Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    СПОРЕД МЕНЕ ФОРУМОТ Е СОЗДАДЕН ЗА ВАКВИ РАБОТИ СИТЕ МАКИТЕ СИ ГИ КАЖУВАМЕ А НЕ КРИТИКИ ,СОПРУГОТ ОСВЕН ШТО ЈА ДАВА ПЛАТАТА НА МАЈКА МУ СО ДР НЕ МИ шТЕТИ
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Не биди контрадикторна , прочитај наназад што имаш напишано , а сега одеднаш сопругот е супер .. Сите се обидуваат да те советуваат дека место да водиш војни со демонот свекрва :D кои сигурно нема да ги добиеш со кавги и колнења ,да си се насочиш кон подобрување на односот со сопругот и да бараш подршка од него ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    ДРАГИ ФАНОВИ ЈАС СЕ ОДЈАВУВАМ ОД СТРАНАВА ЗА СВЕКРВИ И СНАИ СЕКОЈ ОВДЕ СИ КАЖУВА МАКАТА НИКЈ НЕСАКА КРИТИКИ ДОВОЛНО ГИ ИМАМ ПРОБЛЕМИТЕ КРИТИКИТЕ ЗАДРЖЕТЕ СИ ГИ ПОЗЗ
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    трудничка, мимиии е во право, прво пишуваш дека не те оставал едно фустанче од 500ден. да си купиш, и дека додека не си останала бремена не те допрел освен кога ке посакал секс, парите и ги дава на мајкаму, нејзе ја подржува повеќе од тебе а после велиш се е во ред. значи имаш проблем со сопругот, напрај нешто да се зближите, да не се повторувам прочитај погоре сто пишував. и како што кажав сега си ЖЕНА, треба да размислуваш и да се однесуваш како ВОЗРАСНА И СИЛНА ЖЕНА. ПОЧНИ И КРИТИКИТЕ ДА ГИ ПРИФАКАШ НЕ САМО СОВЕТИТЕ И СОЖЛУВАЊЕТО ОД ДРУГИТЕ. РАЗМИСЛИ, СИТЕ КРИТИКИ КОИ СЕ ПИШАНИ СЕ ЗА ТВОЕ ДОБРО. НЕ БЕГАЈ КОГА НЕКОЈ ТЕ КРИТУКУВА ТУКУ РАЗМИСЛИ, МОЖЕБИ Е ВО ПРАВО!!!!
     
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се измачив од читање. Девојко, очигледно е дека имаш многу мал избор на опции. Пробај да бидеш мила со свекрва ти, иако она е катил и би сакала ти да ја задавиш. Доброто со добро се враќа. Ти прави добро, биди тоа што треба да бидеш. Чувај се пошто си бремена а тоа е најскапоцениот дар од Господ. Немој многу да работиш, но не се легачиш што не верувам дека правиш. Како што приметив ти имаш брак со свекрва ти. Ако она се изнервира од тебе маж ти ти е лут. Ако не се замара она со маж ти односите ви се супер.

    Но морам да те критикувам. Тоа што си се омажила рано не е голема грешка и сето тоа. Огромна грешка е причината што си се омажила,си избегала од своето семејство. Па како не ти е срам? Што ако татко ти е пијаница? Само ти ли ги трпиш неговите глупирања,удари и сето тоа? Не,девојко. Мајка ти ги трпи. И ти толку себично постапуваш со тоа што бегаш и ја оставаш мајка ти со болно срце да ја тепа татко ти. Не знаете ли да свртите број за да го пријавите? Знам дека мајка ти не е сама, дека таму е брат ти но сепак си можела да почекаш. Јас да ја имав твојата домашна ситуација, и да имав совршена врска на 25 немаше да сакам да се мажам пошто ќе ми беше грдо да ја напуштам мајка ми така. А ти си избегала за да не го гледаш сето тоа, да не го доживуваш веќе. Па затоа сега таква свекрва ти дава Господ. Извини ама така е. На почеток си помислив, зошто ја осудуваат но кога подразмислив... сватив.

    Решение на проблемот ти е тоа да бидеш добра со сите,да се правиш наудрена, мутава. Но сепак потребно е да го вразумиш маж ти дека ако продолжи вака ситуацијата он ќе има дете со мајка му а не со тебе. Ти ќе бидеш машина за раѓање деца,банкомат штом се вработиш,чистачка и ебачица во кревет.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.363
    Допаѓања:
    21.350
    Пол:
    Женски
    А во случајот со Трудничка најинтересна ми е комшиката *шеќерната123* :lol: која е запозната со проблемот и карактерот на свекрвата многу подобро од самата Трудничка, односно таа го знае потеклото на проблемот и се приклучи на форумов само да ни го каже тоа. А патем прави исти правописни грешки како и самата Трудничка :rofl: некако многу сомнително.
    А семејните проблеми на Трудничка во заедницата дека се големи да огромни се, не порекнувам. По мене решение е разговор и тактика.
     
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.467
    Допаѓања:
    150.407
    Пол:
    Женски
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Барем во Дојран да ја пратеше свекрвата. :D
     
  9. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    поубаво процитај ке видиш дали се исти грешки
     
  10. sekernata123

    sekernata123 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    Читам и неможам да се изначудам. Изгледа не сум била доволно јасна со објаснувањето. Реков дека сум запознаена со проблемите на трудницка,но со тоа ви реков и дека сум нејзина сосетка,што значи нејзината свекрва ја знам доста време и знам каква личност е. Трудницка ушТЕ КАКО Мала беше моја пријателка бидејки од таму кај што е јас имам роднини и често одам. И еве сега таа ми е сосетка,поради тоа што нема кому да се истажи ги кажува проблемите на мене со што јас ви велам дека сум запозната со тие проблеми а вие веднаш велите дека наеднаш излегува комшика. Добро бре жени вие воопшто омажени сте? Имате свекрви ? Не е секој роден на бадник па да му е се погодено. Свекрва и дека е на одмор и тоа не верувате а дали прочитавте кога трудничка ви раскажува дека кога таа и сопругот ке решат некаде да одат таа им попречува , а дека цел живот свекрва и го поминала во шетање спиење и јадење? дали знате вие освен да ја критикувате убаво да ги прочитате нејзините објави и да видите што таа ви раскажува? Само дел од раскажувањето не ви објаснува доволно. Луге па таа нема свекрва има демон во куката. Нејзината свекрва е навикната некој да ја служи,да и оди по кејф.. Трудничка ако ви објасни подобро би ја сватиле а не би ја криикувале. Се изнакажав многу но знам дека ова не е вредно за вас пофторно ке речете дека се е измислено
     
  11. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    А од кај се најдовте дека сте сосетки овде на форумов? По приказнава или? Баш ме интересира :)
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Болдираново ми е контрадикторно со ова

    just saying...
     
  13. sekernata123

    sekernata123 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    како Што реков таа ми е сосетка и добра пријателка и ми раскажа за сајтов па решив да ви пишам нешто повеке за оваа и јас.
     
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Еј значи темава како што напиша Лилит стана хаос....
    Однапред се извинувам за офф топик и Реинбоу ако мора нека брише.

    Не знам зошто упорно мора да докажуваме дали некој лаже, дали е трол, па ајде сега ќе баратаме по мислења и ќе цитираме....ајде добро лаже. Ете ја фативме ...и што сега...
    Дајте бе луѓе, само ја упопастуваме цела тема и ни се смеат. За жал, од толку многу глупости, критики и напади никој веќе нема ни да се пожали, ниту ќе очекува конкретна помош.
    Еве јас на пр. се откажав од темава, видов дека не вреди да пишувам баш поради напади (секоја чест на исклучоци од кои добив најискрени совети) и од време на време налетувам и читкам. Ако можам да помогнам, помагам, ако не...идам на др. тема.

    Ок, Вие си знаете, само вака никој нема никаква корист.

    И сега совет за Трудничка....малку повеќе гледај да се зближиш со маж ти...не со карање туку со тивок и мил разговор.
    И мојот маж и ги давал цел живот паричките на мама, ама дента после свадба јас му одржав пеанка и се` што имаше кај мамица си собра и го донесе во нашето домаќинство...нашето мало потесно семејство. Ако не па, моите заработени пари ќе одат директ кај татко ми, неговите кај мајка му и ние ќе си се преправаме дека сме си дечко и девојка и ќе си земаме џепарац од родителите. Значи, апсурдно е и глупаво.
    Ок, не работиш, ама колцето се врти, ете еве ова кажи му го, ама полека и смирено.
    И мојот сопруг поучен од кумот (ептен искомлексирано човече :!: ) имаше став дека жена е за по дома, а не за на работа....ама јас си кажав-од мене тоа да не го очекуваш, јас не сум и нема никогаш да бидам домашарка....пари ако тебе не ти требаат и имаме доволно за нас, никому не би му било на одмет ако имаме и плус уште нешто, секоја паричка е добредојдена...така нели ;)
    Млада си, имаш цел животен и работен век пред тебе...детето ќе порасне, ќе си има потреби (и за жал никој не е вечен, па и стариот дедо еден ден ќе си отиде кај што ќе одиме сите, па и нема да имаш потреба баш поради него да седиш дома) па и те како маж ти ќе си го смени мислењето....

    Значи објасни му, нема веќе мама -тато...има маж-жена.
    Тешко е знам, и јас поминав низ тоа иако бев некои 6-7 год. постара од тебе кога се омажив, тешко е мамин син да одделиш од сукња, ама се успева...со многу трпение, упорност и тивок разбирлив муабет.

    Ако не можете дома да разговарате, пошто нели и ѕидовите имаат уши, ќе си се фатите под рака, ќе удрите една шетанка, ќе си се прегрнете и со мил тон ќе му кажеш што лежи на срце....ете бремена си, искористи си ја блажената состојба за да разнежниш срцета на маж ти ималку повеќе да се заземе за тебе, нека тој самиот постави граници кој и што ќе работи низ дома...Какво е тоа станување во 4ч наутро за месење леб :^) ....на трудна жена не и` се крши сон....ако не беше ти кој ќе им месеше леб...нека си најдат друго решение. :!:

    А свекрвица, за неа лекот е маж ти, само тој може да ја среди, а ти- ти игнорирај ја....на секое нејзино комнтирање ти викај добро и терај по свое...немаш потреба да бидеш попроста од неа и да се караш...пушти ја таму нека збори што сака, ако на пример те навредува ти излези си и опцуј ја во себе ;)
    Подобро така, отколку да се карате и стварате напната атмосфера...смени се ти и смени го односот кон неа, ама мораш, значи мораш се` тоа да средиш со маж ти.
    Тој е спасот за излез од твојата состојба.
    Биди што можеш подобра со него, разгорете ја љубовта, милувајте се, покажи му дека го сакаш и дека ти си жртва за него, за него се` ќе направиш...па ќе почне малку да се преиспитува.
    Со среќа нека ти е.

    И да си пишам и една шега за моја свеки....
    Вчера сосема случајно мм ми се јави околу 14ч. од работа да ми каже дека вечерта треба да оди на деловна вечера со партнерите и дека треба да одат и нивните сопруги.
    Свеки моја во рок од половина час откако им соопштив дека треба да ги чуваат децата, почна да бледее, па да црвенее, па да се препотува демек не и` добро, дека времето лошо влијае на неа...а дотогаш беше супер расположена, се смеевме и си игравме со децата сите заедно... :lol: А најтрагично во целото нејзино глумење е тоа што требаше да ги чуваат децата заспани. |( :D
    Ова константно се случува кога треба сами, без деца да излегуваме, па децата ги заспиваме, а свекор ми ги чува, а не таа...неа не и` е добро. :?: :wasntme:
     
    На eli25, SimonaTino, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sekernata123

    sekernata123 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    4
    :^) ајде КАЖЕТЕ КОЈ Е СО СВЕКРВА А ШТО КРИТИКУВА ОВДЕ
     
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    A добро извини вие сте со свекрви и вие предност имате. Јас немам свекрва и не ја осудив за тоа, напротив, и дадов добар совет. Јас ја осудувам затоа што ја напуштила мајка и,пошто татко и пијаницата ја тепал мајка и и она место да превземе нешто, си заминала за да не го гледа тоа. Срамота бе. :swear:

    А за тоа за свекрвата немам коментар, во право си е девојчево. Решението е само со разговор.
     
  17. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Лесно е на секому од страна да коментира вака. Како можам јас да и помогнам на мајка ми со тоа што нема дазаминам еден ден јас секако ке се омажев па ке беше без мене ете тоа се случи порано, зар треба да го зацрнам животот ? брат ми е со неја и тој ја заштитува доволно. кога би била 17 години и ти под такви слики секој ден ке знаеше зошто сум се одлучила мала да се мажам и немаше вака да критикуваш
     
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Се самоцитирам како некоја будала |(

    Дај не ме заебавај девојче, никој разумен не би постапил така како тебе. Невозможна си.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.606
    Пол:
    Женски
    Јас па не знам зошто вам толку ви сметаат критиките. Не знам, можеби е до мене, ама јас 10 пати повеќе ценам критички настроено мислење кое има за цел да ми ги отвори очите, отколку тапкање по рамото.
     
    На imelda, Espadrila, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    48.728
    Пол:
    Женски
    ^Затоа што 90% се дојдени за виртуелно тапшање по рамо ,отколку за совет. Сите и дадоа совет и мислење како да постапи,што да направи.Некој без искуство за проблем како нејзиниот,некој со искуство.

    Детево ниту еден совет не прифати пошто не и одговараат советите. И самата е свесна за своите можности и (не)способност да замине од таа кука и да се врати дома.Не дека неможе туку НЕ САКА. Очигледно претпочита да се расправа со свекрва отколку со таткото дома.

    На секој коментар кој не ја сожалува возврака дрско и безобрано,што многу кажува за нејзе и нејзиниот карактер. И да е толку лоша свекрвата според начинот на кој што тука возврака мислам дека она па и е не е некоја колку толку и кути и и се потчинува.

    Него ајде веке ја уморивме темата со нејзните "проблеми". Уште па комшиката дојде да ја брани од нас злите тука кои немаме разбирање за нејзе.Пубертетот во кој што си сеуште у комбинација со бременоста е заебана работа.Хормоните работат и тоа на велико кај тебе. Смири ги страстите и разумно и човечки почни полека полека да ги решаваш проблемите што ти надвиснале над главата.
     
    На imelda и midnight.flower им се допаѓа ова.