Не знаев каде да вметнам,па еве овде.Колега на работа вика ,направив куќа,спратот за горе таму да седат, снаа ми на готово дојде.Како за неа куќата да ја правел,како таа да го терала,како снаата да е предмет.За потоа да додаде,една е таа,може и на крај ќе го земе овој мојов нејзините да ги гледа,па со доза на иронија,како незините да не се родители,како само тој и жена му да имаат екслузивно право,зошто имаат син.Менталитетов ние нула,па после ние за Европа ,а во19 век застанати. Па и ова да се колне по сестра,му зела дел од имотот,зетовите да јаделе,божем снаите не јадат ако веќе се мери кој повеќе заслужил да јаде.Лелелеле,немам зборови,каков примитивизам на ова тло наше.Па на крај Амин напишал,оф мори мајко.
Стандард муабет е тоа, на готово дојде снаата, се и е сервирано, се и е дадено. Не даваат на снаата, даваат на синко кој верувам дека би сакале да е одомен и среќен. На крајот ниту синот ниту снаата не побарале. А ако се снајдат сами и се иселат, не чини снаата, го натерала, го излажала, не сака со нив да живее. Имам една случка кај што татково му рече ма синот ,, ми следува една соба од куќава, јас ти ја направив".
А собата во гроб ли ќе ја носи? Ова има и ситуации што знам каде сестрата кај братот под клуч си има соба , а она живее во Америка и не доаѓа тука. Која е потребата не разбирам. Имав во близина и ситуација каде сестрата се налути на братот дека му препишале на него стан и 10 години не разговараа. Самите од себе си патиме, никој не ни е крив за ништо.
Епа тука се криви старите шо не поделуваат како шо треба. Имам пријателка Данкиња, шо зеде еден наш македонец за маж и често доаѓаа кај нас на гости, она има брат, родителите им се починати. Еден стан на него, друг стан на неа им имат оставено. И ја прашав а шо ќе правевте да беше само еден стан. Ми вика па ќе го продадевме и ќе одевме под ќирија или ќе го издававме и ќе си делевме парите. Ама они се странци, потрезвено размислуваат од нас, кај нив нема бате е побитен оти треба да си ги шири јајцата.
Тоа е проблемот кај нас, се гради куќа што се роди машко дете и се знае, еден спрат за него, еден за старите. Не дај Боже ни на најголем непријател младите да решат на друго место да живеат. Одма е префрлање вина, па ние за кого градевме, па што не ви чини, па вложите вие допрајте ја куќата, нека и ги напрае татко и скалите ако и смета што нема, ако не не гледате ќе препишеме на другото.. Од една страна, жалосно е што мн од паровите се фатени во небрано, од друга страна па си треба малку размислување пред стапување во брак. Знам, на форумов е табу да кажеш дека треба да решиш станбено и финансиско прашање пред да влезеш во брак, ама па така е. Не велам дека треба да се чека дљ се направи палата, ама па малку од малку да се размисли што ако.. Се надевам дека нашата генерација ќе учи од грешките и нема да бидат како нашите стари.
Јас знам ситуација каде на ќерката и купиле стан, а на братот му препишале спрат од куќата, и малце и е на сестрава, го барала и долниот спрат да и го препишат само на неа, а стариве им кажале на неа стан, на синот спратот, а долниот спрат по пола, има и услови за посебни влезови, а братот и кажал ако сака понатака, после смртта на родителите, да и даде пари и да му го остави на него, не бре, инат невиден, и како што велиш не живее тука сестрава, во Германија е со години, доаѓа еднаш годишно и си одат во станот што и го купиле родителите. Тука си во право дека се виновни старите, не го решаваат тоа на време, и после нивната смрт ќе се колат браќа, сестри, како што беше последниов случај, за имот си ја убил сестрата и внукот, а едниот го ранил.
Другаркава каде што татко и не збореше со сестра му 10 години прават куќа. Куќата доволна за едно семејство со две деца па и три, големка комотна. До куќата уште еден дел за свекрвата. Е сега кога ќе пораснеле децата они ќе иделе во малиот простор а едно од децата во куќата. Уште сега е со ставот дека едно дете треба да е со неа, за кого она градела. Јас би да имам можност два стана и еднакво да оставам ( ова зависи колку деца ќе имам де). Јас грешка направив што спрат направивме, ама не би сакала дете мое да гради семејство со мене. Па јас сум терсене , си признавам. Ако можам ќе помагам ама со мене не фала.
Ако нејзе не ѝ препишале ништо, сосема е во право што не разговарале. Не е до собата, станот итн. До почитта е. А ако некој си ги двои децата за вакви работи, јасно кажува дека не го сака и почитува детето што го остава без ништо. На ќерката ѝ маваат клоца кога ја оставаат без ништо ама она претерува кога се лути. Ај важи. Болје ништо не оставај на ниедно дете.
Исто и јас, уште сега им велам на свекрва ми и свекор ми "утре здравје Боже да имаме деца, јас нема да дозволам да живееме во иста куќа. Па свеки ми вели "може децата тука ќе сакаат да седат", нека седат, ама јас не би седела со нив да ги сопнувам, си имам куќа во Скопје со голем двор, можам да продадам, ќе има за два стана поголеми. А ако и купиле стан или и направиле куќа на сестрата, што тогаш? Дали треба и тогаш дел да бара? Има некои за инат бараат, а веќе си лапнале стан/куќа од родителите, како што го пишав примерот погоре.
Тогаш не. Ама ако нема ништо, тогаш не треба за живи да ги рачуна, не само да не им збори. Бате нека ги мисли.
И на дада ако и купат стан/куќа, а на бате ништо и си живее под кирија или кај жена му, тогаш нека ги мисли дада. Всушност синот нема нема ни да ги гледа, тешко на снаата, има многу такви ситуации. Синот не ги погледнува, си се пијанчи, а цел терет е на снаата. Ова порано било така, сега младите тешко, затоа постои развод, не трпат ништо.
Не се доискажав. Ова не е препишано од родителите, туку од други роднини. Ако тетка ми и препише на сестра ми нема да се лутам, ама моите да не издвојат на моите ќе сум лута, не на сестра ми. Фала богу тоа ни е решено. Штом се продаде куќата, стан за неа, за мене останува станот од моите и еднакви.
Страшно е ова со имотите луѓе. Посебно страшно е шо мажите се разгалени и мислат дека се ги следува оти имат патљак. Сега ми текна на еден случај на една моја школска. Мајка и едно дете е а татко и има сестра. Имаат куќа на два спрата и тоа убаво била поделена од старите, едниот спрат на братот а другиот на сестрата. Абе братот ( таткото на мојата школска) сакаше да ја закоље сестра му оти не му го давала нејзиниот дел овај спрат. Она као била мажена и си имала кај маж и а оваа куќава требала цела на него да биде. И ете ги 20год не зборат меѓу себе. А не се без ич. Нивите се сите негови ( на таткото на школскава) и плус и од жена му имаат уште една куќа на три спрата. Ама не му е доста, сака и делот на сестра му да го земе. Мора да почниме да ги учиме и машките деца дека штом пораснат, нека си барат свое место за живеалиште па ако им дадеме нешто им дадеме, ако не не. Така повеќе ќе ценат, дури и една собичка ако им оставиш.
Ова е друга ситуација мада пак е нејасно зашто на внукот да препишат, што е толку посебен баш тој внук. А сестра ти како ќе го земе тој стан/имот без нејзин потпис? Со сила не ѝ го препишале дефинитивно. Ако е човек ќе рече - сакам и сестра ми да добие исто колку и јас. Ако си ќути ко мутава, крива е
Јас па повеќето ситуации што ги знам сестрата сака се да земе што му следува на братот. Ама како што пиша погоре, највиновни се родителите, синот ако сака да гради треба да му кажат на време, а не да изгради спрат, и потоа сестрата да си бара и од тој спрат дел. Можеби земјиштето е на родителите, ама спратот ако го изградил синот, нема што да бара сестрата од тој спрат, туку од тој на родителите. Баба ми по мајка имаше сестра и брат, баба ми беше најмала, им починале родителите кога баба ми имала 3 месеци, а сестра и тогаш имала 10 години, и немало кој да ја чува, и ја земале едни што немале деца, ја исчувале баба ми и цел имот и ги препишале на неа. Е сега и дедо ми имаше брат и две сестри, им поделиле родителите имот, ниви, доаѓа ред синот на брат му да бара дел од имотот на баба ми, а тоа ниту е на брат му на дедо ми, ниту на родителите на дедо ми, ете баба ми ја исчувале, потоа кога остареа таа ги дочува и се и препишаа на неа.
Хм дали балканскиве мажи ни стануваат такви мази затоа што од старт знаат дека ги следува се обезбедено и се омилени дома? Па после снаите чукаат глави што да прават во темава и маж и жена улога играат за да сочуват дом и им треба напор да створат нешто бар до 35 години зошто ним не ги следува гратис.
Јас мислам ова дека така е оти маж да треба да седи сам во свое живеалиште, ќе си седи само со душек, телевизор и еден стол на кој ќе ги фрла алиштата. Никогаш немам видено маж шо живее сам а да му е средено убаво дома. Освен мајка му ако не иде да му чисти и да му купи некое украсче. И постелнина да смени. Ќе живее како бездомник па жал им е на родителиве за неспособниов. А имам влезено кај жени шо живеат сами и се е цаком паком, мислиш во милионерска куќа влегуваш . Не за џабе е кажано дека жената е таа што ја врти куќата.
Во моја околина, мои блиски пријатели/ки, за чудо ќерката е омилената дома, и се таа како што ќе каже. Една комшика беше помала 12 години од брат и, и уште во средно таа одлучуваше што ќе купат нејзините за дома и неа ја слушаа, се омажи, татко и и купи стан, му зема се на братот, а тој живее во едно собче посебно од куќата, одвоено што живееше таму дедо им пред да почине, порано тоа беше шупа, и направија собче на дедото, откако почина дедото, братот живее таму, сестрата му кажала дека куќата ќе била на нејзините деца, тој немал па не му требало, човеков има 50+ и не е ни женет. Еве и кај мене мм не е омилен, туку сестра му, се гледаат за неа, има, и пак да има. Не ми ни треба мене ништо од нив, си имам јас мое. Да знаеш какви педантни мажи има, повеќе педантни и од жени. Еве на золвата маж и е таков, премногу педантен, и дома се тој чисти, ручек прави, мие садови. Отидовме одамна кај на една другарка дечко што живееше сам, мајка му во друг град живееше, како му беше чисто, светеше како во аптека, во купатилото да ти е жал да седнеш на шолја од што беше премногу чисто.