Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Не сум свекрва , но кога ќе бидам знам дека нема да бидам лоша :D Ова го слушнав денес од една колешка која навистина е многу добра ... ја познавам жената како дише ... но изгледа нагазила на мина, штом се изјасни вака :lol:

    На една жена и требаат најмалку 20 години од своето дете да направи човек.На друга само 20 минути од него да направи будала :x
     
    На ♡ Cinderella ♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EVA

    EVA Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    26
    хехех ме насмеа искрено јас го направив тоа , свекрвами нон стоп летово ми влагаше во соба додека спиев со маж ми се додека не се соблеков гола и знаев дека ке влезе и јас му се џитнав на маж ми и си реков ај да видам сеа кој ке се засрами јас или она, и навистина помага така да девојки ако имате сличен проблем преземајте акција не им дозволувајте да ви влагаат во вашето најинтимно катче
     
    На Anyshka и kristaa им се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    неможам да сватам зошто секогаш свекрвите се мешаат.. Ем биле некогаш снаи и знаат како што не треба, ем пак, колку за инает...
     
    На Anyshka и bertold им се допаѓа ова.
  4. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Рано ми е за свекрва, ама си зедов за право да коментирам во ова група зошто ја гледам баба ми што и праи на мајка ми... Живеме оделени од баба ми но штом ќе дојди кај нас, и мајка ми ако е излезена таа одма почнува да и ги преместува стварите да и велгува во соба па и ја критикува, цело време му збора на татко ми како мајка ми се уште не се понаша како домаќинка.... едноставно сака да има контрола над се.
    Ама еден ден ми пукна филмот, дојде таа кај нас и почна да збора за мајка ми не и биле собрани алиштата сонцето ќе ги изгорело, влечките не биле на место... па и влезе и во спалната и почна да и претура по регал и да и ги разместува алиштата и слезе долу и почна да му зборува на татко ми, како мајка ми не чини... Ама бев толку изнервирана и едноставно почнав да и викам зошто мајка ми ја критикува само во отсуство а пред неа се прави како да е светица... едноставно се зачуди и од тогаш се сменија работите!!
     
  5. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    јас мора да се пофалам дека во периодов сум во најдобар однос со свекрва ми идна...дали оти сме подлени па кога ќе се видиме сме толку мили или незнам што ама супер е моментално.....така и да остане :$
     
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Читам некои коментари дека свекрвата била како мајка,дрн дрн јариња...Сите имаме една мајка жена што не родила и одгледала ,значи она му е мајка на мојот сопруг (не сум мажена само наведувам) ,мене нема потреба да ми биде.

    Сакам да се согласуваме ама секоја да си ја знае својата позиција,не сакам она да биде и мајка и жена и се.Почитувам пред се е постара личност ,но како што кажав се си има своја граница,се додека не се премине ни од моја ни од нејзина страна ќе функционираме како што треба.Многу е битно и мажот да си има свој став и да свати дека сега има своја фамилија за која треба да се грижи,а не да трча до фустанот на мајка му постојано.

    Јас викам да се сакаме ама од далеку,односно да не живееме под ист покрив-најубаво за сите, ама нема секогаш услови за таква варијанта.Како и да е, додека си ја знае позицијата и улогата која ја има од мене ќе нема гајле сигурно ;)
     
    На Anyshka и De-lovely им се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ако може некоја феминка што има поголемо искуство со свекрва да ми каже што мисли за моево мислење и дали сум во право. :) Бев кај вереникот дома и неговите родители беа тука. Јас и вереникот бевме на вториот кат во ходникот а свекрва ми беше долу во ходникот. Се спремуваа со свекор ми да одат на едно место. Таа не знаеше дека сум во ходникот мислеше дека сум внатре во собата и довикна силно по мене да ме праша дали сакам и јас да одам со нив. Вереникот и одговори место мене и рече не иде, одете вие, ние двајца ќе одиме заедно друг ден. Таа на ова потивко одговори: Па уште поубаво. Ама некако тоа го кажа со чуден тон. Јас само го погледнав вереникот и ништо не искоментирав си влегов во собата исто како да не сум слушнала. Јас ова го сфатив во негативен контекст зошто и така испадна, као добро што не одам со нив, ме прашала колку ради реда што се вели. Можеби грешам но така се почувствував во моментот. Можеше на двајцата да ни се обрати сите четворица да одиме заедно,а таа лично мене ми го постави прашањето. Можеби грешам но јас така го сфатив тоа. Се земам за себе и најмала ситница се замарам со мали работи. Затоа што сега на почеток пред мене многу ми се прави добра, а зад грб не знам што зборува, а тоа највеќе го мразам. Пишете што мислите. :)
     
    На bikriba му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Многу е глупо тоа што пред тебе ти вика ќерко , златна ова она , а позади грб се најлошо . Не и враќај ниту и обраќај сега за сега многу внимание зошто ако пример дојде до кавга меѓу неа и вереникот твој они пак ќе се смират . Игнорирај ја , се дур не ја премине границата . Сега за сега избегавај ја , на добар ден биди . Ти се мажиш со нејзиниот син а не со неа . Крај краева негова мајка е , не твоја . :)
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Савана такви ситуации сум имала безброј, и читам велиш .Се земам за себе и најмала ситница се замарам со мали работи - па кај тие крајот ако се замараш за секоја ситница што зар треба да умреш пред неа. Па што сака нека збори на мене од едното уше низ другото ми оди. Гледај таму со маж ти да ти е убаво а свекрвата како и секоја свекрва може да зборува што сака. Иако секоја се прави многу многу добра сите си ги покажуваат вистинското лице после некое време. Затоа е најдобро на дистанца, кај мене нема ни мамо ни мамичке чисто формално ако треба нешто да ја прашам ќе ја прашам ако не едно добар ден или добро утро и муабетот ни е завршен
     
    На iloveyou29 и savana им се допаѓа ова.
  10. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Dushica имаме исто мислење гледам ти си објавила пред мене. Имаме исто мислење за свекрвите.
    Свекрви-крокодили а нагалено кроки - го знаето тоа вицот. Свекрва и вели на комшивката леле мене снаата како ме пее кроки кроки, а другата и вели леле па значи ти вика крокодил , само нагалено кроки :rofl:
     
  11. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    не сум имала некои поголеми проблеми со идната ми свекрва,ама шивот заедно со свекрва нема шанси-никогаш.една куќа со две жени секогаш е многу тесна-имаше еднаш една таква песна :lol: :lol: :lol: секоја чест ама втора мајка нема да ми биде никогаш и нема да се улизнувам да изигравам будала пред неа.ќе живеам од почит за син и и за мене ама не повеќе.еден на мајка е па затоа и двајцата не гледа како си и ќерка,ама јас не сакам и секогаш стојам на дистанца од неа,не сакам дотолку зближување. ]:)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Olenka

    Olenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    16
    Еден виц за сите девојки што велат дека кога ќе бидат свекрви ќе бидат многу добри :)

    Снаата решила да зема еден тефтер и во него да ги пишува сите лоши работи што и ги правела свекрвата, за кога ќе порасне син и' и донесе снаа, да не се повтарат истите грешки. И пишува, пишува... и оп, дојде време синот да се жени. Уште другиот ден после свадбата, мајката вели „Абе чекај да видам тоа тефтерот, да прочитам, да не бидам лоша свекрва’. Го отвара тефтерот и чита, чита и вика „Абе таа свекрвата многу арна жена била“ :D :D :D

    Така да тоа така си останало, таков ни е менталитетот. Под ист покрив две жени не бидува, нема ни да биде!
     
    На Anyshka и blond им се допаѓа ова.
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Какви такви сепак немојте да заборавите дека тие се мајки на некого што го сакате најмногу на цел свет. Вие како помлади, а и јас тука спаѓам можете само да се завртите, од едно влегува од друго излегува и да си терате работа. А да се карате, верувајте нема фајде. Ниту таа може вас да ве промени, а па најмалку вие нејзе. ;)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    играј ја истата игра сто ја игра и она.јас пред месец дена немасе ден да не заплаЧам од неа иако не живееме заедно се гледаме само викенд ама телефони постојат....бла бла еден ден се искаравме а маж ми со нас и слуса и на крај одлуЧил да не одиме кај неа и сеа се јавува и бара да идеме кај неа и маж ми ај усте овој прт прости и па ке видиме како ке биде.и нисто пред него се понаса најдобро таман сме сами ке префли несто и еве има една недела и јас истото го правам..таман маж ми со нас јас уста не отварам несто лосо да кажам,таман сами како глусец и маЧка сме :D :D а она нема лице да каже нисто за маж ми посто знае дека оЧи нема да му види и така да не се замарајте многу.да,теско е ама терај го магарето старите не бадијала го рекле тоа позз до сите :*
     
  15. Cece115

    Cece115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0

    Savana многу добро кажано се согласувам потполно со тебе . Навистина е така. Поздрав ;)
     
  16. Cece115

    Cece115 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Поздрав до сите читателки на форумов а посебно на темата брак и би сакала да слушнам ваши мислења во врска со мојот проблем. Навистина не знам што да правам и како да се однесувам.
    Во брак сум веќе 1 година, а во врска претходно бев 3 години. Ги знев родителите на сопругот одев кај нив знаев дека имаат проблеми дека помеѓу нив постои големо недоразбирање, ама неможев да замислам дека ќе ме снајде ова што сега ќе ви го раскажам.
    Кога мојот сопруг ме побара за жена (тогаш мој дечко) моето прашање беше каде ќе живееме што како му се плановите. Имавме голем подршка од неговиот татко, као нема проблем вие само да се земите јас се ќе помогнам, ќе ви дадам тука во куќата еден спрат, ќе го опремиме и сл. Само да напоменам моите родители се добро ситуирани и ни ја понудија својата помош ама мојата свекрва им рече нема потреба ние се ќе им помогнеме што треба.
    После 1 година во брак јас сеуште немам свој регал за облека, чувам облека насекаде растурено, по кревети, добивме само една соба со два кревети па ги споивме и направивме спална, во куќата има 7 купатила се работи за голема куќа а ние не смееме да користиме купатило кое сакаме него само едно во кое се бањаат сите вкупно 8 членови на семејството, мораме таму да одиме за да штедиме струја.Бидејќи сме многу кога има вода за туширање кога нема некој си ја потрошил, буквално да се чека ред за бањање. Сопругот седна да разговара со своите ама никој не го слуша демек вака е добро нема врска како можеле тие порано да живеат во заедница така и ние и сл. Пред некој ден мојата свекрва се расправала со мојот сопруг (како и секогаш повеќе пати во месецот), и сега никој од блиските негови, брат ,сетра не зборува со него бидејќи е многу навредена од синот по што и враќал дури му рекла на свекорми избркај го од дома, и на секоја нивна кавга се спомнува дека тој бил под влијание мое. Јас навистина не знам а мене ми прават лице, а него во една прилика му рекле дека јас не го сакам него дека го понижувам и сл. работи.
    Јас уште кога бев во врска имаше недоразбирања помеѓу него и мајка му бидејќи тој има помал брат кој неговата мајка секогаш го брани без разлика кој е крив малиот е секогаш во право а со тоа и неговата девојка е секогаш најубава , најдобра , а јас немам добиено комплимент, замислете дури се осуди на мојата веридба јас добивав комплименти од другите луѓе како сум скоцкана како добро изгледам и во истиот момент се врти свекрва ми на кај мојата идна јатрва и вели леле колку убаво изгледаш вечерва. Револтот кај сопругот е голем гледа што се случува и навистина не му е мило заради што јас од добро ситуирано семејство, вработена со добри примања, дојдов да живеам кај нив бидејќи го поштовам и еве 1 година никој ништо не помага а од мојата страна е понудена помош бидејќи јас веќе имам во наследство една куќа ако би сакале таму да живееме ама мојот сопруг секогаш добива навреди од неговата си мајка дека оди тие сакаат да те купат, ќе се продадеш и слични работи кој тој ми ги има кажано и поради тие работи јас навистина не знам што повеќе да правам. Не се мешав до вчера ама јас ќе бидам таа што ќе го натера својот сопруг да се иселиме, и дека ништо не му треба од неговите, знам дека е болно тоа за него ама веќе не ми остана ништо.
    Ве молам за совети поздрав
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Драга Цеце, ќе одговорам кратко и јасно.
    Не сум во брак, но секоја чест како си ја издржала оваа тортура со вакви луѓе.
    Имаш ли услови за живеење подалеку од нив, слободно исели се.
    Батали ги ти муабетите што ќе речела неговата мајка - малограѓанка, која ужива во такви ситни навреди, подмукли интриги и понижувања.
    Нека си се сакаат и понатаму со твојата јатрва, со среќа им е, не ви требаат.
    Разговарај со мажот и ако ја имаш неговата поддршка - иселете се најбрзо што може.
    Требало така и од самиот почеток.
    Ќе си заштедиш време, живци и хармонија и мир во бракот, а верувај ако останете со нив, ќе стане само полошо.
    Со среќа и се' најубаво, мојот совет е тој.
    :)
     
    На femina11, Cece115 и Leala им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Цеце дефинитивно треба да седнеш со сопругот и да разговараш за исселување од таму.Објасни му дека вие во таа куќа нема да просперирате во никој случај туку напротив...не дај Боже може и да ви разнишаат брак.Штом кажуваш дека ти си имаш услови за удобен живот тогаш не знам што сте чекале до сега.И не очекувај од неговите помош тие само ќе гледаат да ви одмогнат посебно свекривата ти.Се работи за конкурентност,љубомора која таа ја чувствува према тебе.Хармонија не очекувај во таа куќа.Рееееееетки се тие заедници кои опстојуваат.Најдобро е секој да си биде на свое и така повеќе има почитување.Што поскоро се решите да си заминете од таму тоа подобро.Ти посакувам се најдобро. :)
     
    На enca.69, nesa и Cece115 им се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Да не се повторуваме со исти постови, го подржувам мислењето на Џули и на Тренди !
     
    На Cece115 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    немам ниту свекрва,ни па снаа,ама дефинитивно кога ќе се мажам на тоа ќе мислам најмногу!
    Тетка ми,свекрвата на мама е зло бе ЗЛО!
    озборувачка,дволична,лоша,душкало и буцкало!! Нема зборови што би ја опишале!! Еднаш се нема јавено да ми честита роденден,ниту еднаш да праша како сум ...ајде немора да мама да и се јавува ама мене ?
    И ајде ни на тоа не обрнувам толку внимание ама тронка гордост да се немало..
    И ете кога си купивме стан во Скопје прва беше да ни честита..па после бараше син ако можело да спие некое време таму,оти немал каде !! УФ !!! :devil:
    ајде да не одам оф топик..тоа е.Совет до идните сопруги-ОБАВЕЗНО да си живеете одделно од мајката на сопругот и гледајте тој да не биде мамин син !!!
     
    На Cece115 му/ѝ се допаѓа ова.