Цццццц... Стварно се досадни. Така на нас ни запна за една свадба кај некоја нејзина роднина. Ова беше додека живеевме во Мк. А маж ми со тие роднини не е многу близок. Е сега.. Свадбата требаше да биде во друг град. А тоа значи и дополнителни трошоци. Разговаравме со маж ми и одлучивме да не одиме. Плус... Требаше и децата да ги малтретираме. Немаше кој да ги чува. Идат кај нас на гости и прашува она дали ќе одиме на свадба. Маж ми и одговори - не. Леле кога се возбуди женава. Па како, па зошто.... Срамота било ако не отидеме. Маж ми и вика - Мамо, трошок е. Оваа пак не разбира. И за да не и објаснува синот, и објаснив јас. На крај и реков - Ако ни дадете пари, ќе одиме. Она одма Срамота било пред нејзините роднини да се појави без синовите. Не сфаќа жената дека ние сме посебно. Маж ми не и ќути, ама џабе. Не може да ја смени. Многу е напорна.
Ова ме потсети кога имаше закон само вакцинирани по ресторани и по свадби, и бевме поканети на свадба на нејзина втора братучедка син се женеше што не го ни знаеме, свадбата беше во Струга, ние не бевме вакцинирани, ама не ни се ни одеше, и што велиш па и трошкови, ај да ни е прв братучед па да одиме. Леле цела недела не напна, па и дала мој број на братучедка и што еднаш ја имам видено само за свадбата наша, и кажав дека не одиме, и плус татко ми и брат ми уште немаа година, како ќе одам на свадба, па и братучедка и ми велеше "па нема да играш". Па кога ја подбравме свеки со мм, лом ја направивме, и џабе. И за да не испадне дека само таа напнува, му кажала на свекор ми да ни каже. И дента пред да одат на свадба, свекор ми на мм му вели "ако не оди Анушка дојди ти", кога му се свртев јас "не е вдовец па сам да оди по свадби". Па ни велеа сите ќе оделе од младиве, на крај дознав никој не отишол, сепак ретко и се канат трети братучеди.
лани и купив ташна и ме тераше да ја вратам, не и се свиѓала, кремаста сакала, и јас и сликав ташни кремасти и не бендиса ни една и на крај и ги дадов парите што ја вратив ташната и замислете си ги зема. Затоа оваа година ќе добие ЦВЕЌЕ
И јас исто не знам што да и купам, општо што и да и купиме со мм нејзе или не и се допаѓа или и сметало и по некое време или ќе го тргне (ќе пропадне во земја) или не го облекува воопшто (ако е облека) . Така да, една бомбоњера и готово. 2 цедалки за садови и купивме ко што сакаше и двете ги има протурено негде, големи, вакви онакви биле. Една проста цедалка за во летна кујна, не па за нешто повеќе.
Еднаш и кажав ниту сакам да поклонувам ниту да ми поклонуваат, на ти го дај ми го. И пак ми купува нешто ситно ради реда, и ме става во небрано и јас да и купам, а навистина не знам што. Па дури се дрзнува да ми кажува и на стрина му на мм да и купам нешто, и кажав си има ќерки, нека и купат. Ден на мајките и жената е, секој на својата мајка.
Еве она мене ми дава пари. 2000 денари. Мене ми е премногу тоа а и не сакам на ти го дај ми го да правиме, и затоа ќе добие орхидеја што ќе ја умре за 2 дена.
Јас и цвеќе не и давам, неа и' смета и тоа. Кога се омажила золва ми, сите цвеќиња ги фрлила зошто не сакала да се замара со нив.
И што има врска ова со темава? Или се трудиш неуки да ги направиш луѓево? Или чисто онака да разбиеш монотонија?
Еднаш бев го размислувала ова со цицка давање од страна на бабите за да ги залажат бебињатаи си помислив не биди будала зар постои таква жена ,за на крај еве да кажеш пример,до кај оди човечката психа или глупост
Си има маж свеки,тој нека и купува. Ете синот, што има снаите, па маани уште наоѓаат. Јас не можам ни блуза да и купам, крупна е и тешко да и погодам. За мајка ми пробувам на мене. Слаба е и можам да и погодам. Цвеќиња свеки не сака, и што да и купам друго, и имам купено ташна, паричник, разни украси, разни порцелански за сервирање.