопшто најубаво
Еј ќути па и уште љута зошто не сме оделе боже боже. Среќа со бебе аме плус дома па не се тутнува маката е сега што правиме не знае ја копка
Не мора да се земат сваќе, само нека се сакаат А внучето по тебе ќе го крстиме, објасни му на зетко уште од сега
А зошто се очекува дека мајката и таткото на мажот треба да се викаат мама и тато? Па уште еве мене не мора ама свекор ти сака? Само малку…он сакал? И сега он ако сака на трепки да одам по кров јас треба да го правам тоа? Што им е со тие ретардирани очекувања? Па и со имињата…. Ако им смета и чичко и тетка ќе ги викам директ на име, бидејќи друг начин еве незнам.
Јас никако не ги викам, сами си доаѓаат (мала шега). И јас директно им се обраќам, ни чичко, ни тетка, ни мајка, ни татко, ни по име. Ако гледаат во мене ќе им кажам нешто, ако не ќе си викнам пак да ме слушнат, и така.
Како така сваќе, во грев да живеат децата не е убаво. Ја тоа под мој кров не дозвољавам. Иначе се знае, првите 3 на мене ќе се викаат, после како си сакаат така не мислам ја да им се мешам на децата.