Леле па ова кога ќе го слушнам, на времето вака било на времето така било, ова немало она немало. Добро многу порано на времето немале ни струја имале кандила, немале ни коли со магариња иделе и сега што да правиме? Да се вратиме во камено доба, бог да чува
Видиш ова не ми текна Скришно (ама само она мислеше дека се крие ) Цел сет и уште една ноктарица поголема . И се сети ме праша дали е мојата А не ,,се скрши "мојата Ќе земев ама многу скапо како шо кажа адидас ,па не вреди тие пари ќе ми се најдат за друго . А како би реагирале ако гостите додека сме на работа ги пречекува во нашиот дел ? Мисли дека е скришно и тоа ама остава докази...
Свеки ми кажа аби пари била машината за садови, и кога почнавме Скопје да седиме, свекорот ми кажа и така не сме седеле таму, да сум им ја дала. А машината ми е вградена, му кажав нема дупка да имам на тоа место без машина, и кога одиме таму ја пуштам и да немам собрано садови. И свеки еднаш ми кажа кога ќе сме дошле од одмор да сум и ги пуштила садовите, си мисли ако и се запечени од стоење и не ги одмие на рака ќе светат, си се направив наудрена, да бе сега ќе земам од доле па ќе носам горе, па пак доле. Па и тегли ми кажа да сум и ставела етикетите да и се изваделе. Како прво тогаш ни изби вода во кујната, а јас мислам дека свеки нешто чепкала кај вентилите, и машината не ми се затвараше, лаже нема клуч од надворешна врата, е сега си заклучувам и дневна, како второ од етикетите може да се запуши цревото од машината. Е сега ќе купува машина, пред свекор ми лаже колешките за роденден ќе и купат. Кои колешки купуваат бела техника за роденден, не знам, сите купуваат нешто симболично. Се што ќе купиме ние аби пари било, а ќерката и зетот што ќе купат се е убаво. Петосед што купија им се распадна за еден месец, како картонски беше, ама важно убаво. А масата и столиците ни велеа многу скапи, имало поефтини, па не ми се допаѓаат поевтините, како тие да ни даваат пари. За лавабото во купатило купивме од оние модерните, свекорот ни кажа за јајца варење било. Се качија да сме ги частеле, а уште бевме со мајстори, како се качија, така се симнаа, ми пререкоа нешто пред мајсторите, и јас не им останав должна, не им ќутев. Па свеки другиот ден ми се жалеше како попарени биле, дошле на кафе, и кажав го одбравте моментот за кафе, лом беше дома, мајсторите како што работеа лом, не знаев од кај да почнам да чистам, тие на кафе дошле, а не ме праша дали ми треба помош.
Мојата ништо не фаќа по дома. Свекор ми пегла, пере, готви. Она седи на чело на масата и уста не затвара која домаќинка е. Не се во добри односи со свекор ми, зашто таков лик како неа ретко кој може да поднесе, па и он се заебава како дошла снаа почнала да чисти од срам.
Кај нас па свекорот ништо не фаќа по дома, кујната да прооди, мува не го лази. А свеки на две на три ги мие садовите, важно брза била, а што се недомиени не е важно, колку пати кога ќе одиме доле ќе ни даде тањири недомиени, и мм ќе и каже, оваа ништо, имало со запечено од стоење. Еднаш кога постев си ставив јадење во они пластичните, и и кажав дека постам, да не се омрсам несакајќи. На мм му кажав веќе не јадам доле. Колку пати мм станувал да ја измие чашата, и таа запечена.
Вака ич да не почнам. Тоа шо никад нема да и го забораам а и да си простам себе си е шо трудна 7-8 месец реновиравме дома плус уште идев на работа она си отиде да си спие кај другарка цела недела ја рибав паркети на колекна клекната. И за на крај маани да наоѓа а па кога се породив пред време да ми го рече дека е до мене. Јас у никаква состојба ,бебето у болница јас дома мајка ми другата ќерка си ја гледаше не можеше кај мене да дојде ко жена на жена и се доверив ,ко мајка на мајка и на крај и тоа да ми пререче шо ми помогнала абе да не се потсеќам ќе станам ќе ја задавам.
Затоа ништо не се кажува на свекрва, кога тогаш ќе пререче. Таа не може да ни биде мајка. Свекор ми и свекрва ми на мм му пререкуваат, не па на мене.
Ете ви уште еден пример дека не треба да му се доверувате, после низ нос ќе ви го извадат тоа. Површински муабет само кога ептен мора практикувај, јас цело време држам дистанца а сме во иста куќа на различен спрат и пак успевам. Кафе не сум се напила со неа а веќе сум тука 2 години, ништо приватно не сум и кажала. Сакала се лутела сакала не, подобро ми е сама да си пијам кафе или со сопругот, дека после нешто ќе кажеш и може да биде извртено и извадено од контекст, а за такви глупости да се замарам нема шанса. Вака дистанца.
Ооо не да ми е најубаво сама кафе, еве ни со мајка ми не пијам, пуши цигари, и кафето си го пие во посебна просторија за пушење, мене ми сметаат цигарите, со сопругот за викенд кога е дома, обично не сум по кафе, еднаш дневно пијам, некогаш не пијам по неколку дена. И кога ќе дојде од работа не пиеме кафе, ручаме, и потоа може да прошетаме. Не сме многу по кафето, и некој кога ќе дојде и ќе ми каже "ако пиеш кафе и ти". Многу мразам некој кога напнува за кафе, свеки така напнуваше кога седевме таму, и ако и кажев дека не сакам, ајде пола ми велеше. Сега кога одиме таму и кажав дека ми забраниле.
Цела среќа јас кога пијам кафе со свекрва ми само она збори, па не можам ништо да кажам. Еднаш у 15 години ме нема прашано како сум, за моите итн. Што можеби е и подобро
Кажи и на свекрва ти нека не користи и машина за алишта,нека си ги пере на раце ,дека и порано сите переле во двор на ќумбе и на варење Биди си госпожа и уживај си
Јас овде мојата морам да си ја пофалам. Педантерија невидена. Повеќе од сите што ги познавам. Трошка да нема, прашинка да нема. И оваа крајност не е добра, ама попрво ќе изберам ваква да е, одколку да ми е гроз дете да и оставам во гнасотилаци.
Ќути и мојава исто секој втор ден со крпата во рака е, па да е потрагично кога и да сум и помагала одеше по мене препрашуваше и пребришуваше. Па така престанав и да и помагам. До душа едино и тоа знае да прави. Крпа, џогер, оговарање. За ништо не ја бива друго.
Ааа извини, мојава ја зезнала и твојата. Мојава секој ден брише, чисти. Иначе исти ситуации имав. И затоа сега ништо не пофаќам кај неа. До душа сама си кажува "ова е болест, не ми замерувајте", ама кога ќе чујам пред комшики да кажува "само јас чистам вака, никој не гледа нагоре да види пајажина дали има, само кај нив си гледаат" толку од "не ми замерувајте". Крај краева, што има во туѓо да гледам? после ќе излезе им гледам на луѓето дали им е чисто, за да ги зборам после.
Абе и мојава сака чисто да е. Нон стоп зборува за тоа. Ќе ја видиш нон стоп со крпата. Ама секогаш садовите недомиени, набрзина исчистено кажав пола чисти пола ќе пропушти. Ај за садовите може не гледа добро, ма да млада е бре.