И да не ја викаат се подразбира, они нас нѐ сакаат како нивни деца, рамо до рамо сме со нивни ќерки. Ние сме тие лошите што ги мразиме.
Шала на страна, баба ми стварно го прави ова. Погодени се со вујна ми многу, а баба има изгубено женско дете на пораѓај и од прв ден ја праша "може ли да те викам ќерко, а ти како сакаш мене викај ме" И вујна ми ги завика мама и тато. Ама со разбирање се сѐ може...
Епа да ви кажам, нас официјално почнаа ред да ни водат кај ги трошеме парите и дали јадеме по кафани Мене мајка ми пред свекрва ми рече дека треба мамо да ја викам, а свекрва ми рече мајка е една, таа што ја родила. И тоа на свекрва ми и беше многу на место. А мајка ми, што да коментирам.. темата е свекрви и снаи.. и мајки и ќерки да имаше и таа ќе броеше илјадници страни А да додадам, мајка ми смета дека свекрвата е ПОбаба. И така, јас од двете страни сум за греота, среќа маж ми е нормален човек, па ни едните ни другите не ги ставаме на памет
Ееее, да ги пратиш на обука кај овие на маж ми, може ќе најдат некое наследатво од некој прадедо, дедо. Само не знам колку ги бива, за нив ништо не си најдоа, а со години бараат
Е свекривите имат кај мене. Како сам се надала добро сам се удала. Ама пустите ќе умрат од мака што денар не им зимаме. И коментираат само, у кафана ќе идете пак?! Е после ќе немате пари за тоа и за тоа. И маж ми им одговара, и да немаме од вас не бараме итн итн и така у круг
Свекрва ми на секое одење прашува колку троши струја, вода мајка ми. Нареден пат кога ќе одиме таму, ако ме праша, ќе и свртам на мајка ми и ќе и кажам "дај кажи и на свеки колку сметки плаќаш". Изгледа води евиденција.
Мојава па како да ги сожалува моите. Демек не им барајте нив ако треба нешто, немат да ви дадат. ЈАС ЌЕ ВИ ДАДАМ!! А живеевме во нејзин стан додека не почна газдарица да се прави, па си собрав ја парталите и му реков на мојот, тогаш дечко, ја бегам, ти како сакаш. И под кирија си отидовме и од тогаш последно да е, па од нив не зимам.
Оваа твојава барем сакала да ви даде, мојата бивша свеки се ни зеде . Чаршафи, маси, фотелји. После доаѓаше во станот кога не сум дома и на син и му викаше да и го дал и фрижидерот и седмоседот од дневната . Откако си заминав, будалата се и дал, она си го опремила нејзиниот стан цел а овој седи на скршен двосед .