1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.162
    Пол:
    Женски
    Е да, многу се ретки таквите.
    Има и постари и помлади педантни.
    Од постарите повеќето не се педантни, има и исклучоци, ама тие се навикнати се жената да прави по дома, и утре не дај Боже да почине, ќе не знае ништо.
    Ама така жените ги навикнале, мажите не се виновни, јас гледам по свекрва ми, свекор ми дома е како гостин, она му е како слугинка, е може и од мене така очекуваа да ги служам, ама тешко.
    Едно кафе не вари.
    Или ако јаде се така остава на маса.
     
    На Pa8la, Dilajla123, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    15.071
    Пол:
    Женски
    Се наоѓа и домаќин маж. На мм другар од друг град е, си купи стан тука. Па мене ми е срам некогаш како му е тип топ. Па и секој ден си готви манџи за ручек, не она брзинско јајца и макарони.
    А па и какви грозни жени знам, да ти се згади од тоа какво е гадно и прљаво и кришка незнае со нож да исече.

    Пример девер ми незнае да си стави да јаде. Се свекрва ми трчка по него и свекор ми. Алишта им бара кога се бањаат и чека да искочат ако е испрскано од вода да исчисти. Тотален паразит, ама он е највеќе за жалење. 45 години има и незнае сметка како се плаќа, нема купено за дома 1 сервис чаши, а не пак повеќе да вложил. Се му е дадено и овозможено , за од друга страна за мм никад немало, он сам и спрат и сметки и храна и кретит и здравје и дете за некој месец ќе имаме , ама за него никад не се прашало како стига се. Другиот само за викенд купува храна за сопствени деца и како стига е вечна дилема.
     
    На Трагедијаупмм, Pa8la, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.162
    Пол:
    Женски
    Леле со ова алиштава што им барала за бањање. :rofl:
    Ме потсети на свеки, до ден денес му бара алишта за бањање на свекор ми. :rofl:
     
    На Joanna28, Pa8la и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.210
    Пол:
    Женски
    Леле, бившиот маж ми беше таков. И од мене и од мајка му ни бараше да му најдеме алишта за да облече после бањање. Па и разгален, ако не му се допаѓаше нешто, ни викаше друго да му донесеме.
    А за купатилото после неговото бањање какво беше не сакам ни да опишувам. Влакна и вода уште на таванот шо не беше ставил. :D:D па и кога ќе излезеше ќе ми викнеше Ајде оди чисти. Алиштата шо ги слекол не во корпата, туку во кадата ги фрлаше.
    Си кажав никогаш веќе нема да бидам со маж шо незнае да си ги најде чорапите и гаќите, и шо прави лом во купатилото. Овој сегашниов си проба и он еднаш да ми каже да му најдам алишта, ама го отерав у пичку матер и сам си наоѓа сега. Фала бого и си чисти во купатилото после него.
    :D
    Пазете жени кој го зимате :D
     
    На Joanna28, mssuniquee, Pa8la и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.210
    Пол:
    Женски
    Абе има, не викам не, ама се знае тие колку се. Овие гадниве преовладуваат.
    Имав еден комшија, живееше сам во стан а мајка му и татко му во куќата. И еднаш два пати не викна на гости, мене и уште некои. Син ми лом направи на неговите чаршафи и ги извадив и му ги носев во купатилото да ги стаам да се перат и го прашав како се уклучува пералната и ми вика незнам, мајка ми иде ме пере и ми чисти, јас незнам ништо тука. :D:D:D:D
    Живее 15г во станот и незнае ништо :D:D
    Просто невероватно :D

    Едит: сега ми текна на уште еден таков. Дома цаком паком му е а незнае чашите кај му стојат. Па и се фали дека мајкаму идела 3 пати во неделата да му чисти и пере :D:D
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    15.071
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl:Ништо ама баш ништо не ме чуди. Овие гаќи незнаат кај им стојат, ти па машина овој незнаел да пушти :rofl:
     
    На Pa8la, Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.162
    Пол:
    Женски
    Ауууу, како си издржала жити се?
    :D
    Јас така ќе полудам. :rofl:
    За среќа мм сам си бара алишта, нечистите алишта ги става во корпа, или ако пуштам машина после тоа ги става директно во машина.
    Не е нешто претерано педантен, ама за такви работи, за чистота е.
    Свекор ми не знае каде му стојат чорапите и гаќите. :D

    Добро барем твојот во када, некои, вклучувајќи го и свекор ми доле на плочки. :rofl:
     
    На Mother of 2boys, Pa8la и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.210
    Пол:
    Женски
    Ама битно кога ќе ги видиш надвор со кола, дотерани, намирисани, фризура со 3 кила гел, клучевите ги вртат во раката и се фалат оти сами си живеат :D:D
     
    На Pa8la, Erika.greeneyes и Anyshka им се допаѓа ова.
  9. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    16.805
    Пол:
    Женски
    Не е вистина дека мажите се понепедантни од жените.Влезете во продавница некоја,бутик,и ќе видите кој дел е порастурен.Да не правам муабет за гардеробите,во женските ќе најдете најголеми гадости најчесто секојдневни влошки.Еве и тоалетите во рестораните,машките чисти женските цели со влошки,со крвишта насекаде.
     
    На Joanna28, ArabellaStarfall, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.210
    Пол:
    Женски
    Абе ние за дома си збориме не за надвор :D.
    И јас кога одам во бутик, не ги диплам алиштата. Си има вработени шо им е тоа работа.
     
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.402
    Допаѓања:
    33.162
    Пол:
    Женски
    Ова навистина е точно, еве и по моливите самите чистачки кажале дека женските тоалети се повалкани од машките, па и јас кога одам, ми се загадува, и си трпам, влошките така со крв, незавиткани, да ти се згади.
     
    На VDT2906, Pa8la, Dilajla123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    19.485
    Пол:
    Женски
    Можда зашо маж ќе стиска ќе стиска ама нема да појде во јавно веце да моча :D
    Мојов е таков, никад не сфатив зашо
     
    На Mother of 2boys, Amore123 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.951
    Допаѓања:
    20.210
    Пол:
    Женски
    Тоа е затоа шо преферират да се измочат на некое локално дрво или зид. :D
     
    На Pa8la и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.239
    Допаѓања:
    19.485
    Пол:
    Женски
    Леле мислев во СДК било ова за педантноста(facepalm)(facepalm), сега гледам дека у свекрви било.
    Ај се повлекувам
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    656
    Пол:
    Женски
    Тоа е повеќе и карактер...Маж ми е таков педантен...Ама неговиот брат не се замара многу.
    Дали машко дали женско треба да се научи да биде способно да си го исчисти нередот позади себе.Да биде самостално.А не чекај мамо ,тато.
    Знам за тип мајка му спремаше појадок ,пред работа .Не можел тој сам.Внимавал на изгледот.
     
    На Pa8la, ArabellaStarfall и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Amore123

    Amore123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2023
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Нажалост ова во врска со педантност, во моја околина, машкото да растура и ништо да не чепка по дома, се да му е на маса зготвено, е сосема во ред па и така треба да биде, голема штета.
     
    На Mnik и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    3.079
    Jas se soglasuvam so mislenjeto deka mazite od mali se ucat kako na niv ostanuva imot, pa pokomotni si se vo zivotot. Eve doma iam jas primer, brat mi misli deka se na nego ke e, deka jas sum otselena pa valjda nema da baram niso, iako moite rekle demek po pola ke bide. Pa go gledam ne se zamara so baranje rabota, use demek uci fakultet, t.e se vlece so godini, duri jas na tie godini imav zavrseno, rabotev I denar im nemav pobarano, a ziveev pod kirija vo drug grad. Jas im imam kazano deka sakam po pola, ako odlucam togas deka ajde, ne mi treba, na moja dobra volja ke e samo, a da ne me reckaat poso sum zensko ili deka sum se otselila, toa ke resultira samo so brisenje na site niv od moj zivot.

    So se odnesuva na svekito, iame korektni odnosi, ama ic ne me zanima dali me saka ili ne, ne probuvam ni da se umilkuvam ni da me zasakuva ako nejke, od nejze absolutno niso ne mi zavisi.
     
    На *Amethyst*, Zumbulche, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Ic ne zamaram dali kje me saka svekrvata , najvazno mi e maz mi da me saka fala bogu imam roditeli I tie me sakaat .
     
    На Animini, VDT2906, Amore123 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.837
    Пол:
    Женски
    Не знам со каков тип на луѓе сте опколени, ама јас такви паразити од мажи познавам само од постара генерација.

    Никогаш и никаде нема да дозволам да бидам третирана како мајка на две годишно дете, од маж. Не би можела ни да разберам една жена колку може да се понижи и потчини себе за да ги врши таквите ,,должности". Тоа со алиштата после бањање е безобразлук, шовинизам и огромна мизогинија.

    Во некои и од постовите дури имаше и затскриен шовинизам кој и самите членки не си го распознаваат.

    Зошто правите повеќе во домот од вашите мажи кога сте на исто рамниште со нив? Зошто мислите дека држењето на крпа во раце, пуштање правосмукалка, пуштање машина, диплење, пеглање, готвење е само ваша ,,женска" обврска? Никогаш не би стапила во брак со некој којшто не сака да ги прави овие работи и не ги ни прави. Намерно велам не сака, затоа што секој ако сака ќе научи како се прават. Единствената пречка која ја имаат е ментална, во главата.

    Јас ако сакам уште едно дете, ќе си родам или посвојам, од туѓа мајка пораснато магаре не примам. Зошто ги земате таквите?
    Или правиме се заедно или ништо.
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
    На Oneo, spacegirl92, VDT2906 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Ова ме потстети на свекор ми и свекрва ми. Пред околу 2 недели мм и рекол на свеки "леле од кога немаме јадено пита со кисела зелка" и свеки одма минатата Сабота се спреми да прави, арно ама се "малограѓанштина" па гледа се што може да ми насамари мене да правам, зошто да не проба. (Порано пробуваше со карање, не и успеа, сега демек со убаво, со итроштина:rofl::rofl::rofl:)
    И се сретнавме сабајлето во двор и му вика на син ми "ајде бабе уште малку ќе ми дојдете доле и мајка ти ќе ни меси зелник:rofl::rofl::rofl::rofl:. Јас ја игнорирав, она директно во мене гледаше, чекаше да речам "да мамо, одма идам".:rofl::rofl::rofl:
    Старата јас ќе се испокараше, ама новава ја изигнорира и виде не виде свекица сама си направи и ние си се симнавме на ручек.
    Неможам да им ја разберам таа потреба што ја имаат ние све да им правиме, да им чистиме, готвиме....
    Уште трудна ко бев и ми вика "во Недела сите баби порано си ги земаа внучињата, си шетаа, а мајките чистеа". Во цело маало така правеа. И јас и реков тогаш "значи дете кај нема да гледам преку недела ич, уште и во Недела тебе да ти го дадам?" епа баби за тоа биле, што друго ќе правеле.
    Не е болест се' што боли.
    Ич не ми треба да ме сакаат. Мене па дури убаво ми е длабоко во мене што не ме мирисаат нешто посебно, зошто знам дека со мене неможат да излезат на крај, па ради тоа не сум им по ќејф. :devil:
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.