Ова ко свекрва ми. Мислат така се мијат глупостите што ги прават. Ќе отидам во црква, ќе речам "Прости ми Господи" и готово delete history.
Простувам еднаш, два пати, три пати ако ми згрешил некој несвесно, и јас грешам, не сум светица, секој човек греши, ама свесно некој да ми згреши неколку пати не простувам ни на Прочка, а некој несвесно ако ми згреши не чекам Прочка за да му простам, или јас ако сум згрешила несвесно се извинувам.
Ова е друго. И јас тука имам комшивка што кога се породи и надојде многу млеко па ја замолија во болница да се молзи за да дадат на други бебиња. И реално не е проблем, ама баба тоа да го прави ми е ван сваке памети…
А кај тебе бараат барем прочка, а замисли да се дурли и чека ти да и побараш, оти нели помлада си и таков е редот .
И моиве така велат, редот бил помладите да побараат прошка од постарите, јас им велам "не, туку тој што згрешил бара прошка". Јас не им барам, само им велам "за многу години празникот", прошка само од Господ.
Леле и оваа твојата како мојата Обавезно пости петок и кога е строг пост. Ми се прави верник, а полна е со злоба и заводливост. Не само спрема мене, општо према сите. Ако има некој пари, од кај му се. Ќе почне да ги анализира дали му се украдени или од наследство. Абе мојава ниту прочка ја оправа. Едноставно не постои. Последно беше што ја прели чашата што на мм му рекла :,, Да, си најдеш друга ова нема да ти роди ''. Ниту знаеше дека битка водам за дете, ама битно поминале 3години од бракот, збореле со сестра и, не сум можела да останам трудна. Е, сега кога станав мајка, го нема видено бебево, нема ни да го види. Болат зборовите, кога ќе си ги слушнеш.
Ццццц.. Како не и е срам. И после се жалат ако снаите не сакаат да ги видат. Безобразни. И мојата свекрва му викаше на маж ми да си бара друга жена. Јас не сум била добра за него. Затоа сега госпоѓата си седи кај што и е местото. Што си надроби, тоа си срка.
А не размислуваат дека можеби проблемот е и до синчето. Злобни се таквите, ама неее, ние снаите сме лошите што не сакаат да се гледаат со нив. Јас му кажав на мм "веќе кога и да отидеме таму, горе ќе си седам, не за џабе го правевме спратот, ако сакаш ти седи цел ден со нив, родители ти се, мене не ми се ништо". Ги почитував на почетокот ама кога видов какви се толку од почитта. Последниот пат кога бевме пред 3 недели повторно свекор ми почна да ми префрла нешто на мене, па татко да ми е нема да го трпам. Еве вчера и мајка ми нешто ме изнервира, ама на неа можам се да и кажам, овие се лутат. И јас не му ќутев, му кажав што требаше, па уште ми вели не сум била спиена што така зборам. Ги боли вистината. И си се качив горе, мм по мене, си исчистив, иако не седиме таму сепак има прашина, и ете го внук му со се патики, а баш тогаш врнеше, се кал ми направи, како што стазите во ходник ми се светли се се познаваше, мм му кажа да се соблече, овој се налути и низ врата, па и се жалел на золва ми, му вртеше на мм, почна да урла, многу ми е гајле. Нека си влегува доле кај баба му така, ама не смее, треба таа да чисти.
Не бре со исти калап правени се сите. Се што ќе кажат со умисла им е, не дека не размислиле што кажале. Мојава на почеток ми напомена дека таа името на золвата и го дала по свекрва и. Ама удри во статива, мислеше ќе речам, готово и нашето ќе се вика како тебе. Цел живот домаќинка, во народ не е вмешана. Проста е колку што е тешка. И овој бе свекорот во народ вмешан на работа, ама исти ко нејзе е. Да, не знаеш кој е полош. Ама се тршнало тенџерето си го нашло капачето.
Да ти кажам нема врска со тоа што е домаќинка и што не е вмешана во народ. Еве мојава цел живот работи, оди по прослави за 8-ми Март, Нова година, после работа оди со колешки по кафичи, и тоа колешките колку мене, ќерки може да и бидат, одат по одмори со свекорот, шетаат, џабе им е. Толку заостанати не сум видела, па бабите и дедовците не ми беа заостанати. Инаку свекор ми е втора свекрва, т.е. бетер и од свекрва е, во се се меша, како некоја жена е. Па и зет им бре ни се меша.
Не им попуштај и дозволувај да ВИ се мешаат, секој што сака може да мисли и каже, ама за мој живот и фамилија, не дозволувам некој да ми ги спомне за лошо.
Ауууу….ова мене ме погоди жено. Ова истово на татко ми за мајка ми му збореле. Он им кажал мене ми е арна, јас со неа спијам не вие. А и свеки изгледа брмчела со сестра и за мене, зошто во една прилика лани мислам беше, сестра и се дрзна да ми проповеда за бебе, па да не сум се стискала, па вака онака. Па изгледа девер ми слушнал, па тој сиротиот прашувал за доктор каде имало добар. Па муабетите стигнале и до неговата бивша жена, која ми се јави да ми продава апчиња и чуда Ама тоа кај мене со два збора завршувам и раат сум после.
Па и тој зетот, не си гледа фамилијата, ќе се меша кај што не му е местото. Ех колку не ги можам вакви луѓе,абе глеј си твој живот. Кај нас на зетот несмеат ништо да му преречат. Зетот треба ќерката да им ја чува. Мислеа кај нас закони можат да воведуваат, ама ништо многу лоша снаа им се погоди. Не дозволува во ништо да се мешаат. Сега па за детево, преку золвата пробува да кажува адети и како се чувале деца.
Па она исчувала деца де. Знае се… Јас сечам во старт. И кај мајка ми и кај сите. Па остајте ме да научам бре. Кога ќе имам потреба од нешто што ми е нејасно ќе прашам.
Золва ми имаше проблем со свекорот и свекрвата и ги викнаа моиве свекор и свекрва да зборат,овие ќутеле само ништо не кажале а овде дома ќе се праат дека само тие се во право,се треба да се прави како тие што ќе кажат. Ама од страв да не им се врати ќеркава после 12 години брак,што ќе каже народот....заостанати
А бе исти свекрви да не имаме? Ништо не смеат да му преречат на зетот, а тој се им збори, и не му се лутат, ама затоа на снаата се лутат откако покажав заби, и чудно им е сега. Да бе ќе кажува адети и како се чувале деца, имала прилика, нека си ги применувала адетите, или нека си роди па нека си тера адети. Тогаш не смееле да зуцнат, па сега на снаите ќе лечат фрустрации.
Јас имам направено огромна грешка на ваква тема со свекрва ми. Имаме едни пријатели пар, многу сме блиски и така поодамна се во брак ама немаат се уште деца. Поминуваат низ процедури веќе 3 години, ин витро итн., знаеме само неколку луѓе. И свекрва ми стално има ли нешто ново кај нив, па зашто нема бла бла. И еднаш ми се смачи, а и страв ми беше немој директно да ги праша, и кажав дека си имаат потешкотии и ќе дознае кога ќе има нешто ново, толку. Нормално, јас мислев возрасна жена 50+ дека ќе разбере колку е сензитивна темата и ќе ја затвори устата, таа кажала на сите што ги познава и еден по еден почнаа да ме прашуваат. Толку ми е непријатно, толку лошо се осеќам како најголем предавник, не можам да ти опишам. И што дека ја испокаравме, штетата е направена. Што толку наоѓаат убавини во пренесување такви муабети и зошто мисли дека некои таму нејзини роднини до трето колено ќе ги интересираат проблемите на наши пријатели? Ама ете човек треба да се изгори некаде за да сфати со кој си има работа. Толку шанси и дадов на таа жена и стварно секогаш знае се да пос*ре, не знам што да направам веќе со неа.
Јас сум на мака. Се нешто искача да мора да идеме за викенд. Е сега не ми се иде ич кај неговите. Ни кај моите реално, ама боље таму. И шо ќе се деси ако си иде он сам дома а јас дома? Нема смисла, ќе ми се качат на глава или што?!