Да не можеш ама и оние нека не очекуваат ништо од невеста, и она не ти е должна ништо, пошто многу знаат да пецкаат и да додаваат како да се нешто мора невестата. Должност баба, зарем баба не смее ништо да помогне за внуче? Каква должност онда? Само душо мило од далеку? Па така секој знае
Како заклучи од нејзините неколку реченици дека очекува нешто од невестата, многу пецка и додава како да се нешто мора невестата? Што според тебе треба да прави една баба, да чува внуче цело работно време, секогаш да биде достапна за да биде баба? Се пронајде во постот, меѓутоа јас не пишував за тебе, ниту пак знам која е твојата ситуација онолку колку што ти не знаеш за горенаведената ситуација.
Секако јас не обвинувам никого, малку погрешно сфати или можеби погрешно се изразив, ама во целина е така, пишував општо, не за нејзината ситуација. Нормално дека ако си баба не значи да си секогаш достапна ама сепак да не е само со зборови, треба малку и дела , барем според мене, како прво од љубов спрема внуче да сакаш сама да се занимаваш понекогаш со него, не само за потребите
Имаше напишано дека нејзината свекрва неколку саати го чувала детето, потоа била уморна. Што според кажаното, мислам дека не е фер да се бара повеќе, ако таа не може. Таа е приказната, толку знам, затоа и тој совет. Каков однос меѓусебен имаат и каква свекрва била не е напишано за да го адаптирам мојот совет. Човечки е да се помага, точно и неспорно. Но и таа помош колку и да е мала според некои не треба да се злоупотреби, баш дека се баби, а не родители. Не те разбирам во која насока го водиш разговорот. Нормално и дека треба бабата да сака да поминува време со внучето, но ако го чува неколку саати и се изморува, уште колку треба да поминува време со детето, вон потребите на родителите, за да биде според некаков стандард квалификувана како баба?
Па секакви не' има, не викам не. Секој си знае како и што му одговара. Да беше поинаква можда и ќе го оставав повеќе со неа, можда и ќе го пуштав негде на гости со нив. Ама вака и уште 10 да родам не. Иначе каква сака нека е, ама за спиење не би го оставила. Секој си знае. Имам другарка што од 6 месеци ја остава ќерка и да спие и кај мајка и, и кај свекрва и, а вторава во иста куќа, под неа живее. Ама пак ќе речам до луѓето е. Можда и јас грешам, не викам не, ама од кожа излегувам кога го оставаат буквално да прави што сака, за ништо "не" не знаат да кажат. Значи кога ќе прави нешто треба да го искараш, не да го оставаш да те мава и да му се смееш. И реков еднаш, "сакаш да ти го оставам тебе, а ти каков ќе го направиш вака ако се' му дозволуваш?" "дете што нема да плаче ќе е" ми рече. За неа е битно да не го искара, за да ја сака. Зошто од мене и татко му дека плаче секој ден, ич не не сака, нели. Утреден тоа ќе и го направи пред луѓе, јас ќе пропаѓам во земја, не она. Ќе излезе дека јас не сум го воспитала, а тоа што само нејзе ја удира, тоа е друга работа.
Ама ,, такво е детето” ќе биде одговорот. Не не и не е такво. Сите околу мене се со деца. Од фамилија до другарки и гледам за што дете е такво , а гледам како дете се праби такво. Па НЕ е збор што носел трауми. Па што разбира дете од зборот НЕ. Епа мене не ми е логично да сере сред дневна и да јаде леб во исто време. Неможе дете да удира и да се смееме на тоа. Неможе прцле од 10 кила да ме команда. Ако кога е мало не поставиш контрола врз него и не научи дека неможе се, на 8 години ќе ти го бара најновиот акфон по секоја цена и ќе зимаш кредит зошто било греота да нема. И ова го видов и чув.
Од тоа "мало е, не разбира" коса ми се крева што се користи за се и сешто. Како е бе мало дете од 5 години? Не бараме да знае 6 јазици. Иначе едно време го имаа научено на секое излегување кога ќе не видат да му даваат пари. И се тоа ок, дур не почна сам да им бара. Им реков дека нема потреба на секое, уреден ќе им бара ќе немаат, па ќе им плаче, лоши ќе се, свекор ми уште ми вика нека ни бара, цела пензија ако сака ќе му ја давам. И јас на неколку пати, му реков "земај му пари на дедо ти, ако ти дава една пара, барај уште" . и така неколку пати ги ошури по 500/600 денари за неполн месец, еве ги сега не им текнало да речат на ти пари, им се виде многу, толку е пензијата изгледа
Тоа бабите да можат и цицка да му дадат само за да нѐ заменат нас мајките. Мојава скроз е љубоморна кога детето е кај мене, поготово па ако ми заспие у раце. Да сум и го дала раце да не ме болеле а јас лошата па никако да сфатам дека се грижи за мене. За спиење еднаш мм се нашали пред неа вели да сме го оставеле малиот кај нив да спие да сме се наспиеле ние, и таа: а што мислиш нема да спие? Му велам, ти си им син нивно дете си спиј си ти со нив ја со син ми
Леле да не имаме иста свекрва, а да не знаеме. Она и сега сака да го земе насабајле, влегува у соба од сабајле кога се нуди за цицање со прашањето ,, да не му се цица?" И тука ја прашуваш, а што ти да не ќе му дадеш да цица? и лута е цел ден. И плус со муабетот ,,дајте јас да нишам вие спијте".
Па, да не те разочарам ама бабите давале и цицка. Онака да стоиш само да ја користиш како “играчка”, дури и на поголеми дечиња не само на бебиња. Другарка памти како и барала цицка на баба и, оти нели оваа прво и нудела па дете ко дете мисли дека е нормално и ок. Сигурна сум дека не е единствен случај. И тоа се работи за баба од мајка страна. Ова пред 30 години. Во секој случај страшно е колку малку сме се придвижиле напред од тогаш. И колку жени имаат токсична и нездрава врска со своите синови, односно деца генерално.
Не мора да значи. Мојот маж нема никаква близина со мајка му. Значи партали ја прави, ама тоа не ја спречува за она да пробува да се меша во се, и да кажува како треба.(и ова со цицката го знам од неа). Си планира како си намислила и кога ќе и скршиш планот па ќе е увредена 1 месец и се така у круг. Тоа што никој не ја есапи не ја спречува да ти е*е раатот.
Точно е ова, еве и мм лом ја прави, и јас сега се им кажувам во лице, џабе е се, со неразбрани никој не може да се разбере. Цела недела отече женава за некоја слава кај нивни роднини, а ние викендов не планиравме да одиме таму, имавме договорено уште пред една недела. Оваа запнала морало да одиме, мм и кажа дека не одиме, па ми вртеше на мене исто и кажав, па другиот ден пак му вртела на мм додека бил на работа, не и кревал, па пак на мене, и кажав дека еднаш кажавме не одиме и крај. Понеразбрана жена немам видено. Јас со моите не сум одела по слави од 10 години, сега со нив ќе одам, па кај некои нивни далечни роднини, се затрчав да одам. И вчера и се јавив, се и кажав, и реков друг пат така да не не напнува, дека си имаме свои планови, менува тема. Напаст жена, не не остава да дишиме. И во Америка да отидеме ќе не замара.
Леле оваа твоја свекрваааааа Буквално се понаша како пролив после 12, божеееееее Господеее Де жити се блокирајте ја, веќе се напнав што те читам, не па да имам таква, с-т-р-а-ш-н-о
Без разлика, жената е сепак токсична и со нездрави убедувања и многу се такви како неа без разлика дали децата и дозволуваат или не. А тоа е нешто што го влечат и самите од детството и најчесто го пренесуваат на децата.
Јас можам да ја блокирам, ама сепак на мм мајка му е. Ок е да имаме коректен однос, ама толку да напнува не знам. Мене мајка ми толку не ме напнувала да одам со нив кога имав 10 години, само ќе ме прашала дали сакам да одам и тоа кај блиски роднини, и кажував не и толку, не ме напнувала. Сега брзо и кажав онака на зафрканција за да и текне, дека доктор ми кажал да не се нервирам, се што ме нервира да исфрлам, и јас демек сум кажала само луѓето ме нервираат, и тие да сум ги исфрлела, да прекинам контакт, и џабе не и текна дека тоа за неа се однесува.
Знам дека неможи да ја блокира маж ти, се шалам така, ама дека женава си го бара блокчето, и те како.
Jas mila tebe ko te citam taka mi doaga da dojdam da te pregrnam i da ti kazam: ne se sekiri ima kopiii tvojata svekrva po svetot Znam kako ti e imam zboreno na taa tema,mojava tek posle 7 god pocna da se stabilizira no pred toa nekolku god ne bese go videla sinot.... ako mi veruvas bukvalno te svakam vo se.... samo eden sovet od mene: nikogas ne spustaj topka demek zaradi sinot bidejki ona ne razmisluva taka.... Gledaj vam da vi e dobro,i da sakas da odis kazi ne idame...koga ke ti nametne nesto reci i deka ne se sekavas toa da ste se dogovarale i koga ke vidi deka ja provociras,Kontriras so vreme ke se povlece...
Ама и кога живеевме таму, во последно време беа ставени на игнор, се лутеа, многу ми е гајле. Сега не седиме таму, пак замараат. И да не испадне дека се жалам, само се надоврзав на мислењето на членката, дека колку и да ги направиш лом џабе е, не разбираат. И кога ќе кажат мажот (синот) е виновен што така дозволил, епа ете лом ги прави, што треба, не ќе ги заколе, какви такви родители му се, ама јас па не сум должна да ги трпам. А за топка никогаш не спуштам поради мм, родители му се, ама за се има граница. А бе бевме во странство пред две години, ни вртеше да сме дошле за некоја си слава.