Ако веќе знаете зошто се празнува 8-ми Март, сигурно знаете и дека не се прославува со играње по кафани.
Ништо нема да добие. А и да сакам, не сум во Мк за да и поклонам. Првите 2 години си дававме поклони. Мојот купен со љубов, а нејзиниот ради реда. Е па... Толку од мене. Нека и купуваат синовите. Ќе и честитам и толку.
Превземено. 8-ми март не е за да го славиш во кафана, 8-ми март е за да се сетиш дека си жена, а не роб на работата, мажот, дечкото и не знам што уште
Не, ние на темава се сметаме за нискоинтелигенти, зошто се замараме со работи, со кои овие интелигентниве не се замараат, па доаѓаат со така "ненавредливо" понашање да не' научат нешто.
Свекрвите не бират интелегентни неинтелегентни снаи. Никој не е поштеден. Оттаму и потекнува оваа присутност на темава, за да можеме да се испожалиме без да излеземе прости и да коментираме по комшивки и другарки.
Ама како така, се истите членки сме се жалеле, овие што немаат проблеми со свекрви нека пишуваат во другата тема-снаи и свекрви задоволни. Затоа е оваа тема, за проблеми, и не се расправаме, туку си дискутираме, ако не нека се заклучи темата штом им смета на некои. Дај нема да пишуваме ако им смета.
Ми купувала и сум и купувала и тоа на сите,мајка ми,золва ми,на сестрите исто…и никогаш не сум ги делела,на едната поскапо нешто а на другата само цвеќе…на мајка ми и на свекрва ми исто,на золвата и на сестрите исто,и на некоја комшивка по нешто…толку,нити се замарам нити сакам да се замараат
Од мене луѓево лош збор не слушаат за неа, а јас чат пат знам да чујам, значи јас сум ептен интелигентна што го користам форумов.
Јас за 8ми март купувам цвеќе, на сите. Ништо повеќе не сакам да ми дадат и ништо повеќе не трошам. Сметам дека е доволно што ги почитувам како жени сите жени во мојата околина без разлика на статус, цвеќе ми е сосема ок поклон.
Леле на вакво нешто да посведочам има да ја раз’пнам како Исус. Жими све не знаев за вакво нешто, ова ми е надвор од сите нормалности.
И ја знам за ова. Мајка ми ги има доено и сестра ми и братичед ми, разлика се 6 месеци. Живееле во иста куќа и тетка ми додека била на работа , мајка ми не работела, ќе го надоела и братучед ми. Ама тетка ми не се лутела тоа им било нормално пред 40 год
Ова до некаде и е нормално бидејќи е со согласност и од двете страни ,а и мајка ти имала млеко,кога се збори за баба да му дава на бебе или детенце да си "игра" чисто да не плаче или да ја бара неа ,без да има млеко ,без согласност од мајка,ми е чиста лудост.
Ја првпат слушам т.е. читам дека баба вадела цицка за да занимава дете. Не знаев дека тоа уште пред 30,40 години го правеле. Језиво.
И јас секогаш цвеќе подарувам ама оваа година не сме во добри односи. Прочка пред или после 8ми март е?
После 8-ми Март, на 17-ти. Ма и за Прочка не простувам. Само им велам "среќен празник, за многу години", и толку. Ни простете ми, ни ништо. Кој згрешил нека бара прошка.
Ако веруваш секоја Прочка нешто и простувам, а не сум ни верник. Таа секоја среда и петок пости, во црква е секоја недела, а да ја прашаш за што и сама не знае